Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4
Остварени Достигнувања: 0/4
Достигнувања кои се на чекање: 0/4
Неостварени достигнувања: 4/4
Достигнувања со значителен прогрес: 0/4
Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.
Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМСпроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата
Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМПодготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.
Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМИзработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.
Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.
Индикатори: Усвоена Стратегија за отвореност на судството од страна на ССРСМПодобрување на односите со јавноста на судовите
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. Постои потреба од обнова на линкот односно поврзаноста помеѓу судовите и медиумите со цел враќање на довербата на јавноста во судството и правосудните органи.
Главна цел на заложбата
- Подобрување на активната комуникација и транспарентност на судовите со јавноста
- Воспоставување на сеопфатна рамка според која судовите би комуницирале со јавноста и медиумите
- Изработка на Стратегија за отвореност на судството
- Развивање на соработката со Судско-медиумскиот совет
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Преку реализација на заложбата се воспоставуваат долгорочни насоки за подобрување на транспарентноста и отвореноста на судството преку воспоставена методологија за комуникација со јавноста
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“
Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.
Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на судовите во Република Северна Македонија преку редовно споделување на информации со медиуми и јавноста.