Лице за контакт

Мабера Камбери, Државен службеник MKamberi@mtsp.gov.mk

Датум на последното ажурирање

24 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6

Остварени Достигнувања: 0/6

Достигнувања кои се на чекање: 0/6

Неостварени достигнувања: 6/6

Достигнувања со значителен прогрес: 0/6

Незапочнато

Изготвување интерно циркуларно упатство за користење на законска можност од член 269 став 1 од Закон за социјална заштита за прибавување податоци за материјална финансиска и имотна состојба на членовите на семејство/домаќинството

Изготвување интерно циркуларно упатство за користење на законска можност од член 269 став 1 од Закон за социјална заштита за прибавување податоци за материјална финансиска и имотна состојба на членовите на семејство/домаќинството

Индикатори: 1. Број на одржани состаноци за утврдување структура, рамка и содржина на циркуларното упатство (таргет 3-5 состаноци) 2. Циркуларното упатство е споделено со ЦСР (да/не)
Незапочнато

Зајакнати капацитети на ЦСР за користење на законска можност од член 298 од Закон за социјална заштита

Зајакнати капацитети на ЦСР за користење на законска можност од член 298 од Закон за социјална заштита

Индикатори: 1. Број на вработени во ЦСР учесници на работилници/советувања за утврдување на практичните проблеми од овој тип 2. Број на утврдени проблеми Број на можни решенија на проблемите
Незапочнато

Изготвување на прирачник врз основа на активност бр. 2 со содржани теркови за иницијални поднесоци и други насоки за текот на судска постапка од интерес на ЦСР и споделен со ЦСР

Изготвување на прирачник врз основа на активност бр. 2 со содржани теркови за иницијални поднесоци и други насоки за текот на судска постапка од интерес на ЦСР и споделен со ЦСР

Индикатори: 1. Број на учесници во процесот на утврдување структура и содржина на прирачникот
Незапочнато

Креирање на дата база од страна ГО за прекршени права со блокирање на Социјалниот број

Креирање на дата база од страна ГО за прекршени права со блокирање на Социјалниот број

Индикатори: 1. Број на случаи вклучени во дата базата на кои им се прекршени правата со блокирање на Социјалниот број
Незапочнато

Снимање на видеа со лица на кои им се блокирани сметките и ќе зборуваат за прекршено право и ќе бараат одговорност и ќе нудат решенија

Снимање на видеа со лица на кои им се блокирани сметките и ќе зборуваат за прекршено право и ќе бараат одговорност и ќе нудат решенија

Индикатори: 1. Број на снимени видеа
Незапочнато

Креирање на софтверско решение за сметките на приматели на ГМП и останати приходи, кои се поврзани со социјалниот број како би се оневозможило блокирање на средства од страна на институциите

Креирање на софтверско решение за сметките на приматели на ГМП и останати приходи, кои се поврзани со социјалниот број како би се оневозможило блокирање на средства од страна на институциите

Индикатори: 1. Креирано софтверско решение (да/не)

Унапредување на пристап до правда на социјално загрозени и граѓани во социјален ризик

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

За користење на правото Гарантирана минимална помош (ГМП) како парично право од социјална заштита, или за преобразба на правото на постојана парична помош во ГМП, постои потреба од докажување дека барателот (или корисникот) не може да обезбеди издршка за себе по ниту еден основ. Тоа практично значи дека потребно е барателот/корисникот да поднесе тужба против член на неговото семејство или домаќинство за издршка. Во пракса, поднесување тужба значи иницирање судска постапка, која: е непознат процес за овие категории граѓани; е скапа постапка за слабоимотни и социјални категории граѓани (целата постапка би чинела околу 2.000,00 денари што е многу висок износ за поединец или домаќинство без приходи, за што и да бара БПП доколку го изгуби спорот ќе треба да ги врати средствата добиени по овој основ); влијае на нарушување на и така кревките односи меѓу барателот и останатите роднини со обврска за меѓусебно издржување. Уште повеќе, постои можност за поведување ваква постапка во име и за сметка на барателот од страна на надлежниот центар за социјална работа (ЦСР) доколу е старо, немоќно, неспособно, инвалидно лице и дете но во пракса ова скоро и да не се користи.

Од друга страна, постојат голем број на граѓани кои се корисници на ГМП, а средствата кои ги добиваат по тој основ им се блокираат од страна на Извршители заради неплатен долг. Законот за извршување ги изема од блокирање корисниците на ГМП, на хуманитарна помош, социјални надоместоци и др, со цел да се обезбеди минимален приход за семејството да егзистира. Но во суштина, голем број од корисниците на ГМП не знаат дека се изземени од извршување. Во секој случај и да се ослободат од извршителот со доставување потврда од Центарот за социјални работи, сепак за да се одблокира веќе блокираната сметка од банката би требало корисникот да ја плати банкарската провизија која изнесува околу 1400 денари.

Во секој случај корисниците на ГМП се со пониско образование, најчесто неуки странки и го прифаќаат блокирањето на сметката, па дури и повлекувањето на пари без приговор. Од ова имаат штета тие самите и нивните семејства, при што се оддаваат на просење, собирање по канти а можни се криминални активности како што е дрвокрадството, кражби и сл.

Во 2018 година се потпиша и Меморандум  помеѓу МТСП и Комората на Извршители за да не се блокира социјалниот број. Но тоа видно не ја промени состојбата и се уште постојат низа пропусти. Социјалниот број не е видлив за извршителите, локалните самоуправи и банките. Додека да се „докаже“ дека станува збор за средства добиени од областа на социјална заштита, корисниците на ГМП остануваат без средства и по 6 месеци. Ваквата состојба ги обесхрабрува голем број од корисниците на ГМП да аплицираат за мерки од АВРМ поради стравот дека извршителите ќе им ги земат средствата.

Главна цел на заложбата

Главната цел на оваа заложба е да овозможи пристап до постапка за остварување права од социјална заштита за социјално загрозени категории граѓани без водење скапи постапки со што на долг рок ќе се влијае кон враќање на довербата во системот за социјална заштита.

По примерот на прибавување податоци од ЦСР за имотна состојба на членовите на домаќинството/семејството може да се создаде пракса на прибавување податоци за утврдување материјална и финансиска состојба на членовите на семејството со кои барателот не живее во заедничко домаќинство а кои имаат законска обврска за негова/нејзина издршка. На најлесен начин, ќе може да се утврди и процени дали роднината имал доволен приход во текот на годината за да одвои за издршка за барателот. Со тоа, би се зајакнала функцијата на прибавување податоци по службена должност врз основа на кои ЦСР ќе можат да проценат дали корисниците/потенцијалните корисници можат да обезбедат издржување па потоа да се упатат на судски спор; или да се заштитат од впуштање во за нив скапи и долготрајни постапки.

Очекувани резултати се: зајакнати капацитети на ЦСР при проценка на материјална, финансиска и имотна состојба на барателите/корисниците преку користење на механизмот за прибирање податоци по службена должност; изготвено интерно циркуларно упатство со вклучени насоки за прибирање и ценење на податоци; изготвен прирачник за иницирање постапки во интерес на ранливо население од кои зависат користење на правата од социјална заштита.

Истовремено, заложбата ќе изврши превенција од блокирање на социјалниот број на корисниците на ГМП. Резултат ќе биде конечно социјалниот број да биде заштитен од извршување. Со негова заштита ќе се овозможи конечна поделба на сметките кои смеат да се блокираат, а кои не смеат.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата ги има предвид начелата на општа управна постапка и тоа: начело на пропорционалност, начело на економичност и ефикасност на постапката;  начело на сервисна ориентираност кон остварувањето на правата и интересите на странките; начело на утврдување материјална вистина на сите факти и околности од битно значење за правилно утврдување на фактичка состојба преку прибавување, разгледување и обработување на информациите и податоците по службена должност; начело на активна помош на странката за остварување и заштита на нејзините права на што е можно поефективен и полесен начин, додека незнаење и неукоста на странката не треба да биде на штета на нејзините законски права и интереси.

На овој начин, преку правилна и целосна проценка на состојбите на странката, ќе се делува кон спречување на одолговлекување на процесите и нејзино свесно втурнување во долги судски постапки. За да се дојде до тоа, потребно е преземање на неколку активности:

  1. Изготвување интерно циркуларно упатство за користење на законска можност од член 269 став 1 од Закон за социјална заштита за прибавување податоци за материјална финансиска и имотна состојба на членовите на семејство/домаќинството – ова упатство би содржело практични насоки кои факти треба да се утврдат, како да се утврдат и како правилно да се применат фактите при одлучување по поднесено барање. За спроведување на оваа активност, потребно е претходно состанување за утврдување структура, рамка и содржина на упатство кое е значајно од практичен аспект. Од особено значење е упатството да биде дискутирано и внатре во ЦСР бидејки ќе треба да излезе во пресрет на нивните потреби. Упатството е потребно да биде изготвено од МТСП, Заводот за социјални дејности, а по потреба под консултација од надворешни познавачи на темата (НВОа, професори и сл).
  2. Зајакнати капацитети на ЦСР за користење на законска можност од член 298 од Закон за социјална заштита – од особена важност е да се направи проценка на потребите на ЦСР кога станува збор за законската можност за поведување судска постапка во име и за сметка на барателот дури и ако станува збор за старо, немоќно, неспособно, инвалидно лице и дете. Најдобар и најсоодветен начин е преку организација на 3 до 5 еднодневни работилници/советувања со правниците од центрите за социјална работа ширум државата. Фокусот на овие работилници би бил утврдување на практичните проблеми и потребите на ЦСР за искористување на оваа законска можност во пракса, како и надминување на пречките кои постојат и поради кои не се исполнува целосната заштита на странката. Работилниците/советувањата е потребно да бидат организирани и спроведени од МТСП, под консултација на Заводот за социјални дејности, а по потреба и од надворешни познавачи на темата (НВОа и сл.).
  3. Изготвување прирачник врз основа на активност бр. 2 со содржани теркови за иницијални поднесоци и други насоки за текот на судска постапка од интерес на ЦСР – оваа активност, освен што ќе биде спроведена на основа на активност бр. 2, треба да биде спроведена од МТСП, а правилно комуницирана со практичари на правно застапување и НВОа.

Како што е веќе објаснето, во моментот корисниците на ГМП се соочуваат со сериозни предизвици при остварување на ова уставно загарантирано право.

Со реализација на оваа заложба ќе се врати пред се владеењето на законите и токму најранливите категории на граѓани ќе ја вратат довербата во институциите. За истата да се реализира потребно е да се преземат следните активности:

-Законска измена нa Закон за извршување. Меморандумот за разбирање помеѓу МТСП и Комората за Извршители да се замени со повисок правен акт со кој ќе се изземе можноста за блокирање на социјалниот број.

– Креирање на софтверско решение за сметките на приматели на ГМП и останати приходи, кои се поврзани со социјалниот број како би се оневозможило блокирање на средства од страна на институциите. МТСП да изработи софтвер кој реално ќе го заштити социјалниот број преку податоците за корисниците со кои располага МТСП, додека Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество и администрација да бидат консултирани во процесот. За хуманитарна помош потребно е да се регистрира помошта и исто да добие социјален број. Социјалниот број дефинитивно мора да биде различен од трансакциската сметка на корисникот и истиот треба да биде наменски социјален број. Вакво искуство веќе имавме со вториот и третиот пакет мерки од Владата за борба против КОВИД-19 и веќе спомнатите Министерства може да го искористат искуството.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите. Со мерките од оваа залоба ќе се унапреди и поедностави постапката за остварување права од социјална заштита за социјално загрозени категории граѓани без водење скапи судски постапки и враќање на довербата во системот за социјална заштита.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за финансии

Организации

  • Македонско здружение на млади правници
  • НВО „КХАМ“ Делчево


Напишете коментар