Скопје, 22 септември 2020
На 21 септември се одржа петтата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.
Седницата ја организираше и претседаваше г-дин Мартин Тодевски, ко-претседател на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (Совет) и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 годин (НАП).
На седницата учествуваа 9 членови на Советот, како и Гордана Гапиќ Димитровска – Национална координаторка за Отворено владино партнерство при Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Адриан Абази и Станислав Василковски – МИОА.
По усвојувањето на предлог-дневниот ред, членовите на Советот ги разгледаа, дискутираа и усвоија следните предлог-документи: Нацрт-Записник од четвртата седница на Советот за координација и следење на процесот на ОВП одржана на 29.07.2020 година, Едукативен материјал за Отворено владино партнерство и Нацрт-Приоротетните области и работни групи за ко-креирање согласно доставените пријави за учество во процесот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023.
Ивона Сталевска, во име на Работната група (формирана од Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година во состав: Дарко Антиќ од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Надица Јософовски од МИОА, Ели Чакар од Министерство за локална самоуправа и Ивона Сталевска од Фондација Отворено општество – Македонија), задолжена за подготовка на Едукативниот материјал, ја презентираше динамиката на работа на Групата и содржината на подготвениот материјал.
Гордана Гапиќ Димитровска даде осврт на Нацрт-Приоротетните области и работни групи за ко-креирање согласно доставените пријави за учество во процесот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023, чија содржина беше креирана врз основа на Постапката за спроведување на консултации со јавноста за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.
Гласањето по точките на дневен ред се одвиваше електронски од страна на секој присутен член на Советот.
Двајца претставници од стручно-административната служба на МИОА и Ивона Сталевска (членка на Советот и координаторка на Мрежата на граѓански организации за ОВП) обезбедија административна и логистичка поддршка за подготовка и организација на седницата.