Одговорна институција

Лице за контакт

Аркин Јахији, ArkinJahiji@mjustice.gov.mk

Датум на последното ажурирање

26 јануари 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 14

Остварени Достигнувања: 2/14

Достигнувања кои се на чекање: 2/14

Неостварени достигнувања: 5/14

Достигнувања со значителен прогрес: 5/14

Значително

4.4.1 Измена и дополнување на Закон за Бесплатна правна помош во одредбите 13, 38, 49

Индикатори: 1. Изменет и дополнет ЗБПП во соодветните одредби (да/не)
Ограничено

4.4.2 Договори за соработка меѓу Биро за судски вештачења и други надворешни овластени вештаци од областа на геодезија и молекуларна биологија

Во владина постапка е пуштен предлог-Закон за вештање, кој би требало до крајот на годината (2022) да се донесе во Собранието на РСМ. Со предлог законот е превидено да се укине Бирото за судско вештачење.

Индикатори: 1. Број на склучени Договори за соработка со вештаци
Незапочнато

4.4.3 Информативни сесии за потребата од вештачење во области кои го засегаат пристапот до правда за слабо имотно население со Министерство за правда, БСВ, адвокатска комора, други институции кои изготвуваат вештачења

Индикатори: 1. Број на учесници на информативните сесии/работилници
Незапочнато

4.4.4 Изработка на интерни упатства (или алтернативно, Меморандум помеѓу МП и БСВ) за постапување во случај на потреба од вештачења кога е одобрена секундарна правна помош

Индикатори: 1. Број на средби за подготовка на интерните упатства 2. Број на вклучени лица во изработката на интерните упатства
Завршено

4.4.5 Анализа со краткорочни препораки (за моментално итно решавање на проблемот со вештачењето и одглавување на предметите кои што моментално се заглавени поради тоа) и долгорочни препораки (законски измени кои што на долг рок ќе го решат проблемот со вештачењето)

Индикатори: 1. Број на развиени краткорочни препораки 2. Број на прифатени краткорочни препораки 3. Број на развиени долгорочни препораки
Незапочнато

4.4.6 Креирање и одржување на сеопфатен јавно достапен регистар на вештаци за областите од интерес на БПП

Со донесување на новиот Закон за вештање, ќе се достигне оваа активност.

Индикатори: 1. Број на вештаци евидентирани во регистарот
Значително

4.4.7 Обезбедување физичка пристапност и видливост на ЗБПП

Подрачните се видливи и пристапни и тоа со особена видливост и пристапност се 11 подрачни одделенија (Ресен, Берово, Мак.Брод, Кавадарци, Кичево,Свети Николе, Делчево, Демир хисар, Кочани Гази баба и Тетово).

Подрачните одделенија Охрид, Радовиш, Штип, Неготино ,Куманово, Виница, Ѓевѓелија, Гостивар, Кратово, Валандово, Прилеп, Битола и Пробиштип, (вкупно 13 подрачни одделенија) се со средна видливост и пристапност.

Подрачните одделенија Карпош, Струга, Крива Паланка, Струмица и Чаир (вкупно 5 подрачни одделенија) се со ниска видливост и пристапност.

Индикатори: 1. Број на ПО при МП кои обезбедиле физичка пристапност на лица со физички пречки и видливост
Значително

4.4.8 Прилагодување на официјалната веб страна на Министерство за правда(или на https://pravnapomos.mk/) за непречено информирање во врска со ЗБПП (видливост и пристапност до информации за ЗБПП и ПО за лица со дислексија, лица со визуелна и аудитивна попреченост, како и за лица од етничките заедници)

Веб страницата pravnapomos.mk е достапна и на албански јазик. Воедно се поставуваат информативни видеа кои се титлувани со цел да бидат достапни за лица со оштетен вид или слух. Во 2023 ќе се работи на прилагодување на веб страницата за лица со дислексија. Во моментов веб страницата на Министерство за правда е прилагодена за 3 категории на лица.

Индикатори: 1. Број на категории на лица за кои е прилагодена веб страницата на Министерство за правда
Значително

4.4.9 Спојување на податоци на веб страните https://pravnapomos.mk/ и https://www.pravnozajakni.mk/

На веб страната на Министерство за правда веќе има упатување на pravnapomos.mk, па граѓаните ќе може да пристапат кон веб страната pravnapomos.mk и преку веб сајтот на Министерство за правда.

Индикатори: 1. Број на одржани состаноци за координација меѓу МП, СЕ и ФООМ 2. Време потребно да се спојат податоците на веб страните
Завршено

4.4.10 Мапирање на формални и неформални даватели на правна помош

Оваа активност е завршена, но воедно е и тековна, бидејќи се работи за жив документ кој постојано ќе биде дополнуван и менуван.

Индикатори: 1. Број на мапирани формални и неформални даватели на правна помош
Значително

4.4.11 Креирање и одржување на јавно достапен регистар при МП за формални и неформални даватели на правна помош

Индикатори: 1. Број на даватели на формална/неформална правна помош достапни на платформата
Незапочнато

4.4.12 Спојување на податоци со кои располагаат ГОи и Министерство за правда

Индикатори: 1. Време потребно за спојување односно миграција на податоците на ГОи со дата базата на Министерство за правда
Незапочнато

4.4.13 Интероперабилност на постоечка дата база на податоци овозможувајќи пристап до правда

Индикатори: 1. Број на опфатени даватели на услуги кои ќе бидат вклучени во дата базата (здруженија, подрачни одделенија при МП, правни клиники и лица од заедницата кои обезбедуваат услуги).
Ограничено

4.4.14 Подготовка на Национален план (стратегија) за правно зајакнување

Индикатори: 1. Број на засегнати страни вклучени во подготовката на Националниот план (стратегија) за правно зајакнување 2. Број на одржани средби/работилници за подготовка на Националниот план 3. Број на активности вклучени во Националниот план

4.4 Правно зајакнување на граѓаните преку достапни информации и отворени институции

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Со новиот Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП), кој започна да се применува од октомври 2019 година, значително се подобри пристапот до правда на граѓаните. Сепак, законот во пракса покажа дека има слабости и потребни се измени со цел негова ефикасна примена. Еден од проблемите е во поглед на вештачењето кое треба да биде обезбедено од страна на Бирото за судски вештачења. Проблемот кој беше идентификуван е неможноста на Бирото да обезбеди вешто лице за најчестите правни области за кои граѓаните бараат бесплатна правна помош (БПП) меѓу кои геодезија/геодети како вешти лица и ДНК анализа – молекуларна биологиј). Вториот проблем е поврзан со одобрување односно неодобрување барања за секундарна правна помош кога станува збор за жртвите на насилни кривични дела во кривичните постапки. Истото е поттикнато од контрадикторноста на преодните и завршни одредби на ЗБПП и ограничувачките механизми кои постојат во Законот за кривична постапка (ЗКП). Третиот проблем е поврзан со потребата од услуги за правно зајакнување и правно описменување кога станува збор за пристап заснован на човековите права.

Постојат две дилеми во однос на законското уредување на вештачењето во воспоставениот систем за БПП. Прво, во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 предвидена е активност за укинување на Бирото. Ова го доведува во прашање  член 13 став 6 од ЗБПП.  Второ, не е доволно уреден начинот, постапката и роковите за обезбедување вешт наод и мислење од органот или вештакот кој ќе го врши вештачењето. Не постои спореден план во случај на укинување на Бирото. Од друга страна, во тек е подготовка на Нацрт Предлог закон за вештачење, во кој се уште се задржани одредби за функционирање на Бирото. Неизвесноста е во поглед на моменталното уредување за покривање на трошоците за вештачење или пополнување празнини од вешти лица во определени области во кои ранливото население имаат правни проблеми.

Од аспект на пристапот до правда на жртвите на насилни кривични дела, ЗБПП е контрадикторен кога според една одредба изречно наведува дека одбрана и застапување во кривична постапка се обезбедуваат согласно ЗКП (член 38 од ЗБПП), а според друга одредба се уште ја остава во примена одредбата од стариот закон која предвидува правна помош во сите судски постапки за да се даде заштита на жртвите на казниви дела и жртви од трговија со луѓе (член 49 од новиот ЗБПП во врска со член 8 од стариот ЗБПП). Меѓутоа, и да се обезбедува застапувањето на жртвите на кривични дела според ЗКП, иако постои работната верзија на нов ЗКП со интенција да се најде решение, сепак не го отстрануваат проблемот со ограниченоста на механизмите кои стојат на располагање во ЗКП за жртвите. Можноста за бесплатна правна помош е единствено во член 53 став 3  во корелација со член 55 став 1 точка 1 од ЗКП. Таму формулацијата е многу строга и се вели дека жртвата има право на советник на товар на буџетските средства, односно бесплатен разговор со советник или полномошник пред давањето на исказ (доколку во постапката учествува како оштетен), односно изјава или поднесување на имотноправно барање, ако има тешки психофизички оштетувања или потешки последици од кривичното дело и само ако е жртва на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години (како долна граница на казната предвидена за делото). Ваквата формулација не го покрива целосното застапување од страна на полномошникот за време на кривичната постапка, туку е сведено на советување единствено за време додека се дава првиот исказ. Оставање на жртвата на насилно кривично дело сама без соодветно застапување да поминува преку судскиот процес, само поради тоа што ни ЗКП ни ЗБПП не го дозволуваат тоа, е сериозно спротивно на сите меѓународни стандарди и принципи кои говорат за правна помош и услуги на жртвите.

Покрај БПП како формално признаена, постојат и неформалните облици кои им се достапни најмногу на маргинализираните граѓани, бидејќи се обезбедени од страна на граѓански организации, но и од обучени лица од нивната заедница.

Соработката помеѓу различните чинители кои работат на правно зајакнување и пристап до правда на локално ниво е сеуште особено слаба. Постои недостаток на конкретни заеднички акции и меѓусебна поддршка, поради што и имплементацијата на теренско ниво во која крајно се отсликува пристапот по правда, е оставена на моменталната волја на различните субјекти без конкретни одржливи решенија.

Подрачните одделенија (ПО) не се многу видливи и препознатливи од граѓаните во физичка смисла. Во многу места, од причини на економичност,  ПО на МП се наоѓаат во згради каде се сместени повеќе институции заедно, со несоодветно физичко означување или недостаток од истото. Физичката непристапност може да значи отежнат пристап до правда, зависност од други лица и нивно обесхрабрување при користење на правото на БПП. Лицата со визуелна и попреченост во слухот исто така се неинформирани за правото на БПП бидејќи не постојат информативни материјали прилагодени на нивните потреби. Од веб страницата на МП не може да се види кој адвокат е на ред за постапување по барање за БПП. Исто така, веб страната не е адаптирана за лица со дислексија, ниту содржи доволно информации на јазиците на малцинствата. Не постои ниту упатување каде  и како можат граѓаните да се пожалат од работата на овластените даватели на БПП.

Согласно последното истражување на правните потреби на граѓаните од 2015 година, секој втор граѓанин во РСМ се соочува со правен проблем. Она што загрижува е што граѓаните не ги препознаваат правните проблеми и како правно да ги квалификуваат само проблемите кои би завршиле на суд.

Очигледно е дека граѓаните на РСМ имаат потреба од услуги и правно зајакнување, но особено внимание треба да се посвети на ранливите групи кои поради ранливоста се наоѓаат во многу неповолна ситуација и со ограничен пристап до правда.

Главна цел на заложбата

Главна цел: Правно зајакнување и пристап до правда за сите граѓани согласно нивните правни потреби и проблеми

Врз основа на претходно постигнати достигнувања од заложбата во НАП4, оваа нова заложба претставува одржливост на пристапот до правда и правно зајакнување (земајќи ги предвид препораките на Независниот механизам за известување –  вклучување Национална стратегија за правно зајакнување) преку постигнување на следните очекувани резултати:

  • Креирана Национална стратегија за правно зајкнување
  • Зголемена видливост и физичка пристапност на ПО на МП
  • Усвоени законски измени со цел поефикасно остварување на пристапот до правда, а кои се однесуваат на вештачењето и пристап до правна помош на жртви на насилни кривични дела
  • Воспоставена соработка помеѓу Бирото за судски вештачења и вешти лица од сите области и уредена постапка за обезбедување вештачење;
  • Информирани претставници на МП, БСВ, адвокатска комора, други институции кои изготвуваат вештачења во области кои го засегаат пристапот до правда за слабо имотно население;
  • Јавно достапни информации за вешти лица и обезбедувачи на неформални и формални првни услуги
  • Спојување на податоци на веб страните https://pravnapomos.mk/ и https://www.pravnozajakni.mk/
  • Мапирање на формални и неформални даватели на правна помош
  • Креирање и одржување на јавно достапен регистар за формални и неформални даватели на правна помош
  • Спојување на податоци со кои располагаат ГО и МП
  • Воспоставена интероперабилна сеопфатна дата база со информации од сите обезбедувачи на правна помош и услуги со цел проценки на тековните состојби и наоѓање практични и веродостојни идни решенија

Достапни услуги и информации за лицата со попреченост.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата е насочена кон неколку интервенции со цел да се придонесе кон поефикасен пристап до правда за сите граѓани. Најпрво, потребни се законски измени на ЗБПП со цел да се обезбеди основа за ефикасен пристап на граѓаните до вештачење од сите области и да се гарантира ефикасна заштита на жртвите на насилни кривични дела. Воедно, за да се овозможи вештачење согласно ЗБПП за правните прашања за кои се гарантира БПП, Бирото за судски вештачења ќе склучи договори со вешти лица, пропратено со активности кои ќе гарантираат вклученост на сите страни во процесот. За да се овозможи ефикасна заштита на жртвите на насилни кривични дела, ќе се пополни празнината за пристап до правна помош во кривични постапки за жртви на насилни кривични дела за кои е предвидена пониска казна затвор од моменталната во ЗКП во најмалку 4 години.

Понатаму,  ќе биде креирана Национална стратегија за правно зајакнување. Стратегијата ќе биде креирана во транспарентен процес со вклученост на сите релевантни чинители. Националната стратегија ќе биде мулти секторска и ќе ги вклучува сите засегнати институции и ГО кои работат на обезбедување услуги, правна помош и правно зајакнување. Стратегијата ќе предвидува конкретни активности, буџет и временска рамка за правно зајакнување за сите граѓани на национално и локално ниво.

 Потребен е сеопфатен и одржлив пристап кој ќе го сублимира дејствувањето на локалните институции и здруженија на граѓани во заеднички акции за унапредување на пристапот до правда за сите.

Особено во време на КОВИД-19 пандемија, ќе се придонесе кон поголема видливост, транспарентност и достапност на формалните и неформалните даватели на правна помош. Зголемената видливост и физичка пристапност на ПО на МП ќе значи поголема достапност на нивните услуги за граѓаните.

Преку прилагодени материјали лицата со попреченост ќе бидат навремено информирани и зајакнати.

Преку достапноста на регистрите на сите даватели на правна помош ќе се придонесе кон информирање и насочување на граѓаните каде да го адресираат проблемот кој го имаат соодветно на неговата природа.

Регистрите на вешти лица ќе придонесат кон поголема отвореност на податоците и право на избор на граѓаните.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
  • Потребен/обезбеден буџет од страна на МП за спроведување на дел од заложбата
  • Врска со Закон за Бесплатна правна помош, Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022
  • Врска со Целите за одржливиот развој на ОН – ЦОР 16.3.

РСМ е посочена како пример на држава која е посветена на унапредувањето на пристапот до правда, вклучувајќи го приоритетот Пристап до правда во Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020.

За следење на имплементацијата на Целта за одржлив развој 16.3 во државата неопходно е редовно водење на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани. Овие податоци треба да послужат за подготовка на национален план за имплементацијата на Цел 16.3., односно план за унапредување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани. Врз основа на подготвената  Анализа на прибрани податоци по претходно дефинирани индикатори за следење на имплементацијата на ЦОР 16.3 на национално и локално ниво, во наредниот период ќе биде подготвен План за имплементација на ЦОР 16.3.

Дополнително, како едно од најчестите правни проблеми за кои граѓаните бараат БПП е геодезијата. МЗМП, со поддршка на ФООМ изработи Документ за јавна политика за вештачењето и бесплатната правна помош со наслов Дали новиот Закон за бесплатна правна

помош од 2019 го олесни пристапот до бесплатно вештачење за лицата на кои им е одобрена секундарна правна помош? Во овој документ се содржани повеќе информации за проблемот, како и формулирани препораки и предлози за решавање на истиот.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Биро за судски вештачења

Организации

  • Македонско здружение на млади правници
  • Избор Струмица
  • Едукативна хуманитарна организација Штип
  • Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т.
  • Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје
  • Фондација Отворено општество - Македонија


Напишете коментар