Датум на последното ажурирање

21 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

5.2.1 Зајакната соработка помеѓу МЗШВ и МЖСПП

Индикатори: Формирана интерсекторска група или друг механизам кој што ќе ја овозможи редовната комуникација помеѓу институциите во делот на климатските промени Утврдена содржина која што редовно ќе се објавува на порталите на двете министерства во консултација со потсекторските групи на земјоделци во составот на МЗШВ
Незапочнато

5.2.2 Зголемена транспарентност и отчетност на МЗШВ и МЖСПП во делот на климатски промени

Индикатори: Креиран посебен таб за климатски промени во рамките на МЗШВ. Реализирани минимум 5 промотивни настани во соработка со министерствата и граѓанските организации за промоција на табот, но и создавање на алатка за дополнување со вести и активности од страна на земјоделците и граѓанските организации Утврден број на посети на табот за 2025 година како „baseline“ за наредните години и број на вести споделени на годишно ниво Промовиран таб за климатски промени на социјалните медиуми со поддршка и споделување на ГО и Национална рурална мрежа (мрежа на ГО основана од МЗШВ)

5.2 Зголемена информираност на граѓаните за активностите на институциите поврзани со климатските промени преку унапредување на интерсекторската соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Мерките и активностите што се планираат и спроведуваат во двете министерства, најчесто, не се координирани и нема редовна соработка на полето на климатските промени, па министерствата работат засебно како институции иако во делот на климатските промени е потребен нивни заеднички ангажман којшто ќе се оствари токму преку спроведувањето на оваа заложба. Заложбата предвидува редовна размена и споделување на информации поврзани со климатските промени, како и нивно јавно објавување на веб-страниците на двете министерства, но и зајакнување на интерсекторската соработка и координација помеѓу двете министерства.

Главна цел на заложбата
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Недостасува редовна соработка помеѓу двете посочени министерства, поради што за голем дел од активностите поврзани со климатските промени кои се применуваат во делот на животната средина, земјоделците најчесто остануваат незапознаени. Нема редовно споделување на информациите кои што се поврзани со климатските промени, можностите за едукација, нови регулативи и слично или, пак, ако ги има, тогаш ги има само во едно од двете министерства. Тука особено би го напоменале фактот дека земјоделското производство е најмногу погодено од климатските промени и потребен е заеднички ангажман на двете министерства во насока на зголемена информираност на сите граѓани, но и примена на мерки коишто ќе ги опфаќаат сите сектори што се погодени од климатските промени. Изминатите 20 години, и да се говорело за климатски промени, можеби предизвикот не се сфаќал сериозно. Сепак, сега веќе е дојдено до состојба каде што секој чекор и мерка се важни за да се ублажат ефектите. Особено последниве неколку години нашата земја е погодена од ефектите на климатските промени, па имаме и значителни намалувања на земјоделското производство во одредени региони, а тоа влијае на одржливиот развој како на заедницата, така и на националните политики и мерки. Токму затоа е потребна интервенција којашто, преку унапредување на соработката помеѓу министерствата, ќе влијае директно и врз унапредувањето на информираноста на граѓаните, а така ќе се зголеми и транспарентноста и отчетноста на двете министерства во делот на климатските промени, а во исто време ќе им се дадат и доволно информации на граѓаните за да може да се вклучат и во процесите на донесување одлуки.

  1. Кои се причините за проблемот?

Кога се зборува за климатските промени се добива впечаток дека двете министерства работат засебно наместо да ги здружат своите капацитети, знаења и делување на терен. Истото важи и за законската регулатива. На пример, се носи Закон за климатска акција во којшто многу малку, речиси воопшто, не се консултираат земјоделските здруженија или земјоделците. При изработката на извештаи,  особено, на пример, за Поглавјето 27, климатските промени и нивните ефекти се земаат од аспект само на животната средина, но не и од аспект на земјоделското производство или другите активности и ефекти во секторот. Токму затоа е потребно да се унапредат соработката помеѓу двете министерства и размената на информации во делот на климатските промени. Тоа ќе ја зголеми и можноста за учество на граѓаните како во процесот на донесување одлуки, така и во делот на спроведувањето на законската регулатива поврзана со климатската акција. Во исто време ќе се унапреди и степенот на информираност, но и навремено стигнување на информациите до сите засегнати страни.

 

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Министерството за животна средина и просторно планирање има изготвено и посебна веб-страница наменета за зголемено информирање на јавноста во делот на климатските промени https://klimatskipromeni.mk/, но тоа не е случај и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, па бидејќи информациите веќе постојат и се објавени, за целосно решавање на проблемот, се предлага заложбата за зголемена соработка и размена на информации меѓу овие две институции

2. Какво решение предлагате?

Се предлага формирање на интерсекторска група помеѓу двете министерства во која што ќе членуваат сите засегнати страни, како и координација на веб-страниците на двете министерства во делот на климатските промени и редовно информирање за активностите и состаноците на двете ИПА секторски групи во рамките на министерствата. Секако дека во текот на спроведување на заложбата се можни и други мерки и активности кои што институциите би ги предложиле, а коишто ќе значат надминување на овој проблем и ќе го зголемат заедничкото делување и координација во областа на климатските промени. Со унапредувањето на соработката помеѓу министерствата, како и отворањето на посебен „таб“ на веб-страницата на МЗШВ каде што ќе се споделуваат информации  и можности за едукација и вклучување во спроведувањето на законската регулатива во делот на климатските промени, директно ќе се придонесе како кон поголема информираност на граѓаните и кон поголема транспарентност и отчетност на министерствата во делот на климатските промени. Во исто време ќе се зголеми и отвореноста на ИПА секторските групи во двете министерства, па и на ниво на планирање ќе има поголема координација кога станува збор за делувањето во областа на климатските промени.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Во период од две години би се  постигнала редовна информираност и координирани активности помеѓу двете министерства на полето на климатските промени, но и заедничко делување на терен во соработка со општините и граѓанските организации. На таков начин ќе се зголеми информираноста кај пошироката јавност и кај засегнатите страни за активностите кои што ќе се преземаат на полето на климатските промени и ќе се овозможи заеднички координиран пристап и одговор на ефектите предизвикани од климатските промени во сите сектори кои што се зафатени од нив. Така ќе создадеме една нова практика на размена на информации помеѓу институциите, но и ќе се придонесе кон поголема транспарентност и соработка на институциите со граѓаните, а во насока на спроведување на регулативата поврзана со климатските промени.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Заложбата ќе придонесе кон зголемена транспарентност, но и подобрување на пристапот на граѓаните до информациите и активностите поврзани со климатските промени. Тоа ќе ги направи во исто време и двете министерства поотворени и потранспарентни кон граѓаните, а во исто време ќе се зголеми и довербата кај граѓаните во институциите откако ќе ги увидат заедничките вложувања на институциите во унапредувањето на информираноста и вклученоста на граѓаните во процесите поврзани со одговорот на државата и институциите кон ефектите од климатските промени и Зелената агенда на државата.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Ваквата заложба ќе ги отвори процесите на работа во делот на климатските промени и во исто време ќе овозможи зголемување на можностите за мониторинг на спроведените активности од страна на граѓаните. Преку пристапот до информациите кои што се поврзани со климатските промени како и унапредувањето на соработката и взаемното делување на овие две институции граѓаните редовно ќе бидат запознаени со процесите кои што се одвиваат во оваа област, а кои што ги има многу особено во делот на донесување на законска регулатива и подзаконски акти коишто треба да ги спроведуваат токму граѓаните со поддршка на институциите, па така ќе се овозможи олеснување и на овие процеси преку спроведување на заложбата.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Преку зголемувањето на информираноста во делот на климатските промени ќе се создадат и услови граѓаните, а особено земјоделците да се вклучат во процесите на донесување одлуки и/или спроведување на законската регулатива и подзаконските акти. Во исто време преку едукацијата ќе се овозможи и проактивна вклученост на граѓаните во спроведувањето на законските решенија, но и во делот на мониторинг на резултатите од спроведувањето на законската регулатива на ниво на држава.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство
  • Министерство за животна средина и просторно планирање

Организации

  • Рурална коалиција


Датум на последното ажурирање

21 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

5.1.1 Дефинирани составни делови, функции, изглед на платформа како составен дел на веб-страницата на МЖСПП

Индикатори: Изработена платформа во склоп на веб-страницата на МЖСПП која што ќе биде наменета за објавување на документи од областа на водно право кои што се задолжителни за консултација со граѓаните и пошироката јавност
Незапочнато

5.1.2 Редовно и навремено објавување на сите документи поврзани со дозволите за водно право на изработената платформа и зајакнување на ефективноста на информирањето на граѓаните и ГО преку промовирање на информациите за објавени документи на каналите за комуникација на МЖСПП

Индикатори: 100 % од барањата за водно право добиени во периодот од 2024-2026 година се објавени на изработената платформа и промовирани преку каналите за комуникација на МЖСПП
Незапочнато

5.1.3 Изменување на членот 24 од Закон за животната средина

Индикатори: Законот за животната средина овозможува учество на јавноста во постапките за изработка и одобрување на елаборатите за заштита на животната средина

5.1 Ефикасно учество на јавноста во донесување одлуки во областа на водно право

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Заложбата цели кон олеснување и зголемување на учество на јавноста во донесувањето одлуки во областа на животната средина или кои влијаат врз животната средина.

Главна цел на заложбата

1. Каков проблем адресира заложбата?

Транспарентноста, пристапот до информации и учеството на јавноста во донесувањето одлуки поврзани со животната средина е предизвик со кој се соочува државата, а кој во континуитет го констатира Европската комисија во извештаите за напредокот на државата за 2020, 2021 и 2022 година. Предизвиците во однос на учеството на јавноста се идентификувани и од македонските ГОи. Учеството на јавноста во областа на животната средина зафаќа важно место во меѓународното право, па еден од столбовите на Архуската конвенција, ратификувана од Северна Македонија во 1999 година, е токму задолжителноста на учеството на јавноста во донесување одлуки најмалку за процеси и активности кои самата Конвенција ги предвидела. Истовремено Европската унија пристапила кон Архуската конвенција, а и самата ЕУ со свои директиви предвидува задолжително учество на јавноста во одлуки и процеси поврзани со животната средина. Јавноста (граѓани, ГОи и слично), а особено засегнатата јавност (граѓаните кои во моментот и/или во иднина може да бидат засегнати или имаат интерес со донесувањето одлука за животната средина и/или кои постои голема веројатност да ги почувствуваат последиците од донесувањето одлуката, вклучително и граѓанските организации формирани за заштита и унапредување на животната средина) се соочуваат со потешкотии, а во одредени случаи и оневозможување до правото за учество во донесувањето одлуки поврзани со животната средина. Имајќи ги предвид извештаите на ЕК, ваквиот предизвик во државата постои најмалку 4 години, а неговото опстојување не и овозможува на јавноста и засегнатата јавност ефективно да се вклучи и да влијае врз донесувањето одлуки во областа на животната средина, на начин што би се спречило или намалило негативно влијание врз животната средина.

Заложбата се однесува пред се на важноста на учеството на јавноста во постапките за подготвување и спроведување на: 1) елаборати за заштита на животната средина и 2) дозволи за водно право. Во голем дел во постапките поврзани со давање дозвола за водно право, претходно треба да се одобри елаборат за заштита на животната средина, па поради тоа, а во насока на реформирање на системот за управување со водите и активно вклучување на јавноста во целиот процес, заложбата се фокусира и на елаборатите за заштита на животната средина, како претходен дел од давањето дозвола за користење на водите или испуштање во водите.

2. Кои се причините за проблемот?

Причините за учество на јавноста во процесите би можело да се групираат во три групи:

  • Законски – Законот за животната средина во членот 24 не предвидува 1) објавување на елаборатите за заштита на животната средина, 2) можност и рокови за учество на јавноста преку поднесување писмени коментари и забелешки, 3) обврска за земање на мислењата од јавноста при одобрувањето на елаборатите, 4) правна заштита за јавноста и засегнатата јавност. Прашањето е разработено во анализи од македонскиГОи. Истовремено, иако Законот за водите предвидува дека содржината на објавата на барањето за дозвола за водно право во дневен весник и на интернет страницата на МЖСПП се дефинира со подзаконски акт, кој сè уште не е донесен, а објавувањето се заснова на практика на Секторот за води во Управата за животна средина во состав на МЖСПП. Последното барање за дозвола за водно право е од 2016 година, при што не е објавено барањето, туку придружното писмо кое барателот го доставил до МЖСПП.
  • Технички – во државата не постои централно место каде се објавуваат сите документи и известувања на кои јавноста има право на поднесување коментари и мислења. Ваквите документи се објавуваат на различни места на интернет страницата на МЖСПП и на портали развиени од МЖСПП. Така на пример: 1) информациите за поднесени барања за дозволи за водно право се објавуваат на делот од интернет страницата на МЖСПП наменет за Секторот за води во делот „Објави“; 2) информациите поврзани со оцена на влијание врз животна средина се објавуваат во делот „Сервиси“ поддел „Студии за оцена на влијание врз животна средина“ на интернет страницата на МЖСПП; 3) информациите поврзани со интегрираните еколошки дозволи се објавуваат во делот „Сервиси“ поддел „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето-ИСКЗ“ на интернет страницата на МЖСПП и истовремено на порталот РЕГИСТАР, а одделни информации се објавуваат и на порталот РЕГИСТАР НА СУБЈЕКТИ НА НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ ИЗВЕШТАИ на Државниот инспекторат за животна средина. Со оглед на тоа што учеството на јавност е врзано со рокови, на сите овие портали нема автоматско генерирање на датуми кога е објавен документот, па може да настане предизвик во однос на сметање на роковите за поднесување на коментари, а потоа и во однос на роковите за правна заштита, каде истата е предвидена.
  • Кадровски – МЖСПП се соочува со недостаток на вработени за ефикасно спроведување на сите, многубројни, надлежности кои ги има.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
  1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Она што досега е направено е дека најголемиот број од документите во Секторот за води се донесени, но истите не се соодветно систематизирани и не се достапни јавно за да може граѓаните да имаат пристап до нив и да се вклучат во процесот на консултации во секое време. Ваквите објави не се прават можеби затоа што и не се задолжителни согласно Законот за животна средина (член 24) но во рамките на зголемувањето на транспарентноста, отвореноста и отчетноста за сработеното тоа е многу потребно да се направи и на таков начин сите претходно донесени решенија и документација да бидат успешни и во делот на задоволувањето на критериумите за ПОВ.

2. Какво решение предлагате?

Унапредување на достапноста и информациите поврзани со водните регистри кои што се изготвуваат и уредуваат на веб-страницата на МЖСПП по следниот принцип:

  • Можност за коментари на документи кои што се веќе поставени на веб-страницата;
  • Објавување на сите документи поврзани со предметот
    • На пр. Кога Секторот за води треба да објави барање за добивање дозвола самиот софтвер ќе предвиди поле во кое треба да се прикачи целиот формулар на барањето, поле во кое ќе треба да се прикачи решението за одобрениот елаборат за заштита на животната средина или студијата за оцена на влијанието врз животната средина и слично. Овие полиња ќе бидат задолжително да се пополнат со фајлови, пред да се премине во следната фаза од објавување на информацијата на порталот.

Спроведувањето на овие активности ќе 1) овозможат предуслови за учество на јавноста во сите постапки за донесување одлуки поврзани со користењето на водите, 2) ќе го олесни пристапот на јавноста до информации кои ќе водат до ефективно вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки и можност за суштинско влијание врз управувањето со водите. Оттука спроведувањето на овие активности очекувано ќе ги реши во целост законските и техничките проблеми идентификувани погоре, но ќе придонесе и за доследно спроведување пред се на македонското законодавство од областа на животната средина, но и исполнување на целта на меѓународните документи за учество на јавноста во одлуки поврзани со животната средина во делот на водното право.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Унапредувањето на постоечките регистри на МЖСПП во делот на водно право преку која ќе се предвиди како задолжително објавување конкретни документи од определените процеси, пред да се премине кон следната фаза од постапката регулирана со закон, ќе придонесе кон потполно спроведување на македонското законодавство и ќе влијае на промена на забелешките на Европската комисија во однос на учеството на јавноста во процесите поврзани со животната средина. Обврската на вработените во МЖСПП најпрво да ги објават сите документи на платформата пред да продолжат со следната фаза од законската постапка ќе придонесе кон менување на евентуалните негативни практики.

Од друга страна, јавноста и засегнатата јавност ќе има олеснет пристап до вклучување во донесувањето одлуки поврзани со управувањето со водите, а воспоставената платформа на начин опишан претходно ќе служи и како патоказ за нивно успешно учество во процесите. Имањето пристап до сите документи неопходни за ефективно вклучување во донесувањето одлуки, ќе го зголеми влијанието и партиципативноста на јавноста во заштитата на животната средина. На тој начин ќе се зајакнат знаењата, вештините и капацитетите на јавноста и засегнатата јавност во донесувањето одлуки поврзани со животната средина, преку дигитализација и користење на ИКТ алатки.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Реализацијата на заложбата ќе овозможи директно да се зголеми транспарентноста на МЖСПП со тоа што сите документи кои што се од интерес за јавноста ќе бидат достапни на едно место, организирани и средини, а секој граѓанин кој што ќе има интерес ќе може да ги прочита и да достави свои коментари или забелешки.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Со самото објавување на документите од интерес за граѓаните на веб-страницата на МЖСПП многу ќе се влијае и за зголемувањето на одговорноста на институцијата како за консултации со граѓаните, така и во делот на спроведувањето на законските обврски или обврските кои што произлегуваат од стратешките документи.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Како проактивно ќе ги вклучи граѓаните и граѓанските групи?

Низ самиот процес на достапност и можности за преглед на процесите и документите ќе се овозможи и активно вклучување на граѓаните во процесите на јавни консултации, граѓаните ќе имаат можност навремено да бидат информирани и да реагираат таму каде што е потребно, а низ стратешките процеси, пак, ќе имаат и можност директно да се вклучат и во спроведувањето на мерки и активности, но и да го следат спроведувањето.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за животна средина и просторно планирање

Организации

  • Македонско здружение на млади правници


Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

4.2.1. Автоматизиран систем на агрегирање на податоци од МПИН кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на УЈП (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа).

Индикатори: 1. Навремено и стандардизирано собирање, обработка и објавување на доходовни податоци, агрегирани на локално ниво, според меѓународно признаена методологија 2. Зголемени компетенции на државните службеници во УЈП за дигитализација на процесите поврзани со доходовните податоци
Незапочнато

4.2.2 Автоматизиран систем на агрегирање на податоци од постоечката база кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на АВРСМ (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа) или препратени до соодветните институции како ДЗС

Индикатори: 1.Навремено и стандардизирано собирање, обработка и објавување на податоци за вработувања и невработени лица и пазарот на трудот, агрегирани на локално ниво, според меѓународно признаена методологија 2. Зголемени компетенции на државните службеници во АВРСМ за дигитализација на процесите поврзани со податоците за пазарот на трудот.

4.2 Дигитализација на податоци за унапредување на локалните економски политики

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Централизирањето на јавните политики на Северна Македонија ги продлабочија регионалните разлики. Децентрализација преку паметна регионална специјализација, базирана на опсерватории за локални податоци, може да ги намали овие разлики. Сепак, бариерите за пристап и празнините во дигиталните компетенции на службениците за користење на овие податоци ја ограничуваат трансформацијата.

Целта на заложбата е забрзување на процесот на децентрализација преку промовирање на систем за градење на регионални и локални развојните политики базирани на податоци. Ова ќе биде постигнато преку зголемување на квалитетот и достапноста на општински податоци како и преку воведување на модерни алатки за нивна анализа и толкување.

Оваа заложба цели кон соработка со три јавни институции во насока на подобрување и објавување на локалните економски податоци кои тие ги поседуваат Агенцијата за вработување и Управата за јавни приходи. Со тоа, оваа заложба ќе ја зголеми достапноста и корисноста на економските податоци во надлежност на јавните институции.

На пример Управата за јавни приходи поседува податоци за ДДВ и доход на поединци по дејности и општини, меѓутоа тие се објавуваат на агрегирано ниво. Со слични податоци располага и Агенцијата за вработување: состојбата на вработеност се може да се мери на општинско и секторско ниво. Доколку овие податоци се презентирани со пониска агрегација (на ниво на општина), тогаш можностите за вкрстување на податоците и градење на јавни политики засновани на докази ќе биде поедноставено и поефикасно.

Дигитализирањето и отворањето на овие податоци до пошироката јавност може да го поттикне локалниот економски раст управуван од податоци, охрабрувајќи ја секоја институција на централно и локално ниво да гради информирани, ефективни и одржливи стратегии за развој.

Главна цел на заложбата
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Колку изнесува платата на програмерите во Битола? Кои се половите разлики во платите? Која е доходовната нееднаквост во текстилната индустрија?

Колку вработувања имало во ИКТ индустријата во Битола? Кои се половите разлики во вработувањата во текстилната индустрија? Кој е степенот на образование на вработувањата во банкарскиот сектор? Одговорите на овие прашања се неопходни за да се обезбеди креирање на јавни политики врз база на докази и информации. Истовремено, овие прашања често се поставувани и анализирани во академските кругови за научни истражувања и од граѓанските организации за активистички, експертски или застапувачки потреби.  Меѓутоа, секој поединец кој сака да добие пристап до:

  • „локални доходовни податоци”, неопходно е да поднесе барање до Управата за јавни приходи (УЈП)
  • „локални податоци за вработеноста”, неопходно е да поднесе барање до АВРСМ.

 

УЈП, за да ги достави овие податоци до поединецот врши услуга на агрегирање на микро податоци прибрани од МПИН образецот. АВРСМ, за да ги достави овие податоци до поединецот, врши мануелен процес на агрегирање и анонимизирање на микро податоци прибрани од базата на Агенцијата.

За да се надмине овој проблем, оваа заложба има за цел да го дигитализира процесот на објавување на јавни податоци произведени од УЈП, АВРСМ преку изработка на методологија и алатка за систематизирање, агрегирање и објавување. Алатката ќе биде ставена на располагање на УЈП за непречено користење. Дигитализирањето на доходовни податоци до ниво на општина е и дел и од заложбите на ЕУ за подобро информирање при градење на јавни политики и нови закони. Овој став беше нагласен и во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија каде во делот „Креирање на политики и координација“ се нотира „Многу институции сѐ уште не ги имаат дигитализирано своите регистри. Споделувањето на административни податоци треба да се прошири и податоците треба да бидат поедноставени со цел подобро да ги информираат креирањето на политики и нова легислатива.“[1]. Истовремено, сѐ поголем број на држави во ЕУ[2],[3], но и надвор од ЕУ[4],[5] користат дигитални алатки за објавување на доходовни податоци на ниво на општина, односно локална самоуправа.

[1]https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2023-11/SWD_2023_693%20North%20Macedonia%20report.pdf

[2]https://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php?title=Regional_household_income_statistics

[3] https://juhtimislauad.stat.ee/en

[4] https://datausa.io/

[5] https://www.economia.gob.mx/datamexico/

 

  1. Кои се причините за проблемот?

Пристап до “локални доходовни податоци”, речиси секогаш претставува долг бирократски процес кој бара огромен ангажман од двете засегнати страни. Имено, од една страна, секој пат кога има потреба од податоци, поединецот треба да поднесе барање (макар и за обновување на пристапот до истите податоци). Од друга страна, вработените во институциите секој пат треба да постапат по тоа барање и да ги агрегираат податоците. Ваквиот пристап ја усложнува работата на јавните службеници и го забавува процесот на креирање на јавни политики, а особено тоа е случај со економските политики.

 

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Досегашната пракса покажува дека најголем број на институции кои произведуваат или прибираат економски податоци, во моментот ги собираат истите во нестандардна форма и како сирови податоци ги споделуваат со ДЗС. Потоа, ДЗС ги стандардизира податоците и истите ги објавува на агрегирано ниво во базата МАКСтат на ДЗС. Вака поставениот систем го бирократизира процесот на собирање и обработка на податоци и целиот товар за податоците го става кај ДЗС. Напротив, европските практики покажуваат дека институциите се тие кои имаат сопствеништво врз податоците и го стандардизираат нивното собирање, обработка и објавување/споделување на тие податоци. Затоа, во Северна Македонија често се случува доцнење при објавувањето на дел од клучните економски податоци.

 

2. Какво решение предлагате?

УЈП

Преку оваа заложба, ќе се направи автоматизиран систем на агрегирање на податоци од МПИН кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на УЈП (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа). Податоците кои УЈП ќе ги објавува јавно се износите на просечната плата, вкупно исплатените плати, и платите по квинтили (најниски 20 %, па сè до највисоки 80 %) поделени по општина, пол, дејност и возрасна група. Пример за вакви податоци се:

  1. Просечна плата на жени на возраст од 20 до 30 години, во дејност адвокатски услуги во општина Центар.
  2. Вкупно исплатени плати на лица на возраст 40-50 години во општина Тетово.
  3. Просечен доход на најниско платените 20 % вработени во општина Охрид.

Преку спроведување на оваа заложба ќе се поттикне регионалниот раст управуван од податоци, охрабрувајќи го градењето на информирани, ефективни и одржливи стратегии за развој.

 АВРСМ

Преку оваа заложба, ќе се направи автоматизиран систем на агрегирање на податоци од постоечката база кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на АВРСМ (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа) или препратени до соодветните институции како ДЗС. Податоците кои АВРСМ би ќе ги објавува јавно се бројки на вкупни вработувања во одредена дејност, во одредена општина, во одредена временска точка. Дополнително, овие податоци ќе бидат поделени по општина, пол, дејност и возрасна група. Пример за вакви податоци се:

  1.  Број на вработувања на  жени на возраст од 20 до 30 години, во дејност адвокатски услуги во општина Центар.
  2. Вкупно број на вработувања и на невработени лица на возраст 40-50 години во општина Тетово.
  3. Распоред на степен на образование на вработувања во секторот земјоделие во општина Охрид.

Притоа, важно е да се напомене, дека при објавувањето на податоците ќе биде целосно запазено правото на обезбедување на приватност на податоците и заштита на личните податоци. Односно, во ниту еден чекор од постапката за објавување нема да се објават лични податоци на физички или правни лица.

 

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Преку оваа заложба, ќе се направат автоматизирани систем на агрегирање на податоци од постоечките бази на АВРСМи Управата за јавни приходи кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на трите институции (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа).

Преку спроведување на оваа заложба ќе се поттикне регионалниот раст управуван од податоци, охрабрувајќи го градењето на информирани, ефективни и одржливи стратегии за развој.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Автоматизирањето и усовршувањето на системите за бази на податоци и дигиталната инфраструктура во јавните институции, значително ја промовира транспарентноста на централната и локалната власт.

Дигиталните решенија на процесите поврзани со економски податоци ја намалуваат веројатноста од човечка грешка, обезбедувајќи точност и конзистентност на податоците. Точноста и конзистентноста ја поткрепуваат веродостојноста на информациите од јавен карактер која е значајна за довербата и кредибилитетот на јавните институции. (кои учествуваат во прибирање и обработка на економски податоци.)

Понатаму, веродостојните податоци се клучни за ефективно управување и развој на политики, бидејќи обезбедуваат неопходна основа за анализа, планирање и спроведување на јавните услуги и бизнис потребите. Активностите во оваа заложба водат кон точно, навремено и  транспарентното објавување на економски податоци соодветни за потребите на бизнис операторите, локалните самоуправи, академската заедница и граѓаните. Достапноста на податоците во агрегации кои одговараат на потребите на граѓаните ја зголемуваат корисноста на економските податоци, а со тоа и нивната употреба и видливост.

Со оваа заложба се промовира и транспарентноста на локалната власт. Овозможувањето на податоци за економски индикатори на општинско ниво ја зголемува видливоста на локалните економски потреби и резултати.

Истовремено, активностите во оваа заложба допринесуваат кон намалување на корупцијата, како закана за транспарентноста на јавните институции. Автоматизацијата на процесите поврзани со собирање, складирање, обработка и објавување на економските податоци ги минимизира можностите за корупција преку намалување на човечкото влијание во процесите. Дополнително, ефективното искористување на изворните економски податоци од страна на јавните институции е значајна алатка во изолирање на проблематичните економски активности и разоткривањето на корупција.

 

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Оваа заложба поттикнува одговорност на јавните институции и локалната самоуправа пред граѓаните преку зголемување на достапноста на податоци кои ги следат и оценуваат економските активности и нивните промени. Зголемувањето на достапноста до корисни економски податоци е значаен механизам за мониторинг и евалуација на различните национални и локални иницијативи. Различните агрегации на изворните податоци на овие три институции (на пример, невработеноста, растот на извозот на стоки и најчестата професија во општина Битола) ќе овозможи мерење на исходите на различни локални политики и национални политики за регионален развој. Овозможувањето на податоци во соодветно агрегирана форма е клучен механизам за евалуација на јавните политики и нивните исходи. Дополнително, навремено и континуирано објавување на овие податоци ќе овозможи мониторинг на клучни процеси низ времето.

Националните статистики поврзани со економски активности често содржат значајни регионални разлики. Отсуството на податоци за клучните економски активности на општинско ниво преставува бариера кон мерење и следење на регионалните економски разлики како и на ефектот од различните национални и локални политики врз истите. Тоа го отежнува процесот на утврдување на одговорност за причините кои допринесуваат кон националните статистики. Со оваа заложба, се намалуваат бариерите до пристап до релевантни економски податоци кои се користат за евалуирање на ефектот на јавните политики и утврдување на одговорност за истите.

 

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Автоматизирањето и усовршувањето на системите за бази на податоци и дигиталната инфраструктура во јавните институции, значително ќе го олесни пристапот до информациите на јавноста.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Агенција за вработување на Република Северна Македонија
  • Управа за јавни приходи

Организации

  • Здружение за истражување и анализи - ЗМАИ Скопје
  • Иницијатива за развој и инклузија на зедниците - ИРИЗ, Скопје
  • Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените


Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4

Остварени Достигнувања: 0/4

Достигнувања кои се на чекање: 0/4

Неостварени достигнувања: 4/4

Достигнувања со значителен прогрес: 0/4

Незапочнато

4.1.1Идентификувани подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии и законски основи за дигитализирање на постапка за електронска подготовка на извештаите

Индикатори: 1. Подготвена листа на подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии и законски основи за дигитализирање на постапка за електронска подготовка на извештаите 2. Дефинирана динамика за измени на подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии во насока на дигитализирање на процесот на подготовка на финансиско известување поврзано со редовно и изборно работење на политичките партии (и други субјекти вклучени во изборни кампањи)
Незапочнато

4.1.2 Донесени нови подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии

Индикатори: 1. Формирана работна група за подготовка на нови формати за финансиско известување 2. Подготвени подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии
Незапочнато

4.1.3 Подготвено софтверско решение за електронско пополнување на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање на политичките партии и други субјекти вклучени во изборна кампања

Индикатори: 1. Подготвена техничка спецификација за софтверско решение 2. Изработка на софтверско решение 3. Тестирање на софтверско решение 4. Ставање во употреба на софтверско решение во
Незапочнато

4.1.4 Овозможено електронско поднесување на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање на политичките партии и други субјекти вклучени во изборна кампања до институциите согласно законите

Индикатори: 1. Донесени измени на Изборниот законик и Закон за финансирање на политичките партии со цел овозможување на електронско поднесување на извештаите со користење на дигитален сертификат за потпишување 2. Активирање на модул во рамките на изработено софтверското решение за електронско поднесување на извештаите до институциите согласно законите (ДКСК)

4.1 Дигитализација на процеси за финансиско известување на политичките партии

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Целта на заложбата е овозможување на системска транспарентност на финансирањето на политичките партии затоа што идентификувано е дека во сегашните начини на финансирање на политичките партии се создава поволна околина за корупција. Имено, преку финансирањето на политичките партии се отвораат можности за создавање на јаки врски и силни позиции кои подоцна (од позиција на власт-донатор) може да се користат за корупција. Оттука, за да се зајакне надзорот од институциите, но и да се овозможи следење на финансирањето од граѓаните, се предлага воспоставување системска транспарентност на финансирањето, што значи пристап до податоците од финансирањето на политичките партии на едно место во отворен формат, но и поедноставување на формата, содржината и начинот на финансиско известување на политичките партии преку ревидирање на формата и содржина на Регистар за донации, Извештај за добиените донации, Годишен финансиски извештај и извештаи во време на изборни кампањи.

Главна цел на заложбата

1. Каков проблем адресира заложбата?

Во согласност со Законот за финансирање на политички партии во Република Северна Македонија, изворите на финансирање на политичките партии и нивните расходи се јавни и транспарентни и подлежат на контрола од државните органи. За да исполнат транспарентност при финансиското работење, партиите треба да ги објават следните документи:

  • Регистар за донации, кој ги содржи името, односно називот на секој донатор поединечно, видот и вредноста на донацијата, како и датумот на добивање на донацијата;
  • Извештај за добиените донации;
  • Годишен финансиски извештај, кој го содржи финансиското работење на сметката на политичката партија, како и потсметките на локалните ограноци и потсметката на партиско истражувачко-аналитичкиот центар;
  • Годишна сметка за финансиско работење;
  • За изборни кампањи: вкупен финансиски извештај за кампањата.

Финансирањето на политичките партии доколку не е транспарентно создава околина во која се зголемува ризик од корупцијата. Доколку законската регулатива и ревизијата од институциите потфрлат и не овозможат транспарентност на податоците за парите, кои партиите ги добиваат и трошат, тогаш веројатноста за корупција е голема. Во согласност со Законот за финансирање на политички партии во Република Северна Македонија, изворите на финансирање на политичките партии и нивните расходи се јавни и транспарентни и подлежат на контрола од државните органи.[1]

Од друга страна сегашната регулатива пропишува не-дигитално поднесување на финансиските извештаи што отежнува следење на финансирањето на политичките партии на институциите кои вршат надзор. Сегашен начин на известување вклучува скенирани извештаи поднесени на хартија, коишто не се машински читливи и не можат лесно и брзо да се внесат во базата на податоци, туку бараат трудово интензивна и долга работа што води кон не-ефикасно користење на човечките ресурси во институциите. Институциите споро реагираат поради тоа што податоците не се достапни во дигитален отворен формат во вид на податочни сетови, со што не е овозможена брза, автоматизирана анализа на податоците од извештаите. Истовремено граѓанското општество не може навремено и рано да предупредува за можните коруптивни практики кои се појавуваат преку финансирањето на политичките партии.

Надзорот над финансиско-материјалното работење на политичките партии го врши ДЗР. Документите поврзани со финансиско работење на политичките партии се поднесуваат и до ДКСК, УЈП, ДИК, МФ кои, исто така, имаат законска обврска податоците да ги објават.

[1]  ИРИ и ЗМАИ, Спасовска Н., Трајковска М. (2022) „Добри практики за презентација на финансиски податоци на партии и кандидати“

2. Кои се причините за проблемот?

Покрај законски пропишаните облици на објавување на финансиските извештаи на политичките партии на партиските веб-страници, како и  на веб-страниците на  институциите надлежни за нивната работа, во  РСМ не постои утврден формат  на претставување на финансиите на политичките партии кој би бил унифициран и поедноставен за пребарување. Според тоа, за Северна Македонија не може да се каже дека има доволно транспарентен и лесно достапен систем за известување за финансирањето на политичките партии и неопходно е да се работи на негово подобрување и унапредување.

При собирање на финансиски податоци внатре во партијата, но и при известување за нив кон институциите и јавноста неопходно е да се искористат предностите на дигитализацијата. Воведување на интегрирано софтверско решение, каде што овластено лице од партијата може да поднесува финансиски извештаи директно од нивните табеларни пресметки, значително ќе го олесни административниот товар од овој процес.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Досега не се правени напори за дигитализирање на процесот на пополнување на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање на политичките партии и други субјекти вклучени во изборна кампања, во смисла на софтверското решение. До сега пропишаните формати за подготовка на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање партии и други субјекти вклучени во изборна кампања се во „ворд“ или „ексел“ формат.

2. Какво решение предлагате?

Со оваа заложба ќе се подготви софтверско решение кое ќе се овозможи подготовка на финансиски извештаи директно на онлајн систем. На овој начин институциите ќе имаат во истиот момент сите податоци во дигитален формат во вид на податочни сетови кои лесно може да се анализираат и обработуваат за остварување на нивните законски надлежности во вршење контрола и следење на финансирање на политичките партии. Политичките партии ќе можат брзо и ефикасно да ги подготват и електронски да ги поднесат извештаите во пропишаниот формат. Јавноста ќе има пристап до податочни сетови во истиот момент кода извештаите ќе бидат поднесени до надлежните институции.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Со спроведување на заложбата ќе се овозможи системска транспарентност на финансирањето на политичките партии. Преку дигитално решение за подготовка на финансиските извештаи ќе се олесни и пристап до база на податоци потребни за анализа на финансиските податоци на политичките партии, со што ќе се зајакне надзорот од институциите, но и ќе се овозможи следење на финансирањето на политичките партии од страна на јавноста. Преко воспоставување системска транспарентност на финансирањето ќе се овозможи пристап до податоците од финансирањето на политичките партии на едно место во отворен формат, но и поедноставување на формата, содржината и начинот на финансиско известување на политичките партии преку ревидирање на формата и содржина на Регистар за донации, Извештај за добиените донации, Годишен финансиски извештај и извештаи во време на изборни кампањи.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Инвестирањето во дигитални технологии за приказ на финансиските извештаи на политичките партии е еден од начините за зголемување на транспарентноста. Во многу демократии (на пр. Обединетото Кралство, Естонија, Латвија, Финска, Норвешка, Шведска, Соединетите Американски Држави Канада, Австралија и др.) активно се користат придобивките од дигитализацијата, па така, политичките партии онлајн известуваат и испраќаат извештаи до надзорните тела, кои потоа ги прават овие извештаи јавно достапни на нивната веб-страница. Ваквиот онлајн систем на известување во многу земји е поврзан и со други системи преку споделување на податоци, како што се даночниот систем, системот за население и бизнис-регистарот, при што, дополнителното вкрстување на податоците од различни бази може да даде одредени индикации за постоење на корупција и нелегални трансфери.[1]

[1]  ИРИ и ЗМАИ, Спасовска Н., Трајковска М. (2022) „Добри практики за презентација на финансиски податоци на партии и кандидати“

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Целосно откривање на финансиските информации на политичките партии може да послужи и како бариера за да се намалат несаканите влијанија врз нив. Според укажувањата на ГРЕКО (Група на држави против корупција), системот кој не обезбедува правилно обелоденување на изворите на приходите и сметките на партиите, најчесто има тешкотии во надзорот на примената на законите кои го регулираат финансирањето на политичките партии и кампањите, како и во спроведувањето на неопходните санкции. Притоа, потребно е да се нагласи дека објавувањето на податоците само по себе не е доказ за финансиската транспарентност на политичките партии.

Во согласност со дефиницијата на Комисијата за хартии од вредност и берзите на САД (U.S. Securities and Exchange Commission), финансиска транспарентност подразбира навремено, значајно и сигурно објавување на финансиските перформанси.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Финансиската транспарентност на политичките кампањи претставува една од најважните одлики на функционалните демократии. Таа е основа за обезбедување на отчетност на политичките партии и алатка за гласачите – полесно да донесат информирани одлуки, а институциите да вршат ефективен надзор врз работата на политичките партии.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Државна комисија за спречување на корупцијата
  • Министерство за правда
  • Државен завод за ревизија
  • Управа за јавни приходи
  • Државна изборна комисија
  • Централен регистар на Република Северна Македонија
  • ГРАД СКОПЈЕ
  • Совет на општини

Организации

  • Здружение за истражување и анализи - ЗМАИ Скопје
  • Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје
  • Иницијатива за развој и инклузија на зедниците - ИРИЗ, Скопје
  • Фондација за интернет и општество Метаморфозис
  • Центар за граѓански комуникации
  • Политички партии


Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5

Остварени Достигнувања: 0/5

Достигнувања кои се на чекање: 0/5

Неостварени достигнувања: 5/5

Достигнувања со значителен прогрес: 0/5

Незапочнато

3.2.1 Изработка на План за превенција на семејно насилство

Индикатори: Донесен План за превенција за семејно насилство, кој опфаќа: - подигање на јавната свест за природата и механизмите за заштита од семејното насилство - спроведување на едукација на практичарите
Незапочнато

3.2.2 Промовирање на едукативни материјали за подигање на јавната свест и улогата на практичарите

Индикатори: -Изработен прирачник за подигање на јавната свест за природата на семејното насилство и постапките пред надлежните институции -изработка на материјали (програми и насоки за едукација на практичари)
Незапочнато

3.2.3 Одржување (две) работилници за практичари за запознавање со планот за превенција и промотивно-превентивните материјали

Индикатори: подобрена комуникацијата помеѓу практичарите за начинот на информирање на јавноста
Незапочнато

3.2.4 Одржување четири информативни трибини за општа јавност во четири градови и дистрибуирање на промотивни материјали во 78 полициски станици, 27 Основни судови, 22 ОЈО,

Индикатори: Подигната јавната свест за природата и законските механизми за заштита од семејното насилство
Незапочнато

3.2.5 Спроведување две обуки за практичарите за подобрување на нивното постапување во случаи на семејно насилство

Индикатори: Подобрени знаења и вештини кај практичарите при постапувањето во рамките на кривично-правниот систем за заштита, итна мерка и привремени мерки за заштита од семејно насилство

3.2 Спречување на насилството врз жените и семејното насилство

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Заложбата е насочена кон подигање на јавната свест и едукација на практичарите од надлежните институции за спречување на семејното насилство. Имено, покрај законското регулирање на семејното насилство од 2004 година жените сè уште не препознаваат одделни форми на семејното насилство, како што се психолошкото и економското и не се запознаени со законските механизми за заштита. Оттука  произлегува  потребата  од  континуираната системска едукација на практичарите од полицијата, судовите, ОЈО, ЦСР, здравствени установи и другите институции кои се вклучени во системот за заштита. И покрај тоа што НАП за спроведување на Истанбулска Конвенција 2018-2023 и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство(Службен весник на РМ бр. /04 и РСМ бр. 24/21) ја издвојуваат превенцијата како приоритетна област на делување, за која изостанува распределбата на средства и спроведување на превентивни мерки. Од ваквите состојби се особено погодени ранливите групи на жени, како што се жените кои живеат во руралните средини, жените со попреченост, припадничките на етничките малцинства. Заложбата предвидува спроведување на сеопфатна национална кампања за информирање на јавноста, а особено ранливите групи на жени за природата на семејното насилство и законските обврски на институциите надлежни за пријавување на насилството врз жените и семејното насилство, како и едукација на практичарите од овие институции.

Главна цел на заложбата
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Недоволна превенција на семејното насилство, поради недоволното разбирање во јавноста на природата на семејното насилство и законските механизми за заштита, како и неопходноста доедукација на практичарите од полицијата, основни граѓански и кривични судови, јавни обвинителства, Центрите за социјална работа (ЦСР) и здравствени установи.

Семејното насилство претставува сериозен општествен проблем кој е резултат на родовата нееднаквост и дискриминација на жените во нашето општество. Високата застапеност на родовите стереотипи и предрасуди кои налагаат подредена улога на жената во однос на мажот во семејството и општеството е основната причина за појава и опстојување на семејното насилство. Превенцијата на насилството врз жените и семејното насилство е издвоена како приоритетна област во сите релевантни документи на меѓународно ниво кои се ратификувани од нашата држава, вклучително и Конвенцијата за борба против насилството врз жените и семејното насилство на Совет на Европа (Истанбулска конвенција). За ефективното справување со семејното насилство потребно е подобрување на информираноста на јавноста за родовата еднаквост, природата и карактеристиките на семејното насилство, како и законските механизми во рамките на граѓанско правниот и кривично правниот систем на заштита воспоставен од 2004 година. Имено, кривично правната заштита се обезбедува преку инкриминирањето на актите на семејното насилство и примена на построга казнена политика на сторителите, додека граѓанско правната заштита на жртвите на семејно насилство се обезбедува преку изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство. И покрај ваквата законска уреденост во пракса сè уште изостанува ефективната заштита на жените што претрпеле семејно насилство. Ваквата состојба се должи на необезбедување на потребните буџетски и човечки ресурси за спроведување на законските обврски на институциите, како и на ненадминувањето на долготрајните системски проблеми, вклучително и недоволното информирање на општата јавност како и потребата од системска едукација на практичарите од надлежните институции кои се вклучени во системот на заштита. Изостанува спроведувањето на сеопфатна национална кампања за информирање на јавноста, особено ранливите категории на жени за природата на семејното насилство. Жените сè уште не препознаваат одделни форми на семејното насилство (психолошкото и економското насилство) и не се запознаени со кривичната постапка за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство. Истото се однесува и на постапката за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство. Жените не се запознаени со нивните законски гарантирани права во постапките кои ги водат за решавање на проблемите кои произлегуваат од семејното насилство, како што се разводот на брак, старателството и издршката за децата, делбата на имот, надомест на штета и др. Поради трошоците поврзани со семејното насилство и неповолната финансиска состојба жртвите не се во можност да бараат ефективна судска разрешница на наведените проблеми, а истовремено не се запознаени и не ги користат правото на ослободување од плаќање на трошоци во постапките согласно Законот за парнична постапка и правото на бесплатна правна (секундарна) правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош. Токму поради тоа потребно е да се воспостави системска континуирана едукација на практичарите од институциите кои се вклучени во обезбедувањето на помош и поддршка на жртвите.

Во однос на тоа, постоечките емпириски истражувања и официјалните статистички податоци за пријавените случаи на семејно насилство говорат  дека во последните 20 години има континуиран тренд на висока застапеност на семејното насилство. Истражувањето за насилството врз жените  во РС Македонија покажува дека 44 % од жените доживеале психолошко насилство од интимниот партнер, а 60 % сметаат дека семејното насилство е доста распространето во државата.  Три пати повеќе жени во државата (48 %) сметаат дека семејното насилство е приватна работа која треба да се решава дома, споредено со жените од државите ширум ЕУ. Дури две третини не се доволно информирани за тоа што треба да прават во случај на насилство, додека само 2 % од оние кои претрпеле семејно насилство истото го пријавиле во полиција (Организација за безбедност и соработка на Европа – ОБСЕ 2019, Извештај за насилството врз жените во Северна Македонија, Благосостојбата и безбедноста на жените). Статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи за семејното насилство во периодот 2017-2023 година покажуваат тренд на континуирано зголемување на бројот на пријавени случаи на годишно ниво. Во 2022 година биле евидентирани највисокиот број на случаи, односно  1117 кривични дела, 366 прекршоци и дури  4421 поплака како резултат на семејното насилство. Во 2023 година продолжува ваквиот тренд, односно во периодот од јануари до септември 2023 година (9 месеци) се забележани вкупно 841 кривично дело, 245 прекршоци и дури 3776 поплаки (МВР, Статистика за семејно насилство за 2017-2022 и квартални статистики податоци за 2023).

Оваа заложба вклучува мерки за надминување на образложените системски недостатоци во справувањето со семејното насилство на полето на превенција, преку планирање и спроведување на активности за подобрување на разбирањето во општата јавност и задолжителна едукација на практичарите од надлежните институции и распределба на потребните ресурси за нивно спроведување.

  1. Кои се причините за проблемот?

Една од главните причини за ваквите состојби е „занемарувањето“ на превенцијата на семејното насилство од страна на државата и покрај тоа што политиките и законите наметнуваат обврска за распределба на буџетски средства за спроведување на активности за подигање на јавната свест и едукација на практичарите од институциите вклучени во системот на заштита.

НАП за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа 2018-2023 и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство ја издвојуваат превенцијата како приоритетна областа на делување, меѓутоа изостанува распределбата на финансиските средства и спроведувањето на предвидените превентивни активности кон општата и стручна јавност.  Имено, во член 27 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е наведено дека надлежностите на органите на државната управа,  ЕЛС и правните лица кои вршат јавни овластувања ќе се спроведуваат преку обезбедување на финансиски средства во рамките на ресорните буџети. Во член 34 од Законот е регулирана обврската за донесување на програма за превентивни мерки и активности и спроведување на кампања и воспоставување на систем за редовно објавување на податоци за превенција од насилство. Законот исто така предвидува и изречни индивидуални обврски за креирање на политики за превенција и обезбедување на финансиски средства за нивно спроведување од страна на Министерството за труд и социјална политика (чл. 17), Министерството за внатрешни работи (чл. 18), Министерството за здравство (чл. 19), Министерството за правда (чл. 20) и ЕЛС (чл. 21). Оправданоста за оваа заложба е поголема доколку се земе предвид дека меѓународните тела за следење на спроведувањето на стандардите за женски човекови права, како што се Комитетот за елиминирање на дискриминација врз жените при Обединетите Нации (ОН) континуирано укажува на потребата за преземање на превентивни активности од страна на државата. Потребата за интензивирање и диверзифицирање на активностите за подигање на јавната свест е нагласена и во првиот извештај за евалуација на  РСМ на Експертската група на Советот на Европа за борба против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО телото за следење на спроведувањето на Конвенцијата за борба против насилството врз жените и семејното насилство на Совет на Европа (Истанбулска конвенција)

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Досегашниот пристап на државата беше главно декларативен и се состоеше од усвојување на стратегии, политики и закони без обезбедување на потребните предуслови за нивното спроведување во пракса. Иако превенцијата на семејното насилство, односно потребата за преземање на активности за подигање на информираноста во јавноста и едукација на практичарите од надлежните институции е препознаена како една од приоритетните области на делување во политиките и законите од областа на родовата еднаквост, насилството врз жените и семејното насилство, сепак изостанува ефективното спроведување на планираните  цели, мерки и активности на ова поле. Дотолку повеќе што не се спроведуваат ниту изречните законски обврски за обезбедување на финансиски средства од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство образложени претходно.

Досегашните напори на полето на подигање на јавната свест и едукација на практичарите се преземени главно на иницијатива на меѓународните и граѓанските организации, кои беа декларативно поддржани од страна на надлежните министерства и институции. Сепак ограничениот опфат на населението со овие кампањи (особено населението од руралните средини) и нивната зависност од донаторска поддршка директно се одразува врз влијанието кое истите го имаат на национално ниво.

2. Какво решение предлагате?

Планирањето и спроведувањето на сеопфатни превентивни активности од страна на надлежните министерства и институциите вклучени во системот за заштита од семејно насилство директно ќе придонесе за препознавање на насилството и ќе ги поттикне жените да го пријават а истовремено ќе овозможи и подобрување на постапувањето на практичарите од надлежните институции. Фокусот ќе биде ставен на интензивирањето на спроведувањето на законските обврски во однос на превенцијата  на семејното насилство од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. Министерството за внатрешни работи е водечко министерство за спроведување на предвидените активности земајќи предвид дека полицијата е влезната точка во кривично-правниот систем за заштита од семејно насилство, а воедно има многу значајна улога и во спроведувањето на итната мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување“, како и во однос на привремените мерки за заштита кои го сочинуваат граѓанско правниот систем на заштита. Министерството за правда ќе биде активно вклучено во спроведувањето на предвидените активности а во работната група ќе бидат повикани да се вклучат и останатите субјекти, како што се  МТСП, МЗ, ЕЛС и други.

Појдовна основа за спроведување на заложбата е подготовка на План за превенција на семејното насилство од страна на надлежните министерства, кои ќе опфатат две приоритетни области на делување:

  1. Подигање на свеста кај  јавноста, особено за ранливите групи на жени за природата на насилство врз жените и семејното насилство, механизмите за заштита на законските гарантирани права, преку сеопфатна национална кампања во урбани и рурални средини, користење на „традиционални“ и алтернативни канали за комуникација со јавноста.
  2. Подобрени капацитети на практичари од полицијата, граѓанските и кривичните судии и јавни обвинители за справување со семејното насилство, преку организирање на почетни и континуирани обуки, вклучувајќи и друг вид едукативни настани.

За секоја од приоритетните области ќе бидат специфицирани конкретни мерки, индикатори, носители и потребните буџетски средства за нивно спроведување. Планирањето ќе се заснова на искуството и потребите на жените што претрпеле семејно насилство и самите практичари вклучени во системот на заштита, со што ќе се промовира планирање базирано на докази. Подготовката на планот и подготвителните активности за спроведување на истиот преземени во 2024 година, спроведувањето ќе започне почнувајќи од 2025 година. Значајно е да се напомене дека заложбата предвидува и продолжување на активностите во однос на семејното насилство содржани во тековниот НАП за ОВП 2021-2023, како што е редовното објавување на податоци за пријавените случаи и преземените мерки за заштита на жртвите.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

  1. Подигнато нивото на јавната свест во однос на природата, карактеристиките и последиците од семејното насилство, како и законските механизми за заштита. Заложбата треба да резултира во препознавање на семејното насилство, задолжително пријавување во институциите, запознаеност со законските механизми за заштита, како што е кривичната постапка за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство и граѓанската постапка за изрекување на привремени мерки за заштита, како и законски гарантирани права како што се правото на ослободување од плаќање на трошоците и правото на бесплатна правна помош во граѓанските судски постапки.
  2. Подобрено е постапувањето на полицијата, кривичните и граѓанските судии и јавните обвинители како резултат на зајакнатите знаења и вештини преку континуираната едукација. Практичарите ќе стекнат соодветни знаења и вештини за подобрување на одделните аспекти од нивното постапување и обезбедување на ефективна заштита и решавање на специфичните проблеми на жените што претрпеле семејно насилство.

 

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

  • ЗАЛОЖБАТА Е ВАЖНА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТА бидејќи:
    • овозможува пристап до нови и повеќе информации за јавноста, жртвите на семејно насилство и практичарите од институциите и правосудството
    • го подобрува квалитетот на информациите, преку развивање и комуникација на посебни пораки за секоја целна група
    • ја подобрува пристапноста до информации за семејното насилство преку проактивно вклучување на полицијата и правосудството

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

  • ЗАЛОЖБАТА Е ВАЖНА ЗА ЈАВНА ОТЧЕТНОСТ бидејќи:
    • создава/подобрува правила, прописи и механизми за јавна одговорност на функционерите, преку подобрување на постапувањето на институциите и правосудството и јавното периодично објавување на податоци за пријавените случаи и преземените дејствија

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

  • ЗАЛОЖБАТА Е ВАЖНА ЗА ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО бидејќи:
    • Создава/подобрува можностите и условите за јавното учество и влијание во креирањето на одлуките, преку планирање на превентивни мерки врз основа на специфичните потреби на жените што претрпеле семејно насилство, вклучително и ранливите групи, како што се жените од руралните средини, етничките малцинства и жените со попреченост
    • Создава/подобрува овозможувачка околина за граѓанското општество преку решавање на долготрајните проблеми на ниво на превенција за кои континуирано 20 години застапуваат граѓанските организации кои работат на родовата еднаквост и заштита од родово базирано насилство
Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за правда
  • Заедница на единиците на локалната самоуправа на РСМ- ЗЕЛС
  • Министерство за здравство
  • Министерство за труд и социјална политика
  • Центар за социјална работа
  • Основни судови
  • Јавни обвинителства
  • Здравствени установи
  • Парламентарен институт - Собранието на Република Северна Македонија

Организации

  • Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
  • Граѓански организации
  • Приватен сектор
  • Меѓународни организации


Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5

Остварени Достигнувања: 0/5

Достигнувања кои се на чекање: 0/5

Неостварени достигнувања: 5/5

Достигнувања со значителен прогрес: 0/5

Незапочнато

3.1.1 Формирање на работна група за измени и дополнувања на Законот за БПП

Индикатори: Реализирани измени на Законот за БПП во делот на веќе идентификуваните проблеми
Незапочнато

3.1.2 Идентификување на недостатоците во постоечкиот софтвер на Министерството за правда за управување на предметите за БПП и утврдување на проблемите за неговото нефункционирање во пракса

Индикатори: Јасно идентификувани недостатоци на софтверот и предлози за негово надградување
Незапочнато

3.1.3 Унапредување и надградување на софтверот на Министерството за правда за управување на предметите за БПП

Индикатори: Надграден софтвер за управување на предмети, применлив во пракса
Незапочнато

3.1.4 Обуки за вработените во МП (Одделение за БПП и подрачни одделенија) за ИТ вештини и примена за софтверот за управување на предмети за БПП

Индикатори: Обучени вработени за користење на софтверот и негово заживување во пракса
Незапочнато

3.1.5 Информативни активности за промоција на новите измени на Законот за БПП (по реализацијата на активноста број 1)

Индикатори: Различни информативни активности, промотивни настани, отворени денови, микро промоции во различни градови, промоции преку социјални и традиционални медиуми

3.1 Дигитализација и унапредување на системот за бесплатна правна помош

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Оваа заложба се однесува на дигитализација и унапредување на системот за бесплатна правна помош (БПП) преку надградување и започнување со примена во пракса на софтверот за менаџирање на предметите за БПП, унапредување на системот на собирање на податоци и водење статистики, обезбедување интероперабилност за размена на податоци со другите институции вклучени во системот за БПП како и измена и дополнување на Законот за бесплатна правна помош.

Главна цел на заложбата
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Со заложбата за дигитализација и унапредување на системот на  БПП засегнати се сите граѓани коишто поради недостиг на финансиски средства не можат да си ги остварат своите права и слободи, а особено граѓаните кои што се припадници на ранливите категории. Отсуството на дигитализација, односно интероперабилен софтвер за водење на предметите и собирање на податоци влијае на квалитетот на обезбедените услуги за БПП, времетраењето на постапката на собирање на документи од релевантните институции, транспарентноста и отчетноста на Министерството за правда и подрачните одделенија, што во крајна линија директно влијае на пристапот до правда на граѓаните. Дополнително, со влегувањето во сила на новиот Закон за вештачење, корисниците на правото на секундарна правна помош го губат правото на бесплатен вешт наод и мислење кое им припаѓа согласно Законот за бесплатна правна помош. Имајќи го во предвид ова, постои итна и неодложна потреба од отпочнување за процес за изработка на измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош со цел да се усогласи со новонастанатата состојба со донесувањето на Законот за вештачење. Покрај ова прашање неопходно е да се решат проблемите поврзани со повеќе други области за кои Национално координативно тело за бесплатна правна помош во повеќе наврати има расправано, а за чие надминување се неопходни измени во Законот за бесплатна правна помош (како на пример БПП за жртви на кривични дела, БПП за жртви на семејно и родово-базирано насилство, ослободување од „други трошоци во постапката“ итн., подетално објаснети подолу).

  1. Кои се причините за проблемот?
  • Проблеми кои произлегуваат од одредбите во Законот за бесплатна правна помош

Потребата од итна и неодложна потреба од отпочнување на процес за изработка на измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош произлегува пред се од новонастанатата состојба со донесувањето на Законот за вештачење. Со членот 62 од Законот за вештачење, Бирото за судски вештачења се трансформираше во Биро за процена. Од 29 јули 2023 тоа веќе не врши вештачења туку само проценки. Од друга страна пак, согласно член 13 став 6 од Законот за бесплатна правна помош, вештачењата за потребите на лицата на кои им е одобрена секундарна правна помош се обезбедува преку Бирото за судски вештачења согласно со Законот за вештачење. Имајќи  предвид дека Бирото за судски вештачења како такво веќе не постои, корисниците за секундарна правна помош останаа без пристап до услугите од вешто лице. Во практиката оваа празнина може да има особено тешки последици во однос на лицата затоа што вештачењата се особено важно доказно средство во граѓанските постапки кое согласно чл. 235 од Законот за парничната постапка по правило се поднесува со тужбата или со одговорот за тужбата. Она што е неопходно да се уреди се: а) субјектите кои ќе можат да вршат вештачење во предмети за кои е одобрена БПП; б) начинот на избор на субјектите во поединечен предмет имајќи ги предвид правилата на процесните закони; в) постапката за изработка на вешт наод и мислење како и давање исказ во контекст на БПП; и г) постапката за исплата на наградата и трошоците на вештакот. За да се уредат овие околности неопходна е измена на Законот за бесплатна правна помош која треба да се врши од работна група во која ќе учествуваат сите засегнати страни вклучувајќи ги и вештаците, независно на кој начин ќе бидат организирани.

Дополнително на проблемот со вештачењата особено значајни прашања кои треба да се регулираат со измените на Законот за бесплатна правна помош се:

– Отсуството на јасно и недвосмислено право на  БПП  за жртвите на кривични дела како оштетени во кривичната постапка со што се ограничува можноста на жртвите да ги заштитата и остварат своите права во кривичната постапка. Ова е во спротивност со правото на ЕУ, особено со Директивата за правата на жртвите;

– Обезбедување пристап до секундарна правна помош за жртви на семејно и родово-базирано насилство без утврдување на имотна состојба;

– Отсуството на одредби со кои се уредува ослободувањето од т.н. „други трошоци во постапката“ (пр.  трошоци за привремен застапник, супер вештачење, увид итн.) што резултира во пракса иако согласно закон да корисниците се ослободени, сепак се приморани да ги платат за да продолжат со постапката;

– Проширување на правните прашања за кои може да се одобри секундарна постапка со вклучување на постапки кои непропорционално ги засегаат сиромашните лица (пр. постапка за утврдување и наплата на долг пред нотари односно извршители, спорови во врска со јавни и комунални услуги итн.);

– Усогласување на условите за одобрување за секундарна правна помош со стандардите утврдени во практиката на Европскиот суд за човековите права;

– Усогласување на примањата кои не се сметаат за приходи со новиот модел на социјална заштита воспоставен со Законот за социјална заштита од 2019 година;

– Бришење на условот за работна зафатнина на моторот и ограничување на сопственоста на само едно регистрирано моторно возило без оглед на перформансите на возилото;

– Корисниците на паричен надоместок од социјална помош како резултат на нивната финансиска состојба при поднесување барање за секундарна правна помош не треба да подлежат на проверка на средствата.

  • Отсуство на дигитализација во системот за бесплатна правна помош

Процес на изготвување на софтвер за водење на предмети за БПП беше отпочнат од страна на Министерството за правда меѓутоа истиот не е функционален и не се користи во пракса. Отсуството на ваквиот софтвер го отежнува собирањето на податоци, водењето на релевантни статистики и планирањето на политики. Дополнително, отсуството на интероперабилност со другите институции го отежнува процесот на подрачните одделенија на МП за добивање на податоци од другите засегнати органи (како на пример Центар за социјални работи, Управа за јавни приходи, МВР, катастар и сл.) со што значително се забавува и отежнува процесот на одобрување на барањата за секундарна правна помош.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

  • Во однос на потребните законски измени

Националното координативно тело за БПП (во коешто членуваат сите засегнати страни: MП и неговите подрачни одделенија, Адвокатската комора, овластените здруженија и правни клиники) со поддршка на Советот на Европа во 2022 година ги идентификуваше проблемите во Законот за БПП кои произлегуваат од праксата на давателите и изготви Анализа за потребата од измени на Законот за БПП каде што се наведени клучните прашања кои што измените треба да ги опфатат.

Со донесувањето на новиот Закон за вештачење, проблемот со вештачењата се дискутираше на последниот 13-ти состанок на Националното координативно тело за БПП од каде што произлезе препорака за итни и неодложни измени на Законот за БПП. Писмо со мислењето на Националното координативно тело за БПП беше испратено до Министерот за правда и Државниот секретар на Министерството за правда.

  • Во однос на дигитализацијата на системот за БПП

Како што беше спомнато и погоре, софтвер за управување со предмети за БПП беше развиен од страна на Министерството за правда меѓутоа истиот никогаш не заживеа во пракса. Некои обуки за користењето на софтверот беа спроведувани на вработените во подрачните одделенија на МП, меѓутоа без голем успех (делумно поради недоволните ИТ вештини на вработените во подрачните одделенија, а делумно поради недостатоци во самиот софтвер).

2. Какво решение предлагате?

  • Во однос на законските измени

Неопходно е итно и неодложно формирање на работна група од страна на Министерството за правда за измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош со вклученост на сите засегнати страни и дискусија за сите идентификувани недостатоци кои предизвикуваат проблеми при користењето на овие услуги од страна на граѓаните. Советот на Европа и овластените здруженија на граѓани и правни клиники треба да бидат вклучени во овој процес.

  • Во однос на процесот на дигитализација

Потребно е идентификување на проблемите на веќе постоечкиот софтвер за управување со предмети за БПП на Министерството за правда и негово надградување, како и обуки за вработените на подрачните одделенија (како за стекнување на основни ИТ вештини, така и обуки за користењето на самиот софтвер). Дополнително, потребно е обезбедување на интероперабилност на софтверот со софтверите на другите институции и обезбедување на пристап на вработените во подрачните одделенија до релевантните податоци неопходни за одлучување по барањата за обезбедување на секундарна правна помош.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Со оваа заложба се отстрануваат на проблемите со кои се соочуваат граѓаните при користењето на услугите за БПП, се зајакнува пристапот до правда за сите, се подобрува собирањето на податоци, водењето на статистики, транспарентноста на давателите на БПП, креирањето на политиките во оваа област, се зајакнува довербата на граѓаните во институциите/организациите кои што даваат БПП и се зголемува бројот на лица кои што бенефитираат од БПП.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Дигитализацијата во оваа област значително ќе ја подобри транспарентноста во водењето на предметите за БПП, квалитетот на годишните извештаи и поседувањето на статистички податоци со што значително ќе се подобри информираноста кај граѓаните. Дополнително, со предложените измени на законските решенија би се подобрил пристапот до правда за граѓаните со што би се зголемил опсегот на корисници на овие услуги, а со тоа и довербата во институциите.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Дигитализацијата и заживувањето на софтверот за управување со предмети за БПП значително ќе го помогне следењето на предметите и подготвувањето на извештаите, а со тоа и одговорноста на Министерството за правда и подрачните одделенија пред граѓаните. Дополнително, оваа заложба се очекува да ја потпомогне одговорноста на Министерството за правда бидејќи ќе покрене иницијатива за подобрување на прописи што само по себе би значело приближување на правдата до граѓаните а особено до сиромашното население.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Здруженијата на граѓани регистрирани за давање на БПП како и други релевантни здруженија на граѓани се активно вклучени во работата на Националното координативно тело за БПП од каде и произлегуваат главните предлози за измените на Законот за БПП. Се очекува, тие да бидат и дел од работната група за подготовка на измените на Законот каде заеднички со сите засегнати страни ќе се дискутираат проблемите кои што за граѓаните произлегуваат во пракса.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Правни клиники регистрирани за Бесплатна правна помош
  • Подрачни одделенија на Министерство за правда

Организации

  • Здруженија на граѓани регистрирнаи за бесплатна правна помош
  • Совет на европа/ЕУ


Датум на последното ажурирање

21 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6

Остварени Достигнувања: 0/6

Достигнувања кои се на чекање: 0/6

Неостварени достигнувања: 6/6

Достигнувања со значителен прогрес: 0/6

Незапочнато

2.6.1 Подготовка и објавување на повик за учество на ГОи и институции во постапка за креирање на планот

Индикатори: Подготвен и објавен повик.
Незапочнато

2.6.2 Прибирање на пријави за учество и предлози (вклучително и предлози за објавување на податоци и информации)

Индикатори: Прибрани пријави за учество и предлози
Незапочнато

2.6.3 Селекција и распределба на претставници на МЖСПП, МЗ, останати институции и ГОи по работни групи (по претходни критериуми).

Индикатори: Креирани работни групи
Незапочнато

2.6.4 Одржување на средби за дискутирање на предлозите и финализирање на истите (бројот би бил согласно потребата).

Индикатори: Одржани средби
Незапочнато

2.6.5 Подготовка на план.

Индикатори: Подготвен план
Незапочнато

2.6.6 Објавување на план и информации

Индикатори: Објавен план и информации

2.6 Подготовка на План за справување со промените во животната средина кои имаат влијание врз здравјето на граѓаните, со учество на ГОи

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Заложбата има за цел да ги мапира сите ризик фактори кои произлегуваат од промените во животната средина, а кои имаат директно или пак индиректно влијание врз здравјето на граѓаните со посебен фокус на жените, децата и граѓаните кои живеат под економско – социјален ризик. Дополнително, покрај мапирањето на ризиците, заложбата има за цел да создаде мултисекторска работна група (институции и ГОи) кои прибираат информации, креираат политики и можат да влијаат врз спречување на ризиците. Попрецизно, во рамки на заложбата покрај ризиците треба да се идентификуваат и информациите кои се расположливи и изворите на тие информации, а врз основа на тоа да се подготви план за централизирано прибирање и објавување на истите. Оваа заложба треба да допринесе во две насоки, најпрво да обезбеди мултисекторска соработка и да обезбеди информации кои ќе помогнат на државата во подготовка на стратегии и програми за спречување на влијанието на промените во животната средина врз нарушување на здравјето на граѓаните.

Главна цел на заложбата
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Поголем број на институции во земјата создаваат информации кои се поврзани со промените во животната средна и промените во здравјето на граѓаните (локалните самоуправи, МЖСПП, Министерството за земјоделство, Министерството за здравство, итн.

  1. Кои се причините за проблемот?

Клучна причина за овој проблем е тоа што информациите кои се создаваат од различните институции не се објавуваат и не се разменуваат помеѓу институциите. А она што е најважно е дека не се користат при планирањето на политиките, со фокус на здравствените политики.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

На национално ниво креирани се низа на планови поврзани со уредување на речни корита, загадување на води и воздух, справување со диви депонии, итн.

2. Какво решение предлагате?

Институциите и ГОи да создадат простор за континуирана меѓусебна соработка и размена на информации кои ќе се користат во креирање политики во различни сектори и ќе се стават јавно достапни за понатамошно следење и обработка.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Идентификувани ризик фактори од промените во животната средина кои влијаат негативно врз здравјето на граѓаните, креиран план за нивно прибирање и објавување, мултисекторска соработка и размена на информации и креирање на политики за заштита на здравјето на граѓаните базирани на сет од релевантни информации.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Континуирано ќе се објавуваат информации за промените во животната средина и нивното влијание врз промените во здравјето на граѓаните.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Институциите ќе креираат политики врз база на комбинација од информации и факти.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Заложбата има клучна цел да обезбеди канал за континуирана комуникација помеѓу сите институции и ГОи кои работат во областа на животната средина и здравјето.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за здравство

Организации

  • Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените


Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

2.5.1 Создадени предуслови за воведување на унифициран систем на јавни консултации на локално ниво со фокус на дигитализацијата и е-консултациите

Индикатори: Дефинирана методологија за утврдување и класифицирање на документи кои што се задолжителни за јавни консултации во локалната самоуправа
Незапочнато

2.5.2 Унапредување на алатките за јавни консултации и е-консултации со граѓаните

Индикатори: Утврдени алатки и механизми за јавни консултации и е-консултации со граѓаните кои што ќе бидат применливи за секоја општина

2.5 Утврдување на методологија за избор на алатки за е-консултации и партиципативно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки во општините

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Немањето на унифицирани механизми и алатки за граѓанско учество на локално ниво е долгогодишен проблем со кој што се соочуваме како граѓани па така кај една општина може да ги видите сите алатки преку кои што може да комуницирате со општината и да поднесете иницијатива, а имате и такви општини каде што не може да најдете ниту основни информации за активностите на општината и вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки. На пример, имате општини кои што ги снимаат јавно и ги пренесуваат седниците на Совет, а имате и такви каде што нема информација ни кога се одржала седница ни што се разговарало и слично. Ова е заложба која што беше дел и од минатиот акциски план но не се направи ништо во однос на истата, а е исклучително потребна за граѓаните во општините.

Главна цел на заложбата

1. Каков проблем адресира заложбата?

Врз основа на истражувањата на Рурална коалиција од 350 испитаници жени и млади само од два региони – Североисточен и Полошки ниту еден не учествувал во буџетски форуми не ги познаваат алатките и механизмите кои што им стојат на располагање;

Општините не се отворени и транспарентни во процесите, па најголемиот дел од процесите кои што бараат вклучување на граѓаните се закажуваат од денес за утре, не се дисеминираат информациите особено во руралните средини кои што и не користат многу средства за електронско комуницирање и информирање;

Непознавање на процесите на донесување одлуки;

Нефункционалност на месните заедници итн.

Само 12 % од младите во општините учествувале на jавни седници на Советот на општината, а само 36 % имаат познавање на алатките за вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво.  Дополнително од 300 жени од руралните средини ниту една не била на средба или состанок на месна заедница ниту пак некогаш добиле покана за одржување на буџетски форум. Исто така од 400 граѓани од сите 8 плански региони дури 2/3 не знаат ниту, пак, имаат информација како да се вклучат во процесите на донесување на информации на локално ниво.

Во исто време нè зафаќаат и процесите на дигитализација, па како што е споменато и погоре има општини со кои што по повеќе основи може да се комуницира електронски, се издаваат електронски документи и сл., но има и такви општини каде што од нивната веб-страница не може да ги добиете ниту основните информации за работата на општината, а камоли пак да се вклучите во процесите на донесување одлуки. Од друга страна, меѓународната заедница работи на полето на дигитализација со дел од општините каде што и се бележи напредок, но повторно потфрлање има од страна на оние општини кои што не се вклучени во ваквите проекти. Исто така не на сите граѓани, па и општини им е јасно што се треба да се стави на јавни консултации, па токму во таа насока ќе биде и спроведувањето на оваа заложба односно идентификување на сите процеси за кои што е потребно задолжително консултирање, како и избор на алатка или механизам кој што би бил соодветен за користење од страна на граѓаните, лесно применлив и разбирлив за да може истиот да се користи.

2. Кои се причините за проблемот?

Во образложението на проблемот во голем дел веќе се објаснети и причините за проблемот, а тоа е недоволното учество на јавноста, односно граѓаните во процесите на донесување одлуки во општините, Во исто време потребен е координиран и усогласен пристап со користење на исти алатки во секоја од општините како и сите граѓани би биле изедначени во нивното право за добивање на информации за јавни консултации и вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Транспарентноста и отчетноста на општините исто така самата по себе е знак прашање,  а во голем дел тоа се должи што општините немаат позитивна пракса на реално вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки, како и за навремено и редовно информирање за работата на општината. Тоа директно придонесува и кон намалување на довербата која што граѓаните ја имаат во локалните институции што пак не оди во прилог на ниту една од засегнатите страни во процесот.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
  1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Унапредување на консултациите со граѓаните се прават постојано, па така веќе се воведени форуми во заедниците, задолжителни јавни консултации за одредени одлуки кои што ги донесуваат општините, процесите за создавање на е-општини со поддршка од меѓународната заедница, но како што напоменавме овие решенија во голем дел се и парцијални или се спроведуваат само на  територијата на одредени општини. Токму затоа е потребно унифицирање на механизмите и алатките кои што се користат за консултации со граѓаните во општините, но и утврдување на документите и јавните одлуки за кои што е задолжителна консултацијата со граѓаните.

  1. Какво решение предлагате?

Спроведувањето на овие активности ќе овозможи дефинирање на методологија преку која што ќе се идентификуваат документите, но и методите и алатките за јавни консултации со граѓаните во општините и на таков начин низ овие две години да се подготвивме за процесот на дигитализација на локалните консултации со граѓаните на начин и со алатки кои што ќе бидат најсоодветни за нив. Освен што документите за јавни консултации ќе бидат достапни електронски, секако дека тие ќе бидат отворени за коментари и подобрување и преку поднесување на писмени поднесоци и предлози за тие кои што имаат помалку познавања од дигиталните алатки, а во исто време во соработка со МЛС, локалните ГОи, како Рурална Коалиција која што има 58 здруженија-членки од цела држава, но и слични на неа ќе работат во полето на информирање за алатките и механизмите кои што им стојат на граѓаните за консултации. Важно е да биде утврдена методологијата, начинот, критериумите врз основа на кои што ќе се определуваат сите документи за кои што се потребни јавни консултации и на таков начин да им се даде можност и на граѓаните да учествуваат во креирањето на локални политики и донесувањето одлуки од јавен интерес.  Решението кое што ќе се донесе, односно методологија и јавните консултации за документите од јавен интерес за кои што тоа ќе се утврди, по консултациите со МЛС ќе биде задолжително за сите општини.

  1. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Зголемување на транспарентноста и отчетноста кај локалната самоуправа, како и проактивно вклучување на граѓаните во локалните процеси на донесување одлуки се главните резултати кои што ќе се постигнат со реализацијата на оваа заложба. Во исто време ќе се унапредат и капацитетите на општините за нивно подготвено учество во процесите на дигитализација и воведување на концептот на е-општини.

Од друга страна, јавноста ќе има олеснет пристап за вклучување во донесувањето одлуки поврзани со унапредување на квалитетот на живот во локалната заедница преку дигитализација и користење на ИКТ алатки.

 

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Заложбата ќе придонесе кон зголемена транспарентност, но и подобрување на пристапот на граѓаните до информациите и активностите на општините особено за документи и одлуки за кои што е задолжително консултирањето со граѓаните

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Ваквата заложба ќе ги отвори процесите на работа но и начинот на донесување одлуки во општините, а во исто време ќе ги зголеми можностите за мониторинг на спроведените активности од страна на граѓаните. Преку пристапот до информациите како и зголемувањето  на можностите за учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки ќе се унапреди и спроведувањето одлуките и регулативата на локално ниво, а ќе се зголемат и процесите на мониторинг и евалуација на работата на локалната самоуправа.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Преку креирањето на методологија за идентфикација на задолжителни документи за консултација, како и избор на механизми за е-консултации кои што ќе бидат најсоодветни и најпристапни за граѓаните директно ќе се придонесе кон зголемување на транспарентноста на општините, но и отвореноста за соработка, а со самото тоа граѓаните ќе имаат можности да бидат вклучени во процесот на донесување на решенијата, а понатаму и во нивното спроведување и мониторинг.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за локална самоуправа
  • Заедница на единиците на локалната самоуправа на РСМ- ЗЕЛС

Организации

  • Рурална коалиција


Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

2.4.1 Утврдена реална состојба и предизвици на општините и органите на државната управа во делот на изготвување и објавување на годишни извештаи за родова еднаквост

Индикатори: - Формирана советодавна група од ГОи и МТСП која што ќе работи со пилот општините и избраните органи на државната управа(општините и органите на државната управа ќе се бираат според критериуми кои што ќе ги изготви советодавната група, ќе бидат опфатени различни региони, а ќе се внимава и на нивната претходна активност на полето на родовата еднаквост, односно ќе се изберат и такви кои што биле поактивни, но и такви кои што не покажале некои позначајни активности во делот на родова еднаквост)
Незапочнато

2.4.2 Унапредено известување и отчетност на институциите во делот на еднаквите можности на жените и мажите

Индикатори: Утврдени минимум критериуми и индикатори врз основа на кои што ќе се следи објавувањето на годишните извештаи и квалитетот на нивната содржина Реализиран мониторинг на изготвени и објавени извештаи за 2025 година

2.4. Редовно и континуирано објавување на годишни извештаи за еднакви можности на мажите и жените од страна на министерствата и општините

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Годишните извештаи за родова еднаквост ги изготвуваат и министерствата и општините како нивна законска обврска меѓутоа истите не се јавно достапни за да може да ги користат граѓаните, граѓанските организации и да може да правиме мониторинг на сработеното. Во моментов ретко кое од министерствата или општините ги објавува јавно ваквите извештаи

Главна цел на заложбата

1. Каков проблем адресира заложбата?

Само половина од општините доставуваат извештаи за еднакви можности до МТСП на годишно ниво. Речиси ниту една општина не ги објавува ваквите извештаи на својата веб-страница ниту, пак, користи какви било други механизми и алатки за информирање на пошироката јавност за преземените активности во делот на унапредување на еднаквите можности на жените и мажите на локално ниво. На национално ниво не е многу подобра состојбата, па така и министерствата не ги објавуваат извештаите за еднакви можности, па граѓаните и граѓанските организации, па и самите институции не се доволно информирани за активностите кои што се преземаат во оваа област од општественото живеење. Сето тоа придонесува често пати и во несоодветното креирање на мерки, политики, програми кои што треба да придонесат кон унапредување на родовата еднаквост на национално и локално ниво.

 

2. Кои се причините за проблемот?

 

Родовата еднаквост за жал не е ставена како приоритет кај националните институции и локалната самоуправа, а за да се донесат информирани одлуки како да се унапреди родовата еднаквост, но и како да се земат во предвид специфичните потреби кои што ги имаат различните категории на граѓани. Изготвување и споделување на годишните извештаи е законска обврска согласно Законот за еднакви можности, но истата не се практикува од страна на институциите.  Ваквата обврска е дефинирана во член 12 од Законот, но исто така унапредувањето на концептот на родовата еднаквост на институционално ниво е и еден од стратешките приоритети на Владата, а во насока на придонес на државата кон остварување на целта за одржлив развој бр. 5-Родова еднаквост од Целите и агендата за одржлив развој 2030. Исто така во овој период државата е во процес на изработка и донесување на нов Закон за родова еднаквост кој што уште повеќе треба да ги зацврсти обврските на институциите кон унапредување на родова еднаквост, а во исто време и кон известување за сработеното на оваа тема. Преку известувањето согласно Министерството за труд и социјална политика се овозможува информирање на пошироката јавност за моменталната состојба, но и им се даваат информации на граѓаните кои што понатаму може да ги искористат за да учествуваат во консултативните процеси и во процесите на донесување одлуки како на национално, така и на локално ниво. (Годишен извештај за преземените активности и постигнатиот напредок во воспоставувањето на еднаквите можности на жените и мажите во РСМ, 2022 година, МТСП).

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Законски обврската е поставена во Законот за еднакви можности меѓутоа истата не се почитува од страна на сите министерства и од страна на дел од општините. Имено во 2022 година, 73 општини доставиле годишен извештај за еднакви можности, но дури во половината од нив нема реално преземено активности за унапредување на еднаквите можности на локално ниво, ниту пак тие извештаи може да се прочитаат јавно на веб-страниците или други канали за комуникација со општините освен ако не се побараат преку Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Кај органите на државната управа само 33 од нив доставиле ваков извештај, а согласно истражувањата на Рурална Коалиција конкретно во секторот земјоделство и рурален развој од над 500 испитаници над 90 % не го препознаваат координаторот за еднакви можности во Министерството за земјоделство ниту пак има лесно достапни податоци за неговата улога, надлежности и слично. Исто така конкретно за ова министерство стои дека до МТСП за 2022 година не доставило извештај за еднакви можности, па не може и да се види каква била состојбата со жените во руралните средини за 2022 година за да може граѓаните, граѓанските организации и другите засегнати страни да ги имаат потребните информации за да знаат како и во кој домен и со какви предлози да се вклучат во процесите на донесување одлуки.

 

2. Какво решение предлагате?

Она што се предлага е во овој период на спроведување на ПОВ да се изберат неколку пилот-општини и министерства со кои што заеднички ќе се работи во соработка со МТСП на  унапредување на процесот на информирање и објава на годишните извештаи за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите. Ваквите позитивни пракси понатаму ќе служат како пример и за останатите општини и министерства, а се со цел да може целосно да се спроведе и практикува законската обврска за изготвување на извештаи, но и споделување на информациите со пошироката јавност како би можеле граѓаните да се вклучат во процесите на креирање на мерки и политики и донесување одлуки. Со инсистирањето за почитување на законската обврска од страна на општините и органите на државната управа нема да се влијае само на процесот на објавување на извештаите туку ќе се влијае и на квалитетот на нивната изработка, бројот на мерките кои што се предлагаат од страна на институциите, понатаму ќе се предлагаат мерки кои што во исто време ќе придонесат и кон исполнување на индикаторите зададени согласно Целта за одржлив развој бр. 5 – Родова еднаквост, а ќе се унапреди и процесот на мониторинг од страна на граѓаните.

 

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Во период од две години би сакале да постигнеме редовна информираност на пошироката јавност и граѓанските организации за активностите кои што се преземаат на годишно ниво, а во делот на унапредување на еднаквите можности. Ова директно ќе придонесе и кон мониторинг на спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост, а објавувањето на извештаите и споделувањето со пошироката јавност директно ќе придонесе кон унапредување на транспарентноста и отчетноста на националните институции (министерствата) и локалната самоуправа (општините). Како што беше споменато и погоре ваквите извештаи ќе го овозможат и граѓанскиот мониторинг во областа, а ќе овозможат и информирано вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Ваквите извештаи се од особено значење затоа што содржат податоци за реалната состојба со еднаквите можности на мажите и жените на национално и локално ниво, потоа податоци колку  жените се вклучени во економскиот, политичкиот и социјалниот живот во општеството, што пак е од особено значење за соодветно вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки преку предлагање на мерки и иницијативи кои што ќе ја одразуваат реалната состојба и кои што ќе бидат насочени кон нејзино унапредување. Исто овие извештаи ги содржат и конкретните мерки и активности кои што органите на државната управа и општините ги презеле, даваат слика за процентот на спроведување на годишните програми за еднакви можности каде што често пати може да прочитате одговори од типот на нема активности или пак како активности се наведуваат само одредени обуки поминати од страна на вработените што и не е реално подобрување на родовата еднаквост, па тоа јасно ни укажува на потребата од вклучување на граѓаните во овие процеси особено во предлагање на мерки и учество во процесите на донесување одлуки како и во делот на мониторинг. Се почнува со одреден број на пилот општини и државни органи на управа со образложение добиено од страна на МТСП дека не може во исто време да се работи со сите општини и органи на државната управа. Унапредувањето на процесот ќе биде видлив преку унапредени формати и содржина на извештаи затоа што со пилот општините и органите на државната управа ќе се работи заедно со МТСП и граѓанските организации на нивно унапредување, а преку нивното редовно објавување на веб-страниците на институциите секако дека ќе се зголеми и нивото на информираност на пошироката јавност затоа што ќе имаат достапни информации, а со самото тоа ќе се влијае и на зголемување на транспарентноста на институциите и општините.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Заложбата ќе придонесе кон зголемена транспарентност, но и подобрување на пристапот на граѓаните до информациите и активностите поврзани со климатските промени. Тоа ќе ги направи во исто време и двете министерства поотворени и потранспарентни кон граѓаните, а во исто време ќе се зголеми и довербата кај граѓаните во институциите откако ќе ги увидат заедничките вложувања на институциите во унапредувањето на информираноста и вклученоста на граѓаните во процесите поврзани со одговорот на државата и институциите кон ефектите од климатските промени и Зелената агенда на државата.

 

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Ваквата заложба ќе ги отвори процесите на работа во делот на еднаквите можности, ќе го поттикне почитувањето на законските обврски, а во исто време ќе овозможи зголемување на можностите за мониторинг на спроведените активности од страна на граѓаните. Од друга страна самите институции ќе ја унапредат својата транспарентност и отчетност, но и ќе се види нивниот ангажман во делот на спроведување на стратегијата за родова еднаквост и законот за еднакви можности на жените и мажите.

 

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Преку зголемувањето на информираноста во делот на еднаквите можности ќе се создадат и услови граѓаните  да се вклучат во процесите на донесување одлуки и/или спроведувањето на законската регулатива и подзаконските акти. Во исто време ќе се овозможи и проактивна вклученост на граѓаните во спроведувањето на законските решенија, но и во делот на мониторинг на резултатите од спроведувањето на законската регулатива на ниво на држава како и на ниво на локална самоуправа.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерства
  • Општини

Организации

  • Рурална коалиција


Датум на последното ажурирање

22 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4

Остварени Достигнувања: 0/4

Достигнувања кои се на чекање: 0/4

Неостварени достигнувања: 4/4

Достигнувања со значителен прогрес: 0/4

Незапочнато

2.3.1 Подготовка на постапка за креирање и објавување на годишни планови за консултации, заедно со унифициран темплејт за изработка на плановите.

Индикатори: Подготвена и усвоена постапка
Незапочнато

2.3.2 Подготовка на стандардизиран темплејт за записници од консултативните процеси.

Индикатори: Подготвен и усвоен темплејт.
Незапочнато

2.3.3 Креирање на план за промоција и едукација на населението за ЕНЕР во насока на нивна поголема вклученост со свој придонес кон разни прописи

Индикатори: Креиран план.
Незапочнато

2.3.4 Спроведување на план за промоција и едукација на населението за ЕНЕР во насока на нивна поголема вклученост со свој придонес кон разни прописи.

Индикатори: Спроведен еден циклус на планот.

2.3. Унапредување на квалитетот на јавните консултации на национално ниво

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Навремено и суштинско учество на граѓаните во креирањето на политиките е предуслов за едно демократско општество да биде препознаено како транспарентно и отчетно, поради што целта на заложбата е унапредување на квалитетот на јавните консултации. Општ заклучок е дека електронскиот систем за јавни консултации (ЕНЕР) не е искористен во целиот негов потенцијал, а контролата на квалитетот и следењето на процесот на консултации со јавноста треба да се подобрат. За таа цел, треба да се применува праксата на креирање и објавување на годишни планови за консултации заедно со временска рамка во насока на поголема вклученост на засегнати страни во процесите, и воспоставување на контрола на квалитетот на јавните консултации (институциите да даваат повратни информации од консултациите, односно да креираат записници од консултативните процеси, како последователна активност со образложенија зошто некои предлози се или не се прифатени). Дополнително треба да се обезбеди поголема промоција и едукација на населението за ЕНЕР во рамки на нивна поголема вклученост со свој придонес кон разни прописи. За да се олесни инфомираноста и вклученоста на граѓаните во креирањето на политики, сите државни веб-страници треба да имаат посебен дел со потребните информации за консултативните процеси (план за консултации, најава за јавна расправа, записници, документи за кои се расправа, итн.) со директна врска до ЕНЕР.

Главна цел на заложбата
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Заложбата адресира недостаток од суштинско учество на граѓаните во креирањето на политиките како предуслов за градење на едно транспарентно и отчетно демократско општество, поради недостаток на јасни, редовни и навремени информации на официјалните канали за комуникација на јавните институции. Дополнително, перцепцијата на граѓаните е во насока дека јавните консултации се спроведуваат нетранспарентно и неплански, поради што им се намалува довербата во институциите и дополнително им се појавува сомнежот дека дел од политиките и законите се носат формално поради задоволување на интернационални стандарди притоа не внимавајќи на локалниот контекст или строго поради корист на одредени индивидуи или групи. Истовремено, платформата ЕНЕР останува неискористена во својот полн капацитет како платформа за онлајн јавни консултации поради неинформираноста на граѓаните за истата, како и нискиот квалитет на повратни информации кои ги добиваат корисниците на истата. Бројот на коментари на ЕНЕР укажува на потребата од зголемено информирање на граѓаните за можностите што ги нуди ЕНЕР, а пред сè градење доверба дека коментирањето на ЕНЕР може вистински да влијае врз содржината на предлог-законите.

  1. Кои се причините за проблемот?

Клучна причина за овој проблем е тоа што јавноста не е доволно, редовно и системски информирана за процесот за јавни консултации, како и постоечките можности и начини за нивното вклучување, поради што клучни политики се донесуваат без суштински придонес од сите засегнати страни чии потреби треба да бидат задоволени преку истите. Ниту една институција во државата не изготвува и не објавува годишни планови за консултации заедно со индикативна временска рамка, за да може клучните чинители навремено да се подготват да учествуваат во истите. Дополнително, институциите нередовно објавуваат навремени, јасни и транспарентни информации поврзани со консултациите кои ги спроведуваат со јавноста како и начините преку кои јавноста може да се вклучи, а ретки се институциите кои по консултациите објавуваат записници со образложенија за предлозите кои биле разгледани, прифатени или не прифатени. Истовремено, платформата ЕНЕР обично ја користат експерти, стопански комори, и дел од претставниците на граѓанскиот сектор кои согласно својата дејност го следат развојот на разни политики и имаат познавање од користење на оваа платформа, додека граѓаните и помалите ГОи кои работат на локално ниво и се во директен контакт со различни категории на граѓани чии потреби треба да бидат земени предвид преку јавните политики, остануваат исклучени од целиот процес поради недостаток на информации за платформата и можностите кои ги нуди. Оние чинители кои го користат ЕНЕР, дополнително се обесхрабрени од користењето на оваа платформа поради тоа што на нивните коментари не секогаш добиваат повратна информација на својот придонес, а во случаи кога ја добиваат информацијата, истата е генеричка или неразбирлива.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Досегашните напори за базираат на објава на ЕНЕР таб на дел од веб-страниците на јавните институции, и дел од нив во своите најави за јавни консултации оставаат линк до ЕНЕР кој води до документот кој е предмет на консултација. Одредени институции, по завршувањето на јавните консултации, објавуваат кратка вест за јавната консултација меѓутоа без наведување на предлозите кои биле разговарани за време на консултацијата, како и образложенија за прифаќање или неприфаќање на одредени предлози или коментари дадени од засегнатите страни.

2. Какво решение предлагате?

Преку спроведување на заложбата ќе се подготви постапка за унапредување на квалитетот на јавните консултации на национално ниво која ќе опфати 1) креирање и објавување на годишни планови за консултации (име на документ, временска рамка за подготовка на документот, начин и временска рамка за јавни консултации, итн.), заедно со унифициран темплејт за изработка на плановите; 2)  воспоставување на контрола на квалитетот на јавните консултации преку креирање на унифицирани записници од консултативните процеси (податоци за консултациите и линк до документот кој е предмет на консултации, присутни на консултациите, листа на дадени предлози со образложение за тие кои се усвоени или неусвоени). Дополнително, преку спроведување на заложбата ќе се креира и спроведе план за промоција и едукација на населението за ЕНЕР во насока на нивна поголема вклученост со свој придонес кон разни прописи.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Воспоставување на постапка за унапредување на квалитетот на јавните консултации на национално ниво и креирање и спроведување на план за промоција и едукација на населението за ЕНЕР во насока на нивна поголема вклученост со свој придонес кон разни прописи.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Заинтересираните страни пред сè ќе имаат пристап до информации за јавните консултации кои се планираат и спроведуваат на национално ниво, што ќе им овозможи навремено и информирано да се вклучат во дискусија и дадат свои конкретни предлози базирани на нивните потреби како корисници.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Временската рамка за јавни консултации како и добиените предлози со образложенија врз која основа се прифатени или неприфатени ќе бидат јавно достапни на официјалните канали на јавните институции, што дополнително ќе ѝ овозможи на јавноста да бара одговорност од страна на засегнатите чинители доколку има неоснован обид за неприфаќање на одреден предлог.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Заложбата има клучна цел да обезбеди насоки и механизми за континуирано информирање на засегнатите страни преку креирање на годишни планови за јавни консултации, стандардизирање на записниците од јавните консултации, и притоа поставување на долгорочен план за континуирано промовирање и едуцирање на јавноста за можноста за користење на ЕНЕР за јавни консултации.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за информатичко општество и администрација
  • Министерства

Организации

  • Фондација за интернет и општество Метаморфозис