Лице за контакт

Маја Петковска Лесес, Државен советник maja.petkovska@gs.gov.mk

Датум на последното ажурирање

24 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

Подготовка на листа на стандардни и дополнителни документи за објава во еден предмет.

Подготовка на листа на стандардни и дополнителни документи за објава во еден предмет.

Индикатори: 1. Листата на информации и документи ги вклучува сите потребни документи за објава во еден предмет (да/не) 2. Листата на информации и документи кои ќе се објавуваат е донесена како Одлука на Влада (да/не)
Незапочнато

Објавување на предметите за именување на избраните/именуваните лица на порталот отворени податоци

Објавување на предметите за именување  на избраните/именуваните лица на порталот отворени податоци

Индикатори: Процент на објавени предмети за именување на избраните/именуваните лица (се пресметува како сооднос од 1.б/1.а 1.а Број на предмети за именување на избраните/именуваните лица 1.б Број на објавени предмети за именување на избрените/именуваните лица

Јавно објавување на предметите за изборот на избрани / именувани лица од Владата на РСМ како раководители на институции

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Избраните/именуваните лица од Владата на РСМ како раководители на институции претставува највисокиот меритократски слој во државната управа. Врз основа на позитивното законодавство, како и стандардите на доброто управување, овој кадар треба да се одликува со висок професионализам, стручност и управувачки способности.

Меѓутоа, веќе долги години праксата се разликува од стандардите. Изборот на кадар останува во голем дел неформален, со назначување вршители на должност или пак со ниско ниво на компетитивност, односно огласи со само еден кандидат.

Информациите за нивниот избор се оскудни, исто како и нивните професионални биографии, како и документацијата, барем формално, треба да постои придружена на нивниот избор.

Оваа состојба придонесува кон перцепцијата на граѓаните дека не се бираат најдобрите кадри и дека партиската припадност или коалициски договор игра клучна улога во процесот.

Паралелно на оваа перцепција, ротациите или промените по избори, при иста влада, ја потврдува неесенцијалноста на персоналното решение, односно ниската додадена вредност во работата на институцијата што ги прави овие лица заменливи.

Ваквата состојба негативно влијае на развојот на институциите а со тоа и испорака на услуги кон граѓаните. Најпрво, нестручниот раководен кадар не придонесува кон развојот на институцијата бидејќи не знае да го одбере и управува решението на проблеми со кои таа се соочува. Меѓутоа, како второ, ваквиот избор ги демотивира стручните кадри во самите институции, но и надворешни стручњаци да се надеваат дека може да успеат на јавен оглас да добијат шанса да раководат со јавна институцијата.

Главна цел на заложбата

Заложбата е во функција на транспарентност на процесот. Целта на заложбата не е да го реши целокупниот проблем, туку преку подобрување на транспарентноста да придонесе кон состојба во која ќе се стесни просторот за неформално одлучување за избор на раководни лица.

Заложбата вклучува објавување на предметот за избор на избраното  или именуваното лице  (објавениот оглас доколку го има, предлогот на Комисијата за именување, Одлуката на Влада, CV на избаното или именуваното лице , матрица за самоевалуација, мотивационо писмо и програма за работа). Објавувањето би било на порталот на Влада.мк или алтернативно, оној за отворени податоци. Заложбата важи и за случаите кога се именуваат вршители на должност, со исклучок на документите кои кандидатот не ги поднесува, како програма за работа.

Објавување на табела со подотаци: објавениот оглас, број на примени пријави (уредни и неуредни, навремени и ненавремени), број на избрани кандидати. Кај случаите кога е именуван вршител на должност, се објавуваат информации за именуваното лице.

Со ова ќе се зголеми транспарентноста и ќе се воспостават нови стандарди за транспарентност како алатка за борба против корупцијата.

Зголемената транспарентност ќе влијае во постепено враќање на доверба во процесот помеѓу граѓаните и заинтересираните кандидати.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Транспарентноста се смета за значајна алатка во подобрување на управувањето и борбата против корупцијата. Со објавувањето на досиејата на избраните/именуваните лица од страна на Владата на РСМ како раководители на инситуции, на јавноста и се даваат на увид професионалните компетенции на избраниот кандидат.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон  превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за информатичко општество и администрација

Организации

  • Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје


Напишете коментар