Archives: NAP Proposals
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 2/2
Достигнувања со значителен прогрес: 0/2
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Индикатори: Обезбедни средства во буџетот и спроведена јавна набавкаОбезбедување на континуитет на употреба и одржување
Обезбедување на континуитет на употреба и одржување
Индикатори: Број на корисници на системот од јавноста и број на симнати документи како и број на внесени и индексирани документи од Собранието за мандатите кои не се во системотОтворање на Е-Архива софтверот за пребарување од јавноста
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Парламентарниот институт во Собранието креираше софтверско решение за Е-архива во 2016 година. Ова решение овозможува електронски пристап на податоци од законодавната архива (се што влегува и во соодветна постапка излегло од пленарна седница). Базата ги опфаќа сите документи креирани по една точка.
Податоците се кодифицирани почнувајќи од 1986 година со над 1.2 милиони страни документи.
До сега оваа база се користеше интранет по барање на служба и пратениците.
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел базата да се направи достапна и за јавноста и граѓаните да можат да ги користат документите кои се дел од базата на Е-архива.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Ова решение овозможува електронски пристап на податоци од законодавната архива (се што влегува и во соодветна постапка излегло од пленарна седница). Базата ги опфаќа сите документи креирани по една точка.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 1
Остварени Достигнувања: 0/1
Достигнувања кои се на чекање: 0/1
Неостварени достигнувања: 1/1
Достигнувања со значителен прогрес: 0/1
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Индикатори: Спроведена постапка за јавна набавка на камери и пропратна опрема за вршење на директен онлајн пренос на седнициНАБАВКА НА КАМЕРИ СО ПРОПРАТНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРНЕТ ПРЕНОС НА СЕДНИЦИ
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
На интернет страната на Собранието се емитува сигналот од Собранискиот ТВ канал. Салите во Собранието не се опремени со потребната опрема за вршење на интернет пренос од седниците на работните тела за јавноста да следи во реално време седници на работни тела наместо снимки на Собранискиот канал.
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел обезбедување зголемен пристап на јавноста во работата на Собранието. Освен преку собранискиот канал се обезбедува пристап и преку директен пренос на интернет.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Се зголемува пристапот на јавноста во работата на Собранието. Освен преку собранискиот канал се обезбедува пристап и преку директен пренос на интернет.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Проектирана вредност од 3.000.000 денари обезбедени од донација.
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Финансиско спроведување на заложбата
Финансиско спроведување на заложбата
Индикатори: Обезбедени средства во буџетот за 2022 и спроведена јавна набавкаАдминистративно спроведување на заложбата
Административно спроведување на заложбата
Индикатори: Реализација на договорот за снимање и обработка на промотивните репортажиЗголемена видливост на канцелариите за контакт со граѓаните и повеќе информации за јавноста за нивната улога
Зголемена видливост на канцелариите за контакт со граѓаните и повеќе информации за јавноста за нивната улога
Индикатори: Број на емитувања на собраниски канал, број на прегледи на социјални мрежи и број на посети на канцелариитеИЗРАБОТКА НА РЕПОРТАЖИ И ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА КОНТАКТ СО ГРАЃАНИТЕ
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Собранието тековно ствара услови за работењето на овие канцеларии заедно со единиците на локалната самоуправа и во тек е ставање во функција на софтверско решение за поврзување на сите канцеларии и следење на активностите на канцелариите. Секоја комуникација на граѓаните со пратениците е важна, и овој институционален облик на комуникација мора да има соодветна поддршка.
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел обезбедување поголема отвореност и запознавање на граѓаните со работењето на канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Поголема отвореност и запознавање на граѓаните со работењето на канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 1
Остварени Достигнувања: 0/1
Достигнувања кои се на чекање: 0/1
Неостварени достигнувања: 1/1
Достигнувања со значителен прогрес: 0/1
Спроведување на оепративни активности за промоција на ПОВ и заложбите на Собранието
Спроведување на оепративни активности за промоција на ПОВ и заложбите на Собранието
Индикатори: - ПОВ хибридна конференција - Работилница за ПОВ за собраниската служба - Поготовка на содржини за користење на социјални мрежи - Пренос на настани поврзани со ПОВ во живо на интернет - Настан за отворени податоци за Собранието и граѓанските организации - Анализа за трендовите со ПОВ и парламентитеСПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПАРТНЕРСТВОТО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Република Северна Македонија е членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година. Собранието стана дел како посебна гранка на власта во 2017 година со сопствен акциски план со заложби и активности. Со оглед на планирањето и динамиката за спроведување на заложбите и активностите од ПОВ планот 2021-2023, Собранието смета дека се потребни и соодветни активности за промовирање на механизамите во ПОВ за спроведување и за мониторинг за различни вклучени страни.
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел промовирање на механизамите во ПОВ за спроведување и за мониторинг за различни вклучени страни.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Со повеќе настани и инфорамции за јавноста и вклучените страни до подобро разбирање на процесот и поголем ефект од спроведувањето на заложбите.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Средствата се обезбедни како донација за оваа заложба.
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 1
Остварени Достигнувања: 0/1
Достигнувања кои се на чекање: 0/1
Неостварени достигнувања: 1/1
Достигнувања со значителен прогрес: 0/1
Финансиски административно и оепративно спроведување на заложбата
Финансиски административно и оепративно спроведување на заложбата
Индикатори: Спроведена постапка за јавна набавка, склучен договор и инсталација на софтверско решениеНАБАВКА НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ПРЕВОД ОД ГОВОР НА ТЕКСТ
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Препознавањето на говор е важно за да се примени во автоматизирањето на транскрипцијата на собраниските седници и седници на комисии, како на македонски така и на албански јазик. Дополнително има можности да се овозможи титлување на живи преноси.
Синтеза на говор може да овозможи преточување на законски текстови во аудио фајлови за инклузија на лица со оштетен вид.
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел автоматизирањето на транскрипцијата на собраниските седници и седниците на комисии.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Решението ќе овозможи преточување на законски текстови во аудио фајлови, со што ќе ги направи материјалите подостапни за лицата со оштетен вид.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Проектирана вредност од 2.000.000 денари ќе бидат обезбедени или како донација или во буџетот на Собранието за 2022 година.
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4
Остварени Достигнувања: 0/4
Достигнувања кои се на чекање: 0/4
Неостварени достигнувања: 4/4
Достигнувања со значителен прогрес: 0/4
Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.
Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМСпроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата
Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМПодготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.
Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМИзработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.
Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.
Индикатори: Усвоена Стратегија за отвореност на судството од страна на ССРСМПодобрување на односите со јавноста на судовите
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. Постои потреба од обнова на линкот односно поврзаноста помеѓу судовите и медиумите со цел враќање на довербата на јавноста во судството и правосудните органи.
Главна цел на заложбата
- Подобрување на активната комуникација и транспарентност на судовите со јавноста
- Воспоставување на сеопфатна рамка според која судовите би комуницирале со јавноста и медиумите
- Изработка на Стратегија за отвореност на судството
- Развивање на соработката со Судско-медиумскиот совет
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Преку реализација на заложбата се воспоставуваат долгорочни насоки за подобрување на транспарентноста и отвореноста на судството преку воспоставена методологија за комуникација со јавноста
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“
Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.
Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на судовите во Република Северна Македонија преку редовно споделување на информации со медиуми и јавноста.
заложба 3.6Зголе
Сеуште не е прегледаноОдговорна институција
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5
Остварени Достигнувања: 0/5
Достигнувања кои се на чекање: 0/5
Неостварени достигнувања: 5/5
Достигнувања со значителен прогрес: 0/5
Развивање на онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning) и подготовка на електронски едукативни материјали и пристап до онлајн бази.
Развивање на онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning) и подготовка на електронски едукативни материјали и пристап до онлајн бази.
Индикатори: Број на одржани обуки преку Платформата за е-учење на АСЈОСистематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса на веб страната на АСЈО
Систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса на веб страната на АСЈО
Индикатори: Број на објавени заклучоци, правни мислења и ставови на веб страната на АСЈОЈакнење на капацитетите на судиите за користење на е-learning платформата за континуирано учење
Јакнење на капацитетите на судиите за користење на е-learning платформата за континуирано учење
Индикатори: Број на судии и јавни обвинители кои посетувале обука преку платформата за е-учење на АСЈООбјавување на статистички извештаи за активности на судиите во e-learning платформата за континуирано учење
Објавување на статистички извештаи за активности на судиите во e-learning платформата за континуирано учење
Индикатори: Број на објавени извештаиВоспоставување модерна е-библиотека и е-архива.
Воспоставување модерна е-библиотека и е-архива.
Индикатори: Број на е-книги достапни во е-библиотеката на АСЈОПодобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Новата веб-страница на Академијата за судии и јавни обвинители е пуштена во употреба во септември 2019 година, меѓутоа се уште има простор и потреба од овозможување за модернизирање на работата на АСЈО преку овозможување на модерна платформа е-учење како за кандидати за судии и јавни обвинители така и за постојните судии и јавни обвинители, преку овозможување на вебинари и учење преку софистицирано пребарување низ документи достапни на модерна е-библиотека и е-архива. Надоградбата на е-библиотеката и архивата на АСЈО е неопходна, со цел да се обезбедат соодветни материјали за континуирана едукација на (идните) судии и јавни обвинители.
Главна цел на заложбата
- Овозможување на полесен пристап до содржините за почетно и континуирано учење на судиите
- Преку онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning), модерна е-библиотека и е-архива ќе се овозможи полесен пристап до материјали за стручно усовршување на судиите
- Со систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса ќе се придонесе кон зголемување на квалитетна и еднаква правда за сите.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Преку заложбата за модернизирање на системот за основна и континуирана обука на судии и јавни обвинители, ќе се овозможи целосна достапност на основната и континуираната обука за слушателите, во услови кога учењето на далечина е единствената можност за доусовршување на капацитетите на судиите и обвинителите.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа
Оваа заложба е важна за подобрување на квалитетот на судските одлуки во Република Северна Македонија преку подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите на Академијата за судии и јавни обвинители до којашто имаат пристап сите судии во РСМ.
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи
Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМПодготовка на урнек на извештаи за судовите
Подготовка на урнек на извештаи за судовите
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМУпатство за пополнување на извештаи за судовите
Упатство за пополнување на извештаи за судовите
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМПодобрување/унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во Стратегија за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) се констатира дека формата на годишните извештаи на работа на судовите, Судскиот совет и на Врховниот суд се нееднакви, што создава проблеми во однос на јасноста, разбирливоста на извештаите, особено во делот на статистичките податоци поради несинхронизираност на податоците. Најголем дел од судовите водат статистика за бројот на примени, решени и предмети во работа која во значителна мера се разликува од статистиката на Судскиот совет за овие судови. Затоа, неопходно е да се униформираат и стандардизираат сите извештаи (месечни и годишни) што ги подготвуваат судовите и судските институции.
Иако рокот за надминување на оваа состојба согласно акцискиот план за спроведување на Стратегијата беше јануари 2018 г. истите наоди може да се најдат и во независните анализи направени во 2020 г.
Главна цел на заложбата
- Извештаите на судовите се унифицирани и даваат целосна квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите
- Потребно е да се подготви и донесе Методологија за воедначени обрасци за годишни извештаи, за потоа да се подготви соодветен образец на извештаи за судовите кој што ќе биде следен со детално упатство за нивното пополнување.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Воведувањето на методологија на униформирани образци за воедначено пласирање на информации и податоци во јавноста пред се ќе доведе до конечна синхронизација на податоците со кои располагаат правосудните институции. Досегашната пракса на прибирање и систематизација на различни статистички податоци за судовите во РСМ ќе се замени со воедначен пристап и образец за собирање и објавување на овие податоци.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на судовите на Република Северна Македонија преку подобрување и унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците, со што на јавноста ќе и се овозможи целосна квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите.
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето
Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на претседателите на судовите од страна на ССРСМКвалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето
Квалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на веб страните на судовите од страна на ССРСМПодготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за вршење на мониторирање на веб-страниците на судовите, односно за оценување на работата на претседателите во делот за односи со јавноста и транспарентност во работењето
Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за вршење на мониторирање на веб-страниците на судовите, односно за оценување на работата на претседателите во делот за односи со јавноста и транспарентност во работењето
Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на веб страните на судовите од страна на ССРСМЗајакнување на надзорната улога на Судскиот совет врз транспарентноста на судовите
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во Законот за Судскиот совет член 92, ст. 1, точка 5 е новина во македонската правна рамка, согласно кој, Судскиот совет цени дали претседателите на судовите доследно се грижат за односите со јавноста. Судскиот совет тоа треба да го врши преку увид во веб-страницата на судовите, односно преку проверка на соопштенијата, одлуките, анализите и извештаите кои се објавени. Судскиот совет, исто така, треба да оценува дали претседателот на судот се грижи за соодветно постапување по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На крај од 2019 година, Судскиот совет донесе и усвои нов Деловник за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија, меѓутоа сѐ уште не е започнато со вршење на надзор над веб-страниците на судовите. За Судскиот совет да ги мониторира веб-страниците на судовите, односно да ја оценува работата на претседателите, треба да се воспостават конкретни процесни правила за таа намена (кој вработен или која организациска единица во рамки на Судскиот совет на РСМ ќе го врши увидот во веб-страниците на судовите, како тоа лице / таа организациска единица ќе го известува Судскиот совет за наодите, како членовите на Судскиот совет ќе оценувааат дали претседателот на конкретниот суд постапил согласно законот или не и слично).
Главна цел на заложбата
- Зајакнување на активната улога на Судскиот совет во следење на обезбедување на транспарентост од страна на претседателите на судовите во односите со јавноста,
- Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно новиот Деловник за работа на Судскиот совет на РСМ
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата предвидува активности што се целосно во насока на зголемување на транспарентноста на судовите преку воведување на систем на мониторинг на работата на претседателите на судовите во РСМ преку веб страните на судовите.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на Судскиот совет на Република Северна Македонија преку подобрување на правилата и механизмите со кои ќе се обезбеди одговорност на членови на Судскиот совет и вработените во спроведување на активна улога во обезбедување на транспарентност на судовите.