Одржана четврта седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020

Скопје, 31 јули 2020

На 29 јули се одржа четвртата дописна седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

На четвртата седницата учествуваа: На 4-та дописна седницата учествуваа: Маја Петковска Лесес – Кабинет на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност; Герман Филков – Центар за граѓански комуникации; Маја Коневска – Државна комисија за спречување на корупцијата; Миша Поповиќ – Институт за демократија „Социетас Цивилис“; Горан Мојаноски – Министерство за финансии; Дарко Антиќ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените; Надица Јосифовски – Министерство за информатичко општество и администрација; Мартин Тодевски – Центар за управување со промени; Ели Чакар – Министерство за локална самоуправа; Благица Димитровска – Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“; Душан Томшиќ – Министерство за труд и социјална политика; Ивона Сталевска – Фондација Отворено општество–Македонија; Теодора Обрадовиќ Грнчаровска – Министерство за животна средина и просторно планирање и Наташа Марковска – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

МИОА обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на седницата.

Во пресрет на отпочнување на процесот на ко-креирање на петтиот акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023, Советот на оваа седница ги усвои следните документи:  Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство” со  временска рамка, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година со Пријава и Насоки за спроведување на прашалник за оценка на имплементацијата на мерките од Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 и потребата од нивно вклучување во новиот акциски план.

На оваа седница Советот, од редот на своите членови формираше Работна група за подготовка на материјали кои произлегуваат од Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство”: План за промовирање на јавниот повик, Едукативен материјал и Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста со начената на ОВП, во состав: Маја Петковска Лесес, Герман Филков, Миша Поповиќ, Дарко Антиќ, Надица Јосифовски, Мартин Тодевски, Ели Чакар, Благица Димитровска и Ивона Сталевска.

Со ваков пристап е очекувано е да се обезбеди систематизиран начин на планирање и спроведување  на процесот на консултација, кој ќе осигура навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-реирање на новиот акцискиот план за  Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.

Министерство за информатичко општество и администрација

Одржана трета седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020

Скопје, 22 јули 2020

На 20 јули се одржа третата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

Седницата ја организираше и претседаваше г-ѓа Маја Петковска Лесес, ко-претседателка на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (Совет) и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 годин (НАП).

На седницата учествуваа 11 членови на Советот, како и Гордана Гапиќ Димитровска – Национална координаторка за Отворено владино партнерство при Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА),  Адриан Абази и Станислав Василевски – МИОА; Александра Цветковска – НДИ; Бојан Василевски – Собранието на Република Северна Македонија; Златко Атанасов – Парламентарен институт – Собранието на Република Северна Македонија; Александра Јовевска Ѓорѓовска – Институт за демократија „Социетас Цивилис“; Горица Наџинска – ЦПИА; Марија Николовска Арсовска и Ќендреса Сулејмани – Фондација Метаморфозис.

Двајца претставници од стручно-административната служба на МИОА и Ивона Сталевска од Фондацијата Отворено општество – Македонија (членка на Советот и координаторка на Мрежата на граѓански организации за ОВП) обезбедија административна и логистичка поддршка за подготовка и организација на седницата.

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, Работната група формирана од Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година на седницата одржана на 9.06.2020 година во состав: Дарко Антиќ од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Ивона Сталевска од Фондација Отворено општество – Македонија, Ели Чакар од Министерство за локална самоуправа, Гордана Гапиќ Димитровска од Министерство за информатичко општество и администрација, Сунчица Костовска-Петровска од Фондација Отворено општество – Македонија,  Ќендреса Сулејмани и Марија Николовска Арсовска од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис задолжена за подготовка на предлог Временска рамка и начин на спроведување на процесот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2020-2022 година, ги извести членовите на Советот за предлог-динамиката и постапка на спроведување на процесот на ко-креирање и изврши презентација на предлог документите: Предлог-постапка за спроведување на консултации со јавноста за креирање на нови приоритети и заложби во рамки на процесот „Отворено владино партнерство”; документи кои произлегоа од предлог-постапката (Временска рамка за подготовка на НАП, Обрасци за пополнување-дел од постапка за ко-креирање, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на НАП за Отворено владино партнерство 2020 – 2022 година), како и Предлог-насоките за спроведување прашалник за оценка на имплементацијата на мерките од НАП за Отворено владино партнерство и потребата од нивно вклучување во новиот акциски план

Членовите на Советот ги разгледаа и дискутираа и врз основа на предлог документите заклучија по внесени измени и дополнувања во содржината истите да ќе бидат усвоени на дописна седница на Советот на 29.07.2020 година. Гласањето ќе се одвива електронски по внесување на индвидуални креденцијали на секој член на Советот.

Во продолжение на седницата на Советот, од страна на Александра Цветковска од НДИ беа презентирани тековните активности во процесот на ко-креирање на заложби за Отворен парламент, додека Горица Наџинска од ЦПИА ги презентираше за тековните активности во процесот на ко-креирање на заложби за Отворено судство.

Министерство за информатичко општество и администрација

Спроведена онлајн обука за отворени податоци

Скопје, 06 јули 2020

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, спроведе дводневна онлајн обука за отворени податоци. Обуката се одржа на 29 и 30 јуни 2020 година.

На обуката учествуваа членовите на тимовите за отворање на податоците од Министерството за локална самоуправа, Државната комисија за спречување на корупција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности и Државниот пазарен инспекторат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Обуката за отворени податоци имаше за цел да го унапреди знаењето и вештините на лицата кои ќе работат на отворање на податоците во нивните институции.

Во рамките на дводневната обука учесниците имаа можност да се стекнат со напредни познавања за концептот и придобивките на отворени податоци и за техничките аспекти за отворени податоци, вклучувајќи формати на отворени податоци, платформи за отворени податоци, структура на податочни сетови, димензии на квалитет на податоци и техники за филтрирање и анонимизација на податочни сетови. Во текот на обуката членовите на тимовите за отворање на податоците од државните институции се здобија со напредни познавања за процесот на идентификација, каталогизација и приорeтизација на податочни сетови, како и практично знаење за процесот на објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk.

Обуката за отворени податоци е дел од активностите кои се спроведуваат за обезбедување на техничка поддршка на определени институции во процесот на отворање на нивните податоци.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива, со буџет од 9.4 милиони долари, и претставува водечка програма на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија за зајакнување на дијалогот помеѓу граѓаните и власта во однос на значајни прашања од јавен интерес.

Министерство за информатичко општество и адмиистрација