Недела на отворена власт 2026 ,,Република Македонија, дел од глобалното движење за отворено владеење“ | Интервју за Собраниски канал , г-дин Горан Минчев, министер за јавна администрација

Министерот за јавна администрација, г-дин Горан Минчев, денес гостуваше во интервју на Собранискиот канал во рамки на одбележувањето на Неделата на отворена власт 2026.
Во интервјуто, министерот Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува важен процес преку кој се градат поотворени и подостапни институции што подобро одговараат на потребите на граѓаните и учеството во креирањето политики. Тој посочи дека Министерството за јавна администрација е посветено на јакнење на механизмите за јавни консултации, развој на дигитални алатки и создавање поотворени, потранспарентни и по инклузивни институции, со посебен фокус на подготовката на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година.
„Транспарентноста, отчетноста и учеството не треба да бидат исклучок, туку стандард во функционирањето на институциите“, порача министерот Минчев.
Интервјуто е дел од програмата на Собранискиот канал по повод Неделата на отворена власт 2026, која оваа година се одржува под мотото „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“.

Leave a Reply