ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Партнерство за отворена власт (ПОВ)[1] претставува доброволна меѓународна иницијатива која цели кон креирање и спроведување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Граѓанскиот сектор акумулира огромна креативна енергија која треба да се користи п(р)оактивно во јавниот сектор преку подобрување и негување на културата на вклученост и почитување на правата на сите граѓани во процесот на креирање политики и носење одлуки, закони и пристап до информации.

Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт (во натамошниот текст Мрежа за ПОВ) се залага за воспоставување структура за координација на процесот на ПОВ во Северна Македонија соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите. Мрежата за ПОВ континуирано учествува и придонесува за воспоставување структура за координација и мониторинг на развојот и спроведувањето на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (во натамошниот текст: НАП за ПОВ 2024-2026 година).

 

Оттука, врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 6/19 и 110/19), а во врска со Насоките за управување и учество во иницијативата за Партнерство за отворена власт и Стандардите за ко-креирање и дизајнирање на форум со повеќе засегнати страни, Министерот за информатичко општество и администрација донесе Упатство за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-4844/1, 20.12.2021 година и Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-1335/1 од 11.03.2024 година врз чија основа Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт објавува:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ОТВОРЕН ПОВИК

за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (рокот се продолжува до 02. Април 2024)

 

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум)[2] претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (во натамошниот текст: Советот за ПОВ) при процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година.

 

Советот за ПОВ 2024-2026 година е советодавно тело за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови. Членувањето во Советот за ПОВ е доброволно и без надомест. Советот за ПОВ има клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на ПОВ, низ циклусот на планирање, во развојот на НАП и во спроведувањето, следењето и известувањето за НАП. Совет за ПОВ се формира за да се поттикне транспарентноста и отвореноста на работата на органите на државна управа, како и други институции на државната власт и да се поттикне учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата ПОВ во Република Северна Македонија; да се обезбеди меѓусекторска соработка и да се воспостават јасни, структурирани и трајни механизми за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество; да се зголеми учеството на граѓанското општество во процесите на ПОВ и во подготовката на акциските планови за ПОВ и за поддршка, поттикнување и следење на спроведувањето на тековниот акциски план.

 

Преку членство во Советот за ПОВ пријавените учесници ќе можат да обезбедат свој придонес при спроведување и следење на заложбите во состав на петте приоритетни области од НАП за ПОВ 2024-2026: Борба против корупцијата; Партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество; Правно зајакнување и пристап до правда; Развој и користење на дигитални технологии; Унапредување на активностите за климатски промени и да влијаат во процесот за нивна навремена, непречена и успешна реализација, како и на заложбите во состав на Акциските планови на Отворено судство и Отворен парламент 2024-2026 година.

Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 52/10, 135/11 55/16 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/22) да се пријават преку доставување на приложената пријава и потребните документи* со кои се докажува исполнувањето на критериумите.

Рокот за поднесување на пријавите наместо до 25 март (вторник) 2024 година, се продолжува до 02 април 2024 година (вторник).

 

Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи* на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk

 

Отворениот повик се објавува на веб страницата www.ovp.gov.mk.

 

Јавниот повик се објавува најдоцна седум дена по усвојувањето на новиот НАП (2024 – 2026), а изборот на членовите на Советот за ПОВ кои се претставници на граѓанските организации се врши од страна на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт најдоцна 40 дена од усвојувањето новиот  НАП. По разгледување на пријавите од страна на Мрежата за ПОВ, организациите кои изразиле интерес за членство во Советот за ПОВ ќе бидат информирани за процесот и избраните членови.

 

 

ПРИЈАВА

за изразување интерес за членство во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

 

I Основни податоци за организацијата:

 

Назив на организацијата: …………………………………………………………………..

Скратен назив: ………………………………………………

Адреса/општина: ………………………………………………………………………………

Контакт информации (телефон, е-адреса): ………………………………………………………………………

Интернет страница:  …………………………………………

 

II Претставници на вашата организација во Советот за ПОВ

 

Претставник/претставничка на организацијата во Советот за ПОВ

Име и презиме: ……………………………………………………………….

Функција/позиција: ……………………………………………………………….         

Телефон: ……………………………………………………………….

Е-пошта: ……………………………………………………………….

Накратко дадете опис на Вашето искуството во областа (наведете референца или линк од некој документ или веб-страна, референца од конкретен извештај, анализа или слично)

 

Која е вашата мотивација за членство во Советот за ПОВ?

 

Што очекувате дека можете да добиете како член на Советот за ПОВ, а што можете да понудите?

(до 200 збора)

…………………………………………………………………………………….

 

Заменик претставник/претставничка на организацијата во Советот за ПОВ

Име и презиме: ……………………………………………………………….

Функција/позиција: ……………………………………………………………….        

Телефон: ……………………………………………………………….

Е-пошта: ……………………………………………………………….

Накратко дадете опис на Вашето искуството во областа (наведете референца или линк од некој документ или веб-страна, референца од конкретен извештај, анализа или слично)

 

Која е вашата мотивација за членство во Советот за ПОВ?

 

Што очекувате дека можете да добиете како член на Советот за ПОВ, а што можете да понудите?

(до 200 збора)

…………………………………………………………………………………….

 

 

III Критериуми за членство

 

Изјави за интерес и поддршка

Организацијата изразува интерес за учество во Советот за ПОВ;

Организацијата е формален субјект регистриран во земјата согласно Законот за здруженија и фондации, на …………………………………… (датум на регистрација);

Организацијата ја поддржува Декларацијата за Партнерство за отворена власт;

Организацијата ги споделува основните вредности на Партнерство за отворена власт:

  • партиципативност
  • отвореност и
  • отчетност

и истите ги применува во својата работа и се залага да бидат применети од страна на соработниците, партнерите, донаторите, грантистите и институциите на локално и централно ниво.

 

 

 

Области

Организацијата активно работи, со фокус на следните области: ……………………………………………… (области на дејствување).

Организацијата изразува интерес за вклученост во активности на Советот во следните области на ПОВ, во кои има знаење и искуство:

 

граѓанско учество во креирање на јавните политики;

застапување за транспарентост на властите (на локално или централно ниво);

застапување за отчетност на властите (на локално или централно ниво).

 

 

Кандидатите за членови и заменици на Советот за ПОВ кои ги претставуваат граѓанските организации треба да:

 

се дел од организација која е регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/10, 135/11 55/16 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/22) најмалку пет години, а која делувала најмалку пет години во барем една од областите кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт;

имаат лично искуство од најмалку пет години во барем една од областите (примарна област за кандидатот) кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт;

учествувале во барем еден циклус на креирање на Националниот акциски план за ПОВ преку работните групи за ПОВ;

не се членови на органи на политичка партија;

не се избрани или именувани лица, и

не се вработени во институциите на државната власт.

 

Се смета за предност доколку кандидатот има лично искуство од најмалку три години во повеќе од една од областите кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт за кој се формира Советот за ПОВ, односно доколку кандидатот има најмалку три години искуство во секундарна област опфатена со заложбите.

 

*Потребни документи со кои се докажува исполнувањето на критериумите и кои треба да бидат доставени заедно со пријавата за членство во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година:

  • Годишен извештај за работата на граѓанската организација од минатата година (2023г.);
  • Тековна состојба на граѓанската организација (не постара од 6 месеци);
  • Статут на граѓанската организација;
  • Кратка биографија на кандидатите за членови и заменици на Советот за ПОВ;
  • Изјава од кандидатите за членови и заменици на Советот за ПОВ дека не се членови на органи на политичка партија, не се избрани или именувани лица и не се вработени во институциите на државната власт.

 

За спроведениот отворен повик, Координаторот на Мрежата за ПОВ доставува информација, придружена со записник од постапката за избор и кандидирање на членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации до Националниот координатор за ПОВ, како и избрани членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации. Информација за избраните членови и заменици на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации се објавува на веб страницата www.ovp.gov.mk

Доколку по спроведување на отворениот повик не се пополнат сите 8 (осум) места за членови на Советот за ПОВ, Мрежата за ПОВ повторно распишува повик за избор на членови и за тоа го известува Националниот координатор за ПОВ.

Повторното распишување на повикот не претставува пречка за назначување членови за работа на Советот за ПОВ доколку листата на избрани членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации има најмалку пет избрани членови.

[1] Со прифаќање на НАП5 2021-2023 г. од страна на Владата на Република Северна Македонија, Отвореното владино партнерство (ОВП) се преименува во Партнерство за отворена власт (ПОВ).

 

[2] Согласно член 5 од Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-4844/1 од 20.12.2021 година и Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-1335/1 од 11.03.2024 г, Советот за ПОВ е составен од 16  члена со еднаков број членови од институциите и од граѓанското општество.

 

Напишете коментар