Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 2/2

Значително

Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно спроведената функционална анализа

  • Собранието продолжи стратешки да планира цели и активности во Стратешкиот план на Собранието за 2019 – 2021 година, и последната ревизија на планот 2021-2023 кој беше донесен од Буџетскиот совет на Собранието на 10.12.2020 година
  • Донесена е “Стратегија за управување со ризици на Собранието 2018-2020” и “Регистар на ризици” бр. 01-6730/1 од 20.11.2018 година. За спроведување на стратегијата беше формирана работна група за управување со ризици со која се определени лица за координатори на ризици по сектори/одделенија и е назначен координатор за воспоставување на процесот на управување со ризици. Стратегијата е објавена на веб страната на Собранието, https://www.sobranie.mk/content/akti%20generalen/стратегија%20за%20ризици%20на%20СРМ.pdf а сите вработени се запознаени со нивната улога, овласувања и одговорностите во процесот на управувањето со ризиците. – Стратегијата за управување за ризици тековно и во 2020 година се ажурира од сите Сектори на Собранието.
  • Донесени се Измени и дополнувања на Законот за Собранието во 2019 година, ЗАКОН ЗА СОБРАНИСКА СЛУЖБА.pdf (sobranie.mk) со што се постигна административна независност на парламентарната служба.
  • Во соработка со Вестминстер фондацијата за демократија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Собранието, беше изготвена “Функционална Анализа за Службата на Собранието. ФА има за цел да даде реална и целосна слика на подготвеноста на институцијата на краток и среден рок да ги спроведе неопходните подобрувања за подобро вршење на нејзините основни функции.
  • Во насока на подобро вршење на функциите на Собранието беше формирана работна група со Решение бр.02-2510/1 од 05.04.2018 година за изготвување на Правилник за внатрешна организација на Службата на Собранието и Правилник за систематизација на работните места во Службата на Собранието врз основа на Функционалната анализа и Ревизорскиот извештај.
    Измените на правилниците се подготвени и се пред донесување во моментот на пишување на информацијата, со цел правата и обврските да почнат да се применуваат од 2021 година
  • Во функција на спроведување на системот за управување со ефектот на административните службеници и врз основа на спроведено оценување за 2018 година за прв пат исплатен надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец од годината за која се вршело оценувањето. Заради ковид 19 пандемијата оваа активност не можеше да се примени во 2020 година.
  • Беше реализирано правото за исплата на додаток на плата за степeн на кариера за сите државни службеници кои го стекнале ова право. На ваков начин се промовира награда и мотивација на вработните во администрацијата, како резултат на нивната успешност во работењето.

Во Собранието во 2019 година беше извршена транзиција на ИСО Стандардот за квалитет во новата верзија 9001:2015.
Согласно аудитот од сертификационото тело и успешно имплементираните барања на новата верзија од стандардот 9001, Собранието се стекна со Сертификат за квалитет ИСО 9001:2015.

Индикатори:
Значително

Донесување на годишен план за генерички и специјализирани обуки на државните службеници

  • Во функција на зајакнување на општите компетенции на административните службеници беа носени Годишни планови за обуки за Службата на Собранието за 2018, 2019 и 2020 година.
  • Во Годишниот план за вработувања за 2019 година беа предвидени 16 нови вработувања и 17 унапредувања на административни службеници. Со тоа, ќе се зајакнат капацитетите на собраниската служба во Парламентарниот институт, Секторот на генералниот секретар, Кабинетот на претседателот на Собранието, Секторот за седници, Секторот за административни работи и Секторот за ИКТ. Заради ковид пандемијата во 2020 година не се спроведоа постапки за вработувања и според предложениот план за 2021 година се предвидени 25 нови вработувања и унапредувања.
  • Како систем за спроведување на специјализирани обуки во функција на зајакнување на административните капацитети беа донесени Годишни планови за спроведување обуки од Парламентарниот институт за 2018 , 2019 и 2020 година.
  • Согласно плановите во периодот на известување беа спроведени 9 обуки
  1. Професионална етика и интегритет;
  2. Подготовка на План на активности на ПИ за 2019 година;
  3. Стратегија за управување со ризици;
  4. Изработка на прирачници за користење на електронските системи на Парламентарниот институт: Систем за управување со барање (RMS), Е-библиотека и Е-архива;
  5. Стандардизирање на формата и содржината на извештаите и записниците од работните тела во Собранието и изработка на насоки за организација на службените патувања за пратеници
  6. Основни и напредни функционалности на програмата за табеларни пресметки Excel (серија работилници);
  7. Новите функционалности на најновата верзија на софтверот за преведување ТРАДОС;
  8. Пристап кон прашањето на хендикеп – комуникација со лицата со хендикеп.
  9. Преглед на Регистарот на ризици на Собрание на РМ;

 

Во насока на стандардизација на извештаите и записниците кои произлегуваат од работата на работните тела на Собранието, Секторот за работни тела во соработка со Парламетнарниот институт, МОСТ, НДИ одржа една работилница на која се подготви прв драфт на овие форми на документи кои произлегуваат од законодавниот процес. Во тек е процесот на изработка на документите.

Собранието во соработка со Центарот за европски безбедносни студии (ЦЕСС), Холандија спроведе активности за зајакнување на административните капацитети, со три работилници за зајакнување на комуникацијата и координацијата помеѓу граѓанските организации и парламетнарната служба.

 

Во периодот на известувањето беше покрената иницијатива за изготвување на правен акт за номо-технички правила за изготвување на закони. Дополнително, во врска со ова беше спроведен Проектот за поддршка на Собранието финансиран од Европската Унија на тема Основни принципи за изработка на закони и номо – технички правила. Подготовен е предлог текст на актот.

  • Во функција на зајакнување на надзорната улога на Собранието, беа превземени активности за создавање на основа за разгледувањето на конечните ревизорски извештаи од Собранието. Подготовката на решението е во тек.
  • Во функција на подобрување на капацитетите за примена на Законот за јазици, и обезбеден превод за заедниците кои не се мнозинство, Собранието набави 16 софтверски лиценци за превод традос. Со ова се гради мета база за преводи што треба да го скрати времето потребно за обезбедување на материјали на повеќе јазици. https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/cebbadeb-86e7-451d-922c-ae38950baa05/5

Во функција на зголемување на капацитетите за вршење на надзорната функција на законодавната власт, Собранието склучи Меморандум за соработка со Вестминстер Фондацијата за основање на парламентарна буџетска канцеларија. Канцеларијата се екипираше и почна со давање на услуги за пратениците.

Индикатори:

Зајакнување на собраниската служба за да може собранието да одговори на зголемените одговорности, преку пополнување на испразнети места и обука на службениците

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно спроведената функционална анализа и донесување на годишен план за генерички и специјализирани обуки на државните службеници.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар