Лице за контакт

Борче Стојановски, Виш соработник и овластен за водење на Одделение за слeдење на имотна состојба и интереси s.borce@dksk.org.mk

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

2.2.1 Комплетирање на софтверско решение за регистар и анкетни листови

Индикатори: Софтверското решение е комплетирано, и вклучува модул за лесно пријавување на анкетна состојба и транспарентност на промена на имотната состојба низ време
Незапочнато

2.2.2 Иницијална фаза на прибирање податоци

Индикатори: Во првите три месеци од иницирање на новиот начин на пријавување, сите регистрирани лица со обврска за пријавување успешно ги пополниле податоците

2.2 Унапреден механизам за следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Еден од начините за намалување и спречување на нелегалното богатење на избраните и именуваните лица и несразмерно зголемување на нивниот имот, како резултат на злоупотреба на  функцијата, е функционален механизам за евидентирање и следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица. Во Македонија овој систем е релативно неефикасен, пред се од технички причини, што остава простор за недоволна транспарентност во делот на објавувањето на имотната состојба на функционерите и недоволна ефикасност во следење на нивната имотна состојба. ДКСК е ограничена во евидентирањето и следењето на имотната состојба на функционерите, во текот на вршењето на нивната функција. Истовремено, ДКСК нема целосен увид за вкупниот број функционери во Република Северна Македонија како и дали сите лица кои согласно член 82 од ЗСКСИ се обврзани да достават Изјава за имотна состојба и интереси ја исполниле својата обврска, бидејќи регистарот на именувани и избрани лица се уште не ја остварил функцијата за која е востановен.

Накратко, покрај на институциите, и на граѓаните им е ускратена можноста да имаат целосен увид во тоа кои се избраните и именуваните лица во државата, и која е и како се менува имотната состојба во периодот додека ја извршуваат  јавната функција.

Главна цел на заложбата

Воспоставување на функционален систем кој ќе ја поедностави проверката на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица и ќе им обезбеди на граѓаните соодветен увид на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица и преглед во промените на истите во периодот додека ја извршуваат функцијата.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Декларирањето на интересите и имотот е светски признаена алатка на транспарентност, која на граѓаните и на институциите им дава можност за поголем увид во имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица со што се придонесува за спречување на злоупотребата на службената положба за зголемување на имотната состојба и остварување на приватни интереси.

Историското следење на имотот е основа за контрола на ризикот од материјално богатење за време на јавната служба, додека контролата на интерес помага во набљудување како лицето одлучувало во текот на својата работа, и дали го довело приватниот пред јавниот интерес. Објавувањето на овие податоци во јасен, структуриран и отворен формат ќе овозможи изградба на лесни алатки кои на многу јасен начин ќе им ги покажуваат овие информации.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба потребен е буџет кој веќе е обезбеден за потребите на ДКСК (од централен буџет и меѓународна помош)

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија

Организации

  • Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје


Напишете коментар