Archives: NAP Proposals
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
22 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 9
Остварени Достигнувања: 0/9
Достигнувања кои се на чекање: 0/9
Неостварени достигнувања: 9/9
Достигнувања со значителен прогрес: 0/9
2.2.1 Потпишување на меморандум за соработка помеѓу МИОА и ЕСЕ
2.2.2 Идентификување на теми од значење за градење на вештините на административните службеници од областа на транспарентност, отчетноста, корупцијата, доброто управување, граѓанското учество, итн
Примери: проактивно објавување на информации, обезбедување на информации во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер, како да препознаеш и спречиш корупција, кој е бенефитите од вклучување на граѓани во процесите на донесување одлуки и кои се механизми можеш да ги примениш, итн.
Индикатори: Подготвена листа на теми. Развиени стандарди (технички и содржински) кои обуките треба да ги исполнуваат. Развиени критериуми за селекција на материјали за е-учење (следна точка)2.2.3 Јавен повик за прибирање на материјали за е-учење кои се развиени и спроведуваат од страна на граѓански и други организации од областа на транспарентност, отчетноста, корупцијата, доброто управување, граѓанското учество, итн
2.2.4 Бодување и селекција на добиени материјали.
2.2.5 Поставување на материјалите кои треба да бидат на македонски, албански и англиски на ЛМС - платформата
2.2.6 Владата да донесе одлука за задолжително посетување на овие обуки на годишно ниво и поседување на сертификат)
2.2.7 Внесување во програма за обуки - обуки на административните службеници
2.2.8 Известување на сите административни службеници за достапноста на обуките и потребата за нивно поминување.
2.2.9 Спроведување на обуките
2.2. Воведување на задолжителна обука на административни службеници на теми поврзани со транспарентност и отчетност, борба против корупција, вклучување на граѓани во донесување одлуки, итн.
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Заложбата има за цел да допринесе кон унапредување на редовните годишни програми за генерички обуки на административните службеници, како и на специјализираните обуки кои се достапни на системот за учење на МИОА – (ЛМС). На овој начин на административните службеници (на национално и локално ниво) ќе им се овозможи континуирано учење и стекнување на знаења преку обуки на теми поврзани со транспарентност и отчетност, борба против корупција, вклучување на граѓани во донесување одлуки, итн. Оваа заложба, покрај унапредување на знаењата, има и за цел градење на континуирана соработка помеѓу граѓанските организации и МИОА во насока на споделување и искористување на постојани ресурси за заедничко учење, градење на вештини и соработка.
Во таа насока, постојаните обуки кои се обезбедуваат од страна на граѓанските организации во областите од интерес, ќе се прилагодат и стават достапни за континуирано градење на вештини на административните службеници, преку електронскиот систем за управување со учење (ЛМС), ќе се задолжат сите административни службеници еднаш годишно успешно да ги поминат развиените обуки поврзани со темите од интерес за оваа заложба преку задолжување од Владата и на крај да се добие сертификат – да поседува сертификат дека успешно ги завршил поставените обуки кои ќе произлезат од оваа заложба.
Главна цел на заложбата
1. Каков проблем адресира заложбата?
Клучен проблем кој се адресира преку оваа заложба се ниските капацитети на јавните службеници за препознавање, пријавување и постапување во случаи на корупција; ниските капацитети на јавните службеници за идентификување и споделување на информации и податоци со јавноста; и ниските капацитети за создавање на механизми за континуирана комуникација со целните групи.
2. Кои се причините за проблемот?
Причината за овој проблем е тоа што јавните службеници немаат обврска да посетуваат обуки на овие теми. Покрај националните прописи, јавните службеници немаат можност на едно место да дојдат до релевантни информации, литература, примери, алатки, итн. кои можат да им помогнат во градењето на нивните знаења.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
1. Што е досега направено за да се реши проблемот?
Во рамки на Министерството за информатичко општество и администрација делува Академија за стручно усовршување на административните службеници која организира обуки за јакнење на капацитетите на јавните службеници. Дополнително, секоја година, по предлог на јавните службеници и извршена проценка од Министерството, се подготвува годишна програма за обуки на јавните службеници на различни теми, како на пример: стратегии, програми, комуникација, сајбер безбедност, итн. Обуките се спроведуваат преку порталот за електронско учење ЛМС. Во текот на 2023 година, МИОА спроведе постапка за унапредување на функционалноста на овој портал. Дел од јавните службеници во изминатиот период, имаа можност да присуствуваат на обуки поврзани со корупција, пристап до информации, вклучување на граѓани, кои ги организираа релевантни институции или пак ГОи. Овој пристап не овозможи да бидат опфатени сите вработени, а пак оние кои беа опфатени да имаат можност за унапредување на нивните знаења во овие области.
2. Какво решение предлагате?
Со цел да се овозможи сите јавни службеници да имаат пристап до содржини, материјали и обуки на теми поврзани со корупција, пристап до информации, и вклучување на граѓани, како и да се овозможи континуирано обновување на нивните знаења, оваа заложба ќе овозможи надградување на електронскиот систем за учење со содржини од горенаведените области кои во континуитет ќе бидат достапни и надградувани со најнови информации и содржини. Дополнително, овие обуки ќе бидат задолжителни за сите јавни службеници и истите ќе генерираат сертификат кој ќе биде клучен при мерењето на нивните перформанси.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Функционирањето на јавниот сектор како давател на услуги на граѓаните и бизнис заедницата, претставува најголем дел на секое општество. Без негово континуирано унапредување, односно модернизација, не е возможен севкупниот развој на државата. Оттука, основата на делувањето на секоја влада, покрај политики и стратегии, ја сочинува и стручна, професионална администрација. Знаењата и вештините на службениците, употребата на информатичко-комуникациските технологии треба да обезбедат ефикасен сервис за граѓаните. Со брзиот развој на општеството и преку дигитализацијата, се зголемуваат и очекувањата на граѓаните од работата на администрацијата. Исто така административниот капацитет е предуслов за испорака на договорените обврски кон Европската унија. Затоа е неопходно да се унапредуваат човечките ресурси и нивната изведба, што е примарна задача на стручното усовршување. Покрај стручноста на службениците, нивната посветеност на високи вредности како етичност, интегритет, одговорност, ефикасност, професионалност, и приспособливост генерираат доверба и сигурност кај граѓаните и бизнис заедницата.
Во таа насока, постојаните обуки кои се обезбедуваат од страна на граѓанските организации во областите од интерес, ќе се прилагодат и стават достапни за континуирано градење на вештини на административните службеници, преку електронскиот ЛМС, ќе се дава насоки и задолжување од Влада за да се посетат тие обуки и на краја да се добие сертификат – да поседува сертификат дека успешно ги завршил поставените обуки кои ќе произлезат од оваа заложба.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Информациите, материјалите, примерите, позитивната пракса, и алатките кои ќе им бидат презентирани за време на обуките, ќе придонесат кон унапредување на свесноста на јавните службеници за значењето, важност и можностите за унапредување на транспарентноста на институцијата во која работа
2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Информациите, материјалите, примерите, позитивната пракса, и алатките кои ќе им бидат презентирани за време на обуките, ќе придонесат кон унапредување на свесноста на јавните службеници за значењето, важност и можностите за унапредување на одговорноста на институцијата за одлуките кои ги носи.
3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Информациите, материјалите, примерите, позитивната пракса, и алатките кои ќе им бидат презентирани за време на обуките, ќе придонесат кон унапредување на свесноста на јавните службеници за значењето, важност и можностите за комуникација и консултирање на јавноста пред донесување на клучни одлуки.
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
21 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4
Остварени Достигнувања: 0/4
Достигнувања кои се на чекање: 0/4
Неостварени достигнувања: 4/4
Достигнувања со значителен прогрес: 0/4
2.1.1 Подготовка на постапка за прибирање на предлози и спроведување на јавна консултација пред донесување на Годишен оперативен план на активни мерки, програми и услуги за вработување.
2.1.2 Креирање на база на ГОи, академија, бизнис, невработени, кои имаат интерес да се консултираат од страна на МТСП и АВРСМ пред подготовка и пред донесување на Годишниот оперативен план.
2.1.3 Развивање на дел за консултации на страната на АВРСМ.
2.1.4 Ставање на постапката и делот за консултации во функција при донесување на Годишниот оперативен план за 2026 година.
2.1. Учество на јавноста во креирање на активните мерки, политики и услуги за вработување
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Заложбата има за цел да ги мапира постоечките процеси, практики и политики на АВРСМ за консултирање на заинтересирани страни (невработени, бизниси, ГОи и други институции) пред креирање и донесување на годишниот оперативен план за активни мерки, политики и услуги за вработување, како и во тек на неговото спроведување. Дополнително, заложбата има за цел стандардизирање и проширување на овие процеси, практики и политики, на тој начин што сите заинтересирани страни ќе имаат можност информирано да се обезбедат свои предлози во текот на планирањето, спроведувањето и евалуацијата на годишниот оперативен план за вработување. Исто така, заложбата ќе допринесе кон создавање на база на заинтересирани страни кои во континуитет ќе добиваат информации за можностите за вклучување и на крајот ќе добијат можност да обезбедат свои предлози за унапредување на ефикасноста и економичноста на активните политики, мерки и услуги за вработување. Оваа заложба, претставува продолжување на напорите за унапредување на транспарентноста, отчетноста, и партиципативноста во работењето на АВРСМ започнат во претходниот акциски план за ПОВ 2021 – 2023 година. Она што е важно да се напомене, е тоа што АВРСМ објавува информации за спроведувањето на годишните оперативни планови, кои ќе овозможат на заинтересираните страни информирано да се вклучат и обезбедат свој предлог за унапредување на мерките, политиките и услугите за вработување.
Во суштина, заложбата значи многу повеќе од едноставно прибирање на предлози од целните групи и истата е поставена на неколку нивоа, и тоа:
- Првото ниво се однесува на унапредување на политиките, процесите и практиките на АВРСМ за вклучување на заинтересирани страни, воспоставување на широка група на заинтересирани страни (невработени граѓани, ГОи кои работат на различни прашања, бизниси, академија, итн.) кои долгорочно ќе обезбедуваат инпут за креирање на подобар Годишен оперативен план и создавање на локална мрежа и капацитети помеѓу 30те подрачни единици на АВРСМ за мобилизирање и вклучување на локалното невработено локално население и заинтересирани страни во обезбедување на инпут пред креирање на Годишниот оперативен план.
- Второто ниво се однесува за креирање на техничко решение за прибирање на предлози од пошироката јавност (онаа која не е опфатена при првото ниво) пред донесување на Годишниот оперативен план и оценување на спроведувањето на усвоениот план.
- Третото ниво се однесува на промоција и ставање во функција на целиот систем.
Главна цел на заложбата
1. Каков проблем адресира заложбата?
Агенцијата за вработување има воспоставена практика за консултирање на бизнис секторот и граѓанските организации. Како и да е, процесот на консултации и начинот на вклучување на заинтересираните страни не е достапен за јавноста, што пак ја ограничува можноста за сите оние кои не се директно поканети а се заинтересирани, да обезбедат свој придонес во процесот на донесување одлуки. Дополнително, невработените како една од клучните корисници на програмите и услугите за вработување, освен преку секојдневната комуникација со вработените, немаат можност на организиран начин да обезбедат свои предлози за унапредување на истите.
2. Кои се причините за проблемот?
Клучна причина за овој проблем е тоа што јавноста не е информирана за постоечките можности за вклучување, заради немањето на јавно достапни информации за начинот и можностите за вклучување, како и немањето на јавен канал за поднесување на предлози и решенија.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
1. Што е досега направено за да се реши проблемот?
Агенцијата за вработување и ЕСЕ, со поддршка од ВРСМ во текот на 2021 – 2023 година развија и објавија платформа којa активно генерира информации за степенот на искористување на средства од тековниот годишен оперативен план на активни мерки, политики и услуги за вработување, како и информации за опфатот на лица/бизниси со секоја од нив. Дополнително, АВРСМ објавува низа на статистички и финансиски показатели кои даваат можност на сите заинтересирани страни да спроведат независна анализа на функционалноста на мерките, политиките и услугите. Во истиот период, АВРСМ и ЕСЕ развија стандардизиран прашалник за оценка на нивото на задоволство од мерките, политиките и услугите за вработување и истиот го пилотираа во три подрачни единици на Агенцијата.
Дополнително, во текот на спроведувањето на петтиот акциски план за ПОВ, беше креирана работна група составена од претставници на МТСП, АВРСМ, ЕСЕ, и три локални ГОи, но како и да е оваа работна група имаше само за цел да ги координира активностите во рамки на петтиот акциски план но ни е да претставува клучна група за консултации пред креирање на годишните оперативни планови.
2. Какво решение предлагате?
Преку спроведување на заложбата ќе се подготви постапка за вклучување на заинтересирани страни која ќе биде јавно достапна (начин, временски рокови, критериуми, итн.), ќе се идентификуваат и вклучат други заинтересирани страни и ќе се развие можност за електронско доставување и обработка на предлози.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Воспоставување на постапка за консултации и прибирање на предлози од заинтересирани страни за креирање на мерки, политики и услуги за вработување базирани на нивните потреби
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
1. Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Заинтересираните страни пред се ќе имаат пристап до информации за предлог годишниот оперативен план пред неговото усвојување и пристап до информации за спроведувањето на претходните планови. Овие информации ќе им овозможат информирано да се вклучат во дискусија и предлагаат конкретни и ефикасни решенија кои ќе и помогнат на АВРСМ да донесе план базиран на потребите на крајните корисници.
2. Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Добиените предлози ќе бидат јавно достапни, а пак јавноста однапред ќе биде информирана за критериумите за селекција на релевантност на предлозите. Дополнително, за секој добиен предлог ќе се обезбедат информации за дали и на кој начин е прифатен (согласно критериумите) и доколку не е прифатен, која е причината за неговото неприфаќање.
3. Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Заложбата има клучна цел да обезбеди канал за континуирана комуникација со заинтересирани страни, преку стандардизирање на постапката за консултации и отворање на можност за електронско поднесување на предлози.
Други вклучени субјекти
Институции
- Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Организации
- Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
22 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 2/2
Достигнувања со значителен прогрес: 0/2
1.3.1 Координација и договарање за начинот на спроведување на заложбата и на потребните технички предуслови за тоа
1.3.2 Јавно објавување на договорите за концесии и за воспоставување на ЈПП
1.3 Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно приватно партнерство
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Заложбата подразбира задолжително јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување на ЈПП, онака како што се јавно достапни и договорите за јавни набавки. Концесиите, јавните набавки и ЈПП се трите основни видови на јавни договори на државните институции со приватниот сектор. Иако кај нас, сè уште, овие три видови јавни договори не се унифицирани во смисла на тоа постапките за нивното склучување да се водат од едно централизирано место, како на пример Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), сепак станува збор за истородни договори. Оттука, неопходно е како што се достапни договорите за јавните набавки, истата таа транспарентност да се овозможи и за договорите за концесиите и за ЈПП. Во смисла на концесиите, барем во текот на реализација на оваа заложба, се мисли на договорите за концесии за експлоатација на минерални суровини и договорите за концесии за детални геолошки истражувања кои ги склучува Министерството за економија. Заложбата се однесува на јавно објавување на овие договори на интернет-страницата на ова министерство. Во однос на договорите за воспоставување на ЈПП заложбата се однесува на објавување на договорите во рамки на ЕСЈН. Имено, на ЕСЈН се објавуваат огласите за воспоставување ЈПП. По примерот на јавните набавки, заложбата подразбира да се објавуваат и склучените договори за ЈПП во делот на „документи“, одделно за секој склучен договор. На овој начин, иако заложбата ги опфаќа министерствата, општините како и јавните и државните претпријатија основани од нив, всушност го опфаќа само Бирото за јавни набавки бидејќи споменатите институции треба да ги достават до ЕСЈН за објавување и склучените договори (како што тоа го прават со договорите за јавни набавки).
Главна цел на заложбата
1. Каков проблем адресира заложбата?
Иако спаѓаат во иста група договори меѓу приватниот сектор и институциите од јавниот сектор, договорите за концесии и за ЈПП не се објавуваат јавно како што е тоа случај со договорите за јавни набавки. Со ова за еден значаен сектор кој, меѓу другото, е и еден од најподложните на корупција, граѓаните, граѓанските организации, новинарите, дури и државните институции на коишто тоа им е неопходен податок, немаат пристап до деталите за тоа што е договорено, особено околу обврските на концесионерите. Од друга страна, има бројни примери за злоупотреби на овие договори. Со тоа што не се достапни договорите, не само што се оневозможува следење на нивното соодветно спроведување, туку на еден начин и се поддржува корупцијата бидејќи се држат во тајност вакви значајни информации. Иако постои обврска и според Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, договорите за концесии не се јавно објавени. Ист е случајот и со договорите за воспоставување ЈПП. И за двата вида договори, во јавноста преовладува мислење дека се генерално коруптивни, што ги ограничува и евентуалните натамошни инвестиции на бизнис секторот преку овие два вида договори. За разлика од Северна Македонија, во светот, токму концесиите и ЈПП се значаен инструмент за привлекување странски инвестиции и за економски развој, придонесувајќи со 2 до 3 процентни поени во годишниот пораст на бруто домашниот производ на земјите.
2. Кои се причините за проблемот?
Се чини дека во основата на проблемот е човечкиот фактор, односно немањето волја за објавување на овие договори. Имено, Министерството за економија и сега објавува документ во затворен пдф формат за доделените концесии за минерални суровини, со основните податоци за околу 370 вакви концесии како: име на концесионерот, адреса, електронска пошта, времетраење на договорот, датум на склучување на договорот, суровина, локалитет на концесијата, општината во која се наоѓа и опфатената површина во километри квадратни. Како и да е, меѓу јавно објавените податоци нема ниеден податок за надоместот што се плаќа за концесискиот простор, било фиксниот надомест по километар квадратен или променливиот, за количината на експлоатираната суровина. Исто така, не се познати ни условите што ги има концесионерот со договорот за концесија, што ги прави овие договори целосно невозможни за каква и да е јавен увид или контрола во нивното спроведување. Слична е ситуацијата и со договорите за воспоставување на ЈПП. На ЕСЈН се објавуваат огласите за ваквите договори, но не и информации за склучените договори, ниту самите договори, иако станува збор само за неколку годишно.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
1. Што е досега направено за да се реши проблемот?
Како што е напоменато, иако во доменот на јавните набавки постепено се зголемуваше транспарентноста и достапноста до јавноста на голем број информации и документи поврзани со тендерите, ваквиот тренд не беше следен и за другите два вида договори, како што се концесиите и ЈПП, ако станува збор за слични договори. Делумно и поради ова, но и поради застарените регулативи, и во двете области не се искористени целосните потенцијали што ги нудат, особено за привлекување инвестиции и за економски развој, не само на национално ниво, туку и во рамките на локалните средини. Имаше обиди состојбата да се подобри со други иницијативни, ни и тие беа неуспешни. Во однос на концесиите, како резултат на заложба во Акцискиот план за ПОВ 2016-2018 година, на веб-страницата на Министерството за економија се објавува регистар на концесии за минерални суровини, но тој не ги вклучува и склучените договори. Што се однесува за ЈПП, на ЕСЈН се објавуваат само огласите за ваквите договори и тендерските документации, но таа можност не се користи за да се објават, на истото место, и известувања за склучените договори, како и самите договори, како што е тоа случај со јавните набавки.
2. Какво решение предлагате?
Што се однесува до ЈПП, проблемот ќе биде целосно решен, бидејќи ќе се искористи веќе постојната можност – на ЕСЈН да се објават и склучените договори за ЈПП, во делот каде што и сега се објавуваат информации за ЈПП, како што се огласот и тендерската документација.
За концесиите, ова е само делумно решение, бидејќи договорите ќе се објават на веб-страницата на Министерството за економија, каде што се објавуваат основните информации за концесиите. Делумно, затоа што за концесиите е потребно, во иднина, да се пристапи кон целосно електронско решение, како што е ЕСЈН и затоа што не се опфатени сите концесии, туку само оние за минерални суровини и за експлоатација. Но, објавувањето на договорите за овие концесии ќе значи прв чекор кон транспарентност и на другите договори за концесии што ги склучуваат и другите институции, што може да следува во наредните НАП за ПОВ.
3.Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Заложбата всушност ќе значи заокружување на транспарентноста на јавните договори (јавни набавки, концесии, ЈПП) што е од огромна важност за да може да се овозможи јавен увид во овие договори и јавна проверка дали тие го штитат јавниот интерес. Сите овие договори се меѓу најподложните на корупција и со ова ќе се овозможи нејзино откривање, но и спречување и тоа со директна улога на граѓаните и граѓанските организации. Со заложбата всушност ќе продолжат напорите на Министерството за економија за зголемена транспарентност на доделените концесии.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
1. Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Со заложбата се постигнува значаен напредок во транспарентноста во сферите на концесиите и ЈПП. Заложбата за јавно објавување на овие договори е во иста линија со предвидените мерки во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, како и со препораките на Државниот завод за ревизија во Извештајот од извршената ревизија на Основен буџет на РСМ за 2022 година, во насока на тоа и општините да ги имаат договорите за концесии доделени за нивните територии.
2. Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Со тоа што договорите за концесии и за ЈПП ќе се направат достапни и ќе се стават на увид на јавноста и на сите заинтересирани групи, ќе се зголеми значително отчетноста на јавните институции. Со тоа, заложбата ќе придонесе и за зголемување на довербата во јавните институции и од страна на јавноста и на потенцијалните инвеститори во овие две области кои сега сè уште се одвиваат под превезот на нетранспарентност и сомнежи за корупција.
3. Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Имајќи ги деталите од договорите, особено за финансиските и другите аспекти и условите по кои е доделена концесијата, граѓаните можат да оценат дали е договорот добар или лош за јавните ресурси, како што се минералните суровини, или дали и како е заштитен јавниот интерес во договорите за ЈПП. Знаејќи го тоа, граѓаните може и да спречат евентуални штетни договори, што значи нивно директно учество во унапредување на состојбите.
Други вклучени субјекти
Институции
- Биро за јавни набавки
- Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење
Организации
- Центар за граѓански комуникации
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
20 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
1.2.1 Детектирање на потребните предуслови за јавно објавување на имињата на вистинските сопственици, со можен временски рок на остварување
1.2.2 Спроведување на детектираните предуслови за јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите-понудувачи и на фирмите со склучени договори за јавни набавки, концесии и ЈПП
1.2.3 Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите-понудувачи и на фирмите со склучени договори за јавни набавки, концесии и ЈПП
1.2 Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите-понудувачи и на фирмите што имаат склучено договори за јавни набавки, за концесии (при Министерството за економија) и за воспоставување јавно приватно партнерство
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Од 2019 година, РСМ воспостави Регистар на вистински сопственици. Овие регистри почнаа да се воспоставуваат откако се откри дека многу политички-експонирани лица „тајно“ поседуваат фирми кои користат јавни (државни) пари. Информациите за вистинските сопственици веднаш станаа една од најзначајните алатки за борба против корупцијата. Овозможувањето лесен и широк пристап до овие информации е најефикасен начин да се овозможи сите релевантни корисници – од институциите за спроведување на законот до истражувачките новинари и граѓанските организации – да можат да ги користат информациите во борбата против корупцијата. Ова е особено важно за фирмите кои добиваат јавни средства и за кои информациите за тоа кој ги поседува и контролира компаниите се основни за надзор и одговорност. Денес, и покрај неодамнешната пресуда на Европскиот суд, овие регистри се јавно достапни во дури една третина од земјите членки на ЕУ и многу други земји ширум светот. Ова е, исто така, услов поставен и од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) и Светска банка (СБ) за доделување финансиска помош на земјите (каква што користи и РСМ). Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици е дел и од резолуцијата на Обединетите нации за оваа материја. Оттука, многу е важно ваквите податоци да бидат конечно јавно достапни и во нашата земја во која, споредено со сите земји од ЕУ каде што овие регистри се јавно достапни, има значително поголема корупција, оттука и поголема потреба од овие информации. Заложбата се однесува на овозможување јавна достапност на податоците за вистинските сопственици, во прво време, за фирмите кои користат јавни средства, односно имаат склучено договори за јавни набавки, за концесии за експлоатација на минерални суровини, договори за концесија на детални геолошки истражувања, како и оние со склучени договори за воспоставување наЈПП. Исто така, во насока на уште поголема заштита од корупција, а согласно светските трендови во оваа сфера, заложбата предвидува објавување на имињата на вистинските сопственици и на фирмите-понудувачи во постапките за јавни набавки.
Главна цел на заложбата
1.Каков проблем адресира заложбата?
Постојат мноштво примери дека корумпираните поединци ја искористуваат нетранспарентноста на сопственичките структури на фирмите, било за да склучуваат или за добиваат договори со државните институции така што ги фаворизираат фирмите во кои имаат скриен интерес. Официјалните податоци од светот говорат дека во 70 % од случаите на висока корупција се вклучени компании со анонимни сопственици (за што имаше бројни случаи и кај нас, пред да бидат откриени во истрагите на Специјалното обвинителство и од истражувачките новинари). Недоволната транспарентност во вистинската сопственост на правните лица не само што помага во корупцијата, туку сериозно ги попречува и истрагите и можноста за следење, замрзнување и одземање на нелегално стекнатиот имот и за спроведување на законот. При јавните набавки, корумпираните поединци може да се обидат да ја искористат нетранспарентноста на сопственичките структури за да добиваат тендери, фаворизирајќи ги компаниите во кои имаат скриен интерес. Спротивно, со овозможување сопственичка транспарентност, властите и сите други заинтересирани страни ќе можат да ги откријат вистинските сопственици кои стојат зад понудувачите на тендерите, а од друга страна ќе биде потешко и за корумпираните службеници да манипулираат со процесот на набавки за лична корист. Ваквата транспарентност поттикнува фер конкуренција и ги обесхрабрува корумпираните актери да ги користат сложени сопственички структури за да ја прикријат својата вклученост во зделките. Дополнително, комбинацијата од транспарентност на вистинската сопственост и на јавните набавки ја подобруваат севкупната одговорност на процесот на набавки, овозможувајќи идентификација на потенцијалните судири на интереси и гарантирајќи дека договорите се доделуваат врз основа на заслуги, а не преку фаворизирање или поткуп.
2. Кои се причините за проблемот?
Недоволната транспарентност во вистинската сопственост на правните лица остава простор за коруптивни активности при склучувањето на договори за јавни набавки, за концесии за експлоатација на минерални суровини, договори за концесија на детални геолошки истражувања, како и оние со склучени договори за воспоставување ЈПП.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
1.Што е досега направено за да се реши проблемот?
Со неколку последователни активности спроведени во последните неколку години се создадени предуслови за конечно решавање на споменатиот проблем. Прво, на единствениот Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН) задолжително се објавуваат сите склучени договори за јавни набавки (и нивните анекси). Потоа, исто така на ЕСЈН, во Известувањето за склучен договор, се објавуваат не само имињата на фирмите со кои е склучен договорот за јавна набавка, туку и на сите фирми што учествувале на набавката.
Натаму, Државната комисија за спречување на корупцијата воспостави и јавно го објавува Регистарот на избрани и именувани лица. Но, сите овие и други решенија, се само парцијални и не ја остваруваат до крај својата замисла – да бидат моќна алатка за спречување и откривање на корупцијата. Она што недостига се јавно достапни податоци за сопственоста на фирмите за да може да се вкрстат сите овие податоци и да се спречи злоупотреба на јавните средства.
Со минатиот Акциски план за Партнерството за отворена власт 2021-2023 (НАП за ПОВ) се направи обид да се започне со овој процес со усвојување на заложба за објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите што добиле договор за јавна набавка. За жал, заложбата, иако беше признаена како една од најдобрите заложби на светско ниво од страна на Секретаријатот на ПОВ, не беше спроведена главно поради аспекти поврзани со заштита на личните податоци. Имајќи предвид дека напорите за остварување на заложбата не престанаа, сега се прави обид да се овозможи дополнително време за, наводно, потребните законски измени за да може заложбата да се реализира, но кон неа се вклучуваат и сличните договори на јавните набавки, како што се концесиите и договорите за воспоставување на ЈПП.
2. Какво решение предлагате?
Со предложеното јавно објавување на името на вистинските, односно крајните сопственици на фирмите ќе се овозможи вкрстување на податоците од неколкуте јавно достапни бази и на тој начин ќе може да се направи целосна проверка на избраните и именуваните лица – дали се затскриени за фирми кои добиваат тендери и концесии, односно државни договори користејќи ја позицијата и функцијата на која се избрани или именувани.
Сепак, проблемот ќе се реши само делумно, бидејќи во земјава исто така не се јавно достапни ниту податоците за регистрираните сопственици на фирмите, со што Северна Македонија е меѓу 15-те земји во светот во кои се плаќа надомест за добивање на оваа информација за фирмите (информација од октомври 2023 година, УНОДЦ). За ова постоеше заложба во минатото, со која се направија јавно достапни одредени основни податоци за фирмите, ни не и името на сопствениците на фирмите, како што е тоа во речиси сите земји од светот. Ова останува да биде проблем за целосно откривање на поврзаноста на фирмите и за спречување и откривање на корупцијата, кој треба да се реши во иднина. Со јавна недостапност на овој податок, на еден начин, се овозможува корупцијата бидејќи се спречува нејзиното откривање до кое би дошло доколку овие податоци се јавно достапни.
Исто така, како проблем останува и тоа што сите овие податоци не се во форма на отворени податоци и со тоа нивното користење останува отежнато, што само оди во прилог на корумпираните.
Во блиска перспектива, податоците и за сопственоста и за вистинската сопственост на фирмите треба да станат целосно јавно достапни за да се овозможи нивно пошироко користење (на пример поврзување со податоците за имот, за пресуди, итн.). Успешни примери за ваква употреба на податоците има во Франција, Обединетото Кралство, Кенија, Малезија, Украина итн.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Со јавното објавување на имињата на крајните или вистинските сопственици на фирмите ќе се овозможи искористување на целосниот потенцијал на овие податоци во борбата против корупцијата и криминалот. Имено, тоа ќе овозможи проверка на податоците од споменатите јавно достапни регистри и бази на податоци што може да доведе не само до откривање на корупција, туку уште повеќе до нејзино спречување. Се смета дека самиот факт што овие податоци ќе бидат јавно достапни ќе ги одвраќа оние што имале намера за злоупотреба на јавните средства, да го сторат тоа, бидејќи ќе се зголемат шансите да бидат откриени.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
1. Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Заложбата всушност ќе значи историско отворање на податоците од Регистарот на вистински сопственици, кои сега се достапни само преку официјална процедура и плаќање надомест. Со спроведување на заложбата, овие податоци ќе бидат јавно отворени со што ќе станат лесно достапни за сите заинтересирани страни, како што се граѓаните, граѓанските организации, медиумите и др.
2. Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Транспарентноста на имињата на крајните корисници на правните лица ќе им овозможи на граѓанските организации, медиумите, граѓаните и на сите други заинтересирани страни да го зголемат надзорот врз јавните институции, а со тоа и притисокот за поодговорно работење. На овој начин, не само што ќе е откријат евентуалните политички злоупотреби во искористување на јавни пари за приватна корист, туку ќе се делува на спречување на вакви појави во иднина, со што директно ќе се влијае врз зголемување на одговорноста на јавните институции во трошењето јавни пари.
3. Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Имајќи информации и постојан увид во тоа кои се вистинските сопственици, односно крајни корисници на фирмите, со истовремено достапни и други важни податоци како – кој ги добива тендерите и концесиите, ќе им овозможи на граѓаните да се вклучат поинтензивно во борбата против корупцијата. На тој начин, граѓаните, наместо само како пасивни набљудувачи и дел од проблемот, ќе можат да ја играат својата општествена улога на активни чинители во борбата против корупцијата, и заштита на своите сопствени средства.
Други вклучени субјекти
Институции
- Министерство за финансии
- Министерство за економија
- Биро за јавни набавки
- Централен регистар на Република Северна Македонија
Организации
- Центар за граѓански комуникации
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
20 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 2/2
Достигнувања со значителен прогрес: 0/2
Подготовка на процедура за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ
Taа ги уредува следните компоненти:
- Објавување на следни средби на владините претставници најмалку седум дена однапред, со стандардизирани информации за најавата;
- Објавување на информации од средбите согласно стандардизиран формат на записник/белешки во рок од 5 работни дена по одржување на средбите;
- Објавување на следни владини седници со распоред на седници седум работни дена однапред, заедно со агенда за седницата.
Спроведување на процедурата за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ
1.1 Унапредување на транспарентноста на владините седници и средби
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Целта на заложбата е унапредување на транспарентноста на владините седници и средби, бидејќи граѓаните укажуваат на постоење на голем ризик за корупција поврзан со интегритетот на Владата при носење одлуки, што би се намалил преку зголемување на транспарентноста на владините седници и средби на владините претставници, односно Претседателот на ВРСМ и министрите.
За таа цел, треба да се обезбеди задолжително водење и објавување календар на средби на владините претставници, односно Претседателот на ВРСМ и министрите со информации за лицата со коишто се закажани, односно остварени средбите, а кој ќе биде достапен и ажуриран најмалку седум дена однапред, со времето на одржување и темата. Дополнително, календарот на средби треба да биде придружен со белешки, односно записник од одржаните средби, според претходно утврден унифициран ред на содржина.
Во поглед на унапредување на транспарентноста на владините седници, потребно е да биде објавен календар (најава на седниците), односно ќе биде објавен дневниот ред на владините седници. Неопходно е, во насока на унапредување на транспарентноста на седниците, дневниот ред да биде објавен најмалку седум работни дена однапред пред нејзиното одржување. Покрај тоа што овие активности ќе влијаат на унапредувањето на транспарентноста на Владата, дополнително ќе придонесат кон зголемување на довербата на граѓаните кон институциите, подобрување на интегритетот на Владата, како и намалување и искоренување на корупцијата што е од суштинско значење за зголемување за заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување.
На крај, преку овој пристап со најава на календарите на владините претставници, проследени со белешки од средбите, како и објава на дневните редови за владините седници однапред, ќе се зголеми ефикасноста на работата и на владините служби и на Владата, бидејќи се очекува да се намали обемот на барања за пристап до информациите.
Главна цел на заложбата
1.Каков проблем адресира заложбата?
Заложбата се однесува на детектираниот ризик за корупција поврзан со интегритетот на Владата при носење одлуки, што би се намалил преку зголемување на транспарентноста на владините седници и средби. Паралелно на тоа би се зголемила довербата на граѓаните во институциите и нивната надзорна функција како главен коректив на работата на извршната власт. Регионалниот Индекс на отвореност (https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/procenka-na-dobroto-vladeenje-vo-severna-makedonija-i-regionot-preku-indeksot-na-otvorenost-sobranie-i-izvrshna-vlast-merenje-za-2021/) неколку години по ред го нотира овој проблем дека владините седници не се навремено најавени со придружни агенди најмалку еден ден пред одржување на седницата, како што и седум години по ред предупредува дека документите што се разгледуваат и дискутираат за време на седниците на Владата треба да се објавуваат заедно со агендата согласно меѓународните практики.
2.Кои се причините за проблемот?
Клучна причина за овој проблем е тоа што јавноста нема навремен и целосен увид во дневниот ред (и документите) или информации кои се дискутираат и разгледуваат за време на владините седници, поради што перцепцијата на граѓаните е дека одлуките се носат на нетранспарентен начин и за лични или партиски цели. Последните неколку години се забележува тренд на задоцнето објавување на агендите и записниците на владините седници на веб-страницата на Владата, додека документите или информациите кои се разгледуваат или дискутираат на седниците до сега не биле јавно објавени.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
1.Што е досега направено за да се реши проблемот?
Агенди за следните владини седници се објавуваат на порталот е-Влада кој не е достапен за пошироката јавност. На календарот на веб-страницата на Владата се објавени информации за изминатите средби и владини седници, но не и за тие што следат. Дополнително, на веб-страницата на Владата задоцнето се објавуваат записници од седниците.
2. Какво решение предлагате?
Преку спроведување на заложбата ќе се воведе процедура за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ во насока на поголема транспарентност на работата на Владата и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите. Процедурата ќе ги уреди следните постапки: 1) Објавување на следни средби на владините претставници, Претседателот на Владата и министрите, најмалку седум дена однапред, со стандардизирани информации за најавата; 2) Објавување на информации од средбите согласно стандардизиран формат на записник/белешки во рок од 5 работни дена по одржување на средбите; и 3) Објавување на следните владини седници со распоред на седниците седум работни дена однапред, агенда за седницата.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Преку воспоставувањето и спроведувањето на процедурата за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ, целиме кон постигнување на поголема транспарентност на работата на Владата и со самото тоа зголемување на надзорната улога на граѓанскиот сектор и довербата на граѓаните кон институциите.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
- Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Засегнатите чинители пред сè ќе имаат навремен и целосен пристап до информации за средбите и седниците на владините претставници согласно што ќе им овозможи навремено и информирано да ја практикуваат својата улога на надзорници на работата на власта и да реагираат согласно потребата.
- Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Јавното обезбедување на информации поврзани со владините седници и средби заедно со документите и записниците, ќе ѝ овозможи на јавноста навремено и информирано да реагира и да бара одговорност од страна на владините претставници доколку има (не)усвојување на спорни документи или информации кои одат спротивно на интересите на граѓаните.
- Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Заложбата има клучна цел да обезбеди процедура за континуирано и навремено информирање на засегнатите страни за владините седници и средби преку што јавноста ќе може навремено и информирано да реагира и да бара одговорност од страна на владините претставници доколку има (не)усвојување на спорни документи или информации кои одат спротивно на интересите на граѓаните. На овој начин граѓаните стануваат посвесни и поинформирани за работата на Владата преку осознавање на редот и информациите кои се процесираат за време на владините седници и средби.
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Предвидена постапка во планот за јавни набавки за 2021 година и обезбедени средства од донација
Предвидена постапка во планот за јавни набавки за 2021 година и обезбедени средства од донација
Индикатори: Подготовка на технички спецификации и тендерска документација Објавена постапка за јавна набавкаИмплементација на софтверско решение
Имплементација на софтверско решение
Индикатори: Избран економски оператор, склучен и спроведен договорПолнење на системот со податочни сетови
Полнење на системот со податочни сетови
Индикатори: Број на креирани податочни сетови Количина на информации обработени во соодветен формат и ставени во системотИзработка на on-Line портал за отворени податоци за полесен пристап до информации за граѓаните
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Собранието препознава дека отворените податоци можат да придонесат за транспарентноста, отвореноста и учество на јавноста во работата на закондавната власт.
За таа цел Собранието ќе креира софтверска алатка за податочни сетови.
Главна цел на заложбата
Системски онлајн пристап до податочни сетови од законодавната власт, за подобар пристап и пребарување од јавноста.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Софтверската алатка ќе овозможи:
-отворање на податочните сетови во компјутерски читливи формати;
-продуцирање податочните сетови во своето секојдневно работење и хронолошки информации
-објавување на метаподатоци за податочните сетови;
-зголемување на вклученоста на корисниците преку повторно користење на податоците (re-usage)
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Финансиско спроведување на заложбата
Финансиско спроведување на заложбата
Индикатори: Предвидување на средства во буџетскиот циркулар Донесен буџет за 2022 година Донесен план за јавни набавки за 2022 година со предвидената постапкаАдминистративно спроведување на заложбата
Административно спроведување на заложбата
Индикатори: Објавени постапки за јавни набавки Спроведен договор со економски операторУчество на граѓаните и организациите на граѓанското општество во законодавниот процес
Учество на граѓаните и организациите на граѓанското општество во законодавниот процес
Индикатори: Број на поднесени иницијативи преку системите Број на иницијативи разгледани од пратениците Број и вид на граѓански организации кои учествувале во работни тела, надзорни и јавни расправи.Платформа за предлози и иницијативи од граѓаните до законодавната власт и регистар на граѓански организации
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Собранието има своја веб страна за информирање на јавноста. За директно вклучување на граѓани на следниов линк постои можност да се контактира со претседателот на Собранието. https://www.sobranie.mk/kontaktiraj-so-pretsedatelot.nspx
Дополнително, за комуницирање со пратениците граѓаните можат да го користат следниов линк од веб страната на Собранието
https://www.sobranie.mk/prashaj-go-pratenikot.nspx
Предвидувањето на оваа заложба е системски да се подобри пристапот со прием и достава до пратениците на идеите од граѓаните и НВО. Во вториот дел за регистарот на граѓански организации ќе се адресира проблемот на поканување на НВО на настаните од законодавниот процес, без политички влијанија на изборот на НВО-та, и со подеднакво информирање на сите НВО што се во системот за настан, закон и слично на кој може да учествуваат.
Главна цел на заложбата
Да се генерира системски онлајн пристап за граѓаните да доставуваат идеи до нивните претставници.
Системски пристап на НВО во законодавниот процес.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Активноста за изработка на платформа за предлози и иницијативи вклучува надградба на постоечките (претходно опишани) можности за контакт и комуникација со пратениците, промовирање на можностите за јавноста, администраторски решенија за прибирање на предлозите, доставување и водење евиденција на процеси по преЗаложбата се предлага за изработка на алатка за учество на граѓани во законодавниот процес.
За регистарот на граѓански организации, идејата е да се дефинира процес на преглед и избор на нво за учество на работните тела, јавни и надзорни расправи.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Програмирани средства во буџетот на Собранието од 2.000.000 денари за софтверска надградба
Проектирана вредност од 840.000 денари за регистар на граѓани обезбедни од донација на ПСП
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Донесување на измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи
Донесување на измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи
Индикатори: Прашање на политички договор и консензус меѓу партиитеФинансиско и административно спроведување на заложбата
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Индикатори: Објавена постапка за јавна набавкаОлеснување на користењето и обезбедување континуитет на употреба
Олеснување на користењето и обезбедување континуитет на употреба
Индикатори: Инсталирање и обукаДигитална безбедност преку дигитални потписи за пратеници и собраниската служба
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Прашањето за работа од далечина беше наментнато од корона пандемијата. За таков тип на работа освен потребната ИКТ опрема, за процесните дејствија согласно деловникот се појави потребата за дигитална авторизација. Ова е регулирано со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и освен набавката на дигиталните сертификати опфаќа и софтверски прилагодувања и други барања кои произлегуваат од законот заедно со обука за целните групи.
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел да се придонесе кон дигитализација на аспекти од работата на Собранието кои барат физичко присуство за авторизација/потпишување документи. Наместо тоа со предложената активност се става можност за користење на дигитален потпис.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата се предлага за обезбедување и користење на дигитални токени за електронски потписи за пратениците и собраниската служба. Доколку не може да се учествува физички на пленарна или на седница на работно тело, процесно дејствие пратеникот да може да прави од далечина.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Активноста ќе се спроведе имајќи ги во предвид, и условено со, соодветни измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи.
Проектирана вредност од 1.800.000 денари со средства од донација.
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Индикатори: Обезбедени средства од ПСП и објавена јавна набавкаОперативно спроведување на заложбата
Оперативно спроведување на заложбата
Индикатори: Спроведување на договор за надградба на веб странатаФункционална веб страна
Функционална веб страна
Индикатори: Број на отварања на веб страната Број на симнатаи информации и документиИзработка на нова интернет страница на собранието за подобро информирање на граѓаните
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Собранието има своја веб страна, која има податоци за проактивно информирање на јавноста. Од анализите правени и со технолошкиот развој Собранеито смета дека веб страната треба да се надгради да може да биде полесно пребралива, поорганизирана и да нуди повеќе информации за граќаните.
Во Програмата за парламентарна поддршка е испланирано и буџетирано изработка на нова веб страна
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел да се придонесе кон реорганизација на податоците, начинот на полнење и навремено внесување, системи на пребарување по документи.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Заложбата се предлага за изработка на нова интернетска страна на Собранието.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Проектирана вредност од 5.082.219 денари со средства обезбедни од Швајцарската конфедерација
Одговорна институција
Лице за контакт
Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk
Датум на последното ажурирање
12 мај 2023
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 2/2
Достигнувања со значителен прогрес: 0/2
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Финансиско и административно спроведување на заложбата
Индикатори: Обезбеден буџет во 2022 година и предвидена постапка во план за јавни набавки или алтернативно опфатено како модул за надградба на постојна јавна набавка за надградба на е парламент.Обезбедување на континуитет на употреба и одржување
Обезбедување на континуитет на употреба и одржување
Индикатори: Број на предлози кои се видливи на ваков начин Број на отвара на веб страната за увид во законитеИзработка на софтверско решение за следење на законодавниот процес од јавноста
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Текот на законодавната постапка може да се следи преку интернетската страна на Собранието. Пребарувањето не оди според документ (предлог закон), туку по работно тело и потребни се неколку чекори и искуство во пребарувањето за да се најдат информациите.
Главна цел на заложбата
Активноста се предлага со цел јавноста да може во реално време да следи во која фаза се предлог законите и какви се роковите во псотапката од денот на приемот се до донесувањето и потпишувањето на указот.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Со ова решение, точно ќе се гледаат фазите од законодавната постапка, приемот на предлогот, прво и второ читање, пленарните седници, времето на поднесување амандмани и расправа, се до донесување на предлог законот. Повеќе информации проактивно за јавноста и точен преглед кога мооже да се поднесуваат амандмани.