Временска рамка

август 2020 - септември 2020

ЈАВЕН ПОВИК

Со цел навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт, јавниот повик дава можност за пријавување на засегнати страни за учество во процесот на консултација и креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година и вклучување во работни средби за една или повеќе приоритетни области.

септември 2020 - септември 2020

ЕДУКАЦИЈА И ИНФОРМИРАЊЕ

Едукацијата на членовите на групите за консултација се спроведува преку организирање на најмалку две е-работилници со членовите на секоја работна група .Едукативните работилници  даваат информации за значењето на процесот, како секој чинител може да се вклучи и придонесе за процесот, како  и успешни приказни од оваа иницијатива во нашата и други земји.

октомври 2020 - февруари 2021

КОНСУЛТАЦИИ

Во процесот на консултации ќе се одржат најмалку 5 состаноци во следните приоритетни области: Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност; Спречување на корупција и промовирање на добро владеење; Испорака на јавни услуги и Пристап до правда. Целта на овие состаноци е дискусија за проблемите и заложбите од тековен НАП, идентификуваните нови проблеми, утврдување на решенија, заложби и нивна приоретизација.

февруари 2021 - јуни 2021

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАЛОЖБИ

Секоја група за консултација до Советот ги доставува своите предлог заложби, по што Советот ги разгледува и усвојува предлозите врз основа на критериуми

За првиот нацрт на НАП, усвоен од Советот, се врши е-консултација за прибирање коментари и сугестии, по што се одржува  е-настан за информирање и вклучување  на јавноста.

По завршувањето на консултациите со јавноста, Советот го разгледува финалниот план и го предлага на Владата на РСМ за усвојување. Усвоениот план се објавува и започнува процесот на  спроведување и следење.