Archives: NAP Proposals
Одговорна институција
Лице за контакт
м-р Билјана Бабушковска, Раководител на Одделение за внатрешна ревизија biljana.babushkovska@zdravstvo.gov.mk
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 3/3
Неостварени достигнувања: 0/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
3.8.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу медицинскиот персонал во насока на обезбедување на соодветен третман и услуги за лицата кои користат дроги, преку обука.
3.8.2 Воспоставување на постапка и пракса за соработка помеѓу вклучените институции во оваа активности и граѓанските организации во идентификување на пробелемите со кои се соочуваат лицата кои користат дроги и креирање на соодветни решенија за нивно надминување (прва задача е воспоставување на Програма за олеснета и скратена постапка за вадење на документ за лична идентификација на луѓето кои употребуваат дроги кои не поседуваат важечки или не поседуваат никаков документ за идентификација додека се на издржување казна затвор)
3.8.3 Воспотавување отворен, транспарентен и јавен систем за меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи и граѓанските организации.
3.8 Овозможување на пристап до терапија и здравствени услуги на лица кои употребуваат дроги по издржување на казна затвор
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Отежнат пристап кон остварување на правото на лекување на лицата кои употребуваат дроги, по издржување казна затвор, бидејќи се отпуштаат без документи за лична идентификација и здравствено осигурување, кои им се неопходни да продолжат да се лекуваат со супституциски третман на лекување со метадонска терапија. Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги на територија на Република Северна Македонија, 58% од лицата кои употребуваат дроги биле отпуштени од затвор без валидни лични документи. Од 2012 година до сега, ХОПС има регистрирано околу 63 случаи на лица што употребуваат дроги кои завршиле со издржување на казна затвор, а поради тоа што немаат документ за лична идентификација и здравствено осигурување не биле во можност веднаш да продолжат со лекување. Поради фактот што овие лица веднаш по отпуштање од установата не можат да продолжат со лекување, кај истите се влошува здравствената состојба, бидејќи во тој период остануваат без терапија, запаѓаат во апстенциска криза, а имајќи предвид дека болестите од зависност се комплексни состојби и дека најмал стрес може да ја влоши состојбата, се зголемува опасноста од повторна употреба на дроги, што дополнително може да доведе до предозирање и фатален исход. Овој проблем во пракса постои иако, Законот за извршување на санкции јасно предвидува дека осудените лица за целото времетраење на издржување на казната затвор треба да се подготвуваат за отпуштање од установата.
Нееднаков пристап и третман до здравствени услуги за лицата кои употребуваат дроги. Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС на за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои инјектираат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 57% од лицата кои употребуваат дроги пријавиле барем еден проблем поврзан со права од здравствена заштита. 38% од лицата кои употребуваат дроги се соочиле со дискриминација од страна медицински персонал (користење дополнителна заштита, преглед во посебни простории кои не се приспособени како ординации, чекање да добијат соодветен медицински третман до крај на работно време, навредување и сл.). 21% од лицата кои употребуваат дроги пријавиле дека биле одбиени за лекување при сериозни здравствени проблеми (операции, преврски на рани, прием во болница и сл.). 25% се соочиле со потешкотии при избор на лекар од примарна здравствена заштита поради дискриминација.
Главна цел на заложбата
Главна цел на заложбата е еднаков третман и олеснет пристап до правата од здравствена заштита на лицата кои употребуваат дроги, преку вклучување на неосигураните лица кои употребуваат дроги во програмата за осигурување на неосигурани лица, зголемена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување и Министерство за внатрешни работи, сензибилизација на медицинскиот персонал при постапување со лица кои употребуваат дроги преку обуки, препознавање на невладините организации како даватели на услуги со Законот за здравствена заштита, навремено вадење и ажурирање на документи за лична идентификација и носење акт за олеснета постапка за вадење на лична карта на лицата кои воопшто немаат извадено лична карта.
Очекувани резултати:
- Навремено обезбедување и ажурирање на лични карти на лицата кои употребуваат дроги за време на издржувањето казна затвор како и по отпуштање од установата.
- Еднаков третман и недискриминација од страна на медицинскиот персонал кон лицата кои употребуваат дроги,
- Олеснет пристап до правата од здравствена заштита на лицата кои употребуваат дроги.
Воспоставена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Преку воспоставена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи, на лицата кои употребуваат дроги, со посебен акцент на осудените лица кои употребуваат дроги ќе им се овоможинавремено вадење и ажурирање на документи за лична идентификација и здравствено осигурување додека се на издржување на казна затвор и по отпуштање од установата.
Навременото обезбедување на документи за лична идентификација и здравствено осигурување на лицата кои употребуваат дроги ќе им го олесни пристапот до остварување на правото на лекување од зависност.
Преку воведување на обуки за медицински персонал за третман на лицата кои употребуваат дроги ќе се зголеми сензибилноста на медицинскиот персонал кон оваа заедница. Преку обуките за сензибилизација на медицинскиот персонал (лекари специјалсти, медицински сестри, лаборанти, матични лекари, лекари на медицина и др.) има цел на учесниците им ги доближи стигмата, дискриминацијата и проблемите со кои се соочуваат луѓето кои употребуваат дроги при користење на здравствени услуги, со посебен акцент на жените кои покрај дискриминација од општеството,се соочуваат и со дискриминација во самата заедница. Исто така целта на овие обуки е да се сензибилизира медицинскиот персонал, во смисла да не им го отежнува пристапот на лицата кои употребуваат дроги до здравствените услуги, особено од причини што овие луѓе имаат голема потреба од нив. Содржина на обуките дополнително би се изготвила во соработка со Министерство за здравство, но согласно искуството на ХОПС во спроведување на ваков вид на обули. Обуките ќе опфатат теми за Намалување на штети од употреба на дроги, Видови дроги, нивни дејства и последици, Човекови права, стигма и дискриминација, останатите теми може да се договараат согласно потребите на здравствениот персонал. Обуките би ги одржувале обучени лица ангажирани во ХОПС. Улогата на Министерството би била, поддршка за организирање и реализација на ваков вид обуки
.Лицата кои употребуваат дроги ќе имаат еднаков третман и пристап до права од здравствена заштита како и сите граѓани.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
- Програма за заштита на населението од ХИВ – инфекција во Република Северна Македонија за 2021 година
- Програма за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Северна Македонија за 2021 година
- Национална стратегија за дрога на Република Македонија 2014 – 2020 година
- Локална стратегија за дроги на град Скопје (превенција, лекување, рехабилитација и ресоцијализација, намалување на штети и градска безбедност 2015 – 2020 година)
- Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016 – 2020 година
- Програма за неосигурени лица
- Национална стратегија за развој на пенитенцијалниот систем 2015 – 2019 година
Поврзаност со Глобалните разбојни цели, Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа, таргет 16.3: Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда до ситеи Цел 3 „Добро здравје и благосостојба“ Таргет 3.8: Да се постигне универзална здравствена заштита вклучувајќи и заштита од финансиски ризик, пристап до квалитетни неопходни здравствени услуги и пристап до сигурни, ефективни и квалитетни како и пристапни основни лекови и вакцини за сите.
Со мерките на оваа заложба ќе се унапреди еднаквиот третман и олеснет пристап до правата здравствена заштита на лицата кои употребуваат дрогиизголемена меѓусекторска соработка.
Други вклучени субјекти
Институции
- Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
- Министерство за внатрешни работи
- Министерство за правда
- Министерство за здравство
Организации
- Здружение ХОПС - Опции за здрав живот, Скопје
Одговорна институција
Лице за контакт
Габриела Маџоска, координатор на заложба gmadzoska@mtsp.gov.mk
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 0/3
Достигнувања со значителен прогрес: 3/3
3.7.1 Информирани вработени во јавен и приватен сектор за нивните права за заштита од вознемирување на работно место кои произлегуваат од законот за работни односи
Преку проектот ,,Иднината на Работата заснована на работа заснована на достоинство и почит‚‚ Организација на жени при Унија на Независни Автономни Синдикати на Македонија подготви информативна едукативна брошура ,,Стоп на вознемирување на работното место‘‘.
Отворени две СОС линии за работници за пријавување насилство и малтретирање на раборното место. Подготвените брошури која се споделува на разни настани со цел промовирање на СОС линиите. Истите се дистрибуирани до синдикати, Агенција за привремени вработувања, Бизнис конфедерација на Македонија, до факултет Јустинијан 1, МРТВ и други.
|
3.7.2 Едукација на избраните независни лица во јавениот и приватениот сектор како посредници во постапките за решавање на идентификувани случаи на мобинг
Во текот на 2021 и 2022 година одржани се два регионални семеинари поддржани од ЕЗА и ЕУ. На семинарите присуствуваа 120 учесници. Исто така се организираа три национални работилници на кои присуствуваа 80 учесници и една работилница на која перисуствуваа 28 учесници, реализирани од Solidarity Center AFL-CIO.
Во текот на август и септември 2022 година одржани се две обуки на гранков синдикат на слободно дејствување кој припаѓа на ССМ. На нпрвата обика која имаше регионален карактер учествуваа освен претставници од Република Северна Македонија и од Босна и Херцеговина,и Словенија. Тема на обуките беа заштита од вознемируање на работно место, мобинг комуникација и лобирање. На двете обуки учествуваа по 25 претставници.
Индикатори: Број на спроведени работилници Број на учесници на работилниците Процент на зголемување на бројот на пријави за вознемирување на работно место.3.7.3 Спроведување на консултативен процес со сите заинтересирани страни за финализирање на предлог законот за заштита од вознемирување на работно место
Министерство за труд и социјална политика со Решение бр.17- 3334/1 од 17.05.2020 година и со Решение за измена и дополнување број 17-3766/1 од 10.05.2022 се формира Работна група за подготовка на измени и дополнување на Законот за Заштита од вознмнемирување на работно место ( Закон за мобинг).
Работната група е составена од членови номинирани од Министерство за труд и социјална политика, министерство за информатичко општество и администерција и други надлежни институции и организации кои во својата работа или делокруг на надлежности имаат поврзаност со проблематиката.
Во рамките на проектот „Поддршка на имплементација на Национален план за Истанбулска конвенција“ преку Министерството за труд и социјална политика на 25.02.2022 беше ангажиран експертка од областа на заштита од вознемирување на работното место. Обврските на експертката беа: -Драфтирање на одредби за измени и дополни на Законот за заштита од вознемирување на работното место; -Поддршка на Работна група за Предлог измени и дополнувања на Законот за заштита од вознемирување на работното место; -Презентирање на Предлог Законот за измени и дополнување на Закон за заштита од вознемирување на работно место законот пред работната група, социјални партнери, НВО, судии, адвокати и академска јавност. Работната група одржа два состаноци на који се презентираа драфт работна верзија на законот и забелешките кои ги имаат дадено членовите. Понатаму, во консултација со Секторот еднакви можности – МТСП се дадоа и главни насоки и усогласување со конвенцијата 190 насловот на законот е: Закон за спречување и заштита од насилство и вознемирување.
Согласно Заклучокот на Влада од 52-та седница, одржана на 14.06.2022 и разгледувана Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон ратификување на Конвенцијата за елиминирање на насилство и вознемирување на полето на труд потребно е истата да биде ратификувана од страна на Собранието на Северна Македонија, за да стане дел од од внатрешно правниот систем. |
3.7 Унапредување на механизмите за заштита на жртвите на вознемирување на работно место
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во РСМ недостасува статистика за бројот на жртви на мобинг. Сепак според истражувањата на МОТ над 4% од работниците се предмет на психичко насилство, 2% на сексуално злоставување и 8% на заплашување и малтретирање. Па доколку се земе во предвид оваа статистика, во РСМ од вкупниот број на вработени се проценува дека има 111.936 жртви на мобинг. Од 2013 година кога е донесен законот за заштита од вознемирување на работно место, има само иницирани и успешно решени два случаи и еден случај е во тек. Според податоците од СОС линијата за пријава на вознемирување на работно место за само два месеци во 2020 година евидентирани се 65 јавувања за помош и поддршка, од кои во повеќе од половина се жени. Ваквата состојба е резултат на недоволната информираност на работниците во врска со оваа појава, вклучувајќи ги и механизмите за заштита. Посредниците во овие постапки назначени кај секој работодавец се недоволно едуцирани за тоа кое е нивното место и улога во системот на заштита на работниците. Некомплетното усвојување на меѓународните договори за заштита по однос на ова прашања, односно нератификацијата на Конвецијата 190 и препораката 206 на МОТ, и неспроведувањето на консултативни процеси со сите засегнати страни при подготовка на законските решенија поврзани со оваа појава во земјата.
Главна цел на заложбата
Главната цел на заложбата е да се унапреди веќе воспоставениот механизам за заштита од вознемирување на работно место.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Преку спроведување на оваа заложба ќе се овозможи информирање на вработените за нивните права за заштита од вознемирување на работно место кои произлегуваат од законот за работни односи за што досега нема воспоставен систем, едукација на избраните независни лица како посредници во постапките за решавање на идентификувани случаи на мобинг за што досега нема воспоставен систем, ратификација на Конвенцијата 190 и препораката 206 на Меѓународната организација на трудот која досега не е ратификувана, воспоставување на електронски и јавен систем за пријавување и следење на статусот и спроведувањето на сите иницирани постапки за вознемирување на работно место, и воспоставување и функционирање на работна група од практичари за иницирање на измени на законот за заштита од вознемирување на работно место.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Оваа заложба восебе содржи активности кои ќе придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 1. Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот; ЦОР 2.Следен чекор: Владата ќе се фокусира врз мерки за подобрување на структурата на земјоделското земјиште како предуслов за развој и конкурентност на секторот, подобрување на условите за живот и работа во руралните области и обезбедување пристап до знаења и инвестиции во човечки капитал преку реформирани услуги за проширување и едукација на земјоделците. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место. ЦОР 8 Следен чекор: Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкурентноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Други вклучени субјекти
Институции
- Министерство за труд и социјална политика
- Министерство за надворешни работи
Организации
Одговорна институција
Лице за контакт
Сусана Новаковска, Министерство за внатрешни работи - координатор на заложба susana_novakoska@moi.gov.mk
Датум на последното ажурирање
09 февруари 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 8
Остварени Достигнувања: 0/8
Достигнувања кои се на чекање: 3/8
Неостварени достигнувања: 3/8
Достигнувања со значителен прогрес: 2/8
3.6.1 Воспоставени мобилни тимови за теренска работа на подрачјето на Охрид и Струга, и на подрачјето Штип и околните градови
Мобилните тимови спроведуваaт програмски активности т.е одржуваат редовни состаноци,теренски посети, контакти, упатувања и помош на ранливи категори, заради поефикасна навремена идентификација на жртви /и потенцијални жртви на ТЛ. На територијата на РС Македонија формирани се пет мобилни тимови : Тетово, Скопје, Куманово, Битола и Гевгелија.
Во насока на воспоставување на мобилни тимови во други општини, Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција донесе одлука за воспоставување на три мобилни тимови за идентификација на ранливи категории, вклучувајќи ги и жртвите на трговија со луѓе на подрачје на Охрид, Струга и Штип, кои сеуште се во процедура на назначување на нивни членови.
Индикатори: Број на воспоставени мобилни тимови3.6.2 Систематско собирање на податоци за трговија со луѓе преку користење на расположливата алатка за мониторинг и евалуација на состојбите на трговија со луѓе во РСМ и нивно редовно објавување.
Националната комисија за борба против трговија со луѓе во континуитет презема активности за подобрување на идентификацијата на жртвите од ТЛ, како и обезбедување нивна помош и заштита. Комисијата, индикаторите за собирање и следење на податоци ги селектира преку Образецот за следење на случај на жртви за трговија со луѓе, изработен согласно СОП за постапување со жртви. Во однос на воспоставување прецизни индикатори, а согласно имплементацијата на Стратегијата за трговија со луѓе, Комисијата донесе Решение за формирање на Оперативен тим (МВР,ОЈО,МТСП и Здружение на граѓани) за координација, следење и управување со случаи на трговија со луѓе, кој веќе е во функција.
Воедно, Комисијата има воспоставено електронска база на податоци за идентификација на жртва која се води преку Образецот за следење на случај на жртви за ТЛ, означен со индивидуална кодна шифра. Притоа, во тек е креирање на проектот HUMANE поддржан од Министерство за наука на Германија, преку кој ќе се развие меѓународна платформа за обработка на податоци за трговијата со луѓе. Во проектот од РСМ ќе учествуваат претставници од Отворена Порта Ла страда, Европски универзитет и Националната единица за борба против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе и од Одделот за гранични работи при МВР.
Објавени се четири анализи и еден документ за јавни политики:
- Анализа на случаи на трговија со луѓе и деца: Предизвици за ефективно гонење и санкционирање на сторителите;
- Анализа на трендовите на трговија со луѓе во земјите членки на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (MARRI);
- Панел дискусија и презентација на првични согледувања од истражувањето –„Онлајн експлоатација и трговија со деца“ ( следи финализирање на истражувањето земајќи ги во предвид коментарите/ препораките кои се произлезени од презентацијата);
- Анализа од областа за криумчарење на мигранти во РСМакедонија„ (Македонско здружение на млади правници согласно проект на ЕУ „Безбедност на човекот и границите – Борба против криумчарење на мигранти во Западен Балкан „ https://myla.org.mk);
- Документ за јавни политики ,,Сезонската работа- плодна почва за трудова експлоатација’’( https://myla.org.mk)
3.6.3 Воспоставување на база на податоци за поведени постапки и идентификувани случаи на он-лајн експлоатација на деца и нивно редовно објавување. Извештаите со сензитивните податоци( интерни извештаи) ќе се користат за раководење на случаевите. Податоците ќе се објавуваат и во извештаи одјавен карактер кои ќе бидат во генерална форма во согласност со законот за заштита на лични податоци, заштита наидентитетот и приватноста согласно Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица при автоматска обработка на податоци (ETS No. 108).
3.6.4 Остварување на правото на обесштетување на деца -жртви на трговија со луѓе преку донесување и објавување на: -Програма за обесштетување на дете жртва согласно Законот за правда за децата и -Информација за спроведувањето на Програмата за обесштетување на дете жртва.
Согласно одредбите од Законот за правда на децата, во рамки на Министерството за правда донесена е Програма за обештетување на дете жртва за 2022 година, преку која се обезбедуваат средствата за обештетување.
Процентот на спроведување на Програмата, не може да согледа, бидејќи заклучно со јуни 2022 година од страна на судовите до министерството сеуште не се донесени Решенија за обештетување на дете жртва на трговија со луѓе
Програмата е објавена во Службен веснк на РСМакедонија, бр.40 од 23 февруари 2022 година и истата е достапна на страната https://pravda.gov.mk/resursi/28.
Индикатори: -Процент на спроведување на Програмата за обесштетување на дете жртва - Број на јавни информативни објави за правото на обесштетување и пристап до Програмата за обесштетувањена веб страниците и социјалните мрежи на МП.
3.6.5 Спроведени активности за подигнување на свесноста и информирање на јавноста и на жртвите за остварување на правата предвидени со Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела.( оваа активност ќе започне со спроведување откако овој закон ќе се донесе)
Активноста е условена со донесувањето на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, но бидејќи истиот сеуште не донесен активнота не е реализирана.
Индикатори: -Број на јавни информативни објави на социјалните мрежи и веб платформата за правото на обесштетување и пристап до Комисијата за обесштетување -Печатени и дистрибуирани материјали за правото на паричен надоместок и постапката согласно Законот.3.6.6 Спроведени редовни обуки на медицински персонал за зајакнување на нивното знаење за појавните облици на трговија со луѓе, постечкиот систем за пријавување и помош и поддршка, а во насока на идентификување, пријавување и упатување на жртви на трговија со луѓе.
Со цел спроведување на предметните обуки, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (MARRI) во соработка со Mеѓународна организација за правата на децата (Terre des Hommes), Националната комисија, Министерство за здравство, МВР, Отворена порта-Ла Страда изработи Здравствени индикатори и Водич за здравствените работници со цел идентификација и упатување на жртви /и потенцијални жртви на ТЛ во Западен Балкан. Во таа насока, изработени се и стандардни оперативни процедури (СОП) за постапување во итни ситуации, како и потпишан е Меморандум за соработка со цел обезбедување на неопходни медицински прегледи за потенцијалните и жртвите на трговија со луѓе и други ранливи групи, спроведување на контрацептивни мерки за жртвите исто така и спроведување на обуки на медицинскиот персонал за правилно постапување со жртвите на трговија со луѓе, меѓу Отворена порта-Ла Страда и Универзитетска гинеколошката акушерска клиника – Скопје.
Во однос на едукативните активности на медицинскиот персонал одржани се три обуки од кои две во рамки на проектот„ Зајакнување на регионалната соработка на механизмите за идентификување на жртвите и потенцијалните жртви на трговијата со луѓе на Западен Балкан„ наменети за обучувачи. Од страна на обучувачите спроведена е обука на тема „Зајакнување на знаењето за облиците на трговија со луѓе со цел препознавање и упатување до соодветна институција за добивање помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе„ на 20 стручни лица, лекари – гинеколози на, медицински сестри, (https://lastrada.org.mk). Притоа, одржана е обука „Претставување на здравствени индикатори и регионални стандардни оперативни процедури за идентификација на жртви на трговија со луѓе“, со мултисекторски карактер односно следена со претставници од МЗ, МВР, МТСП, Институт јавно здравство и Отворена Порта-Ла Страда.
На обуките учествувале 27 претставници од кои 23 биле претставници од министерство за здравство.
Индикатори: -Број на спроведени обуки (таргет: 2 годишно) -Број на учесници на обуките3.6.7 Спроведени информативни кампањи за охрабрување на жените и девојчињата да побараат помош и поддршка во случај на сексуално насилство, преку запознавање на јавноста со работењето и услугите кои ги нудат РЕП Центрите.
Во однос на активноста, Министерството за труд и социјална политика подготви и промовираше кампањата за подигање на свеста за сите форми на родово насилство, насловена „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“, преку шест изработени видеа, прикажани во телевизиски спотови, социјалните медиуми и како брошури со рекламен материјал.
Граѓанското здружение Отворена порта-Ла страда изработи и промовираше Брошура „Дали си жртва на трговија со луѓе? Препознај ги знаците„ на македонски, ромски, албански и англиски јазик (https://lastrada.org.mk) со цел информирање за достапните услуги и права кои може да се остварат на територијата на РСМакедонија. Воедно, Отворена порта реализираше студиска посета во Холандија со претставници од Националната Комисија, Министерството за труд и социјална политика и Националниот механизам за упатување, со цел размена на искуства и практики во областа на директна помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе.
Индикатори: Број на спроведени кампањи (таргет: 1 годишно) -Број на објави по медиуми Изработена компаративна анализа (да/не) - Спроведена студиска посета (да/не) - Подготвени стандарди (да/не) -Број на спроведени средби за подготовка на стандардите
3.6.8 Воспоставени програми за доквалификација и градење на вештини за возрасните и децата потенцијални и/или жртви од ТЛ со цел нивна поголема подготвеност за вработување, зајакнување и реинтеграција
Во однос на активноста не се спроведени обуки за создавање на вештини на потенцијални и/или жртви од трговија со луѓе.
Индикатори: Број на учесници на обуките за доквалификација и стекнување на вештини за потенцијалните и/или жртвите на ТЛ3.6 Зголемување на пристапот до загарантираните облици на заштита на жртвите на трговија со луѓе
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во периодот од 2005 до 2019 година се идентификувани 116 жртви на трговијата со луѓе (ТЛ). Од 2014 година наваму, мала е бројката на идентификувани жртви која пред сѐ, се должи на отсуство на активна идентификација од страна на надлежните институции. Искуствата во практиката често покажуваат дека идентификувањето на жртвите затајува некаде низ лавиринтите на државните институции. Во ист контекст, нотиран е случај во 2019 година во којшто малолетно девојче, доброволно, со поддршка на пријател, одлучило да пријави во една од надлежните институции дека е жртва на трговија со луѓе. Меѓутоа, од случајот произлегло дека малолетното девојче веќе имало воспоставено контакти со таа надлежна институција, а институцијата не го препознала случајот како случај на жртва на трговија со луѓе.
Генерален е впечатокот дека содржината и форматот на презентираните податоци во годишните извештаи за трговија со луѓе, не соодветствуваат на потребата за утврдување на напредокот кој го прави државата на ова поле. Дополнително, отсуствува аналитички осврт на презентираните состојби, како и евалуација на постигнатото наспроти зададените цели преку кои ќе се мери прогресот во иднина. Ова влијае врз појава на негативен впечаток за напрадекот на државата од страна на меѓународните тела и граѓаните но оддруга страна и потешкотии во донесување на одлуки и спроведување на промени усогласени со меѓународните стандарди.
Во Министерството за правда постои програма преку којшто треба да се обезбеди исплата на отштетата за деца-жртви на трговијата со луѓе доколку таа не може да се обезбеди од сторителот.
Жртвите по напуштањето на прифатилиштето најчесто се соочуваат со невработеност, проблеми со домувањето иако во самата програма за реинтеграција на жртвите од ТЛ вработувањето, домувањето, продолжувањето на образованието се наведени како главни елементи во нивниот процес на реинтеграција. Во земјата не постојат посебни програми и мерки со коишто жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување. Жртвите на трговијата со луѓе не ги користат активните мерки за вработување обезбедени од државата преку Агенцијата за вработување, поради тоа што АВРСМ нема посебен систем со којшто ќе се гарантира заштитата на личните податоци и статусот на лицата-жртви.
Главна цел на заложбата
Главната цел на оваа заложба е зајакнување на борбата против трговијата со луѓе во Република Северна Македонија како и обезбедување на ефикасна заштита на жртвите.
Како специфични резултати кои се очекуваат од оваа заложба се:
- Зголемен број на идентификувани жртви на трговија со луѓе и обезбедени услуги
- Зголемена транспарентност и отчетност на институциите кои работат на прашањето на трговија со луѓе
Зголемена информираност и пристап за жртвите од трговија со луѓе до здравствени услуги, вработување и правда
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата ќе придонесе кон решавање на јавниот проблем преку воспоставување на ефективни мерки од страна на институциите насочени кон подобар пристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе. Решенијата ќе бидат спорведени преку реализација на повеќе активности кои ќе бидат спроведени во партнерство со граѓанските организации. Така, мерките вклучуваат воспоставување на мобилни тимови кои ќе работат на терен и ќе придонесат кон подобрена идентификација и заштита на жртвите од трговија со луѓе. Ќе се воспостави функционална база на податоци и ќе се работи на ревидирање и унапредување на постоечкиот систем на собирање на податоци, со што ќе се овозможи обезбедување јавно достапни податоци преку кои ќе може да се следи прогресот кој државата го прави на полето на сузбивање на трговијата со луѓе и заштита на жртвите.
Дополнително заложбата ќе придонесе кон зголемување на капацитетите на медицинскиот персонал за препознавење и постапување во случаи на трговија со луѓе. Жртвите на трговија и јавоста ќе бидат информирани за постоење на РЕП центрите и нивната расположливост за услуга.
Исто така, мерките ќе придонесат за поголема информираност на жртвите и нивните застапници за правото на надомест на штета за децата и возрасните жртви на трговија со луѓе. Ќе се креираат програми и мерки со кои што жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Овие заложби се директно поврзани и во иста насока со новата Стратегија и Акциски план (НАП) за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2021-2025. Дополнително дел од заложбите се во согласност со Акциски план за спроведување на конвенцијата за сперечување и борба против наслиство врз жени и семејно насилство во РСМ 2018-2023.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.3: Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда до сите. Со мерките на оваа заложбаќе се унапредат мерките на институциите за евиденција и за обезбедување на подобарпристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе.
Други вклучени субјекти
Институции
- Министерство за правда
- Министерство за здравство
Организации
- Отворена Порта
Одговорна институција
Лице за контакт
Надица Јосифовски, Државен советник nadica.josifovski@mioa.gov.mk
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4
Остварени Достигнувања: 0/4
Достигнувања кои се на чекање: 0/4
Неостварени достигнувања: 4/4
Достигнувања со значителен прогрес: 0/4
3.5.1 Спроведена кампања за промовирање на услугите кои граѓаните можат да ги добијат по електронски пат, наместо на шалтер. (Активноста ќе биде вклучена во редовните советодавни активности на АПРЗ, а информациите дистрибуирани до земјоделците и преку подрачните единици на МЗШВ и преку АФПЗРР)
3.5.2 Воспоставена локална мрежа на мобилни посредници за промовирање и посредување во пристап до Порталот uslugi.gov.mk
3.5.3 Изработена „Анализа и попис на услуги во сектор земјоделство, шумарство и водостопанство со приоретизација на услуги, како и внесување на податоци“ и внесување и верификација на идентификуваните услуги во Каталог на услуги (согласно Законот за електронско управување и електронски услуги)
3.5.4 Развиен курикулум за едукација на граѓани за основни дигитални вештини наменет за рурални и маргинализирани средини (основна компјутерска писменост- зоом, интернет итн.) и спроведување на обуките
3.5 Достапни е-услуги во руралните средини
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Немање информациjа за постоење на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk (Порталот) и сите податоци достапни на него; немање доволно дигитална писменост на локалното население за користење на е-услугите на Порталот; немање доверба во институциите и доверба во електронското комуницирање.
Одолговлекување на времето и квалитетот на добиената услуга , пример, за една потврда од општина дека вашата инвестиција е во согласност со стратегијата на ЛЕР и дека нема влијание врз загадувањето на животната средина одите 10 дена по ред и на крај може да се случи да ја добиете со погрешни податоци, што често пати земјоделците ги чини и неодобрување на инвестицијата. Голем број на примери ги имаме во Пелагониски регион, поточно во Кривогаштани. Внесување на погрешни податоци од страна на службениците што пак често пати резултира и со губење на финансиска поддршка, пример, субвенции итн., особено во делот на внесување на податоци и парцели за имотот и културите кои што ги има земјоделецот особено при електронско аплицирање за субвенции кои што го прават тие поради тоа што земјоделците не знаат, а тоа го прават за над 90.000 земјоделци кои што најчесто се јавуваат 10 дена пред истекот на рокот, или пак општините внесуваат погрешни податоци за лицето или земјоделското стопанство и тоа оди во недоглед; преголема зависност од службениците во локалните институции; многу повеќе време и средства трошат жителите во руралните средини во однос на оние кои што живеат во урбаните средини итн.; гледано од аспект на земjоделците и руралното население кои што се земени како целна група за да се образложи проблемот, иако ваквите услуги нема да ги користат само земjоделците туку и воопшто локалното население, а тоа го потврдува и последното направено истражување на терен на Рурална Коалиција – Дел од ваквите изјави или ставови може да ги најдете и во последното истражување на РК – Анализа дигитализација.pdf станува збор за евидентирани повеќе од 170.000 семеjниземjоделски стопанства кои што имаат повеќе пати во текот на годината потреба од услугите наведени погоре, како што се субвенции, аплицирање за јавни повици од ИПАРД и програмата за рурален развој каде што ви се потребни меѓудругото М1/М2, уверение за платени даноци, потврди од општина за усогласеност на инвестицијата со ЛЕР, потврди за стечајна, ликвидациона постапка, тековна состојба, потврда дека не е изречена забрана за вршење на должност или дејност итн.Имено, наjголемиотброj на документи, односно услуги кои што се наведени погоре се бараат при аплицирање за субвенции, понатаму аплицирање за финансиска поддршка од Програмата за рурален развоj каде што се овозможуваат инвестиции за модернизирање на земjоделските стопанства и за унапредување на руралниот развоj, при што станува збор за искористување на средства во износ поголем од 200 милиони евра годишно. Исто така, ваквата документациjа е потребна и при аплицирањето за ИПАРД програмата што пак е многу важно, бидеjќи директно влиjае на процентот на искористеност на ИПАРД програмата.
Главна цел на заложбата
Главната цел на заложбата е доближување на Националниот портал за е-услуги до граѓаните од руралните средини и зголемување на довербата и сигурноста во електронската комуникација со институциите
Резултати:
- Зголемена информираност на граѓаните во локалната заедница за порталот gov.mk
Зголемени знаења и вештини на руралното население за користење на е-услугите достапни на Порталот uslugi.gov.mk
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Преку зголемувањето на достапноста и искористеноста на е-услугите во руралните средини, не само што се придонесува кон решавање на јавниот проблем туку во исто време се придонесува и кон унапредувањето на процесот на дигитализација на општеството, а да при тоа ниту еден граѓанин не биде изоставен. Исто така, преку зголемената употреба на е-услугите се зголемува и довербата во институциите,а и воопшто во државата, и во исто време се подобрува и квалитетот на живот во заедницата. Исто така, реализацијата на ваквата пак заложба, ќе го забрза процесот на дигитализација на услугите кои што ги даваат и општините, а ќе се зголемат и капацитетите и знаењата на локалното население со воведувањето на посебен курикулум за унапредување на знаењата и вештините за дигитализација и се придонесува кон остварување на Дигиталната агенда и стратешките насоки на оваа тема утврдени на национално ниво.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа: Стратегијата за транспареност на Владата на РСМ 2019-2021
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на знаењата и вештините на граѓаните за обезбедување на електронски јавни услуги на брз и начин.
Други вклучени субјекти
Институции
- Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство
Организации
- Рурална коалиција
Одговорна институција
Лице за контакт
Ели Чакар, Државен слижбеник elicakar@gmail.com
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 1
Остварени Достигнувања: 0/1
Достигнувања кои се на чекање: 1/1
Неостварени достигнувања: 0/1
Достигнувања со значителен прогрес: 0/1
3.4.1 Воспоставен воедначен механизам применлив за сите општини за консултации и комуникациjа со граѓаните за давање на инпут од граѓани при креирање на локалните услуги и алоцирањето на средствата за нивно спроведување во локалните буџети, со фокус на граѓани од рурални и маргинализирани средини
Во фаза на подготовка е Кодекс за транспарентност на локално ниво. Целта е општините да обезбедат активна транспарентност преку воедначени стандарди, за да се обезбеди редовно информирање на граѓаните преку ВЕБ страницата на општината за работата на органите на општината, како и за услугите што ги обезбедува за граѓаните.
Кодексот ќе содржи листа на информации кои што општината треба да ги објави, согласно Законот за локалната самоуправа, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и други секторски Закони.
Се предвидува и он лајн алатка за комуникација и консултација, како и календар на активности за консултација, со цел да се обезбеди предвидливост на процесот.
Паралелно, е направена анализа за функционалноста и оддржливоста на постојните механизми за консултација на локално ниво, која што ќе послужи за изработка на еден оддржлив механизам аплициран во сите општини кој што ќе обезбедува и он лајн учество.
Индикатори: Воспсотавен воедначен механизам за објавување на информации(да/не) Број на објавени информации Воспсотавенвоединечен механизам за вклучување на граѓани (да/не) Број на вклучени граѓани Воспсотавенвоединечен механизам за обезбедување на повратно мислење на граѓаните врз основа на нивните предлози (да/не) Број на граѓани кои што дале повратна информација3.4 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на обезбедувањето на локалните јавни услуги
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, односно зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу локалните самуправи и граѓаните, придонесува за ниска доверба на корисниците во локалните услуги и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.
Главна цел на заложбата
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на локалните јавни услуги
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои користат услуги обезбедени од локалните самоуправи низ државата.
Заложбата ќе се фокусира на: 1) воспоставување на континуирана соработка помеѓу министер/директор/државен секретар за планирање, следење и спроведување на локалните јавни услуги и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики и услуги. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба. 4) Унапредување на политиките/услугите/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Оваа заложба восебе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на локалните јавни услуги. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 2.Следен чекор: Владата ќе се фокусира врз мерки за подобрување на структурата на земјоделското земјиште како предуслов за развој и конкурентност на секторот, подобрување на условите за живот и работа во руралните области и обезбедување пристап до знаења и инвестиции во човечки капитал преку реформирани услуги за проширување и едукација на земјоделците. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место. Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.
Одговорна институција
Лице за контакт
Ергин Баки, Државен слижбеник ergin.baki@mon.gov.mk
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6
Остварени Достигнувања: 0/6
Достигнувања кои се на чекање: 0/6
Неостварени достигнувања: 6/6
Достигнувања со значителен прогрес: 0/6
3.3.1 Унапредени капацитети и можности на учениците, наставниците, училиштата и МОН заеднички да градат отчетно, достапно, ефективно и ефикасно средно образование.
3.3.2 Дефинирани приоритетни области за учениците, родителите и наставниците
3.3.3 Воспоставување на алатки за мониторинг
3.3.4 Преземени активности за разрешување на идентификуваните проблеми:
3.3.5 Подобрена транспарентност преку објавување на податоци и информации на веб страните на институциите (националните институции, општините и училиштата)
3.3.6 Воспоставен механизам за законско објавување на квалитетни отворени образовни ресурси на официјалните образовни платформи
3.3 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областa на образованито
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, односно зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу Министерството за образование и средните училишта со граѓаните, |
придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини
Главна цел на заложбата
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и образовните политики.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на наставниците и учениците во средните училишта.
Заложбата ќе се фокусира на: 1) воспоставување на континуирана соработка помеѓу институцијата и наставниците/учениците и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, следење и спроведување на образовните програми, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Оваа заложба восебе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на наставниците/учениците во процесите на донесување на одлуки во областа образованието. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 4. Следен чекор: подобрување на квалитетот и пристапот до образовните програми за средно образование, со фокус на ранливи групи и подобрување на кариерниот развој на наставниците.Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.
Одговорна институција
Лице за контакт
м-р Билјана Бабушковска, Раководител на Одделение за внатрешна ревизија biljana.babushkovska@zdravstvo.gov.mk
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4
Остварени Достигнувања: 0/4
Достигнувања кои се на чекање: 4/4
Неостварени достигнувања: 0/4
Достигнувања со значителен прогрес: 0/4
3.2.1 Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите, а кое ќе го сочинуваат: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво) и четири претставници на Министерството за здравство од кои еден одговорен за превентивна здравствена заштита, еден претставник од секторот за стратешко планирање. Еден претставник на кабинетот на министерот и еден одговорен за финансии.
Подготвен и испратен до ЕСЕ Допис за номинација на претставници од Министерството за здравство со цел учество во координативното тело.
Индикатори: Воспоставено координативно тело (да/не)3.2.2 Развивање и објавување на електронска платформа за информирање, следење, вклучување на граѓани во програмите за превентивна здравствена заштита и задолжително предвидување на механизам за прибирање, разгледување и обезбедување на одговор на секој од прибраните предлози од граѓаните.
3.2.3 Спроведена кампања за информирање на јавноста за можностите кои ги нуди платформата, преку развој и спроведување на комуникациска стратегија.
3.2.4 Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на жените и децата од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на со нивните правата кои произлегуваат од програмите за превентивна заштита.
Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на жените и децата од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на со нивните правата кои произлегуваат од програмите за превентивна заштита.[1]
[1]Програма за активна здравствена заштита на мајки и деца, Програма за рана детекција на малигни заболувања, програма за систематски прегледи, Програма за ослободување од партиципација, програма за јавно здравје кои во себе содржат услуги за наменети за нив, преку користење на мултидисциплинарен пристап, како и фацилитирање на процесот на искажување на мислењата и предлозите на жените и мајките пред надлежните институции со користење на развиената платформа. Пилотирањето ќе се однесува само за оние програми наменети за превентивна здравствена заштита на жени, мајки и деца.
Индикатори: Број на мапирани домаќинства за идентификување на невработени и нерегистрирани граѓани во евиденцијата на АВРСМ (Таргет: 250 по општина) Број на реализирани средби со идентификуваните домаќинства (Таргет: 1 средба по домаќинство) Број на анкетирани граѓани (Таргет: 1000) Број на подготвени планови за адресирање на идентификуваните проблеми помеѓу граѓаните (таргет 1).3.2 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на превентивната здравствена заштита
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, односнозголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу Министерството за здравство и граѓаните придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини.
Главна цел на заложбата
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на здравствените политики и услуги.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои се утврдени како корисниците на превентивните програми за здравствена заштита со фокус на оние наменети за жени и деца.
Заложбата ќе се фокусира на: 1) воспоставување на континуирана соработка помеѓу министер/државен секретар за планирање, следење и спроведување на превентивните здравствени програми и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба, преку директна вклученост на одговорни за односи со јавност во министерството за здравство /Кабинет на министер и вклученост на граѓаните во процесите на планирање, следење и оценување на услугите од областа предмет на оваа заложба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Оваа заложба во себе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на здравството. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 3. Следен чекор: Министерството за здравство ќе продолжи со имплементација на иницијативите и активностите наведени во стратешките документи и акциските планови и ќе започне со подготовка на новата Национална здравствена стратегија за периодот до 2030 година. Стратегијата ќе обезбеди насока за реформите во здравствениот систем на сите нивоа.Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.
Одговорна институција
Лице за контакт
Билјана Стојкоска, Државен службеник biljana.stojkoska@av.gov.mk
Датум на последното ажурирање
26 јануари 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4
Остварени Достигнувања: 1/4
Достигнувања кои се на чекање: 1/4
Неостварени достигнувања: 2/4
Достигнувања со значителен прогрес: 0/4
3.1.1 Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите и тоа: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво), еден претставник од секторот труд во рамки на Министерството за труд и социјална политика и еден претставник на Агенцијата за вработување.
Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите и тоа: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво), еден претставник од секторот труд во рамки на Министерството за труд и социјална политика и еден претставник на Агенцијата за вработување.
Индикатори: Воспоставено координативно тело (да/не)3.1.2 Развиена електронска платформа за информирање, следење, вклучување на граѓани во активните политики и услуги за вработување и задолжително предвидување на механизам за прибирање, разгледување и обезбедување на одговор на секој од прибраните предлози од граѓаните.
3.1.3 Спроведена кампања за информирање на јавноста за можностите кои ги нуди платформата, преку развој и спроведување на комуникациска стратегија.
3.1.4 Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на невработените нерегистрирани граѓани и граѓаните од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на граѓаните со нивните правата кои произлегуваат од активните политики и услуги за вработување преку користење на мултидисциплинарен пристап, како и фацилитирање на процесот на искажување на мислењата и предлозите на граѓаните пред надлежните институции со користење на развиената платформа.
3.1 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на вработувањето
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, oдносно зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу институциите и граѓаните кај Агенцијата за вработување и нејзините подрачни единици придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини.
Главна цел на заложбата
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на политиките за вработување.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои се утврдени како целни групи на активните политики и услуги за вработување (невработени лица и компании).
Заложбата ќе се фокусира на: 1) следење и спроведување на активните политики и услуги за вработување и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, обезбедување на одговор на предлозите на граѓаните, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба и вклученост на граѓаните во процесите на планирање, следење и оценување на услугите од областа предмет на оваа заложба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Оваа заложба во себе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на вработувањето. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 1. Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место. ЦОР 8 Следен чекор: Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкуреноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.
Други вклучени субјекти
Институции
- Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Организации
- Хуманитарното здружение „Мајка“
- Здружение Женски форум Тетово
- Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т.
- Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
- Здружение за развој и унапредување на Ромската заедница - РОМАНО ЧАЧИПЕ
Одговорна институција
Лице за контакт
Маја Петковска Лесес, Државен советник maja.petkovska@gs.gov.mk
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 1/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 0/2
Достигнувања со значителен прогрес: 1/2
2.3.1 Подготовка на листа на стандардни и дополнителни документи за објава во еден предмет.
На 29.03.2022 година одржана е работна средба со засегнатите страни во рамки на оваа заложба, на којашто е утврдена листа на документи и податоци кои треба да се објават на веб локацијата влада.мк. Согласно оваа листа, документи и податоци за изборот на избрани/именувани лица ќе се објават ретроактивно од 03.01.2022 година и понатаму во континуитет ќе се објавуваат квартално.
Во насока на исполнување на оваа заложба, од страна на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за политики за добро владеење, подготвена е информација која е во владина процедура.
Индикатори: 1. Листата на информации и документи ги вклучува сите потребни документи за објава во еден предмет (да/не) 2. Листата на информации и документи кои ќе се објавуваат е донесена како Одлука на Влада (да/не)2.3.2 Објавување на предметите за именување на избраните/именуваните лица на порталот отворени податоци
Документот е во владина процедура.
Индикатори: Процент на објавени предмети за именување на избраните/именуваните лица (се пресметува како сооднос од 1.б/1.а 1.а Број на предмети за именување на избраните/именуваните лица 1.б Број на објавени предмети за именување на избрените/именуваните лица2.3 Јавно објавување на предметите за изборот на избрани / именувани лица од Владата на РСМ како раководители на институции
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Избраните/именуваните лица од Владата на РСМ како раководители на институции претставува највисокиот меритократски слој во државната управа. Врз основа на позитивното законодавство, како и стандардите на доброто управување, овој кадар треба да се одликува со висок професионализам, стручност и управувачки способности.
Меѓутоа, веќе долги години праксата се разликува од стандардите. Изборот на кадар останува во голем дел неформален, со назначување вршители на должност или пак со ниско ниво на компетитивност, односно огласи со само еден кандидат.
Информациите за нивниот избор се оскудни, исто како и нивните професионални биографии, како и документацијата, барем формално, треба да постои придружена на нивниот избор.
Оваа состојба придонесува кон перцепцијата на граѓаните дека не се бираат најдобрите кадри и дека партиската припадност или коалициски договор игра клучна улога во процесот.
Паралелно на оваа перцепција, ротациите или промените по избори, при иста влада, ја потврдува неесенцијалноста на персоналното решение, односно ниската додадена вредност во работата на институцијата што ги прави овие лица заменливи.
Ваквата состојба негативно влијае на развојот на институциите а со тоа и испорака на услуги кон граѓаните. Најпрво, нестручниот раководен кадар не придонесува кон развојот на институцијата бидејќи не знае да го одбере и управува решението на проблеми со кои таа се соочува. Меѓутоа, како второ, ваквиот избор ги демотивира стручните кадри во самите институции, но и надворешни стручњаци да се надеваат дека може да успеат на јавен оглас да добијат шанса да раководат со јавна институцијата.
Главна цел на заложбата
Заложбата е во функција на транспарентност на процесот. Целта на заложбата не е да го реши целокупниот проблем, туку преку подобрување на транспарентноста да придонесе кон состојба во која ќе се стесни просторот за неформално одлучување за избор на раководни лица.
Заложбата вклучува објавување на предметот за избор на избраното или именуваното лице (објавениот оглас доколку го има, предлогот на Комисијата за именување, Одлуката на Влада, CV на избаното или именуваното лице , матрица за самоевалуација, мотивационо писмо и програма за работа). Објавувањето би било на порталот на Влада.мк или алтернативно, оној за отворени податоци. Заложбата важи и за случаите кога се именуваат вршители на должност, со исклучок на документите кои кандидатот не ги поднесува, како програма за работа.
Објавување на табела со подотаци: објавениот оглас, број на примени пријави (уредни и неуредни, навремени и ненавремени), број на избрани кандидати. Кај случаите кога е именуван вршител на должност, се објавуваат информации за именуваното лице.
Со ова ќе се зголеми транспарентноста и ќе се воспостават нови стандарди за транспарентност како алатка за борба против корупцијата.
Зголемената транспарентност ќе влијае во постепено враќање на доверба во процесот помеѓу граѓаните и заинтересираните кандидати.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Транспарентноста се смета за значајна алатка во подобрување на управувањето и борбата против корупцијата. Со објавувањето на досиејата на избраните/именуваните лица од страна на Владата на РСМ како раководители на инситуции, на јавноста и се даваат на увид професионалните компетенции на избраниот кандидат.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.
Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.
Други вклучени субјекти
Институции
- Министерство за информатичко општество и администрација
Организации
- Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје
Одговорна институција
Лице за контакт
Борче Стојановски, Виш соработник и овластен за водење на Одделение за слeдење на имотна состојба и интереси s.borce@dksk.org.mk
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 2/2
Достигнувања со значителен прогрес: 0/2
2.2.1 Комплетирање на софтверско решение за регистар и анкетни листови
2.2.2 Иницијална фаза на прибирање податоци
2.2 Унапреден механизам за следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Еден од начините за намалување и спречување на нелегалното богатење на избраните и именуваните лица и несразмерно зголемување на нивниот имот, како резултат на злоупотреба на функцијата, е функционален механизам за евидентирање и следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица. Во Македонија овој систем е релативно неефикасен, пред се од технички причини, што остава простор за недоволна транспарентност во делот на објавувањето на имотната состојба на функционерите и недоволна ефикасност во следење на нивната имотна состојба. ДКСК е ограничена во евидентирањето и следењето на имотната состојба на функционерите, во текот на вршењето на нивната функција. Истовремено, ДКСК нема целосен увид за вкупниот број функционери во Република Северна Македонија како и дали сите лица кои согласно член 82 од ЗСКСИ се обврзани да достават Изјава за имотна состојба и интереси ја исполниле својата обврска, бидејќи регистарот на именувани и избрани лица се уште не ја остварил функцијата за која е востановен.
Накратко, покрај на институциите, и на граѓаните им е ускратена можноста да имаат целосен увид во тоа кои се избраните и именуваните лица во државата, и која е и како се менува имотната состојба во периодот додека ја извршуваат јавната функција.
Главна цел на заложбата
Воспоставување на функционален систем кој ќе ја поедностави проверката на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица и ќе им обезбеди на граѓаните соодветен увид на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица и преглед во промените на истите во периодот додека ја извршуваат функцијата.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Декларирањето на интересите и имотот е светски признаена алатка на транспарентност, која на граѓаните и на институциите им дава можност за поголем увид во имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица со што се придонесува за спречување на злоупотребата на службената положба за зголемување на имотната состојба и остварување на приватни интереси.
Историското следење на имотот е основа за контрола на ризикот од материјално богатење за време на јавната служба, додека контролата на интерес помага во набљудување како лицето одлучувало во текот на својата работа, и дали го довело приватниот пред јавниот интерес. Објавувањето на овие податоци во јасен, структуриран и отворен формат ќе овозможи изградба на лесни алатки кои на многу јасен начин ќе им ги покажуваат овие информации.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
За спроведување на оваа заложба потребен е буџет кој веќе е обезбеден за потребите на ДКСК (од централен буџет и меѓународна помош)
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.
Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.
Други вклучени субјекти
Институции
- Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
Организации
- Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје