Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 7

Остварени Достигнувања: 1/7

Достигнувања кои се на чекање: 0/7

Неостварени достигнувања: 0/7

Достигнувања со значителен прогрес: 6/7

Завршено

Поставување на електронски информативни табли со податоци за финансиското работење на веб страните на општините Чаир, Велес, Охрид, Струмица, Свети Николе и Валандово

 Достигнувањето е реализирано во целост. Електронските информативни табли со податоци за финансиското работење (квартални извештаи К1, К2 и К3) се поставени на веб страницата indikatori.opstinskisoveti.mk како и на веб страните на 6-те општини (Чаир, Велес, Охрид, Струмица, Свети Николе и Валандово),  и тие редовно се ажурираат (на квартална основа).
Индикатори:
Референци
Значително

Имплементација на дополнителна алатка (по една во 24 општини) заради внесување на иновации во управувањето.

Со цел подобрување на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во работата на општинските совети, а преку набавка на соодветна IT, видео и адуио опрема, се имплементира иновативна алатка – live streaming (пренос во живо) на седниците на советот на официјалните youtube канали, facebook и веб страници во вкупно 13 општини. Во моментов, 11 општини веќе ги пренесуваат во живо седниците на советот (Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Охрид, Чаир, Кавадарци,) Брвеница, Желино, Берово, Битола)

, а до средината  на 2020-та година, оваа алатка ќе биде имплементирана и во дополнителни 5 општини (Богданци, Вевчани, Крушево, Кочани и Могила)

). До 3 квартал на 2020 година се планира да бидат имплементирани иновативни алатки во уште 8 општини, со што ќе бидат опфатени сите 24 планирани. Во 7 со ИКТ технологија ќе се подобрат ВЕБ страниците на општините, а во општина Гостивар ќе биде  поставен Е-киоск заради подобрување на испораката на јавните услуги.

Индикатори:
Значително

Поддршка на имплементацијата на проекти во вкупно 24 општини во соработка со граѓаните и ГО

Преку Форумите во заедниците што се оддржаа во Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид, граѓаните од овие општини, заедно со претставниците на локалната власт, граѓанските и младинските организации, бизнис секторот, како и претставниците од образованието и социјалната заштита, ги избраа и веќе се финализирани   6 проекти по еден во секоја од општините.. Проектите, за чија реализација се предвидени 50.000 швајцарски франци за секоја од општините, имаат за цел подобрување на социјалните услуги за најранливите категории граѓани, со кои подеднакво се решаваат потребите на мажите и жените и различните етнички групи.

До ноември 2019 година беа избрани  проекти во дополнителни 9 општини (Центар, Куманово, Брвеница, Гостивар, Желино, Струга, Могила, Кочани и Кавадарци) кои ќе бидат имплементирани во третиот квартал  на 2020 година.

Индикатори:
Значително

Поставување на електронски информативни табли со податоци за финансиското работење на веб страните на нови 18 општини

Во сите 24 општини се поставени електронските табли со податоци за финансиското работење (квартални извештаи). (Чаир, Велес, Охрид, Струмица, Свети Николе и Валандово, Центар, Куманово, Брвеница, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци,  Желино, Берово, Битола, Крушево, Вевчани, Богданци, Могила, Чашка, Тетово, Зрновци и Ѓорче Петров)

Индикатори:
Значително

Подготовка на Водич и адаптација на ВЕБ страниците на општините од Источниот плански регион за лицата со попреченост.

Достигнувањето е реализирано во целост. Подготвен е Водич за адаптација на веб страни за зголемена пристапност на лицата кој ги проширува и дополнува активностите во 11 општини во Источниот дел на Македонија, а со цел да се добие основен увид во тоа како лицата со попреченост пристапуваат до веб-страниците и како може да им се олесни навигацијата, пребарувањето и прелистувањето на истите. Водичот е наменет за стручните лица, вработени во општините кои имаат обврска за оддржување на веб страницата на општината, со цел да се овозможи соодветно упатство и препораки за адаптација на техничките и содржинските аспекти на вебстраниците на секоја од 11те општини во овој регион. Веб пристапноста се однесува на инклузивната практика на отстранување на бариери кои ја спречуваат интеракцијата со или пристапот до веб-страниците од страна на лицата со попреченост. Кога веб страните се правилно дизајнирани, развиени и уредувани, сите корисници имаат еднаков пристап до информации и функционалност.

http://inkluziva.mk/wp-content/uploads/2019/02/Vodic-za-adaptacija-na-web-strani.pdf

Обезбедена е ВЕБ пристапност  со отстранување на бариери кои ја спречуваат интеракцијата со или пристапот до веб-страниците од страна на лицата со попреченост на веб-страниците на општините во Источниот плански регион (Виница, Штип, Делчево, Берово, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и ЧешиноОблешино)

http://inkluziva.mk/wp-content/uploads/2018/12/Izvestaj-za-pristapnost-na-web-strani-final.pdf

Индикатори:
Значително

Обуки за пристап до информации за лица со попреченост

Спроведени се 6 обуки со вкупно 107 учесници, државни службеници. http://inkluziva.mk/2019/03/01/објавени-инфографици-од-проектот-при

Индикатори:
Значително

Кампања за правото на еднаков пристап до информации и услуги на локално ниво за сите граѓани.

Организирани се една тркалезна маса со 35 учесници и една јавна дебата, со 32 учесници. Се мониторираат ВЕБ страниците на 11 општини.

Индикатори:

Воспоставување на нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на ЕЛС и на социјалната инклузија

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Воспоставување на електронски табли во општините како многу достапен начин за информирање на членовите на советите и воопшто на граѓаните за клучните финансиски податоци од работењето на општината и јавните служби, преку автоматско преземање на кварталните извештаи за реализацијата на буџетот подготвени од страна на општинската администрација и нивна достапност за членовите на советите и за јавноста со помош на контролните табли. Податоците се објавуваат на начин кој што ќе биде разбирлив за членовите на советите кои што не се финансиски експерти, како и за граѓаните. Целта е со поголема информираност, членовите на советите да можат поодговорно да ја вршат контролната функција, како и да донесуваат одлуки врз основа на информации и во тесна соработка и во консултација со граѓаните. Имплементација на проекти кои што ќе го поттикнат инклузивниот пристап во донесувањето на одлуките. Исто така и прилагодување на ВЕБ страниците на општините на потребите на лицата со попреченост, со цел да се овозможи пристап до информации и поголема вклученост и на овие лица во процесите на донесување на одлуки.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар