Одржана седмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година

На 03 ноември 2023 година се одржа седмата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година.

На седницата активно учество земаа 10 членови и 2 заменици членови на Советот (претставници на органите на државната власт и граѓанските организации) и преставник од Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт. Гордана Гапиќ Димитровска, ко-претседател на Советот од членовите кои ги претставуваат институциите имаше улога на претседавач на оваа седница.

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, беа презентирани измените во Временската рамка кои беа направени на состанокот на Работната група формирана од Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт 2021-2023 одржан на 26.10.2023 година и истите беа едногласно усвоени од сите членови на Советот присутни на седницата. Врз основа на ажурираната Временска рамка беа презентирани следните чекори и беше заклучено координаторите на работните групи по приоритети да достават краток осврт на реализираните активности кои ќе бидат испратени до меѓународниот Секретаријат за Партнерство за отворена власт со цел известување за текот на досегашните и следните планирани активности за финализирање на акцискиот план. Во насока на запазување на роковите од ажурираната Временска рамка беше договорено во месец ноември да се одржат интензивни состаноци со институциите со цел предлог идеите да се трансформираат во заложби кои ќе бидат составен дел од нацрт акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026.

* * *

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.

Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.

Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.

Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2021 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.

Напишете коментар