Скопје, 20 март 2020
Придобивките од процесот на Отворено владино партнерство подразбира преку здруженост и взаемен дијалог да се работи на ко-создавање и спроведување на реформите што ги доближуваат владите до своите луѓе во процесот на транспарентност, отчетност и одговорност. За жал, во тековниот контекст и ширењето на Корона вирусот во повеќе од 100 држави во светот, не е можно да се одржат редовни консултации во трациционална форма како работни состаноци, фокус групи и работилници.
Со оглед на ширењето на пандемијата, а поврзано со известувањето за почеток на процесот за подготовка на петтиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2020-2022 година, потребно е да ги следиме упатствата за јавно здравје и да се одложат планираните настани за ОВП до подоцна во годината или, ако е можно, да преминат на дигитални состаноци.
Свесни сме дека дигиталните настани не се секогаш достапни и затоа се надеваме дека ќе идентификуваме време за одржување на настани подоцна во текот на годината, доколку дозволи ситуацијата.
Во наредните месеци, ќе биде предизвик за многу членови на ОВП како и на нашата земја со цел да се исполнат стандардите за соработка и учество на ОВП , вклучително и организирање на консултативни настани и состаноци за ко-креирање и спроведување на акциони планови и обврски.
Активно ке работиме со нашата заедница која е дел од ОВП во идентификување и утврдување на следни чекори на делување за што навремено ќе информираме.
Министерство за информатичко општество и администрација