Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
23 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
2.2.1 Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи
2.2.2 Подготовка на урнек на извештаи за судовите
2.2.3 Упатство за пополнување на извештаи за судовите
2.2 Подобрување/унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во стратешките документи за правосудство континуирано се констатира дека формата на годишните извештаи на работа на судовите, Судскиот совет и на Врховниот суд се нееднакви, што создава проблеми во однос на јасноста, разбирливоста на извештаите, особено во делот на статистичките податоци поради несинхронизираност на податоците. Најголем дел од судовите водат статистика за бројот на примени, решени и предмети во работа која во значителна мера се разликува од статистиката на Судскиот совет за овие судови. Затоа, неопходно е да се униформираат и стандардизираат сите извештаи (месечни и годишни) што ги подготвуваат судовите и судските институции.
Главна цел на заложбата
- Извештаите на судовите се унифицирани и даваат целосна квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите
- Потребно е да се подготви и донесе Методологија за воедначени обрасци за годишни извештаи, за потоа да се подготви соодветен образец на извештаи за судовите кој што ќе биде следен со детално упатство за нивното пополнување.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Како заложбата ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?
Воведувањето на методологија на униформирани обрасци за воедначено пласирање на информации и податоци во јавноста пред се ќе доведе до конечна синхронизација на податоците со кои располагаат правосудните институции. Досегашната пракса на прибирање и систематизација на различни статистички податоци за судовите во РСМ ќе се замени со воедначен пристап и образец за собирање и објавување на овие податоци.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Заложбата овозможува униформираност на податоците на судовите кои се достапни за јавноста, со што заложбата е важна за подобрување на транспарентноста и отвореноста.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на судовите на Република Северна Македонија преку подобрување и унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците, со што на јавноста ќе и се овозможи целосна квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите.
Други вклучени субјекти
Институции
- Судски совет на РСМ
- Центар за правни истражувања и анализи
- Сите судови во РСМ
Организации
- Здружение на судии
- Здружение на судска администрација