Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5

Остварени Достигнувања: 0/5

Достигнувања кои се на чекање: 0/5

Неостварени достигнувања: 0/5

Достигнувања со значителен прогрес: 5/5

Значително

Обуки за вработените во 14 Ромски информативни центри за обезбедување правна/параправна помош (пристап до правда)

МТСП во соработка со ФООМ ќе обезбеди континуирани обуки за параправници за вработените во РИЦ-ри кои беа планирани да се одржат во средина намај 2019 година. Со цел креирање на соодветна програма која ќе одговара на потребите на вработените во РИЦ-ри, обучувачите подготвија прашалник со кој се детектираа потребите и предизвиците во нивната досегашна работа. Обуките сеуште не се одржани поради нецелосната систематизација за вработување на лицата во РИЦ-ри, која се очекуваше да биде финализирана во првата поливина на 2020 година.  Целосната систематизација на вработените во РИЦ-ри  ќе ја обезбеди нивната институционализација и одржливост на постоечките форми за пристап до правда во заедницата.

Индикатори:
Значително

Формирање и одржување на Центри за пристап до правда во 4 општини (Прилеп, Делчево, Шуто Оризари, Тетово) за сиромашните и маргинализирани групи на граѓани

Освен првоотворениот Центар за пристап до правда во општина Шуто Оризари,  отворен е и вториот Центар за пристап во Прилеп, каде локална ГО соработува со локалната самоуправа и МТСП.

Во тек се разговори за формирање на уште два Центри за пристап до правда во рамките на општините Тетово и Делчево кои исто така ќе обезбедуваат правна помош за сите граѓани кои се соочуваат со правен проблем. И овие центри ќе бидат менаџирани од страна на ГОи, а поддржани од општините и МТСП.

Индикатори:
Значително

Обука за вработените во Министерството за труд и социјална политика

По неколку подготвителни координативни средби за дизајнирање на соодветна програма која ќе одговара на потребите на учесниците, во јули 2019 година се одржа семинар за Правно зајакнување.

Семинарот беше наменет за вработените во МТСП и во Центрите за социјална работа, со цел на интерактивен начин и преку споделување на примери на учесниците да им се доближи концептот на правно зајакнување како и правните услуги базирани во заедницата. Содржината на семинарот се подготвуваше заеднички со претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда, Правната клиника при Правен факултет – УКИМ, Скопје, преставници на ГОи и претставници на Фондацијата Отворено општество – Македонија – лица кои досега биле учесници на Курсот за правно зајакнување при Централноевропскиот универзитет, Будимпешта.

Индикатори:
Значително

Учество во меѓусекторско креирање на политики за правно зајакнување со други засегнати министерства, институции и локални самоуправи на национално и локално ниво

Поширока меѓу-секторска соработка овозможува сеопфатен развој на рамката за правно зајакнување, па оттаму претставува и клучна улога во процесот на институционализација и одржливост на концептот за правно зајакнување и услугите обезбедени од ГОи на локално ниво.

Локалните власти во 12 општини, во согласност со Националната стратегија за интеграција на Ромите, на седница на Совет во секој општина одделно, изработија и усвоија оперативни планови за правно зајакнување како составен дел од Локалните Акциски планови за интеграција на Ромите.Вклучувањето на правното зајакнување како официјална компонента во претходноспоменатите документи претставува основа според која, општините и ГОи на локално ниво ќе го исполнат критериумот, врз основа на партнерство, за можни идни апликации на повици од МТСП согласно новата законска можност за обезбедување средства за давање социјални услуги вклучувајќи го и правното зајакнување. Имено, новиот Закон за социјална заштита предвидува обезбедување на социјални услуги од страна на општините преку обезбедување на парични средства од централниот буџет кои ќе се доделуваат по спроведена постапка по објавен јавен повик при што постапката ќе се спроведува врз основа  на локалните програми на општините.

Основањето на Центар за пристап до правда во општините Шуто Оризари и Прилеп, претставува уште една можност за меѓусекторско креирање политики врз основа на партнерство меѓу општините и локални ГОи.

МИОА, МП и МТСП се дел од Националниот Совет за Целите за одржлив развој (ЦОР), каде ЦОР 16.3 претставува еден од 5-те стратешки приоритети, па оттаму и ова е значајна соработка која претставува меѓусекторско креирање на развојни политики за правното зајакнување.

Индикатори:
Значително

Подготвен извештај за обезбедени услуги од страна на вработените во РИЦ за секоја година одделно

Оваа активност ќе се реализира откако ќе биде извршена комплетна систематизација на вработените во РИЦ-ри, по што би биле во можност да подготват извештај за обезбедените услуги.

Индикатори:

Унапредување на пристапот до правда за маргинализираните групи граѓани

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

На почетокот на 2019 година ќе бидат формирани четири Центри за пристап до правда во рамките на општините Тетово, Шуто Оризари, Делчево и Прилеп кои ќе обезбедуваат правна помош за сите граѓани кои се соочуваат со правен проблем. Овие центри ќе бидат менаџирани од страна на ГОи, а поддржани од општините и Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе обезбеди континуирани обуки за параправници на вработените во Ромските информативни центри.

Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе обезбеди обука за вработените во Министерството за труд и социјална политика со цел јакнење на капацитетите на вработените за концептот за правно зајакнување и неговата поврзаност со ОВП.

Од заложбата се очекува:

– Формирани  центри за пристап до правда во 4 општини кои ќе им овозможат на граѓаните полесен пристап до правни и параправни услуги и полесно остварување и заштита на правата

– Градење на капацитетите и вештините на вработените во Ромските информативни центри преку 3 обуки за параправници

– Зголемен  пристапот и квалитетот  (scaling) на правните услуги за сиромашни и маргинализирани групи граѓани  во 14 општини. Освен со обезбедувањето на правни услуги, нивното правно зајакнување ќе биде постигнато преку активности за правно описменување и мобилизирање за преземање самостојни акции за застапување.

-Јакнење на капацитетите на вработените во Министерството за труд и социјална политика за да се обезбеди одржливост на заложбата.

– Подготвен извештај за обезбедени услуги од страна на вработените во РИЦ за секоја година одделно.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар