Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

07 декември 2020

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 2/2

Значително

Зголемување на бројот на институции кои ја користат можноста за автоматско превземање на податоците од ЕСЈН со цел објавување на годишните планови за јавни набавки (и нивните измени и дополнувања), на огласите за јавни набавки, на известувањата за склучен договор и на склучените договори, на своите интернет-страници, континуирано, како што овие документи се објавуваат на ЕСЈН.

БЈН во јуни 2018 година направи надградба на ЕСЈН со која се овозможува автоматско објавување на огласите и известувањата за склучени договори за јавните набавки на интернет –страниците на институциите и со циркуларно писмо ги извести сите договорни органи дека во профилот на секој локален администратор регистриран на ЕСЈН се додадени „HTML“ тагови за „iFrame“ кој ги содржи информациите за огласите и договорите за тој договорен орган. По поставување на овие „HTML“ тагови во веб-сајтот на институцијата (или ако немаат своја, на веб-сајтот на институцијата под чија што надлежност работат) автоматски се прикажуваат податоците од објавените огласи за јавни набавки и известувањата за склучени договори заедно со копија од склучениот договор објавени на ЕСЈН. Целта на ваквата надградба на ЕСЈН е да се автоматизира процесот односно со поставување на дадените „HTML“ тагови на интернет страниците на институциите еднаш, да се прикажуваат податоците за јавни набавки по објавување на оглас или известување за склучен договор на ЕСЈН. Податоците кои се прикажуваат на веб-сајтовите кај договорните органи се освежуваат еднаш дневно.

Значително

Зголемување на бројот на институции кои ја користат можноста за автоматско превземање на податоците од ЕСЈН со цел објавување на известувањето за реализиран договор на своите интернет-страници, континуирано, како што известувањето се објавува на ЕСЈН.

Во новиот Закон за јавните набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.24/19), кој стапи на сила од 01.04.2019 година се предвидува задолжително објавување на плановите за јавни набавки како и задолжително објавување на известувањата за реализирани договори на ЕСЈН. Согласно на тоа, предвидена е нова надградба на системот која на истиот начин ќе овозможи автоматско објавување на плановите за јавни набавки заедно со сите измени и дополнувања на планот, како и автоматско објавување на  известувањата за реализиран договор на веб-сајтовите на институциите по поставување на дадените „HTML“ тагови.

Оваа надградба е поставена на ЕСЈН во Јануари 2020 година. На договорните органи регистрирани на ЕСЈН повторно им беше испратено циркуларно писмо во кое беа известени за новата надградба и детално упатство за начинот на поставување на линковите на нивните веб страници или веб страниците под чија надлежност работат

Можност за објавување на основните информации за јавните набавки на интернет-страниците на институциите (договорни органи во јавните набавки)

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Бирото за јавни набавки да им препорача на сите договорни органи во земјата што спроведуваат јавни набавки во согласност со Законот за јавни набавки и коишто се регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки да ги објавуваат на своите интернет-страници (или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под

чијашто надлежност работат) следниве, основни, податоци за јавните набавки (самостојно или како линк до веќе објавените документи на ЕСЈН) и тоа: годишен план за јавни набавки со измените и дополнувањата, огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор за јавни набавки, известувањата за реализиран договор за јавни набавки и склучените договори за јавни набавки.

Инаку, станува збор за веќе постојни документи коишто се објавуваат на ЕСЈН кој, пак, првенствено е портал за фактичко спроведување на јавните набавки, а чиишто корисници се самите договорни органи и фирмите, односно економските оператори. Со објавување на овие документи и на своите интернет-страници, се овозможува поширока транспарентност, а со тоа и отчетност и одговорност на институциите што трошат јавни пари и полесен увид во тоа трошење за оние чиишто пари ги трошат, односно граѓаните.

Оттука, заложбата предвидува едноставно објавување на овие документи на интернет-страниците на институциите како линк кој ќе води до веќе објавените документи на ЕСЈН, со што целата постапка на објавување ќе биде брза, кратка и едноставна и нема да бара поспецифични компјутерски вештини.

Достапност на 100% од основните податоци за јавните набавки на институциите на нивните интернет-страници (или на интернет-страниците на институциите под чијашто надлежност работат) од 01.01.2019 година натаму, што ќе придонесе за зголемување на интегритетот и поефикасно искористување на јавните добра

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар