Appointed Institution

Contact person

Билјана Стојкоска, Државен службеник biljana.stojkoska@av.gov.mk

Last update on

26 January 2023

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 1/4

Achievements on hold: 1/4

Unrealized achievements: 2/4

In progress achievements: 0/4

Завршено

3.1.1 Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите и тоа: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво), еден претставник од секторот труд во рамки на Министерството за труд и социјална политика и еден претставник на Агенцијата за вработување.

Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите и тоа: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво), еден претставник од секторот труд во рамки на Министерството за труд и социјална политика и еден претставник на Агенцијата за вработување.

Proposal goal indicators: Воспоставено координативно тело (да/не)
Ограничено

3.1.2 Развиена електронска платформа за информирање, следење, вклучување на граѓани во активните политики и услуги за вработување и задолжително предвидување на механизам за прибирање, разгледување и обезбедување на одговор на секој од прибраните предлози од граѓаните.

Proposal goal indicators: Број на објавени документи/извештаи за спроведување на активните политики и услугите за вработување Број на доставени предлози за активни политики и услуги од страна на граѓаните Број на пријави за недоследности и неправилности на активните мерки и услуги Број на позитивни коментари/пофалби за активните мерки Број на предлози на граѓани земени како основа за унапредување на политиките/праксата (таргет: најмалку 25%)
Незапочнато

3.1.3 Спроведена кампања за информирање на јавноста за можностите кои ги нуди платформата, преку развој и спроведување на комуникациска стратегија.

Proposal goal indicators: % на активности предвидени во Стратегијата за комуникација кои се спроведени
Незапочнато

3.1.4 Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на невработените нерегистрирани граѓани и граѓаните од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на граѓаните со нивните правата кои произлегуваат од активните политики и услуги за вработување преку користење на мултидисциплинарен пристап, како и фацилитирање на процесот на искажување на мислењата и предлозите на граѓаните пред надлежните институции со користење на развиената платформа.

Proposal goal indicators: Број на мапирани домаќинства за идентификување на невработени и нерегистрирани граѓани во евиденцијата на АВРСМ (Таргет: 250 по општина) Број на реализирани средби со идентификуваните домаќинства (Таргет: 1 средба по домаќинство) Број на анкетирани граѓани (Таргет: 1000) Број на подготвени планови за адресирање на идентификуваните проблеми помеѓу граѓаните (таргет 1).

3.1 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на вработувањето

What public problem is addressed by the commitment?

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, oдносно зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.

Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу институциите и граѓаните  кај Агенцијата за вработување и нејзините подрачни единици придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини.

Main goal of the proposal

Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на политиките за вработување.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и  локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои се утврдени како целни групи на активните политики и услуги за вработување (невработени лица и компании).

Заложбата ќе се фокусира на: 1) следење и спроведување на активните политики и услуги за вработување и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, обезбедување на одговор на предлозите на граѓаните, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба и вклученост на граѓаните во процесите на планирање, следење и оценување на услугите од областа предмет на оваа заложба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Оваа заложба во себе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на вработувањето. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 1. Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место.  ЦОР 8 Следен чекор:  Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкуреноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.

Other included subjects

Institutions

  • Employment Service Agency

Organizations

  • Association Women's Forum Tetovo
  • Association for emancipation, solidarity and equality of women
  • Association for Development and Promotion of the Roma Community
  • Association for Legal Education and Transparency Station PET.
  • Хуманитарното здружение „Мајка“


Leave a Reply