Одржан состанок со координаторите на работните подгрупи од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026

На 9 април 2025 година во просториите на Министерството за јавна администрација се одржа работен состанок со координаторите на работните подгрупи во рамки на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026. Целта на состанокот беше разгледување на тековната состојба со имплементацијата на заложбите и планирање на наредните активности.

 

На состанокот се разговараше за неколку клучни теми: потребата од навремено ажурирање на статусот на спроведување на заложбите од Акцискиот план, детална дискусија по поединечни заложби и нивната реализација во рамки на Годишниот извештај за самооценка (2024–2025), како и за претстојната обука за користење на порталот за Партнерство за отворена власт (www.ovp.gov.mk), наменета за членовите на работните подгрупи.

 

Дополнително, се дискутираше и за организацијата на Неделата на Партнерството за отворена власт, која ќе се одржи од 19 до 23 мај 2025 година. Договорено е сите заинтересирани страни да ги достават своите предлози за јавни настани до Министерството за јавна администрација, со цел соодветна координација и промоција на иницијативите за отворено владеење.

 

Напишете коментар