Повеќе Информации за Мрежата

Мрежата уште од своите почетоци учествуваше во подготовката на тогашниот (петти) акциски план, како и во креирањето на моделот, формирањето и работата на формалнo тело за координација и мониторинг согласно насоките и стандардите на ПОВ (т.н. Форум на повеќе засегнати страни, Управен комитет или Совет за ПОВ), т.е. организиран и востановен модел за координација и вклученост на граѓанското општество, институциите и другите засегнати страни во процесот на развој и имплементација на ПОВ.

 

Мрежата придонесува да се создаде структура за консултација и координација во граѓанското општество и помеѓу владата, граѓанските организации, граѓаните и другите заинтересирани страни за дизајнирање, спроведување, поддршка, промоција и мониторинг на приоритетите и иницијативите на ПОВ.

 

Мрежата овозможува размена на идеи, знаења и искуства на граѓанските организации за градење на пофункционални јавни институции.