Консултативна средба за ПОВ – 30.11.2021

Важно:

При влез во виртуелната соба изберете ја иконката со микрофон!

Не избирајте  Listen Only бидејќи нема да можете гласовно да партиципирате на состанокот.

 

Видео за помош при најава за следење на состанокот, во случај да немате пристап до микрофонот или камерата ( не можете да ги активирате во собата на состанокот):

Внесете ги вашето име и презиме и кодот на собата за пристап и ПРИДРУЖЕТЕ СЕ.

 

Предлог агенда за средбата:

Консултации со засегнати страни по

Нацрт-УПАСТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ФОРМИРАЊЕ И РАБОТА НА СОВЕТОТ ЗА КООРДИНАЦИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ПАРТНЕРСТВОТО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ

 

30 ноември 2021 година (вторник), 10:00-11:30 часот

 

Програма за работа:

10:00-10:30 Вовед во целите на средбата и начинот на формирање и работа на Совет за Партнерство за отворена власт (ПОВ) и неговото учество во ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023

–          Гордана Гапиќ-Димитровска, Национален координатор  за Партнерство за отворена власт; Државен советник во Министерство за информатичко општество и администрација

 

Улогата на Мрежата на ГО за ПОВ и нејзиното учество во процесот на ко-креација на Националниот акциски план за ПОВ 2021-2023 (НАП за ПОВ 2021-2023) и нова проектна поддршка за процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2021-2023

–          Ивона Сталевска, Програмска координаторка во Фондација Отворено општество – Македонија

10:30 -10:50 Претставување на модел на функционирање за непречен дијалог помеѓу засегнатите страни во процесот на следење и спроведување на НАП за ПОВ 2021-2023

 

Презентација на Нацрт-Упатство за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт

–          Гордана Гапиќ-Димитровска, Национален координатор  за Партнерство за отворена власт; Државен советник во Министерство за информатичко општество и администрација

 

Учество на граѓанскиот сектор во Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт

–          Ивона Сталевска, Програмска координаторка во Фондација Отворено општество – Македонија

10:50 – 11:30 Дискусија и заклучоци

–          Модератор: Ивона Сталевска, Програмска координаторка во Фондација Отворено општество – Македонија