Скопје, 26.02 2026 година
На 26 февруари 2026 година се одржа седмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026 на која беа разгледани, дискутирани и ставени на гласање клучни прашања од интерес за Советот и Партнерството.
На седницата активно учествуваа 12 членови и 4 заменик-членови на Светот.
Министертвото за јавана администрација обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на видео седницата преку порталот www.ovp.gov.mk.
Во пресрет на отпочнување на процесот на ко-креирање на седмиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година, Советот на оваа седница ги усвои следните документи: Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „ПАРТНЕРТСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ” со временска рамка, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028година со Пријава, Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста на заложбите од процесот на ко-креирање на акциски план за Партнерство за отворена власт со начелата на Партнерството за отворена власт и Едукативен материјал за Партнерство за отворена власт.
Со ваков пристап е очекувано е да се обезбеди систематизиран начин на планирање и спроведување на процесот на консултација, кој ќе осигура навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-реирање на новиот Национален акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.
***
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.
Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.
Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за јавна администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.
Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за јавна администрација.
