Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 5

Achieved Achievements: 0/5

Achievements on hold: 0/5

Unrealized achievements: 5/5

In progress achievements: 0/5

Незапочнато

2.3.1 Развивање на онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning) и подготовка на електронски едукативни материјали и пристап до онлајн бази.

Proposal goal indicators: Број на одржани обуки преку Платформата за е-учење на АСЈО
Незапочнато

2.3.2 Систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса на веб-страницата на АСЈО

Proposal goal indicators: Број на објавени заклучоци, правни мислења и ставови на веб-страницата на АСЈО
Незапочнато

2.3.3 Јакнење на капацитетите на судиите за користење на е-learning платформата за континуирано учење

Proposal goal indicators: Број на судии и јавни обвинители кои посетувале обука преку платформата за е-учење на АСЈО
Незапочнато

2.3.4 Објавување на статистички извештаи за активности на судиите во e-learning платформата за континуирано учење

Proposal goal indicators: Број на објавени извештаи
Незапочнато

2.3.5 Воспоставување модерна е-библиотека и е-архива.

Proposal goal indicators: Број на е-книги достапни во е-библиотеката на АСЈО

2.3 Подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите

What public problem is addressed by the commitment?

Новата веб-страница на Академијата за судии и јавни обвинители е пуштена во употреба во септември 2019 година, меѓутоа сè уште има простор и потреба од овозможување за модернизирање на работата на АСЈО преку овозможување на модерна платформа е-учење како за кандидати за судии и јавни обвинители така и за постојните судии и јавни обвинители, преку овозможување на вебинари и учење преку софистицирано пребарување низ документи достапни на модерна е-библиотека и е-архива. Надоградбата на е-библиотеката и архивата на АСЈО е неопходна, со цел да се обезбедат соодветни материјали за континуирана едукација на (идните) судии и јавни обвинители

Main goal of the proposal
  • Овозможување на полесен пристап до содржините за почетно и континуирано учење на судиите
  • Преку онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning), модерна е-библиотека и е-архива ќе се овозможи полесен пристап до материјали за стручно усовршување на судиите
  • Со систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса ќе се придонесе кон зголемување на квалитетна и еднаква правда за сите.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Како заложбата  ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?

Преку заложбата за модернизирање на системот за основна и континуирана обука на судии и јавни обвинители, ќе се овозможи целосна достапност на основната и континуираната обука за слушателите, во услови кога учењето на далечина е единствената можност за доусовршување на капацитетите на судиите и обвинителите.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата предвидува јавно објавување и достапност на програмите и материјалите кои се користат за почетна и континуирана обука на судиите и јавните обвинители, вклучувајќи ги и заклучоците од средбите на четирите апелациони судови и Врховниот суд на РСМ што укажува за заложба за подобрување на транспарентноста на работата на АСЈО и судовите во РСМ и зголемување на квалитетот на судската правда.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа

Оваа заложба е важна за подобрување на квалитетот на судските одлуки во Република Северна Македонија преку  подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите на Академијата за судии и јавни обвинители до којашто имаат пристап сите судии во РСМ.

Other included subjects

Institutions

  • Судски совет на РСМ
  • Центар за правни истражувања и анализи
  • Сите судови во РСМ

Organizations

  • Здружение на судии


Leave a Reply