4.3.1 Организирање на работни средби за дополнување на судскиот деловник од страна на МП
- Известување на РГ за Судскиот деловник
- Одржани повеќе работни средби во март 2022 на ангажирани експерти од МТСП за подготовка на подзаконските акти во надлежност на МП за семејно насилство (Судски совет, Работно тело во Врховен суд, МП)
- Во текот на месеците април, мај и јуни 2022 година по извршените консултации со сите засегнати страни (судови, јавни обвинителства, надлежни институции, граѓански организации, работни групи формирани во МТСП за спроведување на законот) беа подготвени подзаконските акти за собирање на податоци за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства заедно со прилог – Список на податоци за случаите на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство. Овие предлог – правилници се доставени до: Советот за ИКТ во правосудниот сектор, РГ за Судскиот деловник и Работното тело за стандардизација, од каде се очекува да бидат разгледани и одобрени во текот на месеците јули, август и септември 2022 година.
- Во месеците јули, август и септември 2022 година предлог – подзаконските акти беа одобрени од Советот за ИКТ и усогласени со мислењето на Секретаријатот за законодавство. Воедно, предлог-правилниците беа доставени на мислење до Врховниот суд на Република Северна Македонија.
- Во месец ноември 2022 Врховниот суд даде позитивно мислење за двата правилници и го поздрави воведувањето на посебна евиденција за семејно насилство.
- Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.
Документи
4.3.2 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за судски предмети на семејно насилство
1. Со донесувањето на правилниците со кои се уредува начинот и собирањето на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства ќе започне редовното објавување на податоците за семејно насилство.
2. Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.
3. Согласно правилниците, податоците се објавуваат на веб страницата на судот/јавното обвинителство на квартално ниво, почнувајќи од првиот квартал 2023 година.
Документи
4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови
1. Во судовите согласно Годишниот распоред за работа се спроведува пракса на назначување на дежурни судии кои работат и на предмети од оваа област, но нема законска обврска за назначување на посебен дежурен судија кој ќе постапува исклучиво на предмети од семејно насилство. Во кривичниот оддел на овие предмети им се дава приоритет во постапувањето. Во граѓанскиот оддел нема посебно назначени дежурни судии за овој вид предмети, но вообичаено судиите кои постапуваат по вонпарнични предмети постапуваат по истите како итни предмети.
2. Со цел да се мотивира во секој суд да се обезбеди најмалку еден дежурен судија и судски службеник кои ќе одговорат на потребите, Министерството за правда со допис во месец јули 2022 година до судовите достави известување за заложбата 4.3. Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство и достигнувањето 4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови. Со дописот исто така се бараше известување на постојната пракса во судовите за ова прашање во последните 3 години.
3. Согласно доставените одговори може да се заклучи дека во судовите редовно се назначуваат дежурни кривични судии согласно Годишниот распоред за работа согласно закон, кои покрај постапувањето по други предмети, постапуваат и по овој вид на предмети. Посебно назначени судии во граѓанска постапка за овој вид предмети нема, бидејќи нема посебна законска обврска, а по предметите постапуваат дежурни судии кои постапуваат по вонпарнични предмети и овие предмети ги земаат во работа како итни согласно предвидените кратки рокови во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјното насилство.
4. За поздравување се одговорите од претседателите на судовите и позитивниот став и одговор кон ова прашање, за предметите секогаш да има дежурен судија, а таму каде што има услови во судот ќе бидат определени дежурни судии кои ќе постапуваат само по овие предмети.
4.3.4 Формирање на работна група и организирање на работни средби за ревидирање и дополнување на образци (кривични дела, прекршоци и поплаки) за собирање на податоци од страна на полиција
- Во февруари 2022 година формирана е мултисекторска работна група. Постојните податоци во системот (вид и број на кд, подрачје каде е сторено кд, пол, род, сродство и број на жртви; кај прекршоците и начинот на извршување и дејството ) се очекува да се надоградат со други податоци согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
- Правилник за формата, содржината и начинот на интегрирано прибирање на статистички и административни податоци за состојбата со родово базирано насилство врз жените и семејно насилство ќе биде основа за ревидирање и дополнување на обрасците.
-
За ова ангажирани се двајца консултанти од страна на UNFPA (United Nations Population Found). Работната група има одржано еден on-line состанок во врска со ревидирање на податоците на кој се договорени обврските за изготвување на Правилникот, како и начинот на комуницирање кој ќе се одвива и преку електронска пошта. Следен состанок е закажан на 04.10.2022година. Исто така, од страна на министерот за внатрешни работи формирана е работна група, во која вклучени се академски професори од Факултетот за безбедност, за изработка на документите кои произлегуваат од предметниот Законот. Досега работната група на МВР за ревидирање на обрасците за податоците има одржано два состаноци во изминатиов период, на кои изработен е текстуалниот дел за обврските на МВР согласно член 28 став 6 од Законот, а ќе биде содржан во Нацрт-Правилникот.
- Работната група продолжува со натамошни средби и консултации за финално изготвување на текстот за ревидирање на обрасците за собирање на податоци.
- Во месец декември 2022 година завршниот предлог текст на правилникот е доставен на разгледување.
4.3.5 Посебна евиденција и објавување на податоци за поднесени и повлечени предлози за кривичното дело телесна повреда (чл.130 ст.2); Посебна евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување“
1. Министерството за внатрешни работи согласно најавата, во месец мај 2022 година започна повторно да објавува податоци за семејно насилство, започнувајќи од периодот јануари – март 2022 година. Објавените податоци се водат согласно постојните правилници на локацијата https://www.data.gov.mk/dataset/https-mvr-gov-mk, каде се достапни до јавноста.
2. Во насока на реализација на ова активност, надлежната организациска единица на МВР започна со објавување на податоците за семејно насилство и на интернет страната на МВР (и на https://www.data.gov.mk.). Објавените податоци се водат согласно постојните обрасци се додека не се ревидираат обрасците за собирање на податоци.
За првата половина на 2022 година МВР ги бележи следените податоци :
- 502 кривични дела, (вкупен број сторители 515 и вкупен број на жртви 530) од кои 319 кривични дела телесна повреда(чл.130 ст.2)
- 208 прекршок (вкупен број сторители 226 и вкупен број на жртви 130) и
- 1928 поплаки (вкупен број сторители 1950 и вкупен број на жртви 1946)
Со ова, заложбата делумно е постигната, активностите на работната група за подготовка на новите подзаконски акти со кои се зголемува обемот на овие податоци согласно потребите и законот продолжуваат до нивното донесување.
Посебна евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана на приближување“ се уште не е воспоставена во рамки на министерството. |
4.3.6 Организирање на работни средби и координација со МВР, МП и МЗ за подготовка на образец за собирање и квартално објавување на разделени податоци за семејното насилство од страна на ЦСР, вклучително и детални податоци за бројот на случаи каде што имало потреба, број на поднесени предлози за ПМЗ, број на предлози за изменување, укинување или продолжување на ПМЗ.
- Формирана е широка работна група и 3 подгрупи со претставници од надлежни институции , граѓанскиот сектор, МТСП како носител на законот е координатор на активностите кои се преземаат со цел усогласување на начинот на собирање на податоците.
- Ангажирани се експерти преку проект поддржан од UNPFA со цел зајакнување со управување со податоците https://www.mtsp.gov.mk/
4.3.7 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за бројот на случаи на семејно насилство, како и детални податоци за бројот на предлози за изрекување, менување или укинување на ПМЗ
- МТСП води интерна квартална збирна статистика со следните белези: новоевидентирани жртви на СН, пол, возраст, тип на насилство, доставени барања за ПНЗ до суд, изречени ПНЗ од суд, кои ќе бидат разгледани и за новите евиденции согласно новите подзаконски акти
4.3.8 Донесување на насоки за задолжително редовно објавување на податоци за семејното насилство од страна на полиција и ЦСР
- Процесот е поврзан со донесување на подзаконските акти согласно активностите од 4.3.4, 4.3.6 и 4.3.1
- Подготвен е протокол, кој во месец декември 2022 е во фаза пред донесување.
4.3.9 Креирање на електронски систем за собирање и размена на податоци од страна на ЦСР, судови, полиција и здравствени установи, во однос на привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Електронскиот систем треба да се овозможи откако ќе заврши процесот на претходните активностите од заложбата. По донесувањето на подзаконските акти и воспоставувањето и спроведувањето на евиденциите во соодветни обрасци преку кои се собираат исти податоци во повеќе институции, со цел нивна размена треба да се креира решение со кое ќе се овозможи лесно и ефикасно електронско собирање на податоците.