Онлајн платформата за Отворено Владино Партнерство (ОВП) преставува централна точка за консултација, мониторинг, вклучување, вмрежување и известување на сите засегнати и заинтересирани страни во процесот.
Порталот за ОВП има за цел да послужи како платформа за интеракција и размена на информации во четири сегменти: консултации за подготовка на Националниот Акциски План (НАП), следење на спроведувањето на НАП, како и за следење на работата на Советот за ОВП и на Мрежата на граѓански организации за ОВП, дополнително нуди можност за одржување на онлајн виртуелни состаноци со разговори во живо и видео поврзување на учесниците.
Онлајн платформата за ОВП е наменета за електронско информирање на граѓаните, невладините организации, деловните субјекти и државните институции, но и за нивно вклучување во активностите за имплементација на Отвореното владино партнерство во земјата.
На веб порталот се поставени сите информации и документи во врска со настаните кои произлегуваат од активностите за имплементација на Отвореното владино партнерство во земјата. Воедно, преку оваа платформата комуницираат различни групи на засегнати страни. На корисниците ќе им се овозможи да пребаруваат, доставуваат и да преземаат податоци. Исто така, платформата ќе им овозможи на овластените корисници да објавуваат податоци и други содржини и да управуваат со процесите.
Онлајн платформата за ОВП е подготвена од страна на Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Фондацијата Метаморфозис во рамките на Проектот за граѓанско учество поддржан на УСАИД.
Со онлајн платформата за ОВП управува Министерството за информатичко општество и администрација.