Лице за контакт

Габриела Маџоска, координатор на заложба gmadzoska@mtsp.gov.mk

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 3/3

Значително

3.7.1 Информирани вработени во јавен и приватен сектор за нивните права за заштита од вознемирување на работно место кои произлегуваат од законот за работни односи

Преку проектот ,,Иднината на Работата заснована на работа заснована на достоинство и почит‚‚ Организација на жени при  Унија  на Независни Автономни Синдикати на Македонија  подготви  информативна едукативна брошура  ,,Стоп  на вознемирување на работното место‘‘.

Отворени  две  СОС линии за работници за пријавување насилство и малтретирање на раборното место.

Подготвените брошури која се споделува на разни настани со цел промовирање на СОС линиите. Истите се дистрибуирани   до синдикати,  Агенција за привремени вработувања, Бизнис конфедерација на Македонија, до факултет Јустинијан 1, МРТВ и други.

 

 

 

 

 

 

Индикатори: Поготвено упатство (да/не) Број на работодавачи до кои е дистрибуирано изработеното упатство. Подготвен план за промоција (да/не) Број на лица опфатени со промоцијата
Значително

3.7.2 Едукација на избраните независни лица во јавениот и приватениот сектор како посредници во постапките за решавање на идентификувани случаи на мобинг

Во текот на 2021 и 2022 година  одржани се два регионални  семеинари поддржани од ЕЗА и ЕУ. На семинарите присуствуваа 120 учесници. Исто така се организираа три национални работилници на кои присуствуваа 80 учесници  и една работилница на која перисуствуваа  28 учесници, реализирани од    Solidarity       Center            AFL-CIO.

Во текот на август и септември 2022 година одржани се две  обуки на гранков синдикат  на слободно дејствување кој припаѓа на ССМ. На  нпрвата обика која имаше регионален карактер   учествуваа освен претставници од Република Северна Македонија   и од Босна и Херцеговина,и Словенија. Тема на обуките беа заштита од вознемируање на работно место, мобинг комуникација  и лобирање. На двете обуки учествуваа по 25 претставници.

Индикатори: Број на спроведени работилници Број на учесници на работилниците Процент на зголемување на бројот на пријави за вознемирување на работно место.
Значително

3.7.3 Спроведување на консултативен процес со сите заинтересирани страни за финализирање на предлог законот за заштита од вознемирување на работно место

Министерство за труд и социјална политика   со  Решение бр.17- 3334/1 од 17.05.2020 година и со Решение за измена и дополнување број 17-3766/1  од 10.05.2022  се формира  Работна група   за подготовка на измени и дополнување на Законот за Заштита од вознмнемирување на работно место ( Закон за мобинг).

Работната група е составена од членови номинирани од

Министерство за труд и социјална политика, министерство за информатичко општество и администерција и други надлежни институции и организации кои во својата работа или делокруг  на надлежности имаат поврзаност со проблематиката.

 

 

Во рамките на проектот „Поддршка на имплементација на Национален план за Истанбулска конвенција“ преку Министерството за труд и социјална политика на 25.02.2022 беше ангажиран експертка од областа на заштита од вознемирување на работното место. Обврските на експертката беа:

-Драфтирање на одредби за измени и дополни на Законот за заштита од вознемирување на работното место;

-Поддршка на Работна група за Предлог измени и дополнувања на Законот за заштита од вознемирување на работното место;

-Презентирање на Предлог Законот за измени и дополнување на Закон за заштита од вознемирување на работно место законот пред работната група, социјални партнери, НВО, судии, адвокати и академска јавност.

Работната група  одржа два состаноци на који се презентираа драфт работна верзија на законот и  забелешките кои ги имаат дадено членовите.

Понатаму, во консултација со  Секторот еднакви можности – МТСП се дадоа и  главни насоки и усогласување со конвенцијата 190 насловот на законот е: Закон за спречување и заштита од насилство и вознемирување.

 

 

Согласно Заклучокот на Влада од 52-та седница, одржана на 14.06.2022 и разгледувана Информацијата за пристапување на Република  Северна Македонија  кон ратификување на Конвенцијата за елиминирање на насилство и вознемирување на полето на труд потребно е истата да  биде ратификувана од страна на  Собранието на Северна Македонија, за да  стане дел од од внатрешно правниот систем.

Индикатори: Број на вклучени заинтересирани страни Процент од заинтереираните страни достават свои предлози и коментари по однос на предлог законот (таргет: 50%) Процент од добиените предлози и коментари кои се соодветно вклучени во предлог законското решение (таргет: најмалку 50% од добиените предлози) Ратификација на Конвенцијата 190 и препораката 206 на Меѓународната организација на трудот (да/не)

3.7 Унапредување на механизмите за заштита на жртвите на вознемирување на работно место

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Во РСМ недостасува статистика за бројот на жртви на мобинг. Сепак според истражувањата на МОТ над 4% од работниците се предмет на психичко насилство, 2% на сексуално злоставување и 8% на заплашување и малтретирање. Па доколку се земе во предвид оваа статистика, во РСМ од вкупниот број на вработени се проценува дека има 111.936 жртви на мобинг. Од 2013 година кога е донесен законот за заштита од вознемирување на работно место, има само иницирани и успешно решени два случаи и еден случај е во тек. Според податоците од СОС линијата за пријава на вознемирување на работно место за само два месеци во 2020 година евидентирани се 65 јавувања за помош и поддршка, од кои во повеќе од половина се жени. Ваквата состојба е резултат на недоволната информираност на работниците во врска со оваа појава, вклучувајќи ги и механизмите за заштита. Посредниците во овие постапки назначени кај секој работодавец се недоволно едуцирани за тоа кое е нивното место и улога во системот на заштита на работниците. Некомплетното усвојување на меѓународните договори за заштита по однос на ова прашања, односно нератификацијата на Конвецијата 190 и препораката 206 на МОТ, и неспроведувањето на консултативни процеси со сите засегнати страни при подготовка на законските решенија поврзани со оваа појава во земјата.

Главна цел на заложбата

Главната цел на  заложбата е да се унапреди веќе воспоставениот механизам за заштита од вознемирување на работно место.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Преку спроведување на оваа заложба ќе се овозможи информирање на вработените за нивните права за заштита од вознемирување на работно место кои произлегуваат од законот за работни односи за што досега нема воспоставен систем, едукација на избраните независни лица како посредници во постапките за решавање на идентификувани случаи на мобинг за што досега нема воспоставен систем, ратификација на Конвенцијата 190 и препораката 206 на Меѓународната организација на трудот која досега не е ратификувана, воспоставување на електронски и јавен систем за пријавување и следење на статусот  и спроведувањето на сите иницирани постапки за вознемирување на работно место, и воспоставување  и функционирање на работна група од практичари за иницирање на измени на законот за заштита од вознемирување на работно место.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Оваа заложба восебе содржи активности кои ќе  придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 1. Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот; ЦОР 2.Следен чекор: Владата ќе се фокусира врз мерки за подобрување на структурата на земјоделското земјиште како предуслов за развој и конкурентност на секторот, подобрување на условите за живот и работа во руралните области и обезбедување пристап до знаења и инвестиции во човечки капитал преку реформирани услуги за проширување и едукација на земјоделците. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место.  ЦОР 8 Следен чекор:  Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкурентноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за труд и социјална политика
  • Министерство за надворешни работи

Организации



Напишете коментар