Покана за состанок за утврдување на начинот на работа

 

Почитувани,

Во врска со задолженијата кои произлегуваат за следење  на активностите од заложбата „Унапредување на заштитата на сексуалните работници и лицата кои употребуваат дроги“, а согласно Решението за формирање на Работна група со сите чинители за спроведување на акцискиот план (бр.15-4588/1 од 23.11.2021г.) се планира на 04.03.2022 година да се одржи состанок со членовите на работната подгрупа.

Целта на состанокот ќе биде првично состанување на членовите, согласно одржаната оn-line средба на 21.02.2022 година со националната координаторка на НАП-ПОВ, која меѓу другото даде заклучно согледување за потребата од одржување на состаноци на работните подгрупи најдоцна до првата недела од месец март 2022г.

Во однос на тоа, состанокот ќе се одвива во насока на организирање и потврдување на начинот на работа и запазување на роковите за реализација на НАП.

Со почит,

Сусана Новакоска, координатор на подгрупата за заложбата „Унапредување на заштитата на сексуалните работници и лицата кои употребуваат дроги„