Усвоен новиот Национален Акциски план за партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Владата на Република Северна Македонија на 7-та седница одржана на 27.02.2024 година ја разгледа и усвои Информацијата за Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт со Предлог национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и го разгледа и прифати Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

Новиот шести национален акциски план 2024-2026 беше подготвен во инклузивен и транспарентен процес кој започна во месец Јуни 2023 година со вклученост на голем број на невладини организации и владини институции во подготовката на предлог заложбите. Новиот акциски план во делот Отворена влада содржи 15 заложби и 57 достигнувања распределени во пет приоритетни области и тоа: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени.

Освен делот за Отворена влада, овој акциски план содржи и посебни делови за Отворен парламент и Отворено судство, почитувајќи ја независноста на работата на законодавната и судската власт како посебна власт во Република Северна Македонија.

Министерството за информатичко општество и администрација како надлежна институција за координација на оваа иницијатива е задолжено да формира работна група со сите релевантни чинители за спроведување на Националниот акциски план, Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година и до Владата за достави среднорочен и финален извештај за статусот на имплементација. Оттука во наредниот период на транспарентен начин во духот на партнерството ќе се воспостават потребните структури за координација, следење и известување со цел да се обезбеди непречена реализација на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026.

Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 е достапен на следниот линк.

Одржана десеттата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година

На 22 февруари 2024 година се одржа десеттата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година.

На седницата активно учество земаа 8 членови и 2 заменици членови на Советот за ПОВ (претставници на органите на државната власт и граѓанските организации). Гордана Гапиќ Димитровска, ко-претседател на Советот за ПОВ од членовите кои ги претставуваат институциите имаше улога на претседавач на оваа седница.

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, се отвори дискусија по апликацијата на Општина Кисела Вода за иницијативата Партнерство за отворена власт на локално ниво (ПОВ Локал), поддржана од младинската организација КРИК и Меѓународниот републикански институт, за која Советот за ПОВ треба да се произнесе дали постои ризик за угледот на ПОВ за кој ПОВ Локал треба да е информиран при разгледување на апликацијата на Општина Кисела Вода. Под ризик се подразбира дали апликантот постапил спротивно на Декларацијата за отворена влада во однос на сериозни прекршувања на интегритетот, репресија на граѓанското учество или недостаток на отвореност и транспарентност.

Членовите на Советот за ПОВ врз основа на нивните сознанија се произнесоа дека Општина Кисела Вода не претставува ризик за угледот на ПОВ. Со оглед дека процесот на локално ниво заостанува зад ПОВ процесот на национално ниво, со поддршка на оваа апликација ќе се овозможи промовирање на оваа иницијатива меѓу општините. Дополнително, се отвори дискусија дека е потребно за следниот круг за ПОВ локал за две години (кога ќе можат да аплицираат нашите општини), Советот за ПОВ и Мрежата за ПОВ да направат поструктуриран начин за стимулирање на општините со цел да има поголема заинтересираност од страна на општините за аплицирање во оваа иницијатива.

Во врска со нацрт Финалниот извештај за само-оценка за статусот на имплементација на Националниот акциски план за ПОВ 2021-2023 година (нацрт Финален извештај), подготвен согласно членот 13 од Решението за формирање на работна група со сите чинители за спроведување на НАП за ПОВ 2021-2023, односно врз основа на податоците добиени од  координаторите на заложби (по пат на електронска пошта како соодветна замена во услови на технички пречки за внес на податоци на порталот за ПОВ), Советот за ПОВ по барање на претставниците од граѓанските организации-членови на Советот за ПОВ го одложи од разгледување нацрт Финалниот извештај и донесе заклучок истиот да биде доставен до работните групи по заложби со цел претставниците од граѓанските организации-членови на работните групи да се произнесат по информациите и статусот на реализација содржани во нацрт Финалниот извештај. Дополнително, Советот за ПОВ формираше работна група со претставници од Советот за ПОВ која по добиените коментари и сугестии по нацрт Финалниот извештај од претставниците од граѓанските организации -членови на работните групи најдоцна до 7 март 2024 година ќе изврши увид и ќе го утврди  текстот на нацрт Финалниот извештај кој ќе биде доставен на разгледување до Советот за ПОВ и Владата на Република Северна Македонија.

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.

Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.

Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.

Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2021 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.

Азир Алиу: Република Северна Македонија има препознаени резултати во процесите на отворена влада

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска говори на конференцијата „ Партнерство за отворена власт – дијалог за Националниот акциски план  2024-2026“, која што се одржа во свечена сала на Влада на Република Северна Македонија.

Министерот Алиу посочи дека Република Северна Македонија има препознаени резултати во процесите на отворена влада.

“ Република Северна Македонија има препознаени резултати во процесите на отворена влада. Од приклучувањето во оваа иницијативата во 2011 година досега, преку пет акциски планови, посветено се следеше потребата од поголем ангажман и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки, воведување на поголеми стандарди на интегритет и поголем пристап до технологија.

Отворените финансии и достапноста на информациите за плаќањата на државните институции кон фирми, други институции и физички лица; Граѓанскиот буџет; зголемувањето на рокот за консултација на предлог законите на ЕНЕР; достапноста на повеќе од 300 податочни сетови на порталот за отворени податоци; пристапот до правда, воспоставувањето на регистарот за вистински сопственици, се само дел од постигнатите резултати. Со отворањето и ставање на располагање на нашите ресурси на јавноста, успеавме да го унапредиме дијалогот, иновациите и употребата на технологијата што го прават животот на нашите граѓани подобар и полесен.” , посочи министерот Алиу.

Министерот Алиу додаде дека МИОА е надлежно министерство за ова иницијатива и дека во месец јули отпочнаа активностите за подготовка за шестиот Акциски план за Партнерство за отворена власт за периодот 2024-2026 година

“ Министерството за информатичко општество и администрација е надлежно министерство за координација на оваа иницијатива, која во срцето на своето делување ја промовира и поттикнува идејата за транспарентност на Владата, учество на јавноста во процесите на креирање на јавните политики и отчетност на Владата за испорачаните услуги.

Оваа година е особено значајна за нас.  Во јули месец во слична атмосфера официјално отпочнаа активностите за подготовка за шестиот Акциски план за Партнерство за отворена власт за периодот 2024-2026 година. Во изминатите месеци во веќе препознатливиот динамичен и инклузивен процес се подготвуваа придонесите за  шестиот акциски план  и тоа со вклученост на околу стотина претставници од граѓанскиот и јавниот сектор, Советот и Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт.”, заклучи министерот Азир Алиу.

Одржана осма седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година

На 19 декември 2023 година се одржа осмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година.

На седницата активно учество земаа 9 членови и 2 заменици членови на Советот (претставници на органите на државната власт и граѓанските организации). Гордана Гапиќ Димитровска, ко-претседател на Советот од членовите кои ги претставуваат институциите имаше улога на претседавач на оваа седница.

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, беше презентиран Нацрт Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година. Координаторите на работните групи Герман Филков, Дарко Антиќ и Марија Саздевски пред членовите на Советот за ПОВ ги преставија нацрт заложбите подготвени во процесот на ко-креирање. Во оваа фаза на подготовка на акцискиот план беа подготвени вкупно 18 заложби кои се однесуваат на партиципативно донесување на одлуки и граѓанско учество, борбата против корупцијата, правното зајакнување и пристапот до правда, развојот и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатските промени. Членовите на Советот за ПОВ имаа можност врз основа на претходно утврдена постапка и согласно Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста на заложбите од процесот на  ко-креирање на акциски план за Партнерство за отворена власт со начелата на Партнерство за отворена власт да дадат своја оценка поединечно за секоја заложба.

На седницата беше одлучено нацрт Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година да биде јавно објавен на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација, порталот за ПОВ и ЕНЕР, се со цел да се даде можност пошироката јавност да се информира и да даде свој придонес во вид на мислење и коментари.

* * *

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.

Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.

Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.

Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2021 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.

Одржана седмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година

На 03 ноември 2023 година се одржа седмата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година.

На седницата активно учество земаа 10 членови и 2 заменици членови на Советот (претставници на органите на државната власт и граѓанските организации) и преставник од Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт. Гордана Гапиќ Димитровска, ко-претседател на Советот од членовите кои ги претставуваат институциите имаше улога на претседавач на оваа седница.

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, беа презентирани измените во Временската рамка кои беа направени на состанокот на Работната група формирана од Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт 2021-2023 одржан на 26.10.2023 година и истите беа едногласно усвоени од сите членови на Советот присутни на седницата. Врз основа на ажурираната Временска рамка беа презентирани следните чекори и беше заклучено координаторите на работните групи по приоритети да достават краток осврт на реализираните активности кои ќе бидат испратени до меѓународниот Секретаријат за Партнерство за отворена власт со цел известување за текот на досегашните и следните планирани активности за финализирање на акцискиот план. Во насока на запазување на роковите од ажурираната Временска рамка беше договорено во месец ноември да се одржат интензивни состаноци со институциите со цел предлог идеите да се трансформираат во заложби кои ќе бидат составен дел од нацрт акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026.

* * *

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.

Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.

Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.

Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2021 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.

Одржана шестата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година

На 28 септември 2023 година се одржа шестата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година. На седницата беа разгледани и дискутирани пристигнатите идеи и предизвици од работните групи за креирање на предлог заложби за новиот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026

На седницата активно учество земаа 9 членови и 2 заменици членови на Советот (претставници на органите на државната власт и граѓанските организации) и преставник од Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт. Дарко Антиќ, копретседател на Советот од членовите кои ги претставуваат граѓанските организации имаше улога на претседавач на оваа седница. 

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, координаторите на работните групи за ко-креирање за секоја од приоритетните области ги презентираа предлог идеите и предизвиците кои произлегоа од работата на работните групи за креирање на предлог заложби за новиот акциски план по што се отвори дискусија околу релевантноста на истите согласно критериумите за креирање на заложби кон Партнерството за отворена власт. На седницата беше заклучено дека е потребно Работната група формирана од Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт да одржи состанок на кој ќе се допрецизираат предлог идеите и предизвиците пред одржување на состаноците со институциите.  

* * * 

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови. 

Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество. 

Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија. 

Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување. 

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2021 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација. 

Известување за почеток на процесот за подготовка на шестиот национален Акциски план за Партнерството за отворена власт 2024-2026 година

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

Ве известуваме дека започнува процесот на подготовка на шестиот национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 (НАП 6).
Со цел навремено вклучување и предвидливост на процесот на ко-креација, Советот за Партнерство за отворена власт на петтата седница одржана на 17.05.2023 година усвои Временска рамка на активности за подготовка на НАП 6 2024-2026.  Временската рамка може да ја најдете тука.

Во временската рамка се дадени првично утврдени датуми и истата може да се надополнува со настани и состаноци во организација на сите чинители во Партнерството за отворена власт. Во рамките на активностите за подготовка на Акцискиот план, предвиден е начинот на вклучувањето на засегнатите страни, едукација, работни сесии за ко-креирање на заложби, консултации и утврдување на планот. Ваквиот систематизиран начин на планирање и спроведување на процесот на консултација  ќе осигура навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-реирање на новиот акциски план за Партнерство за отворена власт.
Благодариме за соработката,

Министерство за информатичко општество и администрација.