Почитувани,
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.
Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите и од граѓанското општество.
Советот има за цел:
-
да се поттикне транспарентноста и отвореноста на работата на органите на државна управа, како и други институции на државната власт
-
да се поттикне учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата Партнерството за отворена власт во Република Северна Македонија;
-
да се обезбеди меѓусекторска соработка и да се воспостават јасни, структурирани и трајни механизми за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество;
-
да се зголеми учеството на граѓанското општество во процесите на Партнерството за отворена власт и во подготовката на акциските планови за Партнерството за отворена власт и за поддршка, поттикнување и следење на спроведувањето на тековниот акциски план.
Советот го следи спроведувањето на тековниот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт, разгледува и предлага извештаи за спроведување на АП, согласно роковите утврдени од Владата на Република Северна Македонија и меѓународната иницијатива, разгледува и предлага насоки за унапредување на процесот согласно насоките кои произлегуваат од меѓународната иницијатива, ја утврдува временската рамка и начинот на спроведување на процесот на ко-креирање на АП, спроведува постапка на консултации за нацрт-АП и го предлага АП за ПОВ до Владата на Република Северна Македонија на усвојување и обезбедува континуиран дијалог на органите на државната управа, како и други институции на државната власт, граѓанските организации, бизнис секторот, академската заедница, медиумите и други претставници од засегнатата јавност за унапредување на стандардите за отвореност и транспарентност на властите.