Одговорна институција

Лице за контакт

Билјана Ристевски , Советник во секторот за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН biljana.drijovska@bjn.gov.mk

Датум на последното ажурирање

31 јануари 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 2/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Завршено

2.1.1 Подготовка на план за објавување кој претставува структурата на податочниот сет и избор на информации кои ќе се објавуваат за секоја јавна набавка.

Подобрување на отчетноста на јавните набаваки, односно објавувавње на известувањата за склучени договори во машински читлив и обработлив формат со цел зголемување на транспарентноста и олеснување на пристапот до постоечките информации за склучени договори за јавни набаваки.

За реализација на заложбата Бирото изготви план и решение, односно развиена е функционалност на Електронскиот систем за јавни набавки, така што сите податоци во модулот „Склучени договори“ заинтересираните страни ќе може со единствен клик да ги презвземаат во обработлив формат.

Првично, по јавното објавување на техничкото решение на ЕСЈН, ќе биде поставен линк на порталот за отворени податоци што ќе редиректира на локацијата за преземање на податоците.

Индикатори: Планот за објавување е подготвен (да)
Завршено

2.1.2 Објавување на базата на порталот отворени податоци

На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), во делот Склучени договори и Склучени договори од квартални евиденции додадена е можност за генерирање на податоците кои се дадени во табела на приказ во обработлив формат.

На приказ на веб формата дадена е табела со сите склучени договри. Постои можност да се направи пребарување и филтрирање на договорите по повеќе критериуми. Со кликнување на копчето „Преземи во CSV“ податоците од табелата се преземаат во CSV фајл и истите може да се конвертираат во .xls за полесна обработка за што е објавено и корисничко упатство.

Линковите од склучените договори се достапни на веб страницата на ЕСЈН

Склучени договори

Склучени договори од квартални евиденции

Индикатори: Број на објави за јавни набавки кои ги задоволуваат критериумите содржани во планот за објавување на порталот отворени податоци
Референци

2.1 Јавните набавки како отворени податоци

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Јавните набавки, на светско ниво, се типично место каде може да се сретне корупција. Постојат многу начини како јавните набавки се инструмент за најразлични трансакции против јавниот интерес а со цел материјално богатење или трговија со влијание.

Во Националната стратегија за борба против корупцијата, јавните набавки се идентификувани како значаен ризик фактор, присутен во повеќето области каде делуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации, во најновиот бран на набљудување забележува дека во првите шест месеци од 2021, само 1% од јавните набавки биле контролирани а забележани се неправилности кај секоја петта контролирана набавка.

Во набљудувањето на јавните набавки, од страна на ЦГК, постојано провејува забелешката за ниски стапки на натпревар во јавните набавки. Малата конкурентност кај набавките во економски сектори каде постои конкуренција е значаен индикатор на ризик од корупција.

Република Северна Македонија одржува систем на електронски јавни набавки, кој е јавен и заинтересираните граѓани може да видат податоци за огласи и склучени договори.

Меѓутоа, набљудувањето на јавните набавки од надворешни лица, во прва смисла, медиумите и граѓанските организации е отежнато бидејќи прибирањето на податоци е рачно. Ова значи дека надворешното набљудување е обременето со ангажирање на ресурси и време кое инаку би можело да се посвети на анализа наместо на прибирање податоци.

Главна цел на заложбата

Целта на заложбата е подобрување на отчетноста на јавните набавки преку зголемена можност за надворешен надзор од медиуми и граѓански организации.

Заложбата предвидува објавување на јавните набавки во машински читлив формат, како отворени податоци на владиниот портал за таа намена.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Транспарентноста на податоците значително делува во намалување на ризиците од корупција. Ослободувањето на информациите кон заинтересираната јавност овозможува подлабоки анализи, и алармирање. Ова во суштина значи дека институциите, со својата транспарентност, овозможуваат поквалитетно вклучување на надворешни актери, како граѓанското општество во ефикасно набљудување, преку партнерски однос на двете страни.

Анализите базирани на удел, обем, вмрежување на договорни органи и економски оператори се современа фаза на алатки за борба против корупцијата и навремено обезбедуваат аларм кој понатаму може да се процесира и од други јавни институции како ДКСК со цел подобрување на политиките и законската рамка. Со базата на јавни набавки во отворен формат, се обезбедуваат услови за развој на такви алатки и подобрување на борбата против корупцијата.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за информатичко општество и администрација

Организации

  • Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје
  • Фондација за интернет и општество Метаморфозис


Лице за контакт

Ели Чакар, државен советник elicakar@gmail.com

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 2/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 1/3

Значително

1.6.1 Воспоставување и ставање во функција на електронски табли во 20 општини на кои автоматски ќе бидат објавувани кварталните извештаи за реализација на Буџетот на општината, обработени на разбирлив начин и пристапни за граѓаните

Вкупно 16 единици на локалната самоуправа (Илинден, Дебар, Василево, Дојран, Виница, Ресен, Кисела Вода, Аеродром, Градско, Град Скопје, Крива Паланка, Македонски Брод, Босилово, Старо Нагоричане, Радовиш и Пробиштип) започнаа да ги објавуваат финансиските извештаи за реализација на буџетот на контролната табла со финансиски индикатори (www.indikatori.opstinskisoveti.mk), и во наредниот период се очекува истите општини да ги постават електронските табли (веб банери) на своите официјални веб страни.

Вклучително со 24-те ЕЛС (Велес, Охрид, Свети Николе, Чаир, Валандово, Струмица, Желино, Куманово, Центар, Брвеница, Струга, Могила, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Тетово, Ѓорче Петров, Чашка, Битола, Богданци, Вевчани, Берово, Зрновци и Крушево) кои претходно ги воспоставија електронските табли со финансиски податоци, досега вкупно 40 ЕЛС ги објавуваат финансиските извештаи на веб платформата (контролната табла).

Во моментот, во тек е интеграција на електронските контролни табли во дополнителни 8 општини (Карпош, Арачиново, Боговиње, Дебрца, Прилеп, Неготино, Ново Село и Штип) со што, до крајот на годината, електронските табли ќе бидат воспоставени во дополнителни 24 општини

 

Индикатори: Број на општини во кои се ставени во функција електронски табли - Степен на задоволство на граѓаните од запознаеноста со трошењето на општинскиот буџет (средна оцена 2.4 во 2020 година)
Референци
Ограничено

1.6.2 Креирање и воспоставување на иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните во 20 општини

Во моментот, во тек е јавен повик за избор на првите 10 општини кои ќе бидат дел од проектот преку кој ќе се  воспостават  иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните. Општините ќе бидат селектирани во текот на месец август, а реализацијата на активностите поврзани со воведувањето на иновативни алатки во овие општини ќе започне во месец септември.

Во моментот, во тек е постапка за креирање и воспоставување на иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните во 10 општини

Индикатори: Број на воспоставени иновативни алатки (минимум 20 алатки во 20 општини)
Ограничено

1.6.3 Воспоставување на механизам за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките и дефинирањето на локалните приоритети, преку соодветна претставеност со акцент на ранливите и маргинализирани групи, во 20 општини

Во моментот, во тек е јавен повик за избор на првите 10 општини кои ќе бидат дел од проектот преку кој ќе се  воспостават  механизми за учество на граѓаните во донесувањето  одлуки и дефинирањето на локалните приоритети. Општините ќе бидат селектирани во текот на месец август, а реализацијата на активностите поврзани со воведувањето на механизми за учество на граѓаните во донесувањето  одлуки во овие општини ќе започне кон крајот на 2022/почетокот на 2023.

 

Во моментот, започнати се иницијални активности за воспоставување на механизам за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките и дефинирањето на локалните приоритети во 10 избрани општини. Механизмите за учество во овие општини ќе бидат воспоставени во првиот квартал на 2023.

Индикатори: - Број на општини со воспоставен механизам за учество на граѓаните - Број на спроведени консултации со соодветна претставеност на граѓаните (минимум 80) - Број на прифатени и спроведени проекти од страна на локалните власти предложени од граѓаните преку механизмите за учество (минимум 20)

1.6 Фискална транспарентност и отчетност на локално ниво и подобрување на вклученоста на граѓаните преку иновативни механизми и алатки

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Доброто владеење на локално ниво подразбира подобрување на процесите во функција на поефективно и поекономично испорачување на јавните услуги, со обезбедување на целосна транспарентност и отчетност, како и вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките. Притоа секогаш треба да се внимава процесите да гарантираат инклузивност. Имајќи ги предвид новите трендови и документи на Советот на Европа, на Европската Унија и на ООН, овие заложби можат да се постигнат со користење на иновации и нови технологии кои што го олеснуваат пристапот до информациите и ги сензибилизираат граѓаните.

Потребата од подигнување на нивото на транспарентност и отчетност на локално ниво е адресирана во речиси сите извештаи и стратешки документи на националните институции, додека пак напредокот во овие аспекти, меѓу другото, се  следи и преку анализи и анкети кои се спроведуваат на годишно ниво. Во истражувањата на јавното мислење за задоволството од услугите на локално ниво спроведени во изминатите четири години, се забележува извесно подобрување на оценката која ја даваат граѓаните за достапноста до информациите за општините (од 3.0 во 2017 на 3.1 во 2020), учеството на граѓаните при донесувањето одлуки од локално значење (од 2.3 во 2017 на 2.6 во 2020), како и за запознавањето на граѓаните со начинот на кој се трошат буџетските средства во нивната општина (од 2.2 во 2017 на 2.4 во 2020). Сепак, и покрај релативниот напредок во овој правец, постои голема потреба од вложување дополнителни напори за подобрување на вкупната транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа, како и за поголемо вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки на локално ниво.

Кога се зборува за подобро управување со јавните финансии секогаш акцентот е ставен на подобрување на транспарентноста и отчетноста. Потребата од поголема финансиска транспарентност и отчетност беше адресирана и при донесувањето на Законот  за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа и единки корисници основани од единиците на локална самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски во октомври 2018 година, со цел преку поголема финансиска дисциплина и отчетност да се подобри управувањето со јавните финансии.

Во декември 2020 година Владата донесе Заклучок со кој што ги задолжи министерствата, а на општините им препорача да ја подобрат активната транспарентност, со акцент на финансиската транспарентност, особено во реализацијата на средствата од централниот буџет.

Главна цел на заложбата

Преку воведување на иновативни механизми и алатки да се подобри финансиската транспарентност и отчетност во единиците на локалната самоуправа и вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуките на локално ниво.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Воспоставување на електронски табли во општините како многу достапен начин за информирање на членовите на советите и воопшто на граѓаните за клучните финансиски податоци од работењето на општината и јавните служби, преку автоматско преземање на кварталните извештаи за реализацијата на буџетот подготвени од странана општинската администрација и нивна преработка во многу поразбирлив и повидлив формат. Податоците се објавуваат на начин кој што ќе биде разбирлив за членовите на советите кои што не се финансиски експерти, како и за граѓаните. Целта е со поголема информираност и разбирање на процесот на подготовка и реализација на буџетот, членовите на советите да можат поодговорно да ја вршат контролната функција, како и да донесуваат одлуки врз основа на информации и во тесна соработка и во консултација со граѓаните.

Во општините ќе се поддржи креирањето и ставањето во функција на иновативни алатки за полесен пристап до информациите и поттикнување на вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуките при креирањето на локалните политики и услуги.

Третиот аспект е воспоставување на единствен механизам за вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки и дефинирање на локалните приоритети кој што ќе обезбеди соодветна застапеност на сите граѓани, со акцент на социјално ранливите и маргинализирани групи.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Заложбата продолжува од НАП 4 со цел механизмите и алатките за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност и вклученоста на граѓаните да се воспостават во сите општини и да извршат поголемо влијание на подобрување на управувањето на локално ниво.

Во рамките на НАП4 вакви механизми и алатки се воспоставени во 24 општини.

Заложбата придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите на Програмата на Владата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 како и на одржливите цели на ООН, особено на Целта 16: „Промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа“, а конкретно на целите 16.6: „Да се развијат ефикасни, одговорни и транспарентни институции на сите нивоа“ и  16.7:  „Да  се  осигура одговорно, инклузивно, партиципативно и репрезентативно  донесување на одлуки, на сите нивоа“.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за локална самоуправа

Организации



Лице за контакт

Владимир Наумовски, Советник на директорот за информатички развој vladimir.naumovski@crm.org.mk

Датум на последното ажурирање

07 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6

Остварени Достигнувања: 2/6

Достигнувања кои се на чекање: 1/6

Неостварени достигнувања: 1/6

Достигнувања со значителен прогрес: 2/6

Значително

1.5.1 Објава на податоци за граѓанските организации во отворен формат на порталот на Централен регистар, владиниот портал за отворени податоци

Објавени се податоци за граѓанските организации во отворен формат на порталот на Централен регистар. Бројот на регистрирани здруженија според Централен регистер со состојба од 20.2.2022 г. е 14260.

Објавени се податоци за граѓанските организации во отворен формат на владиниот портал за отворени податоци.

Број на преземања на отворените податоци од:

  • порталот на ЦР: 954 до 7.12.2022 г.
  • владиниот портал за отворени податоци: 13 до 7.12.2022 г.
Индикатори: Број на регистрирани здруженија на граѓани и фондации за кои се објавени податоци во отворен формат (Бројот на регистрирани здруженија според Централен регистер со состојба од 20.2.2022 г. е 14260) Број на преземања на отворените податоци од порталот на ЦР и владиниот портал за отворени податоци
Референци
Значително

1.5.2 Редовно ажурирање на отворените податоци од претходната точка

Редовно се ажурираат отворените податоци на порталот на ЦР. Фреквенција на ажурирање на отворените податоци: на секои 2 седмици.

Индикатори: Фреквенција на ажурирање на отворените податоци: на секои 2 седмици на порталот на ЦР. (Утврдена цел: најмалку еднаш на месечно ниво)
Завршено

1.5.3 Креирање на работна група за утврдување на влезни критериуми и излезните податоци граѓанските организации што ќе ги содржат динамичките извештаи

Утврдени се критериумите за пребарување и излезните податоци (содржината на динамичките извештаи).

Индикатори: Утврдени критериуми и излезни податоци (да)
Завршено

1.5.4 Овозможување на пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)

Овозможен е пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт).

Развојот е завршен во јуни 2022, интерното тестирање и отстранување на грешки е завршено во месец август 2022. Динамичките извештаи се поставени на продукциска околина во октомври 2022 и се спремни за користење, по барање од корисниците на буџетот (централна и локална власт).

Индикатори: Развојот е завршен во јуни 2022, интерното тестирање и отстранување на грешки е завршено во месец август 2022. Динамичките извештаи се поставени на продукциска околина во октомври 2022 и се спремни за користење, по барање од корисниците на буџетот (централна и локална власт). (Утврдена цел: Овозможен пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт))
Ограничено

1.5.5 Обука и писмени инструкции за корисниците на буџетот (централна и локална власт) за користење на динамичките извештаи

Организирана и извршена обука на 29.9. Број на поканети службеници: 38 од 18 државни органи на централно ниво. Број на службеници учесници на обуката: 9 од 5 државни органи на централно ниво.

Се планира обука за службеници од локална власт.

Индикатори: Организирана и извршена обука на 29.9. Број на поканети службеници: 38 од 18 државни органи на централно ниво. Број на службеници учесници на обуката: 9 од 5 државни органи на централно ниво. Број на службеници до кои се проследени писмени инструкции за користење на динамичките извештаи
Незапочнато

1.5.6 Користење на динамичките извештаи за граѓанските организации

Сеуште нема користење на динамичките извештаи со податоци за граѓанските организации.

Индикатори: Број на преземени извештаи со податоци за граѓанските организации

1.5 Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Според Централниот регистар во РСМ има 15.581 регистрирани здруженија и фондации, согласно Законот за здруженија и фондации. Централен регистар согласно член 47 од Законот за здруженија и фондации, а во врска со приоритетот „Граѓанско општество“ од Планот 3-6-9 на Владата на РСМ, објавува листа на граѓански организации во отворен формат (excel), достапна на следниот линк: https://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/gragjanski-organizatsii.

Моментално, информациите кои се објавуваат во рамки на оваа листа се: име на организација, матичен број и контакт меил адреса.

Преку можноста за индивидуално пребарување по име на субјект или матичен број https://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/osnoven-profil-na-registriran-subjekt, за секој субјект може да се добијат и следните информации, без дополнителен финансиски надоместок: ЕМБС; ЕДБ; Целосен назив; Скратен назив; Датум на основање; Правна форма; Правен статус; Адреса; Дополнителни информации (во стечај/во ликвидација); Претежна дејност; Големина.

Согласно член 47 од Законот за Здруженија и фондации, дефинирано е дека во овие регистри се запишуваат: полното име на организацијата и скратеното име ако го има; седиштето; актот за основање; датум на основање; име, презиме и единствен матичен број на граѓанинот и единствен матичен број на основачите; датум на донесување, односно изменување и дополнување на статутот; предвиденото време за кое организацијата се основа; цели и дејности; име, презиме и единствен матичен број на застапникот по закон; податоци за организациски единици (подружници, канцеларија и слично); податоци за статус на организација од јавен интерес; податоци за статусните измени; податоци за стечај и ликвидација; забелешка за започнување постапка за забрана на вршење на дејност; престанок на работа и; број и датум на решение за запишување, за промена на податоци и решение за бришење на уписот во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој Закон.

Можеме да заклучиме, дека во овој момент, без надоместок, меѓу другото не се достапни: актот за основање, информации за основачи и овластени лица, цели и дејности, статус на организација од јавен интерес.

Во рамки на процесите на креирање политики, учеството на граѓанските организации се смета за демократски минимум. За таа цел институциите користат различни методи, меѓу кои и креираат посебни регистри, како на пример Секретаријатот за европски прашања https://www.sep.gov.mk/post/?id=706 или Советот за соработка со и развој на граѓанското општество https://www.nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/4.%D0%9Ebrazec_Registar_GO_0.pdf .

И недржавните актери, кои имаат потреба од пошироки консултации, комуникација и вмрежување користат регистри кои сами ги креираат, на пример Дијалог кон ЕУ https://bit.ly/3wnsQ1O или ЦивикаМобилитас https://civicamobilitas.mk/adresar/.

И меѓународни и меѓудржавни организации често се впуштаат во активности кои имаат за цел да мапираат организации од различни области, на пример УНИЦЕФ https://www.unicef.org/northmacedonia/media/3541/file/MK_MappingCSOsCWD_Report_MK.pdf.

Потребата од создавање посебни регистри (односно бази на податоци за здруженија и фондации), се јавува поради недостаток на пристап до отворени податоци за граѓанските организации кои се евидентирани во Централниот регистар согласно Законот за здруженија и фондации, кои редовно се ажурираат и кои корисниците може да ги пребаруваат по различни основи, за различни цели. Постојните горенаведени регистри што се водат надвор од Централниот регистар тоа не го овозможуваат, се парцијални и непотребно се трошат средства за иста намена.

Дополнително, моментално на листата на граѓански организации, евидентирани се разновидни форми на граѓанско здружување, од здруженија, комори, спортски друштва, навивачки групи, здруженија на возачи, здруженија на пензионери, жени и сл. Без дополнителни информации за секој од субјектите не е возможно да се направи проценка на структурата на граѓанското општество.

Главна цел на заложбата

1. Унапредување на транспарентноста на граѓанското општество;

2. Унапредување на инклузивноста во процесите на креирање и следење на јавните политики, преку можноста за тематско, географско или друг тип на таргетирање на граѓанските организации;

3. Соодветно дизајнирање на политики за развој на граѓанското општество, имајќи ги предвид спецификите на субјектите регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации;

Намалување на административниот товар врз здруженијата во процесите на аплицирање за финансиска поддршка кај јавни и приватни донатори.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Проширување на отворените податоци за граѓанските организации со податоците достапни од индивидуалното пребарување достапни како постојни услуги

Проширување на податоците што Централниот регистар ги објавува за граѓанските организации во отворен формат (Листа на граѓански организации) бесплатно на веб локацијата http://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/gragjanski-organizatsii со сите податоци кои се јавно и бесплатно достапни преку услугата Основен профил на регистриран субјект (http://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/osnoven-profil-na-registriran-subjekt).

Податоците ќе се добиваат од тековната – моментална состојба на Регистарот на здруженија и сојузи, Регистарот на фондации и Регистарот на организациони облици на странските организации (3-те дефинирани во Законот за здруженија и фондации) и ќе се ажурираат најмалку еднаш месечно.

Со проширување на податоците ќе се  овозможи филтрирање преку пребарување по различни основи, на пример според седиштето, правна форма, големина и др., односно по секој од достапните податоци, што ќе ја зголеми нивната употребна вредност. Имајќи предвид дека за податоците е одговорен Централниот регистар, истите ќе бидат ажурирани и комплетни. Регистрите кои моментално ги водат другите државни институции и недржавни актери, се парцијални (само со информации за организации кои се регистрирале за нивните потреби) и без одржливи механизми за ажурирање на податоците.

Овие информации ќе послужат на самото граѓанско општество, на донаторите и меѓународните организации, кога тие организираат консултативни процеси или имаат потреба да дисеминираат информации. Исто така, поради јавната достапност на овие информации, процесот на аплицирање за финансиска поддршка (јавна и приватна), ќе може во одредена мера да се олесни административно.

2. Овозможување пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)

Иако Централен регистар нуди бесплатен пристап до информации за државните институции, видно е дека дел од институциите не се информирани за можноста, а на дел од нив не им е од корист форматот во кој се достапни информациите за граѓанските организации, па затоа тие се одлучуваат за креирање и користење на свои регистри на здруженија и фондации, често креирани на основа на тематска определба на организациите, како што е погоре дадениот пример од СЕП и Советот за соработка со и развој на граѓанското општество.

Со овозможување на пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за здруженијата и фондациите на институциите корисници на државниот буџет (централна и локална власт) ќе им се овозможи директен и авторизиран пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци.  Податоците во извештаите ќе се добиваат од тековната – моментална состојба на Регистарот на здруженија и сојузи, Регистарот на фондации и Регистарот на организациони облици на странските организации (3-те дефинирани во Закон за здруженија и фондации) врз основа на определени влезни критериуми (филтри), како на пример: географски по седиштето на субјектот, организационен облик, големина, по клучен збор од целите и сл.

Конечното утврдување на влезните критериуми и излезните податоци ќе се одлучи во инклузивен процес, во работна група составена од претставници на ФООМ како предлагач на заложбата, претставници на ЦР, Влада – Одделението за соработка со граѓанските организации, Совет за соработка со и развој на граѓанското општество. Со можноста за пристап до ажурирани податоци, кои може да се обработуваат согласно интересот на институцијата која ги користи, институциите ќе можат да го зголемат опфатот на организации со кои комуницираат, да ги информираат и да ги вклучуваат во тековните консултативни процеси.

Конечно, развојот на политиките за граѓанско општество е цел сама по себе. Владата има оформено Совет за соработка со и развој на граѓанското општество и има донесено, односно подготвува нова Стратегија за развој на граѓанското општество. Меѓутоа дизајнирањето на квалитетни политики, зависи од достапноста на квалитетни податоци. Моменталниот формат во кои се достапни податоците за здруженија на граѓани не се доволно употребливи и корисни при креирањето на политики.Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации  значително ќе ја олесни работата и на Советот во овој аспект.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Врска со Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020:

Во Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 е предвидена МЕРКА 12: Зголемување на достапноста и дисеминацијата на јавните податоци за регистрираните граѓански организации во Централниот регистар на Република Македонија.

Во рамки на оваа мерка, предвидени се две активности 12.1.Подобрување на базата на регистрирани граѓански организации во Централниот регистар,  каде треба да бидат проширени јавно достапните информации за регистрираните граѓански организации 12.2. Подобрување на правната рамка за постапките за добивање на потребните информации од Централниот регистар со цел јавно финансирање на проектите и програмите на граѓанските организации.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Генерален секретаријат на Владата на Република Северна макеонија - Одделението за соработка со граѓанските организации

Организации

  • Фондација Отворено општество - Македонија
  • Центар за граѓански комуникации


Лице за контакт

Ели Чакар, Државен советник elicakar@gmail.com

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 3/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Завршено

1.4.1 Единиците на локалната самоуправа учествуваат во спроведувањето на мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност

Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2021 година (да) линк

Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2022 година (да) линк

Индикаторите се остварени

Индикатори: Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2021 година (да/не) Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2022 година (да/не)
Завршено

1.4.2 Унапредени знаења за транспарентност и отворени податоци преку одржување на обуки со претставници на општините

Број на одржани обуки за претставници на општините (две обуки) прва обука линк и втора обука линк)

Број на претставници на општините кои учествуваат на обуките (61 претставник)

Индикаторите се остварени 

Индикатори: Број на одржани обуки за претставници на општините (Таргет; најмалку 2 обуки) Број на претставници на општините кои учествуваат на обуките (Таргет: најмалку 20 учесници)
Завршено

1.4.3 Обезбедување на директна поддршка на 30 ЕЛС (преку фасилитатори) за унапредување на нивната транспарентност и отвореност

Број на објавени податочни сетови во отворен формат од 30 ЕЛС (Таргет: 5 податочни сетови од секоја општина) – таргетот е надминат, објавени се по 6 податочни сетови од општина) – над 280 податочни сетови објавени од 50 општини https://data.gov.mk/organization/

 

Индикаторите се остварени

Индикатори: Број на објавени податочни сетови во отворен формат од 30 ЕЛС (Таргет: 5 податочни сетови од секоја општина)

1.4 Унапредување на пристапот до информации и бројот на објавени отворени податоци во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Транспарентноста и отвореноста на ЕЛС сеуште е на ниско ниво. Повеќето ЕЛС во Република Северна Македонија не ги објавуваат сите податоци и информации кои се нивна законска обврска. Исто така, повеќето општини не објавуваат податоци во отворен формат. ЕЛС немаат информации точно со кои податочни сетови од отворен карактер располагаат. Знаењето и свесноста за отворените податоци, како и бенефитите кои тие ги носат, е на многу ниско ниво кај локалните службеници но и кај граѓаните и кај локалните граѓански организации. Потребно е да се зголеми свесноста за отворените податоци кај сите чинители во процесот.

Истражувањето преку Индексот на отвореност за 2020 година, спроведено од Фондацијата Метаморфозис, покажа дека локалната власт исполнува  40% од индикаторите за отвореност. Оваа просечна оцена укажува на ниско ниво на посветеност на општините на исполнување на принципите на отвореност.

Постои потреба од обезбедување на полесен пристап до информации за работењето на локалната власт, поттикнување на инклузивниот пристап во донесувањето на одлуките и објавување на поголем број на податочни сетови во отворен формат.

Главна цел на заложбата

Подобрени услови и зголемени капацитети за поголема транспарентност и отвореност на локалната власт. Објавени минимум по 5 податочни сетови во отворен формат во секоја од 30 ЕЛС.

Подобро разбирање на концептот на отворени податоци на локално ниво од страна на сите чинители во процесот, како и зголемување на нивната свесност за придобивките од отворените податоци.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Со цел да се добие информација за нивото на отвореност на ЕЛС ќе се спроведе мерење на работата на сите единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија во однос на принципите на транспарентност, пристапност, ефикасност и интегритет, преку Индексот на отвореност. Врз основа на направената проценка ќе бидат дадени препораки за подобрување на транспарентноста и отвореноста во работењето на ЕЛС.

Со цел да се подобри знаењето за концептот на отворени податоци и да се унапреди транспарентноста на локално ниво ќе бидат спроведени обуки за претставници на општините и за граѓански организации.

Со цел да се објават повеќе информации, документи и отворени податоци од страна на ЕЛС, ќе бидат ангажирани фасилитатори за поддршка на општините за објавување на повеќе информации и подготовка и објавување на податочни сетови во отворен формат.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Активностите ќе се спроведат во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество имплементиран од Фондацијата Метаморфозис, во соработка со МЛС и ЕЛС.

Заложбата е поврзана со остварување на целите од Стратегијата на отворени податоци.

За успешна реализација на активностите потребна е блиска соработка со ЕЛС.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво. Со оваа заложба ќе се подобри пристапот, употребата и искористеноста на информациите и податоците од јавен карактер.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за информатичко општество и администрација

Организации

  • Фондација за интернет и општество Метаморфозис


Лице за контакт

Маја Петковска Лесес, Државен советник maja.petkovska@gs.gov.mk

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 2/2

Значително

1.3.1 Креиран посебен дел (таб) за „јавни набавки“ на веб-страниците на институциите (договорните органи)

Во насока на исполнување на оваа заложба, Владата на РСМ на Четириесеттата седница одржана на 19.04.2022 година,  ги задолжи сите буџетски корисници и им укажа на јавните претпријатија основани од државата, и на акционерските друштва во државна сопственост, а им препорача на единиците на локалната самоуправа , да креираат посебен дел (таб) на своите веб страници за „ јавни набавки” и да ги објават документите наведени во заложбата.

 

Индикатори: Процент од институциите имаат креирано посебен дел на своите веб-страници за „јавни набавки“ (Таргет 50%) (Според последниот извештај на МИОА од регистарот на вработените во јавниот сектор, во земјата се активни 1332 јавни институции)
Значително

1.3.2 Се објавуваат на веб-страницата на секоја институција (во делот за „јавни набавки“) следниве информации и документи: - годишен план за јавни набавки (со сите измени и дополнувања); - огласи за јавни набавки (линкови од објавите од ЕСЈН); - известувања за склучени договори (линк од објавите од ЕСЈН); - склучените договори за јавни набавки и - известувања за реализирани договори (линкови од објавите од ЕСЈН).

Од извршениот мониторинг до сега ваков таб креирале 120 институции. Процесот е тековен и ќе продолжи во континуитет.

Индикатори: Процент од институциите кои ги објавуваат редовно основните податоци за своите јавни набавки (Таргет: 50%)

1.3 Објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Основните податоци за трошењето на јавните пари преку тендерите се достапни на владиниот портал Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Основната намена на овој портал е спроведување на јавните набавки меѓу државните институции и фирмите. Порталот е наменет за лицата за јавни набавки во институциите и фирмите, кои се претходно обучени за негово користење. Оттука, транспарентноста на податоците за јавните набавки не е првенствена функција на овој портал. Со тоа, основните податоци за трошењето на парите на граѓаните преку јавните набавки остануваат тешко достапни за поширокиот круг на граѓани и други заинтересирани страни и за разлика од други земји, граѓаните немаат брз, едноставен, лесен и разбирлив увид во начинот на трошење на јавните пари.

Две последователни истражувања на Центарот за граѓански комуникации за степенот на информираност на граѓаните за трошењето на јавните пари преку јавните набавки спроведени меѓу 400 испитаници од целата земја, во 2017 и 2019 година, покажуваат дека со преземање одредени слични мерки, процентот на граѓани кои сметаат дека имаат доволно информации за начинот на кој институциите ги трошат јавните пари преку тендери се зголемил од 6% на 20%, само за три години. И во двете истражувања дури по 98% од граѓаните одговориле дека информациите што сега  ги имаат за овие трошења ги добиваат од веб-страниците на институциите и од медиумите. Оттука, неопходно е институциите да мораат да објавуваат повеќе информации за овие трошења на своите веб-страници, како места на кои граѓаните најчесто ги бараат и очекуваат да ги добијат овие информации.

Во претходните два акциски планови од ОВП беа спроведени заложби и активности како предуслови за оваа заложба. Прво беше изработена листа на информации како минимум стандард за транспарентноста во јавните набавки, а потоа Бирото за јавни набавки овозможи нова функционалност на ЕСЈН со која се креираат кратки линкови од објавите на ЕСЈН кои можат да се искористат за објавување на тие информации и на сајтовите на институциите. На овој начин секоја институција објавите на ЕСЈН може брзо, лесно и едноставно да ги објави на својата веб-страница каде на едно место ќе бидат достапни сите основни информации за нејзините јавни набавки. Имено, во профилот на секој локален администратор регистриран на ЕСЈН се додадени “HTML” тагови за “iFrame” кој ги содржи  информациите за планираните набавки, огласите, известувањата за склучен договор и известувањата за реализиран договор за тој договорен орган. Овие “HTML” тагови потребно е да се копираат и да се вметнат во веб сајтот на институцијата.

Главна цел на заложбата

Заложбата опфаќа обврска за институциите/договорните органи утврдени во  член 9 од  Законот за јавни набавки да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници за „јавни набавки“ и таму, на едно место, да ги објавуваат следниве информации и документи: годишен план за јавни набавки, огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН), известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН), склучените договори и известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).

Целта е граѓаните да имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат парите преку јавни набавки (околу 900 милиони евра годишно) така што институциите ќе ги објавуваат овие информации на своите веб-страници кои, пак, се првата точка на која граѓаните ѝ пристапуваат кога сакаат да се информираат за некоја конкретна институција.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ги зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи да разберат како и за што се трошат нивните пари и да влијаат за користење на јавните средства за нивните потреби.

Со тоа што објавувањето на овие информации е брзо и крајно симплифицирано и може да се направи само со копирање на “HTML” таговите од ЕСЈН и нивно вметнување во веб сајтот на институцијата ќе се надминат и сегашните проблеми на немање доволно стручен ИКТ кадар во институциите и преоптовареност на лицата за јавни набавки бидејќи за објавување на информациите не е потребна посебна стручност и не одзема време.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на ова заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи потребната функционалност на ЕСЈН за креирање и брзо и лесно преземање на линковите од објавените информации и нивно поставување на сајтовите на институциите веќе постои. Кај другите институции треба само креирање на посебен таб (тие што немаат) за што не се потребни посебни финансиски средства. Единствено ќе бидат потребни дополнителни буџетски средства кај оние институции кои сега немаат свои веб-страници за да ги креираат.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Биро за јавни набавки

Организации

  • Центар за граѓански комуникации


Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Индикатори: Обезбедени средства Спроведена постапка за јавна набавка Склучен договор со економски оператор
Незапочнато

Обезбедување на административни капацитети

Обезбедување на административни капацитети

Индикатори: Објава на оглас за ангажирање на 7 собраниски службеници

Целосно функционален собраниски тв канал

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Собранието има сопствен телевизиски канал на кој може да ја информира јавноста проактивно за тековните процеси во живо или со снимки. Работењето на собранискиот канал има институционална организација преку функционирањето на Советот на собранискиот канал. Собранието смета дека каналот е ресурс преку кој може подобро да ја запознае јавноста за својата работа и да ја зголеми гледаноста.

Главна цел на заложбата

Активноста се предлага со цел да се зголеми гледаноста на Собранискиот ТВ канал преку реформа на каналот,  преку содржините што ќе ги нуди од работата на Собранието и преку дефинирана програмска шема со модерна опрема и обучени луѓе.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата се предлага за реформирање на Собранискиот ТВ канал.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Проектирана вредност од 15.529.000 денари со средства обезбедни од Швајцарската конфедерација.



Лице за контакт

Владимир Наумовски, Советник на директорот за информатички развој vladimir.naumovski@crm.org.mk

Датум на последното ажурирање

07 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 1/2

Неостварени достигнувања: 1/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Ограничено

1.1.1 Договорен е критериумот за објавување на вистинските сопственици за договорите за јавни набавки, за начинот на спроведување на заложбата и за потребните законски и технички предуслови за тоа

ИНДИКАТОРИ:

Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки. Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста.

Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови.

Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.

Индикатори: Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки (да, без вредносен праг). Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста. Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови. Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.
Незапочнато

1.1.2 Објавени се имињата на вистинските сопственици на субјектите кои се носители на договорите за јавни набавки

Индикатори: Број на склучени договори според договорениот критериум (вредносен праг на договорот) за кои се објавуваат вистинските сопственици

1.1 Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

На 27 јануари 2021 година и во Република Северна Македонија се воспостави Регистар на вистински сопственици за да се зголеми транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и да се исполнат меѓународните и стандардите на ЕУ за борба со перење пари и финансирање тероризам. Правните лица имаа рок до 27 април 2021 година, без надомест, да ги пријават податоците за вистинските сопственици.

Како дел од засилените мерки за отчетност и одговорност за кризната помош што им ја доделуваат на земјите за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, ММФ побара од земјите на кои им доделува помош (меѓу кои и РСМ) да спроведат неколку заштитни механизми, меѓу кои и јавни информации за вистинските сопственици на фирмите кои добиле тендери од државата. Иако барањето за овие информации дојде како резултат на одговор на корона-кризата и зголемените ризици од корупција, сепак, тоа станува стандард во јавните набавки на многу земји во светот.

Досега, воспоставување на ваков механизам во РСМ не беше можен, поради непостоењето на Регистарот на вистински сопственици. Од друга страна, јавните набавки во земјата постојано се поврзуваат со широко распространета корупција и  злоупотреби, сомнежи за договарање на фирмите и создавање вештачка конкуренција со што не може да се гарантира дека се добива најдобра вредност за потрошените пари. И во последниот извештај на Стејт департментот за Климата за инвестирање во Република Северна Македонија се наведува корупцијата (и непотизмот) во јавните набавки како проблем за инвеститорите.

Транспарентноста на податоците од овој регистар овозможува поврзување на податоците за тоа кој го поседува правното лице, кој го контролира и кој има крајна корист од него. Ова помага да се сузбие корупцијата, да се намалат инвестициските ризици и да се зголеми доброто управување.

Главна цел на заложбата

Заложбата вклучува јавно објавување на информација за вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки, во делот каде што се објавуваат Известувањето за склучен договор и Договорот за јавна набавка.

На овој начин дополнително ќе се спречи корупцијата, односно јавни пари да завршуваат во приватни џебови на функционери; ќе се открие и спречи незаконско договарање на фирмите во јавните набавки и ќе се спречи привидна конкуренција на тендерите од фирми на исти вистински сопственици. Од друга страна ќе ѝ се овозможи на јавноста да ја следи рационалноста во трошењето на јавни пари; детектирање на т.н. црвени светла за корупција и ќе се поддржи одговорноста во трошењето јавни пари.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Транспарентноста во јавните набавки се смета за главна алатка за намалување на корупцијата и за овозможување на фер и конкурентен натпревар меѓу фирмите. Транспарентноста значи јавно достапни информации за целиот циклус на јавните набавки за да ги направи набавките одговорни. Меѓу овие информации спаѓаат и информациите за тоа кој стои зад компаниите што добиваат државни тендери. Притоа, не се мисли само на директорите и одговорните лица, туку на вистинските сопственици кои се крајни корисници и кои ја контролираат фирмата. Овие информации досега не беа познати, ниту расположливи не само за фирмите кои добиваат јавни тендери, туку воопшто за сите фирми во земјава. Со креирањето на Регистарот на вистински сопственици и со јавното објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите, се овозможува оваа информација да биде позната и за економските оператори кои добиле тендери, односно склучиле договори за јавни набавки. На тај начин ќе се делува пред сè превентивно во спречувањето на корупцијата, но исто така ќе може да се откријат и спречат коруптивни зделки во јавните набавки. Иако е задолжително лицата кои се вклучени во доделување договори за јавни набавки да изјават немање интерес во секоја постапка или ако имаат да се повлечат од одлучувањето, сепак тоа се прави само во однос на познатите лица на компаниите (директор, сопственик и сл.). Но, надвор од оваа превентивна мерка остануваат вистинските сопственици кои до сега не беа ни познати. Со оваа мерка ќе се спречи компаниите кои имаат вакви судири на интереси воопшто да конкурираат на тендерите, но и доколку тоа се случи, полесно да се открие постоењето на тој судир и да се спречи коруптивното дејство. Се очекува оваа заложба да влијае позитивно и врз зголемување на конкуренцијата, односно да овозможи влез и на други фирми во јавните набавки што неминовно доведува до зголемување на квалитетот на набавките и подобрување на јавните услуги. Истовремено, на овој начин се поддржуваат отчетноста и доброто владеење на институциите бијдеќи јавно се објавуваат податоците и за вистинските сопственци на добитниците на тендерите.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи станува збор за автоматско преземање на постојни информации од ЦРРСМ и нивно објавување на владиниот сајт за јавни набавки ЕСЈН каде што веќе постои таква техничка можност.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори и Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за финансии
  • Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија

Организации

  • Центар за граѓански комуникации


Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4

Остварени Достигнувања: 0/4

Достигнувања кои се на чекање: 0/4

Неостварени достигнувања: 2/4

Достигнувања со значителен прогрес: 2/4

Значително

Зголемување на процентот на работни тела кои вклучиле експерти во својата работа до 30 %

Објавен е јавен повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка во Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите

Индикатори:
Незапочнато

Донесен акт за регулирање на надзорни расправи

Не се започнати активности.

Индикатори:
Незапочнато

Донесен план за надзорни расправи

Не се започнати активности.

Индикатори:
Значително

Зголемување на учеството на граѓаните и граѓанските организации на седниците на работните тела до 70%

Во функција на поголема транспарентност и вклученост на јавноста зголемен е бројот на одржани јавни расправи со тоа што покрај преставници на институците учествуват и претставници на граѓанските организаци. Во 2018 година одржани се 24 јавни расправи, една надзорна расправа, од 1 јануари до 13 март 2019 година одржани се 6 јавни расправи и една надзорна расправа.

Во делот на јавните расправи и надзорни расправи за период март-август 2019 година има одржано 9 јавни расправи и една надзорна расправа.

–  Во функција на активна соработка со граѓанските организации, Собранието обезбеди нивно учество во Комисијата за селекција на кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

–  Со цел запознавање со активностите и агендата од тековниот ден во Собранието, заинтересираните граѓани добиваат собраниски е-весник и можност да се упатат прашања преку електронските пошти на пратениците и службата, преку собранискиот е-меил.

– Во периодот на известување организирани се вкупно 51 едукативни настани во организација на Парламентарниот институт, и тоа: „Детски парламент“ за ученици од основните училишта, едукативни семинари за ученици од средните училишта, едукативни семинари за студенти, семинар за наставници во средните училишта и за ученици од средно образование во рамките на новата едукативна активност на Институтот „Имам став!“

 

На едукативните настани во организација на Парламентарниот институт учествувале вкупно 1566 учесници од различни градови и општини во државата. Целта на овие активности е да се приближи работата на Собранието до младата популација.

– Претседателот на Собранието на РСМ има реализирано голем број на средби со грѓани играѓански организации особено од ранливи категории и со попреченост.

– Се изгласа Декларацијата за заложба за политичко учество на луѓе со попреченост, поднесена од претседателот на Собранието на РСМ, потпретседатели и координатори на пратенички групи а по иницијатива на граѓански организации на граѓани со попреченост.

 

– Во месец јуни 2018 година Парламентарниот институт изработи Програма за едукација на ранливи групи. Врз основа на тоа и во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија беа подготвени и испечатени вкупно 400 информативни материјали на Брајово писмо. Дополнително, за потребите на истата категорија (слепи и слабовидни лица), информативните материјали беа снимени и во аудио формат и објавени на интернетската страница на Собранието https://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentarniot-institut.nspx.  За споделување на овие материјали, на 14.6.2018 година, беше организирана тркалезна маса, на која учествуваа 30 претставници од од 17 различни здруженија на слепи во Република Македонија. Како продолжение на досегашните активности наменети за ранливите категории граѓани, а во насока на приближување на законодавната власт до сите категории граѓани и здруженија, Парламентарниот институт изработи постери со знаковен јазик, кои претставуваат нови едукативно-информативни материјали на Институтот. Постерите беа промовирани и споделени за време на тркалезната маса која се одржа по повод одбележување на 23 септември – Меѓународниот ден на знаковните јазици, во организација на Парламентарниот институт, во соработка со Националниот сојуз за глуви и наглуви лица. На тркалезната маса учество земаа тројца пратеници од Собранието и претставници од сите 17 општински организации кои членуваат во Националниот сојуз. https://www.sobranie.mk/sredbi-2019-ns_article-trkalezna-masa-po-povod-megjunarodniot-den-na-znakovniot-jazik.nspx

 

– Во насока на промовирање на култура на отвореност на законодавниот дом, Парламентарниот институт организира Отворен ден на Собранието секој последен петок во месецот, како и посети на барања од граѓани и пратеници и во други денови, кога функционирањето на Собранието го дозволува тоа. Во 2018 и 2019 година Собранието го посетиле вкупно 10.098 посетители.

 

– Во насока на промовирање на култура на отвореност на законодавниот дом, Парламентарниот институт организира Отворен ден на Собранието секој последен петок во месецот, како и посети на барања од граѓани и пратеници и во други денови, кога функционирањето на Собранието го дозволува тоа. Со оглед на новите околности со рестрикции за физичка посета на законодавниот дом, Парламентарниот институт одлучи во јуни 2020 година да продолжи организираните обиколки на зградата на законодавниот дом да ги спроведува виртуелно, со помош на софтверската апликација за виртуелна тура http://vtour.sobranie.mk/.  Во 2020 година, преку регуларните тури и преку виртуелните тури, Собранието го посетиле вкупно 4.076 посетители.

 

– Подготвен е и даден на одобрување нов правилник за акредитации, правата и обврските на средствата за јавно информирање на Собранието. Со правилникот се прецизира кои се правата и обврските на медиумите и се олеснува нивниот пристап и работа во Собранието.

– Со цел запознавање со активностите и агендата од тековниот ден во Собранието, заинтересираните граѓани добиваат собраниски е-весник и можност да се упатат прашања преку електронските пошти на пратениците и службата, преку собранискиот е-меил.

Индикатори:

Подобрување на учеството на граѓаните во законодавниот и надзорниот процес на Собранието

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Граѓанско учество во законодавниот процес. Зајакнување на надзорната функција на Собранието и остварување на законодавната функција на Собранието.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 2/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Ограничено

Опремено тв студио

Започнати се активности и планирани се средства во буџетот од донација преку Програмата за парламентарна поддршка. Во моментот на пишување на информацијата подготвена е техничка спецификација додека постапката за јавна набавка ќе се спроведе во 2021 година.

Индикатори:
Ограничено

Дефинирана програмска шема

Во контекст на поголема промоција на едукативни активности, Парламентарниот институт пристапи кон снимање и продукција на видео материјали кои се емитуваат на Собранискиот ТВ канал. Од страна на професионална продукциска куќа беа изработени вкупно осум видео материјали: Отворен ден на Собранието, Детски парламент, Семинар за ученици од средно образование, Семинар за студенти, Мултимедијалната презентација на законодавната власт, како и три кратки видео спотови за промовирање на едукативните активности во организација на институтот. Од страна на професионална продукциска куќа беше изработен нов видео материјал за работата на Парламентарниот институт.

Дополнително, Парламентарниот институт изработи две нови промотивно-едукативно видеа: „Собранието за сите“, со цел приближување на работата на Собранието до ранливите категории на граѓани, и „Парламентите за младите“, заедничкото промотивно видео на активноста Имам став! на Собранието и соодветната активност „My Point of View“ од Швајцарскиот парламент. Планирано е видеата да се емитуваат на Собранискиот ТВ канал, како и да се користи од страна на двата парламента за промоција на едукативната активност.

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/9611ce9b-fec1-4e72-b568-56ab509cf0a2/14

Индикатори:

Целосно функционален Собраниски ТВ канал

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Реформа на собраниски тв канал.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 2/2

Значително

Зголемување на процентот на промоција на собраниските настани и активности на социалните мрежи од 30 до 60 %

–   Сите активности во Собранието се објавуваат на социјалните мрежи Facebook I Twitter и видео материјали на Youtube. Со ова сите активности на Собранието стануваат достапни за граѓаните и НВО. Дополнително, за сите едукативни активности на Парламентарниот институт се користат социјалните мрежи за поголема видливост и информирање.

–   Заради поголема транспарентост до граѓаните и граѓанските организации, објавени се повеќе публикации, како ЕУ весник, МПК билтен, Годишниот извештај, Мојот пратеник и др.

– Мојот пратеник 1 (јануари – јуни 2019) https://www.sobranie.mk/mojot-pratenik.nspx

– Годишен извештај 1 (1.1.2018 – 31.12.2018) https://www.sobranie.mk/godishen-izveshtaj.nspx

– ЕУ весник 5 (март, април, мај, јуни, јули) https://www.sobranie.mk/eu-vesnik-ns_article-eu-vesnik-mk.nspx

– МПК билтен 2 (март – април; мај – јуни) https://www.sobranie.mk/mpk.nspx

– Дневен информатор 85 (март=24; април=3; април=3; мај=14; јуни 17; јули=22; август=5) https://www.sobranie.mk/dneven-informator.nspx

– ЕУ весник за новиот пратенички мандат 4 изданија (август, септември, октомври и ноември 2020година)

https://www.sobranie.mk/dneven-informator.nspx

–   Во функција на проактивно обезбедување информации за јавноста преку е-алатки во 2018 година набавени беа три нови софтверски платформи на Парламентарниот институт (онлајн виртуелна тура на Собранието http://vtour.sobranie.mk/, онлајн едукативен квиз http://kviz.sobranie.mk/ и онлајн платформа за регистрација на граѓани за посета на Собранието http://poseti.sobranie.mk/).

–          Во насока на олеснување на процесот на пријавување на обуките во организација на Институтот, како и зголемување на транспарентноста при евиденција на континуираниот професионален развој на вработените во Службата на Собранието, беше набавена онлајн платформа за обуки. Преку ова софтверско решение, обезбедена е можност за електронско пријавување на обуките и работилниците.

–          Сите секојдневни активности на Претседателот на Собранието се објавуваат на фејсбук профилот на претседателот, комуникацијата со медиуми е отворена и константна, редовно се одржуваат неформални средби со новинари.

–          Во насока на олеснување на процесот на пријавување на граѓаните на едукативните активности во организација на Институтот, како и зголемување на транспарентноста и достапноста на овие услуги за сите заинтересирани субјекти, беше набавена онлајн платформа за пријавување на едукативните активности (http://seminari.sobranie.mk). Преку ова софтверско решение, обезбедена е можност за електронско пријавување на семинарите и работилниците организирани од Парламентарниот институт од страна на различните целни групи, како и континуирано евидентирање и преглед на сите реализирани едукативни активности.

 

–   Од аспект на информирање на пратениците и други заинтересирани страни, Парламентарниот институт изработува истражувања и анализи по сопствена иницијатива, јавно достапни на следниот линк: https://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentarniot-institut.nspxhttps://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentarniot-institut-ns_article-istrazuvacki-raboti-po-sopstvena-inicijativa-na-parlamentarniot-institut-2019-godina.nspx

–   Во функција на подобрување на ИКТ инфраструктурата беше применета адаптација на апликацијата Е-парламент

Промена на технолошката платформа и кодот со што се зголемува:

-брзината и ефикасност во законодавната постапка

-нови можности за поедноставно работење со апликацијата

-се острануваат тесните грла

-поефикасна работа во случај на зголемен број на податоци

-зголемен број на корисници кои можат да работат истовремено

–   https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/0d3d3db8-98ad-4d9b-b81c-1570316a29c6

–   Промовирање на алатките како кампањи од јавен интерес – Прашај го претседателот, Прашај го пратеникот, Отворен парламент, Собрание во живо (тековно).

–   Во насока на обезбедување на информации за соодветни целни групи и заинтересирани страни, Парламентарниот институт продолжи со својата пракса на изготвување и проследување на квартален електронски Билтен на активности на институтот. Билтенот се доставува до 500 контакти, а се изработува на три јазици: македонски, албански и англиски. https://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentaren-institut.nspx

–   Во насока на користење на информации од институционалната меморија на законодавната власт, беше пуштен во употреба Е-архива системот кој се состои од документи кои произлегуваат од работата на пленарни седници и седници на работни тела е комплетиран со материјали од 1986 година и е достапен за користење. Софтверот е инсталиран на локални сервери и е достапен интранет и во 2021 ќе биде достапен за јавноста онлине.

–   Во насока на обезбедување на соодветна информатичка опрема за вработените беа набавени 75 персонални сметачи и 50 печатари за вработените како и обезбедени електронски поштенски адреси.

–   Со цел да се стават во функција канцелариите за контакт со граѓаните во општините каде што се избрани пратениците како и нивните асистенти беше извршено опремување на канцелариите за контакт со граѓаните со информатичка опрема. До сега вкупно 46 канцеларии се опремени.

–   На веб-страницата се објавуваат биографиите на пратениците, електронските пошти, заедно со нивните активности во Собранието, односно членството  во работните тела, советите, делегациите, пратеничките групи за соработка.

Индикатори:
Значително

Изработка на нова интернет страница на Собранието на РСМ

Започнати се активности и планирани се средстваво буџетот од донација преку Програмата за парламентарна поддршка. Во моментот на пишување на информацијата подготвена е техничка спецификација додека постапката за јавна набавка ќе се спроведе во 2021 година.

Индикатори:

Подобар пристап до информации

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Лесно пребарлива интернет страница.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?