Датум на последното ажурирање

07 декември 2020

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6

Остварени Достигнувања: 0/6

Достигнувања кои се на чекање: 6/6

Неостварени достигнувања: 0/6

Достигнувања со значителен прогрес: 0/6

Ограничено

Социјално мапирање на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија и воспоставување на база на податоци врз основа на мапирањето

Првиот состанок помеѓу претставници на МТСП и ЗГ Љубезност беше одржан на 24.10.2018 година при што беше договорено да се почне со активности за мапирање  на територијата на Град Скопје, кои понатаму би се прошириле на целата територија на Р.С. Македонија.

Во таа насока, со цел успешна проекција и реализација на активностите, а пред се точно дефинирање на целните групи кои ќе бидат мапирани, како и начинот на организација на активностите, беа одржани 3 работни состаноци со преставници на релевантните институции и организации од областа, и тоа, покрај МТСП и ЗГ Љубезност беа вклучени претставници од ЈУ Завод за социјална дејност, ЈУ МЦСР Скопје, Град Скопје – Сектор за детска, социјална и здравствена заштита, ЗГ ПАБЛИК, Црвен Крст на Град Скопје, на ден 8.11.2018, 15.11.2018 и 18.12.2018 година.

Имајќи предвид дека од одржаните состаноци произлезе потребата од координација на процесот во рамки на ЈУ МЦСР Скопје, во меѓувреме се одржа состанок помеѓу преставниците на МТСП со директорот и одговорните лица на ЈУ МЦСР Скопје, при што е назначено лице од ЈУ МЦСР Скопје одговорно за собирање на податоците и координирање на актвностите помеѓу вклучените субјекти.

Во интерес на потребата од ефикасно собирање на потребните информации во однос на дефинираните ранливи категории, на ден 1.2.2019 одржан е состанок помеѓу преставници на ЗГ Љубезност, ЈУ МЦСР Скопје и МТСП, при што се дефинирани потребните податоци кои ќе бидат побарани од секој вклучен субјект во процесот, како и формата на самата табела.

Во тек е прибирањето на потребните податоци во соработка со ЗГ Љубезност, Црвен крст на Град Скопје, како и ЈУ МЦСР Скопје и останатите вклучени субјекти во процесот.

13.03.19 одржана е поширока средба на која покрајпретставниците на МТСП и ЗГ Љубезност, присуствуваа и ЈУ МЦСР-Скопје, Црвен крст на град Скопје и град Скопје. Дискутирано е во однос на формата и начинот на внесување на податоци во Excel табелата.

21.03.2019 во просториите на Црвен крст на град Скопје, одржана е уште една работна средба, на која беа присутни и општинските организации на Црвен крст. На истата од страна на Црвен крст е презентиран нивниот модел на прибирање податоци заради усогласување и понатамошно поефикасно координирање на активностите. Во текот на наредниот период се одржани неколку  работни средби помеѓу претставници  на МТСП, ЗГ Љубезност и ЈУ МЦСР-Скопје, во насока на подобрување на функционалноста нa самата база на податоци како и начинот на прибирањето на истите.

Во истиот период е доставен и допис до општините на Град Скопје заради вклучување со свои претставници во понатамошните  активности од заложбата.

Во текот на месец ЈУНИ  направено е усогласување на податоците од базата, корекција на понудените опции во самите зададени параметри согласно со донесениот Закон за социјална заштита, по што финалната табела е дадена на понатамошна надлежност и прибирање на податоци од страна на назначениот претставник од ЈУ МЦСР Скопје.

Следен состанок, во поширок состав вклучително и со претставници на општините, е закажан на 17.10.2019 година на кој ќе биде дискутирано во однос на посточките проблеми околу доставување на податоците до ЈУ МЦСР Скопје. На истиот ќе се дискутира во однос на потребата од поактивно вклучување на сите субјекти на локално ниво, како и можноста за одржување на засебни состаноци и презентации на заложбата кон сите потенцијално собирачи на податоци.

Ограничено

Склучување на меморандуми за соработка помеѓу засегнатите страни и спроведување на Обуки за мапирање на социјален простор - Преставници од Центри за социјална работа, Општини, НВО

Не се отпочнати активности.

Ограничено

Мапирање на расположивите ресурси за давање на услуги на ранливи групи во локалната заедница

Предвидено е активностите да започнат од 01.2020

Ограничено

Координација на активностите помеѓу месно надлежните Центри за социјална работа, Општините, НВО во насока на детектирање на потребите на целната група и соодветно упатување и обезбедување на потребните услуги на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија

Предвидено е активностите да започнат од 01.2020

Ограничено

Тест период на имплементација, мониторинг на активностите и тековно одстранување на евентуални аномалии.

Предвидено е активностите да започнат од 09.2020

Ограничено

Редовно ажурирање на базите на податоци во однос на детектираните потреби и обезбедени услуги.

Предвидено е активностите да започнат од 09.2021 Периодот на периодично ажурирање на податоците во базите на податоци да се намали најпрво на 3 месеци/потоа на 1 месец.

Мапирање на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Воспоставување на механизми за координација на активностите за поддршка на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост, со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија, преку кои ќе се обезбеди:

– воспоставување на евиденција на лица и семејства,

– мапирање на потребите од социјална заштита,

– расположивите и потребните ресурси за помош и поддршка на загрозените граѓани/семејства, за ублажување на состојбата на сиромаштија,

– координирање на активности помеѓу ЦСР, општинската администрација, бизнис заедницата, здружението Љубезност и други засегнати страни заради евидентирање на лицата, обезбедување на соодветни услуги, а кои се однесуваат на обезбедување на храна, облека, парична помош и сместување на бездомниците, и останата поддршка на социјално загрозените семејства и поединци,

– размена на податоци и информации за преземени активности.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар