Одржани работни средби со Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на редовните активности во процесот на координација на иницијативата за Партнерство за отворена власт и посветената поддршка на институциите и организациите вклучени во овој процес, во периодот 12-14.07.2022 година спроведе поединечни работни средби со Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Целта на работните средби беше во насока на поддршка на процесот на имплементација и известување за Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година. Во текот на работата се оствари дискусија за статусот на реализација на заложбите и достигнувањата од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година, начинот на работењето на работните подгрупи и подготовка на придонеси за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година и користење на порталот www.ovp.gov.mk.

 

На работните средби активно учество земаа претставниците на институциите и граѓанските организации во петте приоритетни области Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност,  Спречување на корупција и промовирање на добро владеење , Унапредување на испораката на јавните услуги,  Пристап до правда  и Животна средина и климатски промени и дискусија се оствари за 23 заложби.

 

Сите новини во однос на иницијативата за Партнерство за отворена власт се достапни на порталот www.ovp.gov.mk.

СОВЕТОТ ЗА ОТВОРЕНО СУДСТВО ГО УСВОИ ДЕЛОВНИКОТ ЗА РАБОТА И ИЗБРА КО-ПРЕТСЕДАТЕЛИ

Советот за Отворено судство денеска во Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одржа својата втора седница на која беше усвоен Деловникот за работа на Советот за Отворено судство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На денешната седница за ко-претседатели на Советот за Отворено судство беа избрани Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Жарко Хаџи – Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи.

 

Во своето обраќање претседателката на Врховниот суд истакна дека Отвореното судство има за цел да ја унапреди транспарентноста на судовите и да ја зголеми довербата кај граѓаните, но и да послужи како механизам за подобрување на статусот на судството преку целосно почитување на начелото на независност во сите облици – институционална, функционална и финансиска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На денешната седница беше нагласено дека преку Советот за Отворено судство ќе се поттикне отвореноста на работата на судовите и правосудните институции и ќе се поттикне учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата Отворено судство во Република Северна Македонија.

 

Советот за Отворено судство е тело во кое членуваат претставници од сите судски инстанци и претставници на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители, Здружението на судии, Здружението на судска администрација, Центарот за правни истражувања и анализи, Институтот за човекови права, Македонското здружение на млади правници и Коалицијата „Сите за правично судење“.

 

ИЗВЕШТАИ ЗА ИЗВРШЕНА ПРОВЕРКА НА ОБЈАВЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ ИМАТЕЛИТЕ СЕ ОБВРЗАНИ ДА ГИ ОБЈАВАТ НА СВОИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно своите надлежности за зголемување на активната транспарентност на имателите на информации од јавен карактер, а во насока на доследно спроведување на одредбите од Законот за СПИЈК и остварувањето на правото на граѓаните за слободен пристап до информации, спроведе четири мониторинзи на интернет страниците на јавните претпријатија и установи во надлежност на Општините, Општините и Центрите за развој на плански региони во Република Северна Македонија, на државните институции, како и на основните, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд, Врховниот суд и Судскиот совет во врска со почитување на членот 10 од Законот. Треба да напоменеме дека со Мониторинзите не се прави анализа на содржините, односно на квалитетот на објавените информации.

Мониторинзите се спроведен согласно новата методологија имплементирана во соработка со надворешни експерти, ангажирани од ИПА II Проектот „Транспарентност и 4 отчетност на јавната администрациија“, чиј корисник е Агенцијата. Изготвениот прашалник содржи вкупно 30, односно 40 прашања кои произлегуваат од членот 10 од Законот, а се во согласност со нивните надлежности. Некои од нив содржат едно или повеќе подпрашања, а максималниот број на можни бодови изнесува 50-56 бодови. Имателите за објавените податоци добиваат 0, 0.5 и 1 бод, зависно од бројот и ажурираноста на објавените документи. Прашалниците се дистрибуираат до имателите, од кои се бара сами да извршат евалуација на сопствената транспарентност.

Извештаите од мониторинзите можете да го симнете на следните линкови:

 

https://aspi.mk//wp-content/uploads/2022/07/ИЗВЕШТАЈ-ОД-МОНИТОРИНГ-НА-ЈАВНИТЕ-ПРЕТПРИЈАТИЈА-И-УСТАНОВИ-ПОД-НАДЛЕЖНОСТ-НА-ОПШТИНИТЕ.pdf

 

https://aspi.mk/wp-content/uploads/2022/07/ИЗВЕШТАЈ-ОД-МОНИТОРИНГ-НА-ОПШТИНИТЕ.pdf

 

https://aspi.mk/wp-content/uploads/2022/07/ИЗВЕШТАЈ-ОД-МОНИТОРИНГ-НА-ДРЖАВНИ-ИНСТИТУЦИИ.pdf

 

https://aspi.mk/wp-content/uploads/2022/07/ИЗВЕШТАЈ-ОД-МОНИТОРИНГ-НА-СУДСКА-ВЛАСТ-2022.pdf

 

или директно преку линкот: https://aspi.mk/брошури/

Обука за градење на капацитетите на членовите на работните групи формирани во рамки на Мрежата на ГОи за ПОВ

На 06 јуни 2022 година, преку платформата ЗООМ се одржа еднодневна обука за градење на капацитетите на членовите на работните групи формирани во рамки на Мрежата на ГОи за ПОВ. На обуката присуствуваа повеќе од 10 членки на мрежата на граѓански организации кои работат на ПОВ.

 

Обуката беше фацилитирана од Здружението ЕСЕ, а во спроведувањето на истата учествуваа Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка во ФООМ; Гордана Гапиќ Димитровска, државен советник во МИОА; Андреас Павлоу, постар истражувач за Европа во ПОВ; Едип Билал, програмски директор во НДИ; Дарко Антиќ, финансиски директор и програмски координатор во ЕСЕ; и Герман Филков, претседател во ЦГК.

Обуката се состоеше од воведно обраќање во кое беа презентирани клучните придобивки на граѓанските организации од учеството во ПОВ и државата од партнерството развиено со граѓанските организации во рамки на иницијативата на ПОВ; запознавање со ПОВ иницијативата на национални и глобално ниво; и дискусија по однос на проблемите кои се адресираат со Акцискиот план за ПОВ 2021 – 2023 година во рамки на секоја од приоритетните области.