Appointed Institution
Last update on
08 November 2021
Total achievements to be successful: 4
Achieved Achievements: 0/4
Achievements on hold: 0/4
Unrealized achievements: 2/4
In progress achievements: 2/4
Зголемување на процентот на работни тела кои вклучиле експерти во својата работа до 30 %
Објавен е јавен повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка во Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите
Proposal goal indicators:Донесен акт за регулирање на надзорни расправи
Не се започнати активности.
Proposal goal indicators:Донесен план за надзорни расправи
Не се започнати активности.
Proposal goal indicators:Зголемување на учеството на граѓаните и граѓанските организации на седниците на работните тела до 70%
Во функција на поголема транспарентност и вклученост на јавноста зголемен е бројот на одржани јавни расправи со тоа што покрај преставници на институците учествуват и претставници на граѓанските организаци. Во 2018 година одржани се 24 јавни расправи, една надзорна расправа, од 1 јануари до 13 март 2019 година одржани се 6 јавни расправи и една надзорна расправа.
Во делот на јавните расправи и надзорни расправи за период март-август 2019 година има одржано 9 јавни расправи и една надзорна расправа.
– Во функција на активна соработка со граѓанските организации, Собранието обезбеди нивно учество во Комисијата за селекција на кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
– Со цел запознавање со активностите и агендата од тековниот ден во Собранието, заинтересираните граѓани добиваат собраниски е-весник и можност да се упатат прашања преку електронските пошти на пратениците и службата, преку собранискиот е-меил.
– Во периодот на известување организирани се вкупно 51 едукативни настани во организација на Парламентарниот институт, и тоа: „Детски парламент“ за ученици од основните училишта, едукативни семинари за ученици од средните училишта, едукативни семинари за студенти, семинар за наставници во средните училишта и за ученици од средно образование во рамките на новата едукативна активност на Институтот „Имам став!“
На едукативните настани во организација на Парламентарниот институт учествувале вкупно 1566 учесници од различни градови и општини во државата. Целта на овие активности е да се приближи работата на Собранието до младата популација.
– Претседателот на Собранието на РСМ има реализирано голем број на средби со грѓани играѓански организации особено од ранливи категории и со попреченост.
– Се изгласа Декларацијата за заложба за политичко учество на луѓе со попреченост, поднесена од претседателот на Собранието на РСМ, потпретседатели и координатори на пратенички групи а по иницијатива на граѓански организации на граѓани со попреченост.
– Во месец јуни 2018 година Парламентарниот институт изработи Програма за едукација на ранливи групи. Врз основа на тоа и во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија беа подготвени и испечатени вкупно 400 информативни материјали на Брајово писмо. Дополнително, за потребите на истата категорија (слепи и слабовидни лица), информативните материјали беа снимени и во аудио формат и објавени на интернетската страница на Собранието https://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentarniot-institut.nspx. За споделување на овие материјали, на 14.6.2018 година, беше организирана тркалезна маса, на која учествуваа 30 претставници од од 17 различни здруженија на слепи во Република Македонија. Како продолжение на досегашните активности наменети за ранливите категории граѓани, а во насока на приближување на законодавната власт до сите категории граѓани и здруженија, Парламентарниот институт изработи постери со знаковен јазик, кои претставуваат нови едукативно-информативни материјали на Институтот. Постерите беа промовирани и споделени за време на тркалезната маса која се одржа по повод одбележување на 23 септември – Меѓународниот ден на знаковните јазици, во организација на Парламентарниот институт, во соработка со Националниот сојуз за глуви и наглуви лица. На тркалезната маса учество земаа тројца пратеници од Собранието и претставници од сите 17 општински организации кои членуваат во Националниот сојуз. https://www.sobranie.mk/sredbi-2019-ns_article-trkalezna-masa-po-povod-megjunarodniot-den-na-znakovniot-jazik.nspx
– Во насока на промовирање на култура на отвореност на законодавниот дом, Парламентарниот институт организира Отворен ден на Собранието секој последен петок во месецот, како и посети на барања од граѓани и пратеници и во други денови, кога функционирањето на Собранието го дозволува тоа. Во 2018 и 2019 година Собранието го посетиле вкупно 10.098 посетители.
– Во насока на промовирање на култура на отвореност на законодавниот дом, Парламентарниот институт организира Отворен ден на Собранието секој последен петок во месецот, како и посети на барања од граѓани и пратеници и во други денови, кога функционирањето на Собранието го дозволува тоа. Со оглед на новите околности со рестрикции за физичка посета на законодавниот дом, Парламентарниот институт одлучи во јуни 2020 година да продолжи организираните обиколки на зградата на законодавниот дом да ги спроведува виртуелно, со помош на софтверската апликација за виртуелна тура http://vtour.sobranie.mk/. Во 2020 година, преку регуларните тури и преку виртуелните тури, Собранието го посетиле вкупно 4.076 посетители.
– Подготвен е и даден на одобрување нов правилник за акредитации, правата и обврските на средствата за јавно информирање на Собранието. Со правилникот се прецизира кои се правата и обврските на медиумите и се олеснува нивниот пристап и работа во Собранието.
– Со цел запознавање со активностите и агендата од тековниот ден во Собранието, заинтересираните граѓани добиваат собраниски е-весник и можност да се упатат прашања преку електронските пошти на пратениците и службата, преку собранискиот е-меил.
Proposal goal indicators:Подобрување на учеството на граѓаните во законодавниот и надзорниот процес на Собранието
What public problem is addressed by the commitment?
Граѓанско учество во законодавниот процес. Зајакнување на надзорната функција на Собранието и остварување на законодавната функција на Собранието.