На 4 јуни се одржа е-работилница „Управување темелено на интересите и потребите на граѓаните“на која учествуваа претставници од институциите, граѓанското општество и претставници на Секретаријатот за Отворено владино партнерство (ОВП).
Република Северна Македонија е дел од глобалната инцијатива Отворено владино партнерство, меѓународна платформа преку која соработуваат институциите и граѓанското општество со дел да се обезбеди транспарентност и отчетност на властите пред граѓаните. Согласно прифатените обврски, Северна Македонија има усвоено четири Акциски планови (2012, 2014, 2016 и 2018) и постојано работи на подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавните институции, зголемување на транспарентноста и пристапот до информации, унапредување на квалитетот на јавните услуги за граѓаните и деловните субјекти.
Во моментот активно се работи на финализирање на петтиот ОВП Акциски план 2021-2023 во рамки на приоритетните области: Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност; Спречување на корупција и промовирање на добро владеење; Испорака на јавни услуги и Пристап до правда.
Е-работилницата имаше за цел да обезбеди финализирање на заложбите, од приоротетните области Пристап до правда и Испорака на јавни услуги, кои ќе бидат вклучени во новиот акциски план преку соодветен преглед на веќе сработеното во тесна соработка со клучните службеници од институциите и преставници на граѓанските организации, преку:
· подобрено разбирање за ОВП неговите барања, насоки и добрите практики на Советот за ОВП и Мрежата на граѓански организации за ОВП;
· запознавање со статусот и резултатите од процесот на ко-креација на Националниот акциски план;
· утврдување на важноста и придобивките од дијалогот при финализирање на заложбите што треба да бидат вклучени во Националниот акциски план на ОВП;
· обврзување за понатамошна вклученост и учество во процесите на финализирање на НАП 2021-2023.
Стратешкиот дел од е-работилницата на која учествуваа 50 учесници, го отвори ГОРДАНА ГАПИЌ ДИМИТРОВСКА, Национална координаторка за ОВП во РСМ, која даде осврт во целите на работилницата и истакна дека овој настан претставува продолжение на Министерскиот состанок чиј домаќин беше Премиерот на Владата на РСМ каде беше потврдена заложбата на Владата да ги продолжи своите напори за подобрување на ефикасноста и ефективноста во јавните институции преку употреба на технологии и иновативни решенија за пресретнување на интересите и потребите на граѓаните бидејќи оваа работилница е плод на досегашната соработката помеѓу јавните службеници и граѓанскиот сектор.
Беше потенцирано дека по е-работилницата ќе претстојат дополнителни куси состаноци помеѓу подносителите на заложбите и надлежните институции со цел финализирање на содржината и комплетирање на петтиот Национален акциски план кој наредниот месец треба да влезе во владина процедура за негово усвојување.
ПОЛ МАСЕН, Генерален секретар, ОВП, го истакна значењето за РСМ на ОВП иницијативата осврнувајќи се на стратешката поддршка од ОВП на национално и локално ниво. Истакна дека особено ги цени сите достигнувања направени до сега од вклучувањето на земјата во ОВП иницијативата во 2011 и политичката волја, силната посветеност и колективното разбирање на Владата во реформската агенда за што сведочеше и Министерската средба на високо ниво одржана во април 2021 година. Оттука, нагласи дека РСМ е една од приоритетните земји на ОВП кои ја уживаат поддршката од Секретаријатот за ОВП и дека служи како пример за добри практики и успешни реформи.
Посочи дека се видливи првите напредоци во областа Пристап до правда и Испорака на јавни услуги, темите кои беа предмет на работа особено во вториот дел од средбата со цел да се прифатат заложби, процеси и идеи кои ќе обезбедат нов, ефикасен и ефективен начин на кој властите ќе им служат на граѓаните и ќе одговорат на нивните потреби.
Истакна дека радува вклучувањето на заложби во областа Пристап до правда и во следниот АП кои се однесуваат на маргинализираните групи граѓани, особено што претставува продолжување на успешната имплементација на заложбите од циклусот 2018-2020, преку кои РСМ е единствената земја од Западен Балкан која областа Пристап до правда ја предвиде како составен дел од ОВП АП 2018-2020 и служи како инспирација и пример за останати земји ширум светот да ја сторат истата добра и успешна практика.
Во делот Испорака на јавни услуги се осврна на нивното значење како платформа за дијалог за најразлични прашања и важноста од обезбедување на инклузија за сите граѓани и одговор од Владата. Она што е особено важно, додаде Пол Масен е да се обезбеди имплементација на предложените заложби, односно реѕлтати кои ќе доведат до подобрување на животите на сите граѓани.
Во продолжение, челновите на Советот за ОВП, ИВОНА СТАЛЕВСКА, Фондација Отворено општество – Македонија и ДАРКО АНТИЌ, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, го презентираа статусот на предлог-заложбите во приоритетните области Пристап до правда и Испорака на јавни услуги.
Сталевска и Антиќ хронолошки го презентираа консултативниот процес на ко-креација во двете области, започнувајќи од изработката на документите кои го регулираат процесот, одржаните 3 онлајн информативни средби за едукација, 12 онлјан средби за идентификување на проблеми, одговорни институции и потребата од нивно можно преточување во заложби и низа индивидуални состаноци, со институции и граѓански организации во секоја област одделно. Дополнително, ги информираа присутните за идентификувани проблеми во областите од почетокот на консултативниот процес и нивното преточување во нацрт-заложби за петтиот ОВП АП 2021-2023, давајќи осврт на нивната содржина, подносителите на секоја заложба одделно и водечкитеинституции заедно со останати вклучени субјекти важни за спроведување на заложбите.
Одговор обезбедија државните секретари на Министерството за правда, ФОРСИНА ТАСЕВСКА и Министерството за труд и социјална политика, РЕСМИ ЕЈУПИ кои ги поздравија напорите и соработката со граѓанскиот сектор и дадоа осврт кон секоја предлог-заложба одделно во наделжност на својата институција
Во нивните излагања дадоа поддршка на процесот и упатија на потребата од вклучување на предложените заложби во следниот акциски план по доуредување на содржина.
Членовите на Советот за ОВП, Ивона Сталевска и Дарко Антиќ го фасилитираат оперативниот дел од е-работилницата каде беа дискутирани нацрт-заложбите од двете области за кои беше увидено дека има потреба од дополнителна доработка и усогласување на дел од содржината. Работата беше координирана од конуслтантот Мајкл Кањарес и претставници на Секретаријатот за ОВП, каде врз основа на развиени прилози за работа во работни групи преку дискусија помеѓу подносителите на нацрт-заложбите и надлежните иснтитуции беше постигната целта на работилницата.
Со цел финализирање на заложбите од приоритетните области Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност и Спречување на корупција и промовирање на добро владеење, на 14 јуни 2021 ќе биде одржана и втората е-работилница „Транспарентност и отчетност во јавниот сектор“.