Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
23 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5
Остварени Достигнувања: 0/5
Достигнувања кои се на чекање: 0/5
Неостварени достигнувања: 5/5
Достигнувања со значителен прогрес: 0/5
2.3.1 Развивање на онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning) и подготовка на електронски едукативни материјали и пристап до онлајн бази.
2.3.2 Систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса на веб-страницата на АСЈО
2.3.3 Јакнење на капацитетите на судиите за користење на е-learning платформата за континуирано учење
2.3.4 Објавување на статистички извештаи за активности на судиите во e-learning платформата за континуирано учење
2.3.5 Воспоставување модерна е-библиотека и е-архива.
2.3 Подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Новата веб-страница на Академијата за судии и јавни обвинители е пуштена во употреба во септември 2019 година, меѓутоа сè уште има простор и потреба од овозможување за модернизирање на работата на АСЈО преку овозможување на модерна платформа е-учење како за кандидати за судии и јавни обвинители така и за постојните судии и јавни обвинители, преку овозможување на вебинари и учење преку софистицирано пребарување низ документи достапни на модерна е-библиотека и е-архива. Надоградбата на е-библиотеката и архивата на АСЈО е неопходна, со цел да се обезбедат соодветни материјали за континуирана едукација на (идните) судии и јавни обвинители
Главна цел на заложбата
- Овозможување на полесен пристап до содржините за почетно и континуирано учење на судиите
- Преку онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning), модерна е-библиотека и е-архива ќе се овозможи полесен пристап до материјали за стручно усовршување на судиите
- Со систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса ќе се придонесе кон зголемување на квалитетна и еднаква правда за сите.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Како заложбата ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?
Преку заложбата за модернизирање на системот за основна и континуирана обука на судии и јавни обвинители, ќе се овозможи целосна достапност на основната и континуираната обука за слушателите, во услови кога учењето на далечина е единствената можност за доусовршување на капацитетите на судиите и обвинителите.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Заложбата предвидува јавно објавување и достапност на програмите и материјалите кои се користат за почетна и континуирана обука на судиите и јавните обвинители, вклучувајќи ги и заклучоците од средбите на четирите апелациони судови и Врховниот суд на РСМ што укажува за заложба за подобрување на транспарентноста на работата на АСЈО и судовите во РСМ и зголемување на квалитетот на судската правда.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа
Оваа заложба е важна за подобрување на квалитетот на судските одлуки во Република Северна Македонија преку подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите на Академијата за судии и јавни обвинители до којашто имаат пристап сите судии во РСМ.
Други вклучени субјекти
Институции
- Судски совет на РСМ
- Центар за правни истражувања и анализи
- Сите судови во РСМ
Организации
- Здружение на судии