Appointed Institution
Contact person
Анета Стефановска, a.stefanovska@moepp.gov.mk
Last update on
03 April 2023
Total achievements to be successful: 5
Achieved Achievements: 0/5
Achievements on hold: 2/5
Unrealized achievements: 0/5
In progress achievements: 3/5
5.2.1 Поставени 4 нови мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа (Прилеп, Штип, Охрид, Берово) со цел надополнување на обемот на информации за нивото на загадување во овие четири града објавени на Air Quality Portal (Air Quality Portal (moepp.gov.mk)), а во насока на овозможување на повеќе информации за граѓаните со цел навремена реакција за превземање на соодветни решенија
Министерството за животна средина и просторно планирање, набави на 2 (две) Автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ). Мониторинг станиците се инсталирани во општина Берово и Прилеп и истите се пуштени во функција на крајот на месец декември 2021 година.
Во тек е набавка на Автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) која ќе биде инсталирана во Охрид. Склучен е договор со избраната компанија и се очекува инсталацијата на станицата да заврши до крајот на месец октомври 2022. Направен е избор на локацијата во Охрид во соработка со претствниците на општина Охрид и со обезбедена ружа на ветрови од УХМР. Сите подготвителни градежни активности на локацијата се завршени, односно изграден е бетонски фундамент, обезбеден е приклучок за електрична енергија и сите административни документи се обезбедени. Мониторинг станицата е поставена во општина Охрид и истата е пуштена во функција на крајот на месец октомври 2022 година.
Proposal goal indicators: Број на ново поставени мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа Број на информации објавени на Air Quality Portal5.2.2 Поправка на инструментите за PM 10 честички и инсталирање на нови инструменти за PM2.5 кај оние мерни станици кои не се во функција со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови
- Во декември 2019 од буџетот на МЖСПП се набавија 6 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и истите се поставени во мониторинг станиците Гази Баба, Лисиче, Велес, Кичево, Гостивар и Кавадарци во декември 2019 година.
- Во декември 2020 година се набавени со буџетски средства на МЖСПП, 2 автоматски анализатори за мерење на PM2.5 и истите се поставени во Лисиче и Гази Баба;
- Со финансиски средства обезбедени од Шведската влада во април 2021 година се набавени 8 инструменти за мерење на концентрацијата на PM2.5 и истите се поставени на 8 локации Скопје: Ректорат и Миладиновци, Гостивар, Кичево, Велес и Струмица и се набавени 4 инструменти за РМ10 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица.
- Инструменти за мерење на концентрациите на PM10 и PM2.5 се поставени во Прилеп и Берово во декември 2021 година.
- Набавка на инструмент за РМ2.5 за Лазарополе е планирана во рамките на проект за набавка на опрема финансиран од ИПА 2 програмата, за кој е подготвена целокупната тендерска документација, се чека на одобрување на документацијата од Делегацијата на ЕУ.
- Во периодот јули-септември 2022 година саниран е мерниот инструмент за симултано мерење на PM 10 и PM 2.5 на мерниот инструмент Битола 2 и истиот во моментот обезбедува податоци од мониторинг.
- Инструмент за мерење на на PM10 и PM2.5 се поставени во Охрид во октомври 2022 година.
5.2.3 Редовно одржување на сите мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа во државата со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови.
2019
Набавени 6 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и 6 дата логери. Инструментите за PM10 се поставени во мониторинг станиците Гази Баба, Лисиче, Велес, Кичево, Гостивар и Кавадарци во декември 2019 година.
2020
Се спроведе постапка за набавка на мерни инструменти со што се изврши модернизација и замена на дел од мерните инструменти од веќе постоечките автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух. Испораката на мерните инструменти се реализираше во декември 2020 година. Имено се набавени:
- 7 анализатори за озон (O3) поставени во мониторинг станиците: Лисиче, Гази Баба, Ректорат, Кочани, Кавадарци, Кичево, Гостивар;
- 7 анализатори за сулфур диоксид (SO2) поставени во мониторинг станиците: Лисиче, Гази Баба, Куманово, Битола 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 7 анализатори за јаглерод моноксид (CO) поставени во мониторинг станиците: Гази Баба, Ректорат, Куманово, Битола 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 6 сета метеоролошка опрема / сензори поставени во мониторинг станиците: Миладиновци, Кочани, Струмица, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 2 автоматски анализатори за мерење на5 поставени во Лисиче и Гази Баба;
- 2 автоматски секвенцијални стандардни / референтни ниско волуменски семплери за мерење на суспендирани честички (со PM10, PM2.5, PM1 влезови/глави за земање примероци) поставени во мониторинг станиците: Кавадарци и Кичево;
- Калибрациона кула за калибрација на автоматски анализатор за мерење на суспендирани честички PM10 и5;
Во октомври 2020 година се набави нова автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух и истата се постави во Општина Гевгелија и се заменија сите постоечки мерни инструменти и се инсталираа два дополнителни во мониторинг станицата Битола 1.
2021
Извршена надградба на системот за управување со податоци AIRVIRО и се изврши набавка на инструменти за замена на дел од застарените инструменти од мониторинг станиците за квалитет на воздух:
- 4 инструменти за РМ10 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица;
- 8 инструменти за РМ5 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 8 инструменти за азотни оксиди поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 2 инструменти за озон поставени во Миладиновци и Струмица;
- 4 дата логери поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица.
Во јануари 2021 година се изврши набавки на 4 нисковолуменски уреди за земање на примероци од воздух.
Се набавија 8 нови мерни инструменти со кои се заменија постоечките застарени инструменти. Инструментите се инсталирани во декември 2021 година:
- 3 инструменти за јаглерод моноксид поставени во Миладиновци, Кочани и Струмица
- 4 инструменти за сулфур диоксид поставени во Миладиновци, Кочани, Струмица и Велес
- 1 инструмент за озон поставен во Велес.
2022
Во текот на 2022 година се спроведе постапка за набавка на резервни делови. Испораката на деловите се реализираше во јуни 2022 година.
Proposal goal indicators: Број на променети инструменти Број на извршени поправки Број на инструменти кои имаат годишна покриеност од 90% (Таргет: сите инструменти во 19 мерни станици)5.2.4 Обезбедување на сет резервни мерни инструменти со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови.
Ова е планирана активност во рамките на проект за набавка на опрема финансиран од ИПА 2 програмата. Целокупната тендерска документација е подготвена. По одобрувањето на документација од Делегацијата на ЕУ истиот ќе биде објавен.
Проектот за набавка на опрема е објавен на 13.02.2023, а рокот за доставување на понуди е 12.05.2023. Испораката на опремата се очекува до крајот на 2023 година.
Proposal goal indicators: Број на обезбедени сетови на резервни инструменти5.2.5 Изработка на мобилна апликација која ќе овозможи пристап до податоци за нивото на аерозагадувањето преку мобилен телефон и континуирани нотофикации за граѓаните.
За оваа активност беа побарани дополнителни средства во рамките на проектите кои ги спроведува МЖСПП, но истите не беа одобрени. Во моментов се бараат средства од други донатори.
За оваа активност се обезбедени средства во рамките на буџетот на МЖСПП за 2023 година. Во тек е изработка на техничка спецификација и тендерска документација.
Proposal goal indicators: Број на граѓани корисници на апликацијата5.2 Пристап до информации за нивото на аерозагадување
What public problem is addressed by the commitment?
Вкупно 18 фиксни и 1 мобилна мерна станица како дел од државната мониторинг мрежа за квалитетот на амбиентeн воздух се поставени во различни градови во државата. Од вкупниот број мерни станици, 5 се во Скопје, 2 во Битола и по 1 во Куманово, Миладиновци, Кочани, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кичево, Лазарополе, Гостивар и Тетово. Мобилната мониторинг станица е функционална од 2017 година и истата се поставува во оние општини кои не се опфатени со фиксните мониторинг станици во период од една година. Досега беше поставена во општина Бутел, Скопје и моментално е поставена во општина Ѓорче Петров, Скопје. Во останатите помали градови од државата не се поставени фиксни мерни станици, но мониторингот на квалитеотот на воздухот во овие градови ќе се врши со мобилната станица.[1] Државната мониторинг мрежа за квалитет на амбиентен воздух ги задоволува критериумите за минимален број на мерни места во одредена зона и агломерација, пропишани во националнато законодавство и Европските директиви за квалитет на воздух. Државната мониторинг мрежа во изминатите години се соочуваше со проблеми во однос на континуирана функционалност на мерните инструменти, особено заради старост на самата опрема. Подолг период инструментот за следење на концентрацијата на PM 10 честичките не беше во функција на мерната станица Лисиче, додека проблеми со овој инструмент, но и инструменти за следење на концентрациите на останатите честички (CO, NO2, O3, PM2.,5 и SO2) се забележани и на другите мерни станици во Скопје.[2] Во Битола, мерењето на концентрацијата на PM2.5 честичките е започнато во 2017 година и се одвиваше најпрво само преку една мерна станица (Битола 2) додека од октомври 2020 година истата се мери и на втората мерна станица (Битола 1). Во Куманово концентрацијата на PM2.5 се мери од 2017 година.[3] Во таа насока, на пример, инструментите за PM10 честички на мерната станица Битола 1 не давале податоци 187 дена во 2019 година, 26 дена во 2018 година, 79 дена во 2016 година и 19 дена во 2015 година, додека инструментите за PM 10 на мерната станица Битола 2 не давале податоци 192 дена во 2019 година, 56 дена во 2018 година, 66 дена во 2017 година, 6 дена во 2016 година и 56 дена во 2015 година. Истовремено, инструментите за мерење на концентрацијата на PM 2.5 честичките на мерната станица Битола 2, кои се поставени во 2017 година, не давале податоци 192 дена во 2019 година и 56 дена во 2018 година.[4] Сепак, МЖСПП активно работи на обновување и дополнување на Државниот автоматски мониторинг систем на квалитет на воздух, преку обезбедување на средствата од Националниот буџет и различни донаторски проекти. Последните години евидентно е подобрувањето на функционалноста на мониторинг системот и се очекува истиот да биде комплетно обновен до крајот на 2022 година. Со цел соодветно планирање на активностите за намалување на аерозагадувањето во државата, неопходно е постоење на веродостојна и сеопфатна мрежа за мониторинг на концентрацијата на честичките. Сеопфатни и веродостојни информации од мрежата за мониторинг се неопходни пред се за креирање на стратешките документи од областа (планови, стратегии и слично) како и следење на нивното спроведување, односно дали и со која динамика се остваруваат предвидените цели (дали се остваруваат целите дефинирани како намалување на концентрацијата на загадувачките супстанци, дали динамиката на исполнување на оваа цел е на задоволително ниво и слично). За остварување на вака поставената цел, потребно е редовно и навремено одржување и сервисирање на веќе поставените мерни станици од државната мониторинг мрежа. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух од 2012 година се објавуваат во реално време на порталот за квалитет на воздух (https://air.moepp.gov.mk). Истите редовно се известуваат на национално ниво како и до Европската агенција за животна средина
[1]Извор: Веб страна „Кавалитет на воздух во Република Северна Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање“https://air.moepp.gov.mk/
[2]Извор: Месечни извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, објавени на: https://air.moepp.gov.mk/?page_id=290
[3]Ibid
[4]Ibid
Main goal of the proposal
Општа цел: Обезбедување на сеопфатни и веродостојни информации за нивото на аерозагадување во РСМ
Специфична цел 1: Зголемување на бројот на мерни станици во државата
Специфична цел 2: Редовно одржување и сервисирање на мерните инструменти кои се дел од мерните станици во рамки на државната мрежа за мониторинг
Специфична цел 3: Изработка на мобилна апликација за презентирање на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух
Резултати: спроведувањето на активностите ќе придонесат за зголемување на опфатот на државната мрежа за мониторинг преку зголемување на бројот на мерни станици во градовите каде не се поставени. Преку редовно одржување и сервисирање на постоечките и ново поставените мерни инструменти, државата ќе овозможи соодветна база на податоци неопходна за креирање на ефикасни политики за намалување на аерозагадувањето и следење на остварување на целите во стратешките документи. Обезбедување на еден сет на резервни мерни инструменти, со цел ставање во функциија на истите додека постоечките инструменти се сервисираат и повторно се стават во функција за да нема загуби во податоците од извршените мерења. Со изработката на мобилната апликација, ќе се овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен и поприфатлив начин.
How will the commitment contribute to solving the public problem?
Преку поставувањето на нови мерни станици за квалитет на воздухот во Прилеп, Охрид и Штип, како дел од државната мониторинг мрежа ќе се зголеми бројот на мерни станици, односно обемот на податоци за квалитетот на воздухот кој долгорочно ќе придонесе кон подобро планирање на политиките од областа на централно и локално ниво. Поставувањето на мерна станица за квалитет на воздухот во Берово ќе придонесе за поголем и подобар мониторинг на прекуграничнотозагадување. Поставувањето дополнителни мерни станици ќе придонесат за подобро планирање на локалните политики за заштита на воздухот. На тој начин ќе се процени дали треба да се применат мерки, како и изборот на мерки и политики кои ефикасно ќе го решат проблемот.
Редовното одржување и сервисирање на инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем, ќе овозможи ефикасен мониторинг и исполнување на целите за мониторинг пропишани во Законот за квалитет на амбиентниот воздух.
Обезбедувањето на еден сет резервни мерни инструменти, ќе придонесе за ефикасно одржување на сите мерни станици, односно државна мрежа која ефикасно ќе го мониторира квалитетот на воздухот, што ќе придонесе за:
- Можност за пресметување на средно дневните концентрации на загадувачките супстанци и известување на граѓаните
- Навремена примена на краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво при надминување на праговите за алармирање
- Планирање на политиките на централно и локално ниво за намалување на аерозагадувањето
- Следење на исполнувањето на мерките предвидени со политиките на централно и локално ниво.
Изработката на мобилната апликација, ќе овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен односно посовремен начин, начин поприфатлив за сите корисници на мобилни телефони.
Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information
Поврзано со Целите за одржливиот развој на ОН , Врска со Цел 13: ,,Климатска Акција“, Таргет 13.3: Да се подобри образованието, свесноста и човековите и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за приспособување, за намалување на влијанијата и за рано предупредување.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 13 Климатска акција“, Таргет 13.3 Подобрување на образованието, подигање на свеста и човечкиот и институционален капацитет за ублажување на климатските промени, адаптација, намалување на влијанието и рано предупредување. Со мерките на оваа заложба преку убапредена свест, едукација и информираност на граѓаните ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.
Other included subjects
Institutions
- Ministry of Information Society and Administration
Organizations
- Македонско здружение на млади правници