Одржани работни средби со Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на редовните активности во процесот на координација на иницијативата за Партнерство за отворена власт (ПОВ) и посветената поддршка на институциите и организациите вклучени во овој процес, во периодот 15-16.05.2024 година одржа поединечни работни средби по приоритетни области од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

 

Целта на работните средби беше во насока на поддршка на процесот на имплементација и известување за Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година. Во текот на работата се оствари дискусија за организација на процесот на имплементација на заложбите и достигнувањата од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година, начинот на работењето на работните подгрупи и подготовка на придонеси за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година и користење на порталот www.ovp.gov.mk.

 

На работните средби активно учество земаа претставниците на институциите и граѓанските организации во петте приоритетни области: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени.

Партнерство за отворена власт претставува доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоено шест национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за ПОВ е Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

За постигнување на потребниот успех и за соодветна и навремена имплементација неопходна е добра организација и координација и тоа во духот на Партнерството за отворена власт. Вклученоста на граѓанското општество и институциите е суштинска за успехот на целиот процес. Токму затоа, структурата за координација, следење и спроведување на процесот во Република Северна Македонија ја сочинуваат Советот за Партнерството за отворена власт и Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерството за отворена власт, со целосна поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација како надлежно министерство за оваа иницијатива.

Напишете коментар