Одговорна институција
Лице за контакт
Владимир Наумовски, Советник на директорот за информатички развој vladimir.naumovski@crm.org.mk
Датум на последното ажурирање
07 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 1/2
Неостварени достигнувања: 1/2
Достигнувања со значителен прогрес: 0/2
1.1.1 Договорен е критериумот за објавување на вистинските сопственици за договорите за јавни набавки, за начинот на спроведување на заложбата и за потребните законски и технички предуслови за тоа
ИНДИКАТОРИ:
Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки. Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста.
Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови.
Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.
Индикатори: Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки (да, без вредносен праг). Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста. Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови. Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.1.1.2 Објавени се имињата на вистинските сопственици на субјектите кои се носители на договорите за јавни набавки
1.1 Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
На 27 јануари 2021 година и во Република Северна Македонија се воспостави Регистар на вистински сопственици за да се зголеми транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и да се исполнат меѓународните и стандардите на ЕУ за борба со перење пари и финансирање тероризам. Правните лица имаа рок до 27 април 2021 година, без надомест, да ги пријават податоците за вистинските сопственици.
Како дел од засилените мерки за отчетност и одговорност за кризната помош што им ја доделуваат на земјите за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, ММФ побара од земјите на кои им доделува помош (меѓу кои и РСМ) да спроведат неколку заштитни механизми, меѓу кои и јавни информации за вистинските сопственици на фирмите кои добиле тендери од државата. Иако барањето за овие информации дојде како резултат на одговор на корона-кризата и зголемените ризици од корупција, сепак, тоа станува стандард во јавните набавки на многу земји во светот.
Досега, воспоставување на ваков механизам во РСМ не беше можен, поради непостоењето на Регистарот на вистински сопственици. Од друга страна, јавните набавки во земјата постојано се поврзуваат со широко распространета корупција и злоупотреби, сомнежи за договарање на фирмите и создавање вештачка конкуренција со што не може да се гарантира дека се добива најдобра вредност за потрошените пари. И во последниот извештај на Стејт департментот за Климата за инвестирање во Република Северна Македонија се наведува корупцијата (и непотизмот) во јавните набавки како проблем за инвеститорите.
Транспарентноста на податоците од овој регистар овозможува поврзување на податоците за тоа кој го поседува правното лице, кој го контролира и кој има крајна корист од него. Ова помага да се сузбие корупцијата, да се намалат инвестициските ризици и да се зголеми доброто управување.
Главна цел на заложбата
Заложбата вклучува јавно објавување на информација за вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки, во делот каде што се објавуваат Известувањето за склучен договор и Договорот за јавна набавка.
На овој начин дополнително ќе се спречи корупцијата, односно јавни пари да завршуваат во приватни џебови на функционери; ќе се открие и спречи незаконско договарање на фирмите во јавните набавки и ќе се спречи привидна конкуренција на тендерите од фирми на исти вистински сопственици. Од друга страна ќе ѝ се овозможи на јавноста да ја следи рационалноста во трошењето на јавни пари; детектирање на т.н. црвени светла за корупција и ќе се поддржи одговорноста во трошењето јавни пари.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Транспарентноста во јавните набавки се смета за главна алатка за намалување на корупцијата и за овозможување на фер и конкурентен натпревар меѓу фирмите. Транспарентноста значи јавно достапни информации за целиот циклус на јавните набавки за да ги направи набавките одговорни. Меѓу овие информации спаѓаат и информациите за тоа кој стои зад компаниите што добиваат државни тендери. Притоа, не се мисли само на директорите и одговорните лица, туку на вистинските сопственици кои се крајни корисници и кои ја контролираат фирмата. Овие информации досега не беа познати, ниту расположливи не само за фирмите кои добиваат јавни тендери, туку воопшто за сите фирми во земјава. Со креирањето на Регистарот на вистински сопственици и со јавното објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите, се овозможува оваа информација да биде позната и за економските оператори кои добиле тендери, односно склучиле договори за јавни набавки. На тај начин ќе се делува пред сè превентивно во спречувањето на корупцијата, но исто така ќе може да се откријат и спречат коруптивни зделки во јавните набавки. Иако е задолжително лицата кои се вклучени во доделување договори за јавни набавки да изјават немање интерес во секоја постапка или ако имаат да се повлечат од одлучувањето, сепак тоа се прави само во однос на познатите лица на компаниите (директор, сопственик и сл.). Но, надвор од оваа превентивна мерка остануваат вистинските сопственици кои до сега не беа ни познати. Со оваа мерка ќе се спречи компаниите кои имаат вакви судири на интереси воопшто да конкурираат на тендерите, но и доколку тоа се случи, полесно да се открие постоењето на тој судир и да се спречи коруптивното дејство. Се очекува оваа заложба да влијае позитивно и врз зголемување на конкуренцијата, односно да овозможи влез и на други фирми во јавните набавки што неминовно доведува до зголемување на квалитетот на набавките и подобрување на јавните услуги. Истовремено, на овој начин се поддржуваат отчетноста и доброто владеење на институциите бијдеќи јавно се објавуваат податоците и за вистинските сопственци на добитниците на тендерите.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи станува збор за автоматско преземање на постојни информации од ЦРРСМ и нивно објавување на владиниот сајт за јавни набавки ЕСЈН каде што веќе постои таква техничка можност.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори и Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.
Други вклучени субјекти
Институции
- Министерство за финансии
- Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
Организации
- Центар за граѓански комуникации