Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6

Остварени Достигнувања: 0/6

Достигнувања кои се на чекање: 2/6

Неостварени достигнувања: 4/6

Достигнувања со значителен прогрес: 0/6

Ограничено

Социјално мапирање на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија и воспоставување на база на податоци врз основа на мапирањето.

Првиот состанок помеѓу претставници на МТСП и ЗГ Љубезност беше одржан на 24.10.2018 година при што беше договорено да се почне со активности за мапирање  на територијата на Град Скопје, кои понатаму би се прошириле на целата територија на Р.С. Македонија.

Во таа насока, со цел успешна проекција и реализација на активностите, а пред се точно дефинирање на целните групи кои ќе бидат мапирани, како и начинот на организација на активностите, беа одржани 3 работни состаноци со преставници на релевантните институции и организации од областа, и тоа, покрај МТСП и ЗГ Љубезност беа вклучени претставници од ЈУ Завод за социјална дејност, ЈУ МЦСР Скопје, Град Скопје – Сектор за детска, социјална и здравствена заштита, ЗГ ПАБЛИК, Црвен Крст на Град Скопје, на ден 8.11.2018, 15.11.2018 и 18.12.2018 година.

Имајќи предвид дека од одржаните состаноци произлезе потребата од координација на процесот во рамки на ЈУ МЦСР Скопје, во меѓувреме се одржа состанок помеѓу преставниците на МТСП со директорот и одговорните лица на ЈУ МЦСР Скопје, при што е назначено лице од ЈУ МЦСР Скопје одговорно за собирање на податоците и координирање на актвностите помеѓу вклучените субјекти.

Во интерес на потребата од ефикасно собирање на потребните информации во однос на дефинираните ранливи категории, на ден 1.2.2019 одржан е состанок помеѓу преставници на ЗГ Љубезност, ЈУ МЦСР Скопје и МТСП, при што се дефинирани потребните податоци кои ќе бидат побарани од секој вклучен субјект во процесот, како и формата на самата табела.

Во тек е прибирањето на потребните податоци во соработка со ЗГ Љубезност, Црвен крст на Град Скопје, како и ЈУ МЦСР Скопје и останатите вклучени субјекти во процесот.

13.03.19 одржана е поширока средба на која покрајпретставниците на МТСП и ЗГ Љубезност, присуствуваа и ЈУ МЦСР-Скопје, Црвен крст на град Скопје и град Скопје. Дискутирано е во однос на формата и начинот на внесување на податоци во Excel табелата.

21.03.2019 во просториите на Црвен крст на град Скопје, одржана е уште една работна средба, на која беа присутни и општинските организации на Црвен крст. На истата од страна на Црвен крст е презентиран нивниот модел на прибирање податоци заради усогласување и понатамошно поефикасно координирање на активностите. Во текот на наредниот период се одржани неколку  работни средби помеѓу претставници  на МТСП, ЗГ Љубезност и ЈУ МЦСР-Скопје, во насока на подобрување на функционалноста нa самата база на податоци како и начинот на прибирањето на истите.

Во истиот период е доставен и допис до општините на Град Скопје заради вклучување со свои претставници во понатамошните  активности од заложбата.

Во текот на месец ЈУНИ  направено е усогласување на податоците од базата, корекција на понудените опции во самите зададени параметри согласно со донесениот Закон за социјална заштита, по што финалната табела е дадена на понатамошна надлежност и прибирање на податоци од страна на назначениот претставник од ЈУ МЦСР Скопје.

Следен состанок, во поширок состав вклучително и со претставници на општините, е закажан на 17.10.2019 година на кој ќе биде дискутирано во однос на посточките проблеми околу доставување на податоците до ЈУ МЦСР Скопје. На истиот ќе се дискутира во однос на потребата од поактивно вклучување на сите субјекти на локално ниво, како и можноста за одржување на засебни состаноци и презентации на заложбата кон сите потенцијално собирачи на податоци.

  • Следната средба се одржа на 31.10.2019 во просториите на МТСП во поширок состав со вклучување н и на локалната власт, односно беа присутни преставници од МТСП, Влада на РСМ, Љубезност, Заводот за социјална дејност, ЈУМЦСР, Град Скопје, Општина Центар, Општина Карпош, Општина Аеродром, Црвен Крст и Паблик.

Заклучоци:

  1. После секоја поголема активност од страна на било која организација, податоците за доставената донација веднаш да се пратат до одговорното лице во ЈУМЦСР
  2. Excel – табелата празна од страна на одговорното лице при ЈУ МЦСР-Скопје, да се достави како формат до сите вклучени субјекти во овој процес со цел истите да ја пополнуваат и навремено да ја доставуваат.
  3. Од страна на ЗГ Љубезност да се направи посета на сите општини, со цел презентација на excel –табелата, кратка обука за начинот на пополнување и содржината на податоците, за да комплетно се достават до одговорното лице при ЈУ МЦСР-Скопје.
  4. Собирањето податоци како и мапирањето и во следниот период ќе се продолжи со исто темпо.
  5. Согласно Законот за заштита на лични податоци да се разгледа правната можност односно потребата од потпишување на писмена изјава на записник од нивна страна при мапирање на истите на терен , за да се користат нивните податоци во интерес на остварување на правата од Законот за социјална заштита.
  6. Со оглед на тоа дека сме ограничени со временската рамка за спроведување на заложбата истите активности треба да се отпочнат веќе наредниот период односно најдоцна од средина на месец Ноември.

 

– Средба во Општина Карпош 28.11.2019

– Средба во Општина Центар 02.12.2019

– Средба во Општина аеродром 19.12.2020

На средбите е:

презентирана заложбата

презентиран екселот

дискусија околу пополнувањето

 

  • Средба во Државен завод за статистика 17.01.2020

Присутни Директорот Апостол Симовски со четворица од тимот и по еден преставник од Љубезност, МТСП и ЈУМЦСР Скопје, во продолжение резултатите:

Искажана импресија заради нашата определба како работна група, да ги запознаеме со заложбата, плановите и да побараме нивна поддршка во процесот на креирање на Регистарот за бездомници и социјално загрозени.

Искажана потреба за постоење на ваков Регистар како дополнителна алатка во детектирањето на Бездомниците при реализирање на пописните активности,

Детектирањето на „Фантомите“  на терен и евидентирањето во оваа база на податоци, а веднаш потоа и решавањето на нивниот статус со вадење на документи, ќе го олесни процесот на попишување на истите.

Понудена поддршка во делот на подобрување на алатката со вметнување на сите корекции кои претходно ги разгледувавме, споделување на Шифрарник за да може соодветно да се кодираат дел од податоците, понуди преставник од IT секторот на ДЗС како преставник во работната група во целиот процес и секоја друга потреба за поддршка што ќе произлезе во следниот период од самиот процес на креирање на Регистарот.

 

  • Со почетокот на пандемијата, од Март до Јули 2020 год. немавме никакви средби на усогласување и подобрување во процесот, освен продолживме со мапирање на терен, запазувајки ги сите мерки и протоколи со настанатата ситуација.

 

  • Средба на ZOOM 17.07.2020 на преставници од Љубезност, МТСП, ЈУМЦСР, ЗСД, ДЗС, ГРАД СКОПЈЕ како и од приватната IT компанија ГРАБИТ од Скопје со цел преставникот од Грабит се запознае со заложбата со детектирање на сите сугестии од сите чинители, за да може да ни помогне во пишување на апликативен текст со соодветен IT вокабулар, за да можеме во следен период да аплицираме на повици за изработка на софтверско решение за Регистерот.

 

  • Средба во просториите на Љубезност на преставници на Љубезност, МТСП, ЈУМЦСР и ЗСД каде што преставниците од ЗСД (Завод за социјална дејност) ги изложија своите сугестии и забелешки за да се вметнат во самата Ексел алатка за истата да се подобри.

 

  • Средба во просториите на ДЗС (Државен завод за статистика) на преставници од Љубезност, МТСП, ЈУМЦСР, ЗСД и ДЗС, каде што преставниците од ДЗС ги споделија своите сугестии и забелешки за да се подобри Ексел алатката.

 

Во следниот период операторот од ЈУМЦСР треба да ги земе во предвид сите сугестии и забелешки од сите чинители и да ги имплементира во самата Ексел алатка. Исто така во следен период, потоа да се направи средба со работната група за да се презентираат сите настанати промени и согласно можностите треба да се направи повторна средба со компанијата ГРАБИТ, со цел да им се дадат сите потребни информации за да можат да го концепираат текстот за идно аплицирање

Индикатори:
Незапочнато

Склучување на меморандуми за соработка помеѓу засегнатите страни и спроведување на Обуки за мапирање на социјален простор - Преставници од Центри за социјална работа, Општини, НВО.

Не се отпочнати активности.

Индикатори:
Незапочнато

Мапирање на расположивите ресурси за давање на услуги на ранливи групи во локалната заедница.

Предвидено е активностите да започнат од 01.2020

Индикатори:
Ограничено

Координација на активностите помеѓу месно надлежните Центри за социјална работа, Општините, НВО во насока на детектирање на потребите на целната група и соодветно упатување и обезбедување на потребните услуги на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија.

Започнати активности за координација на активностите само во рамки на територијата на Град Скопје и прибирање на податоци за детектирање на потребите на целната група. Имено, согласно последниот состанок, ЗГ Љубезност започна со посети на општините и здруженијата со цел презентација подетална на самата заложба , со кратка презентација на Excel – табелата која како уникатен формат треба да се пополнува со податоци и тоа во општина Карпош, Центар ,Аеродром, а побарана е средба и во општина Кисела Вода.

По успешно спроведување на планираните активности за координација на територија на Град Скопје, предвидено е активностите да се прошират на целата територија на државата.

Индикатори:
Незапочнато

Тест период на имплементација, мониторинг на активностите и тековно одстранување на евентуални аномалии.

Предвидено е активностите да започнат од 09.2020

Индикатори: Периодично ажурирање на податоците во базите на податоци (на 6 месеци).
Незапочнато

Редовно ажурирање на базите на податоци во однос на детектираните потреби и обезбедени услуги.

Предвидено е активностите да започнат од 09.2021 Периодот на периодично ажурирање на податоците во базите на податоци да се намали најпрво на 3 месеци/потоа на 1 месец.

Индикатори:

Мапирање на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Воспоставување на механизми за координација на активностите за поддршка на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост, со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија, преку кои ќе се обезбеди:

– воспоставување на евиденција на лица и семејства,

– мапирање на потребите од социјална заштита,

– расположивите и потребните ресурси за помош и поддршка на загрозените граѓани/семејства, за ублажување на состојбата на сиромаштија,

– координирање на активности помеѓу ЦСР, општинската администрација, бизнис заедницата, здружението Љубезност и други засегнати страни заради евидентирање на лицата, обезбедување на соодветни услуги, а кои се однесуваат на обезбедување на храна, облека, парична помош и сместување на бездомниците, и останата поддршка на социјално загрозените семејства и поединци,

– размена на податоци и информации за преземени активности.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар