Лице за контакт

Оливер Серафимовски, Советник, Одделение за соработка со имателите на информации и информирање на јавноста oliverserafimovski@komspi.mk

Датум на последното ажурирање

10 јули 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 2/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Завршено

1.2.1 Воведена обврска за секоја институција – имател на информации, задолжително да информира во својот годишен извештај што го доставува до АСПИ и за спроведување на членот 10 од Законот за слободен пристап кој предвидува обврска за имателите да ги објавуваат сите информации од своето работење на своите веб-страници.

Од вкупно 1445 иматели регистрирани иматели на информации од јавен карактер до кои беше доставен образец за Годишен извештај за 2021 година, во кој имателите требаа да ги достават линковите согласно членот 10, односно 22-те категории, 322 или 22,28% од имателите ја исполнуваат својата проактивна транспарентност, 934 или 64,63% не се активно транспарентни, додека 78 или 5,39 % се делумно транспарентни

Годишен извештај до Агенцијата доставија 1334, односно 92,32% иматели, а 111 или 7,68% не ја исполнија законската обврска.

Од вкупно 1449 иматели регистрирани како иматели на информации од јавен карактер до кои беше доставен образец за Годишен извештај за 2022 година, во кој имателите требаа да ги достават линковите согласно членот 10, односно 22-те категории, 334 или 23,05% од имателите ја исполнуваат својата проактивна транспарентност, 966 или 66.67% не се активно транспарентни, додека 104 или 7.18 % се делумно транспарентни

Годишен извештај до Агенцијата доставија 1404, односно 96,86% иматели, а 45 или 3,11 % не ја исполнија законската обврска.

Индикатори: Процент на институции (почнувајќи од 2021 година) што доставиле годишен извештај до АСПИ вклучуваат информации за спроведување на член 10 (таргет 50%) (Од 1440 иматели на информации, во 2020 година извештај до АСПИ доставиле 1132 институции, односно 79 % од институциите). Од 1445 иматели на информации од јавен карактер, Годишен извештај до Агенцијата доставија 1334, односно 92,32% иматели, а 111 или 7,68% не ја исполнија законската обврска. Информации за спроведување на членот 10 од Законот, односно линкувани податоци од своите веб страници за нивната проактивна транспарентност доставија 322 или 22,28% иматели, додека 934 или 64,63% не доставија информации за својата активна транспарентност. Процент на институции (почнувајќи од 2021 година) што доставиле годишен извештај до АСПИ вклучуваат информации за спроведување на член 10 (таргет 50%) (Од 1445 иматели на информации, во 2021 година извештај до АСПИ доставиле 1334 институции, односно 92,32 % од институциите). Од 1449 иматели на информации од јавен карактер, Годишен извештај за 2022 година до Агенцијата доставија 1404, односно 96,86 % иматели, а 45 или 3,11% не ја исполнија законската обврска. Информации за спроведување на членот 10 од Законот, односно линкувани податоци од своите веб страници за нивната проактивна транспарентност доставија 334 или 23,05% иматели, додека 966 или 66,67% не доставија информации за својата активна транспарентност.
Завршено

1.2.2 Воведена обврска за АСПИ за објавување збирна информација во својот годишен извештај и за спроведувањето на членот 10 од Законот за слободен пристап, а врз основа на добиените извештаи од имателите на информации.

Од страна на државните институции, обврската ја исполнија 91 имател, 44 недоставија известување за нивната проактивност, 5 делумно се транспарентни, додека за 6 иматели нема податок од причини што имателите не доставија извештај за нивната имплементација на законската обврска.

Од здравствените институции 5 иматели доставија извештај за оваа обврска, 5 иматели делумно се транспарентни, а 92 иматели не доставија линкови за да се мониторира нивната транспарентност. 8 иматели не доставија извештаи до Агенцијата во законскиот рок.

Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 52 иматела, 17 се делумно транспарентни, а 233 иматели не ја испочитуваа оваа обврска во своите извештаи. 23 иматели не доставија годишни извештаи.

Од образовните институции 441 иматели не се проактивно транспарентни, делумно се 33 иматели, а само 67 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации. Службените лица кај 38 иматели не доставија извештаи за имплементација на Законот.

Службените лица кај 52 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека 30 иматели не доставија линкови за почитување на членот 10. Делумно транспарентни се 5 иматели, додека 1 имател не достави извештај.

За проактивна транспарентност известуваат само 5 политички партии, 5 се делумно, додека 29 не известија за имплементација на членот 10 од Законот.  Извештај за својата работа по однос на слободниот пристап не доставија 18 иматели.

Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, 6 се делумно отчетни, додека 29 не известија за нивната проактивност во работата. 14 иматели не доставија Годишни извештаи.

Судската власт е прокативна кај 26 иматели, 2 иматели се делумно транспарентни, а 36 не прикажуваат податоци за проактивното објавување на информации од јавен карактер. Агенцијата за 3 иматели не може да ја прикаже транспарентноста од причини што истите не доставија извештај во законски предвидениот рок.

Од страна на државните институции, обврската ја исполнија 119 имател, 17 недоставија известување за нивната проактивност, 7 делумно се транспарентни, додека за 3 иматели нема податок од причини што имателите не доставија извештај за нивната имплементација на законската обврска.

Од здравствените институции 7 иматели доставија извештај за оваа обврска, 8 иматели делумно се транспарентни, а 92 иматели не доставија линкови за да се мониторира нивната транспарентност. 3 иматели не доставија извештаи до Агенцијата во законскиот рок.

Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 47 иматела, 31 се делумно транспарентни, а 238 иматели не ја испочитуваа оваа обврска во своите извештаи. 9 иматели не доставија годишни извештаи.

Од образовните институции 484 иматели не се проактивно транспарентни, делумно се 37 иматели, а само 46 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации. Службените лица кај 15 иматели не доставија извештаи за имплементација на Законот.

Службените лица кај 60 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека 23 иматели не доставија линкови за почитување на членот 10. Делумно транспарентни се 5 иматели.

За проактивна транспарентност известуваат само 6 политички партии, 4 се делумно, додека 35 не известија за имплементација на членот 10 од Законот.  Извештај за својата работа по однос на слободниот пристап не доставија 12 иматели.

Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, 9 се делумно отчетни, додека 39 не известија за нивната проактивност во работата. 2 имателa не доставија Годишни извештаи.

Судската власт е прокативна кај 25 иматели, 3 иматели се делумно транспарентни, а 38 не прикажуваат податоци за проактивното објавување на информации од јавен карактер. Агенцијата за 1 имател не може да ја прикаже транспарентноста од причини што истите не доставија извештај во законски предвидениот рок.

Индикатори: Број на институции за кои АСПИ објавил информации во годишниот извештај за спроведување на член 10 Агенцијата во Годишниот извештај за својата работа извести дека од страна на имателите на информации од јавен карактер обврската ја исполнија 398 иматели, од кои 76 се делумно транспарентни во однос на објавувањето на информации од јавен карактер на своите веб страници. Од државните институции, обврската ја исполнија 91 имател, а 5 делумно се транспарентни. Од здравствените институции 5 иматели доставија извештај за оваа обврска, 5 иматели делумно се транспарентни. Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 52 иматела, 17 се делумно транспарентни. Од образовните институции само 67 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации, додека делумно се 33 иматели. Службените лица кај 52 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека делумно транспарентни се 5 иматели. За проактивна транспарентност известуваат само 5 политички партии, а 5 се делумно. Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, а само 6 се делумно отчетни. Судската власт е проактивна кај 26 иматели, додека само 2 иматела се делумно транспарентни, односно проактивно отчетни. Број на институции за кои АСПИ објавил информации во годишниот извештај за спроведување на член 10 Агенцијата во Годишниот извештај за својата работа извести дека од страна на имателите на информации од јавен карактер обврската ја исполнија 334 иматели, од кои 104 се делумно транспарентни во однос на објавувањето на информации од јавен карактер на своите веб страници. Од државните институции, обврската ја исполнија 119 имател, а 7 делумно се транспарентни. Од здравствените институции 7 иматели доставија извештај за оваа обврска, 8 иматели делумно се транспарентни. Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 47 иматела, 31 се делумно транспарентни. Од образовните институции само 46 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации, додека делумно се 37 иматели. Службените лица кај 60 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека делумно транспарентни се 5 иматели. За проактивна транспарентност известуваат само 6 политички партии, а 4 се делумно. Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, а само 9 се делумно отчетни. Судската власт е проактивна кај 25 иматели, додека само 3 иматели се делумно транспарентни, односно проактивно отчетни.

1.2 Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб-страниците на институциите

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Заложбата се однесува на т.н. активна транспарентност на институциите што подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации од јавен карактер.

Заложбата треба да им овозможи на граѓаните, фирмите и на сите други заинтересирани групи брз, лесен и континуиран пристап до основните информации за работењето на државните институции.

Иако од крајот на 2019 година, со новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер, објавувањето на овие информации на веб-страниците на институциите е задолжително, сепак многу мал број од нив ја спроведуваат оваа обврска. Според последниот Индекс на активна транспарентност за 2021 година на ЦГК, министерствата и Владата објавуваат просечно 79% од овие информации, додека општини само 60%. Поединечните проценти се движат од 10% до 100%. Истото мерење кај јавните претпријатија покажува дека објавуваат 41% од овие информации. Се проценува дека кај другите институции (околу 1.200) кои не се под мониторинг на граѓанскиот сектор, објавувањето е уште помало, а е од еднакво значење за животот на граѓаните.

Во меѓувреме, Владата презема неколку мерки за да го поттикне објавувањето на овие информации, но повторно само  кај владините институции, кај општините и кај јавните претпријатија чијшто основач е таа.

И Државниот завод за ревизија, во извештајот од ревизијата на успешност за Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб портали констатира дека „Постојниот квалитет на услугите кои ги обезбедуваат ЕЛС на веб порталите не обезбедува ефективна и брза услуга и не е овозможен ист третман, еднаков пристап и достапност за секој граѓанин.“

Главна цел на заложбата

Заложбата вклучува засилени напори од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за подобрување на активната транспарентност кај имателите на информации.

Пред да почнат засилените напори за активна транспарентност кај владините институции и општините, во 2016 година, просечното објавување на информации кај овие институции беше 45%, додека пред ваквите активности кај јавните претпријатија, тие објавуваа само 28% од информациите. Имајќи го предвид порастот на активната транспарентност кај овие институции по преземањето на конкретните мерки, се очекува подобрување и кај сите останати институции.

Со остварувањето на заложбата ќе се зголеми достапноста на информациите кои се важни за животот и работењето на луѓето, а ќе се намали притисокот за добивање информации преку барања за слободен пристап.

Соодветниот и навремен пристап до информации е предуслов за ефективно учество на граѓаните во креирањето политики и за квалитетно и навремено добивање на услугите од државните институции.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Се смета дека самата обврска за институциите да информираат на годишно ниво за степенот на почитување на членот 10 од законот, односно за обемот на објавување на основните информации за нивното работење ќе продонесе кон зголемено објавување на овие информации и почитување на членот 10, за кое непочитување не се предвидени прекршочни одредби во законот.

Со изготвувањето и објавувањето на извештај за почитувањето на членот 10, ќе им се овозможи на граѓаните и на граѓанските организации да имаат поголем увид во степенот на објавување на основните информации од страна на институциите, а со тоа да го засилат притисок врз институциите за објавување повеќе информации.

Инаку, со остварување на заложбата, институциите ќе обелоденуваат:

  • информации за регулативата и за одлуките на властите, со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството;
  • информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите;
  • информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и
  • информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции.

И самата институција којашто објавува информации врз проактивна основа остварува корист по неколку основи:

  • активната транспарентност ѝ помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари;
  • на тој начин институцијата ги промовира принципите на добро владеење и интегритет и

институцијата е поефикасна бидејќи подобро управува со информациите со коишто располага.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи сите предвидени активности се дел од редовното работење на институциите,  како и на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (АСПИ).

Заложбата е поврзана со Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ, Планот за борба против корупцијата на Владата на РСМ, препораки од Функционалната анализа на АСПИ.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија

Организации

  • Центар за граѓански комуникации


Напишете коментар