3та седница на Советот за ПОВ (НАП6) – 23.12.2024
Дата: 23.12.2024Предмет: Покана за учество на 3-та седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026
Почитувани,
Ве покануваме на Третата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026, која ќе се одржи, на 23.12.2024 година (понеделник), со почеток во 9:00 часот, Свечена сала -Влада на Република Северна Македонија
Пропратни Документи за главните информации произлезени од Состанокот за Партнерство за отворена власт- Западен Балкан 2024, одржан во Тирана:
– Западен Балкан – Листа Факти
– Западен Балкан – забелешки од состанокот
За седницата се предлага следниот предлог на
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на Записникот од Втората седница на Советот, одржана на 5.06.2024
Точки на дневен ред
Точка | Наслов |
---|---|
1 | Информација за активностите и предизвиците во текот на имплементацијата на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 (Отворена влада, Отворен парламент и Отворено судство). |
2 | Презентација на главните информации произлезени од Состанокот за Партнерство за отворена власт- Западен Балкан 2024, одржан во Тирана, ноември 2024 година |
3 | Прашања и предлози |