Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 1

Остварени Достигнувања: 0/1

Достигнувања кои се на чекање: 0/1

Неостварени достигнувања: 1/1

Достигнувања со значителен прогрес: 0/1

Незапочнато

Предвидени достигнувања

Индикатори: Формирање на советот за собраниски канал Ангажирање на надворешни експерти во советот Донесување на програмата за работа Изработка на содржини за емитување Екипираност и обучување на кадарот Ангажирање копродукција

2. Информирање на јавноста преку собранискиот ТВ канал

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Собранието ќе ја продолжи реформата со целосна функционалност на собранискиот канал. Информирањето на јавноста преку собранискиот канал мора да биде квалитетна, навремена, редовна, предвидлива, преку неедитабилна содржина преноси во живо и пренос на снимки од пленарни седници и комисии совети и други активности, но и преку дизајн и продукција на сопствена содржина од собраниското ТВ студио. Општата цел на оваа заложба е да се зголеми гледаноста на ТВ каналот или индиректно зголемено информирање на јавноста за законодавната агенда.

Главна цел на заложбата
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Комуницирањето со јавноста на законодавната власт преку сопствен телевизиски канал е класично решение за комуникација со камера и звук во живо или со снимка.

Во оваа смисла Собранието работеше на модернизација на собранискиот канал, преку измени и дополнувања на Законот за Собранието, со набавка на модерна опрема каде беа инвестирани 250.000 евра и вработување на професионален персонал од 7 луѓе.

Спроведување на заложбата ќе овозможи сопствена содржина и продукција на функционален ТВ канал како начин на комуницирање на Собранието со категорија на граѓани кој на овој начин се информира за Собранието (паралелно со веб-страницата, социјалните мрежи или прилозите од медиумите на националните телевизии).

Модернизацијата и дигитализацијата во општеството низ годините направи промена да граѓаните се информираат главно од националните телевизии, а многу помалку од собранискиот ТВ канал за она што се случува во законодавниот дом. Според некои испитувања постои една категорија на повозрасни граѓани кои повеќе го следат собранискиот тв канал, и поголем дел од помлада популација кои на поинаков начин се информираат.

  1. Кои се причините за проблемот?

 

Причините за ова одат кон лесно достапните модерни начини на информирање преку телевизиите а посебно преку интернет порталите и врзаните вести од порталите кон социјалните мрежи. Точното информирање е важно и заради борбата со лажните вести и делумните и необјективни информации.

Падот на гледаноста на собранискиот ТВ канал се поврзува и со квалитетот на самото емитување кое заради неинвестирањето низ годините заостанува.

Недостатокот од сопствена програма како дебатни емисии, законодавни вести и слично ја прави програмата неатрактивна кога нема директен пренос од седница или снимки од работни тела.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
  1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Оваа заложба е продолжување на заложбата од претходниот ПОВ акциски план на Собранието 2021-2023.

Опремувањето на студиото со модерна опрема за емитување беше приоритет и предизвик за службата да го опише и спроведе како проект кој вклучува и опрема, и работи и простории.

Дополнително, неопходни беа измени во правната рамка, и во таа смисла се спроведоа дополнувања на Законот за Собранието каде се утврдува поблиску работата и надлежностите, годишната програма за работа, годишен план за видот и содржината на програмите, односот со МРТВ, финансиски и инвестиционен план, уредувачката одговорност итн.

Работата на студиото е неопходно врзана и со професионален персонал, затоа според Актот за систематизација на службата на Собранието беа предвидени нови позиции, и се распишуваше оглас во два наврата за 7 празни места.

  1. Какво решение предлагате?

Заложбата предвидена овде ќе овозможи развој на конкретна програма за работа на собранискиот канал, заедно со формирање на советот на собранискиот канал кој треба да ги одобри сите документи. Советот на собранискиот канал е законска обврска дека ТВ каналот на законодавецот го управува заедно и мнозинството и опозицијата. Согласно законот, советот го раководи потпретседател на Собранието од редот на опозицијата, заедно со пратеници од мнозинството и опозицијата, претставник на МРТВ но и можност за именување на надворешни експерти со право на збор без право на глас.  Дополнително на тоа, ќе треба да се развие содржина за комуникација со јавноста, која ќе се изработува самостојно и/или со ко продукција, со вклучување на повеќе организациони единици. Во оваа смисла очекуваме да се развијат дневни законодавни вести, предвидливост на програмата, законодавни бриф/кратки мултимедијални содржини во објаснувачка улога за предлозите за гледачите и слично, дебатни емисии меѓу пратениците итн.

  1. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Општ резултат на заложбата е предложените решенија да се спроведат и собранискиот канал да функционира. Индиректен резултат треба да биде зголемување на гледаноста на собранискиот ТВ канал. Начинот на кои се информираат граѓаните постојано се следи од Институтот за демократија Социетас Цивилис во соодветни анкети и истражувања, и тие податоци ќе се земат како релевантни низ годините за да се следи трендот на гледаноста. https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2022/07/A4_ENG-ANKETA-2022.pdf

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Спроведувањето на заложбата ќе значи предвидливост на дневната агенда на собранискиот канал (може и неделната).

На тој начин однапред ќе нуди календар за заинтересирани граѓани да следат.

Едукативна содржина ќе едуцира граѓани за законодавната власт.

Дебатни емисии ќе соочува ставови и аргументи.

Законодавниот бриф ќе дава објаснување на предлозите.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Самото присуство во јавен медиум помага врз чувството за одговорност за она што се прави и зборува.

Спроведувањето на активноста директно ќе се следи со квалитетот на програми на собранискиот ТВ канал.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Како дел од програмските активности, ќе постојат кратки информативни прилози за граѓаните, како на пример за како да дојдат во Собранието и да се пријават за отворен ден, како де се пријават за учество на едукативни активности (детски парламент, имам став) итн.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Македонска радио телевизија
  • НДИ
  • Собрание на Република Северна Македонија

Организации

  • Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје
  • Центар за управување со промени


Напишете коментар