Institucion i emëruar

Azhurnimi i fundit në

08 November 2021

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3

Arritjet e arritura: 3/3

Arritjet në pritje: 0/3

Arritjet e parealizuara: 0/3

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3

Завршено

Анализа и креирање на база со тековни податоци за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија и нивно ажурирање на 15 дена

Платформата Open Finance е завршена. Предлог Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој е во надлежност на Министерството за правда, за да се отстранат правните пречки за реализација  на оваа заложба е донесен на 22 мај 2019 година. Измените стапиаја во сила на ноември 2019 година. Конретно за измената што ја засега Министерство за финансии е изгласан амандман на 21 мај 2019 година и е во сила од мај и се додека не стапи во сила новиот закон на 30 ноември.

Treguesit e qëllimit të propozimit:
Завршено

Анализа и креирање на база со тековни податоци за извршувањето на буџетите на единиците на локалната самоуправа и нивно ажурирање на 15 дена

Предвидено е активностите да бидат имплементирани во текот на времетраењето на заложбата.

Treguesit e qëllimit të propozimit:
Завршено

Подготовка и пуштање во употреба на веб апликација “Отворени финансии”

Платформата Отворени финансии е завршена. Донесени се измените во предлог Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој е во надлежност на Министерството за правда, со што се отстранија правните пречки за реализација  на оваа заложба. Во прилог е линкот од платформата за отворени финансии: https://open.finance.gov.mk/mk/home

Treguesit e qëllimit të propozimit:
Referencat

Отворен трезор

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Заради зголемување на транспарентноста и поголемо приближување на информациите за трошењето на буџетот на РСМ кон граѓаните и сите заинтересирани страни, а воедно и за искористување на податоците за аналитички, научни и истражувачки цели Министерството за финансии се одлучи на отворање на податоците кон јавноста и нивна поголема достапност. Со оваа заложба Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републикански институт ќе госпроведе концептот на “Отворен трезор” односно “Отворени финансии” како дел од транспарентноста за трошењето на Буџетот на РСМ.

Податоците што треба да се презентираат преку системот “Отворени финансии” ќе бидат извлечени од постојниот информациски систем за финансии со овозможување на размена на податоци на ниво на база на податоци помеѓу новото решение и постојниот информациски систем. Апликацијата ќе понуди:

– опција за пребарување на податоци по одреден временски интервал, период и по одреден датум и тоа по име / физичко или правно лице или буџетски корисник,

– податоците ќе се објавуваат во машински читлив формат согласно Законот за користење на податоци од јавниот сектор,

-,,Според член 7 став од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер – назив и сметка на налогодавач (буџетски корисник), расходно конто и назив, програма и назив, износ, назив и едиствен даночен број на примач ( само правни лица) и назив на примач ( само име и презиме кај физичките лица”.

-,,Според  член 7 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер објавените лични податоци во врска со информациите од ставот 2 на овој член се достапни две години, од денот на објавата.”

– опција да се оневозможи објавувањето на одредени трансакции или да се модифицираат пред објавување, како што се покривање на името и презимето со “Непознато лице (UP)” или исклучување на сите или некои од трансакциите на одредени буџетски корисници кои се сметаат и се класифицирани како доверливи. Таквите исклучувања може да се направат од

-,,Сетот на податоци ,,Трансакции”  се однесува наподатоци кои се аналитички, односно че бидат прикажени трансакциите од кои може да се добијат информации за: назив на буџетски корисник од кој е извршено плаќањето, видот на трошокот согласно економската класификација, примач на средствата, на кој ден е реализирано плаќањето итн. Сетот на податоци,,Буџетски корисници” се однесува на податоци кои се во агрегирана форма и даваат информации за трошењето на буџетските средства по буџетски корисник, програма и екномска класификација.”)

Ова решение покрај тоа што ќе служи како алатка која овозможува категоризација на податоци од трансакциските бази на податоци, порталот ќе дозволи податоците да бидат поставени според спецификациите за трошење на буџетски корисник во различен формат и од други бази на податоци,  при што агрегираните податоци ќе прикажуваат споредба на одобрениот буџет и буџетот извршен на корисничко ниво, во различен временски период, но секогаш ограничен со индивидуална фискална година (од 01.01.YY до 31.12.YY). Исто така ќе се генерираат разновидни компаративни прегледи, на пример, најголемите потрошувачи (на ниво на фискална година) или тошоците на одреден буџетски корисник или група корисници, по ставка, по период итн.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?


Leave a Reply