Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 9

Остварени Достигнувања: 0/9

Достигнувања кои се на чекање: 0/9

Неостварени достигнувања: 9/9

Достигнувања со значителен прогрес: 0/9

Незапочнато

2.2.1 Потпишување на меморандум за соработка помеѓу МИОА и ЕСЕ

Индикатори: Потпишан меморандум за соработка
Незапочнато

2.2.2 Идентификување на теми од значење за градење на вештините на административните службеници од областа на транспарентност, отчетноста, корупцијата, доброто управување, граѓанското учество, итн

Примери: проактивно објавување на информации, обезбедување на информации во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер, како да препознаеш и спречиш корупција, кој е бенефитите од вклучување на граѓани во процесите на донесување одлуки и кои се механизми можеш да ги примениш, итн.

Индикатори: Подготвена листа на теми. Развиени стандарди (технички и содржински) кои обуките треба да ги исполнуваат. Развиени критериуми за селекција на материјали за е-учење (следна точка)
Незапочнато

2.2.3 Јавен повик за прибирање на материјали за е-учење кои се развиени и спроведуваат од страна на граѓански и други организации од областа на транспарентност, отчетноста, корупцијата, доброто управување, граѓанското учество, итн

Индикатори: Прибрани најмалку три предлози
Незапочнато

2.2.4 Бодување и селекција на добиени материјали.

Индикатори: Селектирани најмалку по 1 материјал/решение за е-учење на секоја тема
Незапочнато

2.2.5 Поставување на материјалите кои треба да бидат на македонски, албански и англиски на ЛМС - платформата

Индикатори: Поставена најмалку по една обука од секоја област на ЛМС
Незапочнато

2.2.6 Владата да донесе одлука за задолжително посетување на овие обуки на годишно ниво и поседување на сертификат)

Индикатори: Донесена одлука за задолжителност на обуките
Незапочнато

2.2.7 Внесување во програма за обуки - обуки на административните службеници

Индикатори: Внесени сите поставени обуки на ЛМС во програмата за обуки
Незапочнато

2.2.8 Известување на сите административни службеници за достапноста на обуките и потребата за нивно поминување.

Индикатори: Доставено известување до сите административни службеници
Незапочнато

2.2.9 Спроведување на обуките

Индикатори: 60 % од административните службеници добиле сертификат за помината обука

2.2. Воведување на задолжителна обука на административни службеници на теми поврзани со транспарентност и отчетност, борба против корупција, вклучување на граѓани во донесување одлуки, итн.

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Заложбата има за цел да допринесе кон унапредување на редовните годишни програми за генерички обуки на административните службеници, како и на специјализираните обуки кои се достапни на системот за учење на МИОА – (ЛМС). На овој начин  на административните службеници (на национално и локално ниво) ќе им се овозможи континуирано учење и стекнување на знаења преку обуки на теми поврзани со транспарентност и отчетност, борба против корупција, вклучување на граѓани во донесување одлуки, итн.  Оваа заложба, покрај унапредување на знаењата, има и за цел градење на континуирана соработка помеѓу граѓанските организации и МИОА во насока на споделување и искористување на постојани ресурси за заедничко учење, градење на вештини и соработка.

Во таа насока, постојаните обуки кои се обезбедуваат од страна на граѓанските организации во областите од интерес, ќе се прилагодат и стават достапни за континуирано градење на вештини на административните службеници, преку електронскиот систем за управување со учење (ЛМС), ќе се задолжат сите административни службеници еднаш годишно успешно да ги поминат развиените обуки поврзани со темите од интерес за оваа заложба преку  задолжување од Владата и на крај да се добие сертификат – да поседува сертификат дека успешно ги завршил поставените обуки кои ќе произлезат од оваа заложба.

Главна цел на заложбата

1. Каков проблем адресира заложбата?

Клучен проблем кој се адресира преку оваа заложба се ниските капацитети на јавните службеници за препознавање, пријавување и постапување во случаи на корупција; ниските капацитети на јавните службеници за идентификување и споделување на информации и податоци со јавноста; и ниските капацитети за создавање на механизми за континуирана комуникација со целните групи.

2. Кои се причините за проблемот?

Причината за овој проблем е тоа што јавните службеници немаат обврска да посетуваат обуки на овие теми. Покрај националните прописи, јавните службеници немаат можност на едно место да дојдат до релевантни информации, литература, примери, алатки, итн. кои можат да им помогнат во градењето на нивните знаења.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Во рамки на Министерството за информатичко општество и администрација делува Академија за  стручно усовршување на административните службеници која организира обуки за јакнење на капацитетите на јавните службеници. Дополнително, секоја година, по предлог на јавните службеници и извршена проценка од Министерството, се подготвува годишна програма за обуки на јавните службеници на различни теми, како на пример: стратегии, програми, комуникација, сајбер безбедност, итн. Обуките се спроведуваат преку порталот за електронско учење ЛМС. Во текот на 2023 година, МИОА спроведе постапка за унапредување на функционалноста на овој портал. Дел од јавните службеници во изминатиот период, имаа можност да присуствуваат на обуки поврзани со корупција, пристап до информации, вклучување на граѓани, кои ги организираа релевантни институции или пак ГОи. Овој пристап не овозможи да бидат опфатени сите вработени, а пак оние кои беа опфатени да имаат можност за унапредување на нивните знаења во овие области.

2. Какво решение предлагате?

Со цел да се овозможи сите јавни службеници да имаат пристап до содржини, материјали и обуки на теми поврзани со корупција, пристап до информации, и вклучување на граѓани, како и да се овозможи континуирано обновување на нивните знаења, оваа заложба ќе овозможи надградување на електронскиот систем за учење со содржини од горенаведените области кои во континуитет ќе бидат достапни и надградувани со најнови информации и содржини. Дополнително, овие обуки ќе бидат задолжителни за сите јавни службеници и истите ќе генерираат сертификат кој ќе биде клучен при мерењето на нивните перформанси.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Функционирањето на јавниот сектор како давател на услуги на граѓаните и бизнис заедницата, претставува најголем дел на секое општество. Без негово континуирано унапредување, односно модернизација, не е возможен севкупниот развој на државата. Оттука, основата на делувањето на секоја влада, покрај политики и стратегии, ја сочинува и стручна, професионална администрација. Знаењата и вештините на службениците, употребата на информатичко-комуникациските технологии треба да обезбедат ефикасен сервис за граѓаните. Со брзиот развој на општеството и преку дигитализацијата, се зголемуваат и очекувањата на граѓаните од работата на администрацијата. Исто така административниот капацитет е предуслов за испорака на договорените обврски кон Европската унија. Затоа е неопходно да се унапредуваат човечките ресурси и нивната изведба, што е примарна задача на стручното усовршување. Покрај стручноста на службениците, нивната посветеност на високи вредности како етичност, интегритет, одговорност, ефикасност, професионалност, и приспособливост генерираат доверба и сигурност кај граѓаните и бизнис заедницата.

Во таа насока, постојаните обуки кои се обезбедуваат од страна на граѓанските организации во областите од интерес, ќе се прилагодат и стават достапни за континуирано градење на вештини на административните службеници, преку електронскиот ЛМС, ќе се дава насоки и задолжување од Влада за да се посетат тие обуки и на краја да се добие сертификат – да поседува сертификат дека успешно ги завршил поставените обуки кои ќе произлезат од оваа заложба.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Информациите, материјалите, примерите, позитивната пракса, и алатките кои ќе им бидат презентирани за време на обуките, ќе придонесат кон унапредување на свесноста на јавните службеници за значењето, важност и можностите за унапредување на транспарентноста на институцијата во која работа

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Информациите, материјалите, примерите, позитивната пракса, и алатките кои ќе им бидат презентирани за време на обуките, ќе придонесат кон унапредување на свесноста на јавните службеници за значењето, важност и можностите за унапредување на одговорноста на институцијата за одлуките кои ги носи.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Информациите, материјалите, примерите, позитивната пракса, и алатките кои ќе им бидат презентирани за време на обуките, ќе придонесат кон унапредување на свесноста на јавните службеници за значењето, важност и можностите за комуникација и консултирање на јавноста пред донесување на клучни одлуки.



Напишете коментар