Национален Акциски план за ПОВ (2024-2026)
2024 - 2026
Документи
- Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година
Консултација / Ко-креирање
Линкови
Прифатени НАП предлози
1.3 Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно приватно партнерство
Заложбата подразбира задолжително јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување на ЈПП, онака како што се јавно достапни и договорите за јавни набавки. Концесиите, јавните набавки и ЈПП се трите основни видови на јавни договори на државните институции со приватниот сектор. Иако кај нас, сè уште, овие три видови јавни договори не […]
1.2 Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите-понудувачи и на фирмите што имаат склучено договори за јавни набавки, за концесии (при Министерството за економија) и за воспоставување јавно приватно партнерство
Од 2019 година, РСМ воспостави Регистар на вистински сопственици. Овие регистри почнаа да се воспоставуваат откако се откри дека многу политички-експонирани лица „тајно“ поседуваат фирми кои користат јавни (државни) пари. Информациите за вистинските сопственици веднаш станаа една од најзначајните алатки за борба против корупцијата. Овозможувањето лесен и широк пристап до овие информации е најефикасен начин […]
1.1 Унапредување на транспарентноста на владините седници и средби
Целта на заложбата е унапредување на транспарентноста на владините седници и средби, бидејќи граѓаните укажуваат на постоење на голем ризик за корупција поврзан со интегритетот на Владата при носење одлуки, што би се намалил преку зголемување на транспарентноста на владините седници и средби на владините претставници, односно Претседателот на ВРСМ и министрите. За таа цел, […]
2.6 Подготовка на План за справување со промените во животната средина кои имаат влијание врз здравјето на граѓаните, со учество на ГОи
Заложбата има за цел да ги мапира сите ризик фактори кои произлегуваат од промените во животната средина, а кои имаат директно или пак индиректно влијание врз здравјето на граѓаните со посебен фокус на жените, децата и граѓаните кои живеат под економско – социјален ризик. Дополнително, покрај мапирањето на ризиците, заложбата има за цел да создаде […]
2.5 Утврдување на методологија за избор на алатки за е-консултации и партиципативно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки во општините
Немањето на унифицирани механизми и алатки за граѓанско учество на локално ниво е долгогодишен проблем со кој што се соочуваме како граѓани па така кај една општина може да ги видите сите алатки преку кои што може да комуницирате со општината и да поднесете иницијатива, а имате и такви општини каде што не може да […]
2.4. Редовно и континуирано објавување на годишни извештаи за еднакви можности на мажите и жените од страна на министерствата и општините
Годишните извештаи за родова еднаквост ги изготвуваат и министерствата и општините како нивна законска обврска меѓутоа истите не се јавно достапни за да може да ги користат граѓаните, граѓанските организации и да може да правиме мониторинг на сработеното. Во моментов ретко кое од министерствата или општините ги објавува јавно ваквите извештаи
2.3. Унапредување на квалитетот на јавните консултации на национално ниво
Навремено и суштинско учество на граѓаните во креирањето на политиките е предуслов за едно демократско општество да биде препознаено како транспарентно и отчетно, поради што целта на заложбата е унапредување на квалитетот на јавните консултации. Општ заклучок е дека електронскиот систем за јавни консултации (ЕНЕР) не е искористен во целиот негов потенцијал, а контролата на […]
2.2. Воведување на задолжителна обука на административни службеници на теми поврзани со транспарентност и отчетност, борба против корупција, вклучување на граѓани во донесување одлуки, итн.
Заложбата има за цел да допринесе кон унапредување на редовните годишни програми за генерички обуки на административните службеници, како и на специјализираните обуки кои се достапни на системот за учење на МИОА – (ЛМС). На овој начин на административните службеници (на национално и локално ниво) ќе им се овозможи континуирано учење и стекнување на знаења […]
2.1. Учество на јавноста во креирање на активните мерки, политики и услуги за вработување
Заложбата има за цел да ги мапира постоечките процеси, практики и политики на АВРСМ за консултирање на заинтересирани страни (невработени, бизниси, ГОи и други институции) пред креирање и донесување на годишниот оперативен план за активни мерки, политики и услуги за вработување, како и во тек на неговото спроведување. Дополнително, заложбата има за цел стандардизирање и […]
3.2 Спречување на насилството врз жените и семејното насилство
Заложбата е насочена кон подигање на јавната свест и едукација на практичарите од надлежните институции за спречување на семејното насилство. Имено, покрај законското регулирање на семејното насилство од 2004 година жените сè уште не препознаваат одделни форми на семејното насилство, како што се психолошкото и економското и не се запознаени со законските механизми за заштита. […]
3.1 Дигитализација и унапредување на системот за бесплатна правна помош
Оваа заложба се однесува на дигитализација и унапредување на системот за бесплатна правна помош (БПП) преку надградување и започнување со примена во пракса на софтверот за менаџирање на предметите за БПП, унапредување на системот на собирање на податоци и водење статистики, обезбедување интероперабилност за размена на податоци со другите институции вклучени во системот за БПП […]
4.2 Дигитализација на податоци за унапредување на локалните економски политики
Централизирањето на јавните политики на Северна Македонија ги продлабочија регионалните разлики. Децентрализација преку паметна регионална специјализација, базирана на опсерватории за локални податоци, може да ги намали овие разлики. Сепак, бариерите за пристап и празнините во дигиталните компетенции на службениците за користење на овие податоци ја ограничуваат трансформацијата. Целта на заложбата е забрзување на процесот на […]
4.1 Дигитализација на процеси за финансиско известување на политичките партии
Целта на заложбата е овозможување на системска транспарентност на финансирањето на политичките партии затоа што идентификувано е дека во сегашните начини на финансирање на политичките партии се создава поволна околина за корупција. Имено, преку финансирањето на политичките партии се отвораат можности за создавање на јаки врски и силни позиции кои подоцна (од позиција на власт-донатор) […]
5.2 Зголемена информираност на граѓаните за активностите на институциите поврзани со климатските промени преку унапредување на интерсекторската соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање
Мерките и активностите што се планираат и спроведуваат во двете министерства, најчесто, не се координирани и нема редовна соработка на полето на климатските промени, па министерствата работат засебно како институции иако во делот на климатските промени е потребен нивни заеднички ангажман којшто ќе се оствари токму преку спроведувањето на оваа заложба. Заложбата предвидува редовна размена […]
5.1 Ефикасно учество на јавноста во донесување одлуки во областа на водно право
Заложбата цели кон олеснување и зголемување на учество на јавноста во донесувањето одлуки во областа на животната средина или кои влијаат врз животната средина.
2.3 Подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите
Новата веб-страница на Академијата за судии и јавни обвинители е пуштена во употреба во септември 2019 година, меѓутоа сè уште има простор и потреба од овозможување за модернизирање на работата на АСЈО преку овозможување на модерна платформа е-учење како за кандидати за судии и јавни обвинители така и за постојните судии и јавни обвинители, преку […]
2.2 Подобрување/унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците
Во стратешките документи за правосудство континуирано се констатира дека формата на годишните извештаи на работа на судовите, Судскиот совет и на Врховниот суд се нееднакви, што создава проблеми во однос на јасноста, разбирливоста на извештаите, особено во делот на статистичките податоци поради несинхронизираност на податоците. Најголем дел од судовите водат статистика за бројот на примени, […]
2.1 Зајакнување на надзорната улога на Судскиот совет врз транспарентноста на судовите
Во Законот за Судскиот совет член 92, ст. 1, точка 5 е новина во македонската правна рамка, согласно кој, Судскиот совет цени дали претседателите на судовите доследно се грижат за односите со јавноста. Судскиот совет тоа треба да го врши преку увид во веб-страницата на судовите, односно преку проверка на соопштенијата, одлуките, анализите и извештаите […]
1.3 Подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за функционирање на Судскиот совет
Судскиот совет на РСМ има двојна улога кога станува збор за транспарентноста на правосудниот систем. Од една страна тој има активна улога, односно треба да ја мониторира транспарентноста и отвореноста на судството. Од друга страна тој се јавува како пасивен субјект кој треба да исполни законски обврски со цел да постигне транспарентност. Законот за Судскиот […]
1.2 Подобрување на односите со јавноста на судовите
Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. […]
1.1. Подобрување на електронскиот судски портал на РСМ (www.sud.mk)
Воведувањето на електронскиот Судски портал на РСМ (www.sud.mk) во 2017 година се очекуваше да придонесе за поголема транспарентност на судовите, но сѐ уште постојат големи разлики помеѓу квалитетот и обемот на податоците достапни за судовите. Информациите кои што се објавуваат на веб-страници за секој суд не се унифицирани, не се објавуваат и ажурираат редовно и […]
4. Парламентарен караван - мобилен параламент за директна комуникација на пратениците со граѓаните
Собранието редовно одржува отворени денови и организира посети на зградата за граѓаните. Ова придонесува за процесот на подобрување на имиџот на институцијата и постепено ја гради перцепцијата дека Собранието е отворено и транспарентно. Сепак, некои граѓани од различни причини, временски, практични или економски, не можат да патуваат во Скопје и да ја посетат зградата на […]
3. Надзорна расправа во Собранието за спроведувањето на националниот ПОВ план 2024-2026
Собранието е законодавна власт во системот на организација на државната власт во државата и суверен претставник на волјата на граѓаните. Во определбите за отвореност и транспарентност на законодавната власт Собранието е дел од Партнерството за отворена власт од 2018 година и тоа со посебна работна група, посебен Акциски план со заложби кон ПОВ и пристапи […]
2. Информирање на јавноста преку собранискиот ТВ канал
Собранието ќе ја продолжи реформата со целосна функционалност на собранискиот канал. Информирањето на јавноста преку собранискиот канал мора да биде квалитетна, навремена, редовна, предвидлива, преку неедитабилна содржина преноси во живо и пренос на снимки од пленарни седници и комисии совети и други активности, но и преку дизајн и продукција на сопствена содржина од собраниското ТВ […]
1. Регистар на регулаторни тела основани од Собранието
Освен законодавната, надзорната и претставничката функција, Собранието има и голема улога во формирање на разни регулаторни тела, агенции и органи, кои директно се одговорни за својата работа пред законодавецот. Почнувајќи од основањето, до именувањето на раководни лица во нив, членови на надзорни и/или управни одбори и слично, одобрување на нивните годишни програми за работа, годишните […]
Коментари
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.
Да се објавуваат месечни извештаи за имплементација на фазите од НАП за ПОВ, 2024-2026 со цел граѓаните да имаат увид во реализацијата и спроведување на нивните предлози.