Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

09 јуни 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 3/3

Значително

Обезбедување на слободен пристап до серии на податоци во различни сектори со кои располага Град Скопје и неговите јавни претпријатија: транспорт, енергија, води, ерозија, зеленило, климатски промени и др.

Реализацијата на оваа активност е завршена во значителен степен. Се евидентираа сериите на податоци кои можат да се отворат и кои се во надлежност на секторот за животна средина во Град Скопје, се подготвија соодветни каталози и се поставија податоците на порталот за отворени податоци. Овие серии ќе се ажурираат или надополнуваат со нови до крај за датумот наведен во заложбата 08.2020. Останатите серии на останатите сектори во рамките на градот, како и на Јавните претпријатија ќе следат до крај за датумот наведен во заложбата 08.2020.

Значително

Активно вклучување на граѓаните во креирање на најмалку две решенија/јавни услуги кои ќе ја зголемат отпорноста на Град Скопје

Реализацијата на активноста е во тек. Со поддршка на СкопјеЛаб и УНДП се работи на три решенија/услуги:

  1. Редизајн на зелени јавни површини

Целата иницијатива се занимава со идејата дека ако сакаме децата и младите, како и родителите и старите лица да имаат здрав начин на живот, мора да им обезбедиме урбани простори дизајнирани и осмислени за нивната физичка и психолошка благосостојба.

За таа цел Град Скопје во соработка со СкопјеЛаб во август 2018 година започна Дизајн предизвик: „Редизајн на зелени јавни површини во градот Скопје“. Преку ко-дизајнирање со граѓани и заинтересирани партнери, оваа иницијатива имаше за цел да изнесе концепти што ќе ги задоволат потребите на граѓаните и ќе го одразуваат нивниот животен стил.

Со помош на етнографско истражување (интервјуа и набљудување) и онлајн анкета со граѓани, кои се спроведоа во периодот Август – Септември 2018 год, Скопје Лаб разработи 7 детални концепти кои се базираат на разеленување, уредување и разубавување на просторот. Подготвените концептите, беа објавени на медиумите на градот и Скопје Лаб со цел уште еднаш да се слушне мислењето на граѓаните пред да се помине на уредување а воедно и да се обезбеди транспарентност во процесот.

За имплементација на концептите Градот Скопје обезбеди одредена сума на буџетски средства а дел поддршка се доби и од приватниот сектор.

Моментално градот е во фаза на набавка на архитектонски решнија по предложените концепти за 7те локации.

  1. Градовите од иднината

Со поддршка на УНДП, СкопјеЛаб на 21 и 22 март организираше дводневна работилница „Градовите од иднината“, фокусирана на Скопје, во рамките на која 85 претставници на повеќе од 40 институции идентификуваа поголем број предлози за решенија релевантни за оваа заложба.

Како резултат на работилницата, Градот во соработка со Скопје Лаб започна да работи на демонстрацискиот проект “Future Cities of South East Europe”.

Проектот е стратешка системска иновација и управување со процес во служба на остварување на нашите заеднички цели за урбана трансформација, и е дизајниран да биде тесно усогласен со проектите за здрави и чисти градови.

Мисијата на која се работи е инклузивна, просперитетна и нула-емисиона трансформација на 15+ соседства (делови од општини) во едни од најдобрите места за живеење, работење и посета до 2025 година во најмалку 5 градови во Југоисточна Европа т.е. трансформација на најмалку 3 делови од општини по град.

Град Скопје ги избра следните приоритети за работа:

  • Квалитетот на воздухот во нашите градови да влезе во рамки на препорачаните граници на Светската Здравствена Организација до 2023;
  • Постигнување приближно нула емисии на стакленички гасови до 2030 година преку циркуларна економија;
  • Еднаков пристап на сите членови на нашата заедница до пристојно домување, здравствена заштита, образование, мобилност, храна, вода, зелени и живи јавни места, безбедни и продуктивни можности за работа;
  • Намалување на влијанијата на топлината и поплавите врз нашите заедници од година во година.
  1. Редизајнирање на услуга за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена

Препознавајќи ја потребата од значително подобрување на пристапот и начинот на управување со цврст отпад градот реши да преземе чекори кон подобрување на оваа состојба. Земајќи ја предвид комплексноста на процесот, првичниот фокус на овој предизвик е подобрување на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена.

За да се дојде до соодветни и ефективни решенија Скопје Лаб ја користеше методологија на Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) кој го има корисникот во основата на својот процес. Со ова се овозможи иницијално да се мапираат сите тесни грла на постоечкиот процес на испорака на услугата и да се идентификуваат потребите и очекувањата на граѓаните и давателот на услугата. Пристапот подразбира ко-креирање со крајните корисници како и сите засегнати страни што ќе треба да обезбеди полесно да се дојде до поефективни решенија.

Резултати:

  • Предлог редизајн на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП КХ придружена со визуелизации
  • Изработена драфт ИСО процедура за управување со кабаст отпад за ЈП КХ согласно редизајнирата услуга
  • Предлог идеи за подобрување на информираноста и едуцираноста на граѓаните во поглед на кабастиот отпад придуржени со визуелизации
  • Идентификувани предлози за подобрување на законската рамка за поефектувано справување со кабаст отпад, оптимизација на ресурси и поттикнување на циркуларна економија
  • Изработен концепт за отворање на центар за преработка на мебел и други кабасти предмети за поддршка на занаетчиите
  • Изработен концепт за отворање на центар за донирање на мебел на социјално загрозени лица/семејства “Сакај Ме”

Во следниот период ќе се помине на фаза на имплементација односно финализација на предложените решенија од страна на ЈП КХ и Скопје Лаб.

Со цел еефективна имплементација се очекува Град Скопје и ЈП КХ да вложат одредени средства и ресурси.

Значително

Организирање на хакатон кој ќе им овозможи на граѓаните врз основа на отворените бази на податоци да креираат решенија за одржлив и отпорен град Скопје

Идентификувани се можни партнери за оваа активност, и во рамките на владините институции, јавни претпријатија но и приватниот сектор. Планирано е хакатонот да се одржи кон крајот на оваа година, кога ќе се отворат повеќе серии на податоци релевантни за оваа заложба.

До отпорно Скопје преку достапност до податоци

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Градовите се ранливи заради големата концентрација на население и изградени објекти на еден помал простор. Но, градовите се и многу зависни од својата инфраструктура: транспортниот систем, комуникациските системи, дистрибуцијата на вода и енергија, системите за одведување на отпадните води и собирањето на отпадот. Концентрацијата на луѓе и добра во градовите и нивната зависност од овие инфраструктурни системи, ги прават градовите ранливи.

Во Градот Скопје живее 1/3 од населението во Република Северна Македонија, а напливот на население од регионот и пошироко создава многу големи дневни миграции. Ова предизвикува проблеми во опстојувањето на градот како систем, новите потреби на населението тешко се задоволуваат, а функционирањето е отежнато. Градот во своите ресурси е ограничен и вложува големи усилби за справување со бројните проблеми, што го потврди пресметаниот еколошки отисок, кој е крајно неповолен.

Имајќи предвид дека успешноста на политиките и мерките кои се креираат на локално ниво, зависи меѓу другото и од расположивоста на примарни податоци собрани на терен кои овозможуваат да се согледа фактичката состојба, во текот на изминатите години Градот Скопје поддржа подготовка на серија студии кои помогнаа да се идентификуваат главните причини и проблеми, како и можностите за акција. Како резултат на тоа, Градот Скопје располага со големи бази на податоци, кои не секогаш се користат соодветно/доволно.

Отпорно Скопје е предизвик за здружена акција, која ќе го  трасира патот со мерки и акции во следните години за градење на капацитети за урбана отпорност и подобрување на квалитетот на животот на неговите граѓани.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар